дома блог страница 1214

Прилепчани спремни за победа и обезбедување на опстанок во Супер лига – утре да ги поддржиме во што поголем број

По победите на гости кај Радовиш и дома против Скопје, ракометарите на РК Прилеп забележаа тесен пораз на гостувањето против Струга, и со 20 освоени бода го дочекуваат утрешниот натпревар, против претпоследната екипа во плеј-аут сегментот на Супер лигата, РК Јуниор од Кисела Вода.

Со триумф прилепчани со сигурност ќе го запечатат опстанокот во најелитното ракометно друштво кај нас, а за тоа ќе имаат потреба од што поголема поддршка од ракометните вљубеници.

Натпреварот против гостите од Скопје се игра со почеток од 18:30ч во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.

Да ги поддржиме нашите ракометари за на две кола до крајот на сезоната обезбедат опстанок во Супер лигата.

Најтажниот Ѓурѓовден во Србија: Денеска погреб на 10-те жртви на масовните убијци

Денеска ќе се одржат погребите на 10-те жртви од двата масакри што се случија во Србија во текот на два дена. Во Белград ќе бидат погребани четворица ученици и училишен чувар, кои во масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ ги уби момчето К.К. (13), додека во Мали Орашје ќе бидат погребани петтемина соборци кои ги уби У.Б кај Младеновац. (21).

На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворица ученици и работник од обезбедувањето на ОУ „Владислав Рибникар“. Исто така, во Мали Орашје ќе бидат погребани петмина пријатели, жртви на масовното пукање кај Младеновац.

Потсетуваме, во средата тринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби осум ученици и еден работник од обезбедувањето во тоа училиште, а повреди уште шест ученици и еден наставник. Во селата кај Младеновац 21-годишен маж уби осум лица, а повреди 14.

Сојуз на средношколци: Да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативни ефекти

На покана на Министерот за образование и наука, Сојузот на средношколци учествуваше на вчерашната средба со универзитетските професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки, која се одржа во просториите на МОН. Оваа средба е првата фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничкото насилство во училиштата.

Став на Сојузот на средношколци е дека мора да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативните ефекти, а истовремено спроведените мерки да дадат конкретни и видливи резултати на терен.

Во тој поглед, претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, на средбата ги претстави нашите четири предлози, чии генерални црти и начела беа застапени уште во неговата изборна програма, т.е. во мај 2021 година.

Најпрвин, Сојузот смета дека безбедносниот аспект ќе биде мошне важен во претстојниот период поради ризикот од т.н. „домино ефект“. Затоа предложивме МОН да стапи во меѓуинституционална соработка со Министерството за внатрешни работи со цел засилено обезбедување на училиштата најдоцна до крајот на оваа учебна година.

Иако во Македонија скоро секое училиште е екипирано со тим на стручни соработници (педагог, психолог и специјален едукатор), праксата покажува дека училишните психолози се обременети со административна работа, што ги спречува да комуницираат со корисниците на нивните услуги – учениците. Водејќи се од позитивните примери присутни во некои училишта во нашата земја, Сојузот предлага нов модел на работа на училишните психолози. Имено, нивните канцеларии треба да бидат отворени за средношколците, а тие треба да го имаат правото да закажат тет-а-тет средба со својот училиштен психолог.

Понатаму, свесни сме дека за ваква промена ќе бидат потребни обуки и доквалифакации за стручните служби и сметаме дека тие треба да се спроведат што поскоро, односно штом биде изготвен протоколот кој ќе го дефинира новиот модел. За да се избегне докажаната неуспешност на обуките, Сојузот предложи и спроведување на тестирања кои ќе ги мерат знаењата стекнати од овие обуки.

Сојузот мисли дека летниот распуст треба да биде употребен за изготвување на протоколот за новиот модел на работа на стручните служби и за отпочнување на обуките за соработниците. Мора да се дејствува веднаш!

Последно, Сојузот ја поздравува одлуката на МОН да ги отвори електронските адреси [email protected] и [email protected], на кои ќе може да се пријавува меѓуврсничко насилство. Ние предложивме да се размисли и отворање на бесплатна телефонска линија и профили на социјалните медиуми, со цел оваа можност да биде поблиска до целната група – средношколците и ученичките воопшто.

Сојузот на средношколци ќе продолжи да биде активно вклучен во процесите на работната група и ќе ги застапува потребите на средношколците коишто се однесуваат на менталното здравје, меѓуврсничкото насилство и безбедноста.

Добра вест! Горивата и вечерва поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 2.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,905%, кај дизелот за 5,550%, кај екстра лесното масло за 5,333% и кај мазутот намалувањето е за 4,615%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,031%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,455 ден/кг и сега ќе изнесува 39,620 ден/кг.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе продава за 80,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 67,00, а Екстра лесното масло за домаќинство за 66,00 денари за литар.

Пpетpec и апceње денеска во Прилеп – Кај 20-годишно момче пронајдена дpoга, дробилка и дигитална вага

Денеска (05.05.2023), полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Т.(20) од Прилеп. При претрес во неговиот дом и други простории во Прилеп кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети.

Р.Т. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

За умот да ви зајде! Во пресрет на матурите, 200 модели на фустани и над 50 модели на машки костуми – само во едно место во Прилеп (Фото галерија)

На улица “Сотка Ѓорѓиоски” бр. 27, отспротива на катната гаража, се наоѓа раскошниот бутик на два ката, “DINA FASHION”.

Кој бил досега знае дека само тука во Прилеп ќе најдете толку голем избор на машка и женска облека…буквално се’ за сечиј вкус.

А вие кои се’ уште не сте ги посетиле, побрзајте! Затоа што во пресрет на летните свадбени, полуматурски и матурски прослави, во “DINA FASHION” ќе најдете над 200 модели фустани и над 50 модели на машки костуми.

[Best_Wordpress_Gallery id=”1114″ gal_title=”Familiy Shop 1″]

Ги има во сите бои, во различни дезени, модели какви не само во Прилеп, туку тешко дека ќе ги најдете и во останатите градови.

Буквално умот да ви зајде и мака да мачите за која комбинација да се одлучите.

[Best_Wordpress_Gallery id=”1115″ gal_title=”Family Shop 2″]

Фотографиите кажуваат се’!

А и ќе заборавевме, во “DINA FASHION” ќе најдете и најевтини цени, па затоа не губете повеќе време и трк на шопинг!

Гимназијалката Софија Гешоска од Прилеп освои прва награда на Државниот натпревар по биологија

Во организација на Друштвото на биолози, на 28.04.2023 година во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија.

Ученичката Софија Гешоска од IV-7клас, под менторство на професорката Софија Крстеска, ја освои првата награда.

Талентот, вложениот труд и посветеноста на ученичката во низата од четиригодишното средно образование, секогаш се вреднуваше со освоени места на државните натпревари.

Успесите на Софија Гешоска се синоним на тоа дека СОУ гимназијата „Мирче Ацев“ е расадник на знаењето, од каде произлегувааат успешни млади интелектуалци во сите сфери на општеството.

Во недела сите во сала: Пред прилепчани е последната пречка за пласман во пивисок ранг

Екипата на Мега баскет од Прилеп ја делат две победи од пласман во повисок ранг на натпреварување. По одличната сезона и освоеното прво место во третата Б лига, прилепската екипа два пати убедливо го совлада Младинец во четвртфиналниот натпревар од плеј-оф разигрувањето.

Сега на патот им стои последната препрека, а тоа е КК Маџари ГБ, екипа која исто така забележа две победи во четвртфиналето.

-Се очекува неизвесна борба, во која нијанси можат да одлучат. Затоа, ќе ни треба вашата поддршка на првиот натпревар на домашен терен, оваа Недела (07.05.2023) во 17:00 часот, во салата на ООУ “Добре Јованоски”, заедно да оствариме почетна предност, пред гостувањето во Скопје за вториот натпревар. Се игра на два добиени натпревари, па затоа ова можеби е најважниот натпревар во сезоната. Затоа, Недела во 5, сите во сала – стои во соопштението од КК МЕГА БАСКЕТ.

Прилепските гимназијалци втори во Македонија на дебатите во Собранието

Во финалниот настан на едукативната активност „Имам став”, која се одржа на 02.05.2023 во салата „Борис Трајковски” во Собранието на Република Македонија, гимназијалците од “Mирче Ацев” Прилеп постигнаа голем успех освојуваќи го второто место.

За овој висок пласман заслугите им припаѓаат на учениците: Андреј Андреески, Марио Пеливаноски, Филип Тренкоски, Филип Станкоски, Стефани Стојческа, Димитар Зердески, Андреј Зојчески, Михаил Аризанкоски, Стефанија Ацеска, Маја Марија Богдан, Никола Бонески, Дино Апостолоски, Иван Здравески, Ангела Чупетреска, Јана Кокароска, Даниел Мирчески, Златко Марковски, Филип Темелкоски, Деспина Спасеска и Благојче Златески, под менторство на професорите по социологија Снежана Тодорческа и Натали Којев.

Во рамките на оваа сезона на активноста учествуваа вкупно 336 учесници од десет средни училишта од државата. Училиштата се натпреваруваа меѓусебно симулирајќи пленарна расправа на Собранието. Дебатите ги оценуваше жири – комисија составена од пратеници и вработени во Парламентарниот институт. Вкупно 24 различни пратеници беа дел од активноста.

Целта на одржување на оваа едукативна активност е приближување на работата на Собранието на Република Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација.

(ФОТО) Прилепска брука: Испокршени новозасадените липи на булеварот “Гоце Делчев”

Искршени новoзасадените липи по булеварот ,,Гоце Делчев’’, накај автобуската станица во Прилеп – oбјавија од Јавното комунално претпријатие “Комуналец”.

-Знаеме ли што е зелена општина?Знаеме ли дека сите засадени дрвја го формираат мозаикот на зелена општина?
Знаеме ли дека Општина Прилеп е прогласена за најзелена општина од страна на Канцеларијата на Европската унија во Скопје? Се знаеме и повторно правиме штета
– пишуваат од Јавното претпријатие.