дома блог страница 1213

Сребрен медал за гимназијалецот Благој Рујаноски од Прилеп од Олимпијадата по информатика

На 25 и 26. 04. 2023 год. во просториите на ФИНКИ во Скопје, се реализира 26-тата Македонска олимпијада по информатика. Натпреварувачите се натпреваруваа во два дена.

Гимназијалецот Благој Рујаноски Стојановски освои сребрен медал, а Михаил Живковиќ доби пофалница за успешно учество.

Ментор на учениците им е профeсорката Анета Стојческа.

Со постигнатиот резултат, гимназијалците ја продолжуваат традицијата на постигнување на високи успеси по информатика.

Србија: Од утре полициски патроли во близина на секое училиште и на сите јавни места

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште, изјави Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР на Србија во изјава за локални медиуми.

Како што наведе, полицијата ќе биде засилена на сите јавни места каде што се собираaт голем број луѓе.

– Видливото присуство на полицијата ќе биде зголемено на сите јавни места каде што се собираат голем број луѓе: во трговски центри, во паркови, на плоштади…, рече Стевандиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по двете масовни убиства што се случија во Белград и кај Младеновац, најави дека во следните шест месеци ќе бидат вработени нови 1.200 полицајци.

Споделени детали од вештачењето: Еве што пребарувал во телефонот малиот монструм пред извршување на злосторството

Коста К.(13), момчето кое пред два дена во ОУ „Владислав Рибникар“ уби осуммина негови врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ и рани седум лица, детално го испланирал страшното убиство, но и како да избегне затвор, покажа вештачењето на неговиот телефон.

Како што е утврдено, момчето-убиец го планирал масовното убиство еден месец, а она што било откриено со прегледување на неговиот телефон е застрашувачко – Коста К. свесно извршил убиство на своите врсници и училишниот чувар бидејќи непосредно пред злосторството, тој го пребарувал Кривичниот законик на Србија на Интернет за да истражи дали децата можат кривично да одговараат.

-Врз основа на неговата истрага, заклучено е дека нападот во училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-тиот роденден му преостануваат уште нешто повеќе од 2 месеци и дека не останува уште многу време до возраста за која би поднел кривичната одговорност доколку стори кривично дело, рече извор запознаен со случајот.

Исто така, како што беше утврдено, Коста К. гледал американски блокбастер за масакр во училиште во Америка ноќта пред масовното убиство. Неколку часа подоцна извршил страшно злосторство.

Како што изјави Веселин Милиќ, шеф на управата на Град Белград по трагедијата, тој рече дека ова е огромна човечка трагедија. Тој нагласи дека целото злосторство се подготвувало еден месец.

„Пукал Коста К. Убиени се осум ученици, седум девојчиња и едно момче“, рече тој и додаде дека целото злосторство го подготвувал еден месец.

-Ова е месец дена планирано за извршување. К.К. долго време го планирал, не го откри мотивот. Го зел огненото оружје од сефот на татко му и го донел со четири молотови коктели, рече тој.

Милиќ на конференцијата го покажа и списокот што го нашле во станот на момчето убиец. На него биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие. Покрај тоа, тој имал прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Сè што досега е утврдено во истрагата за невидената трагедија покажува дека Коста Кецмановиќ планирал да ги убие своите врсници и училишниот чувар.

Тој не бил под дејство на алкохол или психоактивни супстанци, а уште позастрашувачки е што за време на полицискиот распит, освен што не се кае за стореното дело, се однесувал дрско додека зборувал за жртвите.

ГРМИ ЦЕЛА БИТОЛА ВЕЧЕРВА! Чкембари веќе ја слават титулата! (ВИДЕО)

Чкембари веќе ја слават титулата во ракометната Супер лига, откако вечерва нивниот миленик Еурофарм Пелистер го совлада Вардар со резлутат 26:23 и на две кола до крајот од сезоната има предност од 3 бода.

Вечерва во Битола ќе се слави до доцна во ноќта, а има и зошто! Битолчани се на прагот на освојување на првата ракометна титула после сезоната 2004/05.

Погледнете дел од атмосферата:

Соколески пред шампионска титула! Битолчани вечерва ја срушија доминацијата на Вардар! (ФОТО/ВИДЕО)

После долги години доминација на црвено-црните од Скопје, македонската ракометна Супер лига добива нов шампион. Вечерва во преполната спортска сала “Боро Чурлевски” во Битола, Еурофарм Пелистер ги совлада гостите од Скопје и речиси сигурно ќе стане нов шампион.

Громогласната атмосфера од првата до последната минута, беше мотив плус за битолчани да стигнат на прагот на првата титула после сезоната 2004/05.

Крајниот резултат на семафорот беше 26:23 (13:12 на полувремето). Со овој резултат, битолчани на две кола пред крајот на сезоната имаат предност од 3 бода пред вардарци.

Следното коло се игра на 21.05, кога Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид, а Вардар кај Тиквеш. Во последното коло пак битолчани го пречекуваат Тиквеш, а Вардар во Скопје уште еднаш ќе ги одмери силите со Алкалоид.

Да не заборавиме. Во екипата на битолчани е тренерот на голманите од Прилеп, Ице Соколески, чиј допринос во освојувањето на оваа титула секако е за пофалба.

Браво! Ангела Трајкоска носи бронза во Прилеп од Балканското првенство во Грција

Ангела Трајкоска Тамара Цветкоска и Елена Дејковска од Боречкиот клуб “7-ми Мај Златна рака” од Прилеп, ја претставуваат Македонија на Балканското првенство за пионери и кадети кое од 4-7 мај се одржува во Сер, Грција.

Од клубот веќе се пофалија со првиот успех.

-Денес од Сер Грција од Балканското првенство У15 Ангела Трајкоска со неколку победи и еден пораз за Прилеп носи бронзен медал – напишаа од БК “7-ми Мај Златна рака”.

Честитки за Ангела!

Малолетник најавил дека ќе убие 30 луѓе – трето апсење по масакрите во Србија

Во Ниш денеска е уапсен млад човек (17) поради сомнение дека вчера на својот Инстаграм профил напишал дека денеска во Ниш ќе бидат убиени над 30 лица, соопшти Полициската управа во Ниш.

Со брзата и ефикасна акција на органите на прогонот, најпрвин бил идентификуван, а потоа лишен од слобода.

Судијата на Вишиот суд му одреди мерка притвор за кривично дело предизвикување паника и неред.

Ученик во основно школо во Скопје вперил пластичен пиштол кон други ученици

Дете во основно школо во Чаир, Скопје, отишло во училиште со пластичен пиштол и го вперило кон други ученици. Потоа, пиштолот го предал на директорката.

Инцидентот се случил вчера, а го потврдија и од МВР.

„На 05.05.2023 околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа“, велат од МВР.

За случајот известен е јавен обвинител за малолетници и Центарот за социјални работи.

Вакви и слични инциденти како во Скопје, беа забележани и во други градови во регионот откако во средата се случи масакрот во основно школо во Белград каде 13-годишен ученик со пиштол уби девет лица (чуварот и осум деца) и рани седуммина.

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Што значи ако на Ѓурѓовден заврне, а што ако денеска небото е ведро?

Го славиме големиот празник Ѓурѓовден, а според народните верувања има посебно значење ако денеска загрми.

Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото и врзан е за здравјето на домашните, женидба на младите, плодност на стоката, добри посеви…

Се верувало дека ако на Ѓурѓовден е ведро, ќе биде плодна годината, а ако на овој празник врне дожд, летото ќе биде сушно.

Порано се верувало дека колку недели пред Ѓурѓовден ќе загрми, толку товари жито ќе има таа година.

Жител од прилепско додека работел во градината пронашол минофрлачки гранати

На 05.05.2023 во 14.10 часот во Полициското одделение Кривогаштани, И.Ѓ.(30) од с.Обршани пријавил дека при извршување работи во градината на неговиот имот пронашол неиспукани гранати.

Полициски службеници извршиле увид, а пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување констатирале дека се работи за три минофрлачки гранати Ф-75 германско производство од Првата светска војна.

Гранатите биле подигнати за понатамошна постапка.