дома блог страница 1222

УХМР со најнова прогноза: Еве дали ќе врне за 1-ви Мај

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Во следните два дена ќе преовладува сончево време, утре со засилен северен ветер. Утринските температури ќе бидат пониски, особено во петок.

За време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

ВМРО-ДПМНЕ на терен „Ова е Македонија, Македонија за сите“

Во наредниот период ќе има трибини на отворено и граѓански собири во 12 града низ државава и 19 тимови со вкупно 200 луѓе кои ќе прават посета на над 700 населени места низ државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите посочи дека ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од овој петок (28.04.2023) започнува со акција „Ова е Македонија за сите“ која ќе трае до роденденот на партијата 17 јуни.

19 тимови со вкупно 200 луѓе секој викенд ќе бидат помеѓу граѓаните и ќе посетат над 700 населени места низ државата.

Воедно во рамки на акцијата ќе се одржат серија од 12 поголеми трибини посветени на темите кои го засегаат македонското општество.

Доста беше беда, понижувања, сиромаштија и иселување, нема повеќе време за губење.

На Македонија и граѓаните им се потребни промени и потребна е иднина за која ќе се избориме заедно сите. Заедно со народот ќе ја издигнеме Македонија од оваа беда во која ја донесоа СДС и ДУИ и заеднички ќе ги поразиме.

Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години.
Шанса за заедничкиот патриотизам во кој веруваме.

Ова е Македонија на заедништво и нов заеднички патриотизам на рамноправни.

Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит.

Нашата борба е вредности, идеал и кауза.

Нашата борба е да ја обновиме Македонија. Промените да победат, за заедничка иднина!

Ова е Македонија! Македонија за сите!- се дел од пораките од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

20-годишник од Прилеп фатен со мapихуана

На 25.04.2023 на ул.„Дебарца“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.С.(20) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Од “Тила” упатија благодарност до пријателите: “Сопственикот на Матадор лично се бореше да се изгасне огнот, пожapникарите спречија поголем пустош…”

БЕЗ ПОМОШТА НА НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ, ПОЖАРОТ ВО ТИЛА МОЖЕШЕ ДА НАПРАВИ УШТЕ ПОГОЛЕМ ПУСТОШ!

И покрај тоа што не успеавме да спасиме ништо од вториот кат на зградата на Тила, мораме да изразиме ГОЛЕМА благодарност до нашите пријатели кои дојдоа со 2 кранови за да им помогнат на пожарникарите да пристапат до опожарените места! Без нив, пристапот и обидот да се изгасне пожарот ќе беше невозможен! Затоа од се срце им се заблагодаруваме на нив што спречија многу поголема катастрофа!

Голема благодарност и до сопственикот на нашиот прв сосед и голем пријател “МАТАДОР”, кој лично се бореше со часови да се изгасне огнот.

Голема благодарност и до инспекторот Јован кој се обидуваше со часови да помогне во координација на пожарникарите!

Голема благодарност до јавното претпријатие Водовод и канализација од Прилеп, кој со своите цистерни ги дополнуваше со вода противпожарните возила.

Огромна благодарност и до најхрабрите пожарникари кои и покрај немањето соодветна опрема се бореа лице в лице со огнот и дадоа се од себе да го спречат да не направи уште поголем пустош!

Голема благодарност и до нашите роднини и пријатели кои беа со нас во тие мигови и се тука за нас во секое време да помогнат и дадат поддршка.

Голема благодарност и до нашите први соседи и пријатели од МЕДКОН кои се наша голема поткрепа.

Огромна благодарност до нашиот сосед игротека Моја бајка кој ни јави за пожарот.

Голема благодарност за сѐ до Гоце и Боби Мартекс.

На крај огромна благодарност до колегите конфекционери како и други фирми кои се понудија да помогнат за што побргу да го воспоставиме нашето производство.

ПОРАКА ДО ГРАДОТ И ДРЖАВАТА и до сите: Овој голем пожар не беше само една претстава со почеток и крај, овој пожар нека биде една лекција од која ќе научат нешто,а тоа е дека мора да се вложува во обука и противпожарна опрема. Зошто инаку ние би инвестирале во нашата држава доколку не се чуствуваме сигурни во неа?!

Пендаровски: Јас сум за уставни измени, тие не се ништо страшно

Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него.

-Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите, заедно со другите шест, седум народи, рече шефот на државата, одговарајќи на новинарско прашање во врска со првиот состанок на работната група, на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Косово Вјоса Османи Кадриу.

Пендаровски во врска со денешниот почеток на работната група, рече дека неговиот преставник ќе учествува на работната сесија на групата формирана од Министерството за правда, на која како што истакна треба да се утврди динамиката на работа, колку состаноци се потребни, да се утврди редот во работата.

-Јас се надевам со оглед на тоа што е обврска, која ја знае генералната јавност и сите ние ја знаеме дека тука објективно нема многу работа. Не знам колку седници ќе им требаат, но факт е дека е добро што почнува таа постапка и добро е што ќе се одвива пред очите на јавноста, тука нема скриени агенди, некој да не се плаше дека ќе се направи нешто надвор од она што е веќе воведено во Преамбулата и во нормативниот дел на Уставот за сите останати етнички заедници. Разлика нема да има за Бугарите се разбира, нагласи претседателот на државата.

Дарко Панчев и Аце Миленкоски испишаа историја

И ден после светската премиера на филмот за Дарко Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“, се пишува и се споделуваат импресии на присутните. Панчев го собра балканскиот фудбалски крем на официјалното промовирање на документарецит на свеченото случување во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Легендарниот голгетер на Вардар и Црвена Звезда, поддржуван од Универзитет Скопје и ректорот Аце Миленкоски, успеаја да соберат дел од балканските фудбалски имиња во македонската престолнина. Големите спортски имиња кои присуствуваа на настанот во Скопје, меѓу кои и Драган Стојковиќ Пикси и Дејан Савичевиќ, беа вистинска сензација на оваа промоција.

Присутни беа и Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Бошко Ѓуровски, Кочо Димитровски, Мето Спасовски, Васил Рингов, Ѓоре Јовановски и многу други легенди, како и селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.

Панчев доби дрес од македонската фудбалска репрезентација и „9-ка“ од Ѓуровски, со што беа предизвикани големи овации кај публиката во преполната сала на “Александар Палас”.

Репертоар на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

Репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Во четврток 27.04.2023, со почеток од 20.00ч ќе се одигра претставата „Мистерија Буфо“.

Влезници на телефонскиот број: 076 442 378

Николоски жестоко во Советот на Европа: Бугарија со години не спроведува пpecyди на Европскиот cyд за правата на Македонците (Видео)

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се обрати пред Советот на Европа од каде истакна дека Бугарија со години одбива да ги спроведе 16-те пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со Македонците во Бугарија.

-Ова е многу важен извештај. Како што јасно се вели во неговото резиме: „Оваа работа се појави во контекст на зголемената меѓусебна поврзаност помеѓу улогите на Европскиот суд за човекови права, националните уставни судови и Судот на правдата на Европската унија. Со оглед на отсуството на јасна уставна хиерархија меѓу овие јурисдикции, ние се занимаваме со еден вид „конституционализам на повеќе нивоа“.

Човековите права во Европа не се тринасочна улица, тоа е еднонасочна улица! Националните уставни судови, како и Судот на правдата на ЕУ, мора да бидат во согласност со Европскиот суд за човекови права, како најважен европски суд за заштита на човековите права. Исто така, потребни се подобрувања за да се осигура дека домашните судови соодветно се ангажираат со судската пракса на Европскиот суд за човекови права при примената на човековите права на домашно ниво – вклучително и преку тоа да се направат достапни насоките од Судот на сите јазици на Советот на Европа.

Една земја – членка – Бугарија не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа. Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Има 16 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права. Кога домашните институции не успеаја да ги заштитат човековите права на Македонците во Бугарија, тие го гледаат Стразбур како своја надеж за почитување на основните човекови права.

Во извештајот јасно е напишано дека – речиси сите земји одговориле дека нивните судови се повикуваат на Конвенцијата кога одлучуваат за прашањата за човековите права, во истата реченица во извештајот за Бугарија и неколку други земји се вели – сепак, степенот до кој Конвенцијата и/или одлуките на Европскиот суд за човекови права се почитуваат, се разликува.

Се согласувам со овие позиции во извештајот и мислам дека тие треба да бидат поцврсти во формулацијата и подиректно да бараат од земјите како Бугарија целосно да го прилагоди својот политички систем и истиот да биде во согласност со Европската конвенција за човекови права и да ги почитува човековите права на сите националните малцинства, вклучително и Македонците. Бугарите се многу гласни за случаи надвор од границите на нивната земја, но со години не спроведуваат ниту една пресуда на Судот. Ова не е прифатливо.

Целосното почитување на Конвенцијата и националниот уставен поредок не е антитетично, туку е целосно комплементарно. Собранието треба да смета дека приоритет во Советот на Европа треба да биде зајакнувањето на правниот и моралниот авторитет на Конвенцијата.

„Денарот го славиме!“ – 31 година монетарна самостојност

Со кампања под мотото „Денарот го славиме!“, Народна банка одбележува 31 година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на централната банка.

– Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, соопшти НБ.

За патот на креацијата и воспоставувањето на македонските книжни пари, се изработени два едукативни видеозаписа од страна на вработени во Музејот на Народната банка, Маја Хаџиманева, Ефтимија Павловска и Дијана Ванчевска. Видеозаписите, ќе бидат доставени и до училиштата ширум земјата за да послужат во натамошниот едукативен процес за нашата историја и валута.

Со цел да се споделат историскиот процес и вредностите од кои се воделе носителите на политиките при монетарното осамостојување, подготвени се видеоизјави на дел од оние кои учествувале директно во процесот на воспоставување и градењето на монетарната независност, сопствената валута, но и придонесле и придонесуваат за афирмација на Народната банка како современа и кредибилна институција. По пвод 31 година монетрана самостојност, на социјалните мережи ќе бидат објавени изјави на сите досегашни гувернери Борко Станоевски, Љубе Трпевски, Петар Гошев, Димитар Богов, Анита Ангеловска-Бежоска, на други општествени чинители како Џевдет Хајредини, Трајко Славески, Михаил Петковски, Абдулменаф Беџети, Таки Фити, Глигор Бишев, Ванчо Каргов, како и видувањата вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска.

Во рамките на чествувањето ќе бидат објавени и документи од Архивот на Народната банка, поврзани со монетарното осамостојување, коишто имаат непроценлива историска вредност за македонската историја.

На денешен ден пред 31 година државава монетарно се остамостои и воведе сопсвена валута – денар.

„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“. Со овие зборови првиот премиер на државава Никола Кљусев од собраниската говорница го претстави денарот како национална валута која официјално беше воведена на 26 април 1992 година (Велигден).

Тогаш, Собранието донесе пакет закони со кои државата се осамостои монетарно. На почетокот беа воведени вредносни бонови кои ги заменија тогашните југословенски динари во однос 1:1. Замената почна на 27 април 1992 година и траеше три дена. Веќе на 29 април престанаа да важат југословенските книжни пари, а кованите пари од 1, 2 и 5 југословенски динари останаа да важат уште една година.Вредносните бонови од 25, 50, 100, 500 и 1000 имаа ист дизајн и се разликуваа само по бојата. На нив не го пишуваше името на новата национална валута. На предната страна, основниот мотив беше Македониумот, а на задната тутуноберачите.

Името денар е добиено по истоимената античка римска валута (лат. denarius), која се користела на оваа територија и во минатото. Името го има дадено академик Петар Илиевски, а како предлози во тој период биле разгледани и „македонски динар“ и „лав“. Првите денари беа пуштени во оптег следната година. Во 1993 година беше пуштена серија од банкноти во вредност од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а во 1996 година биле воведени и банкноти во вредност од 1000 и 5000 денари. Во 2016 година биле воведени и банкноти од 200 и 2000 денари. Истовремено, книжните пари со апоенска вредност од 5000 денари беа повлечени од оптек како последица на нејзината незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Во 2018 година, Народната банка, која го има правото да издава книжни и ковани пари, ги замени банкнотите од 10 и 50 денари со нови полимерни банкноти. Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава и јубилејни монети за колекционерски цели.

Денес, во земјава како платежно средство се користат книжни банкноти од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари и метални монети во вредност од 1,2,5,10 и 50 денари. Банкнотите од 10, 50 и 100 денари се печатени во земјава, додека банкнотите од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996 година), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкнотите од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Монетите се ковани во ковалницата „Сувенир“ во Самоков и се ликовно и техничко решение на Димче Бошкоски и Снежана Атанасова, вработени во ковалницата. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.

Триесет и една година подоцна, денарот останува стабилен и покрај низата кризи и премрежија низ кои помина државата. Првите години од монетарното осамостојување се одликуваа со хиперинфлација, рецесија, недоволно ниво на девизни резерви, макроекономска стабилност… Во октомври 1995 година беше воведена монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на тогашната германска марка, а од јануари 2002 година курсот на денарот се поврзува со еврото. Монетарните политики што беа водени за време на конфликтот од 2001 година, глобалната финансиска криза од 2008 година и пандемијата на Ковид-19 не дозволија денарот да девалвира.

Од Народната банка уверуваат дека и во актуелната ситуација со војната во Украина, денарот е стабилен и во иднина ќе остане сидро на стабилност на македонската економија. Девизните резерви растат, а банкарскиот систем е стабилен, ликвиден, доволно капитализиран и може да обезбеди кредитна поддршка за економска активност.

Уапceн млад дилер од Битола

Денеска (25.04.2023) од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола лишен е од слобода А.Ј.(23) од Битола.

При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Битола, пронајдени се и одземени марихуана и две дигитални ваги.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.