дома блог страница 1215

Не фрлајте покрај патиштата: Овие два дена низ Прилеп ќе има големи контејнери каде ќе може да се ослободите од непотребната покуќнина

По повод денот на пролетта 20 и 21 март ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп организира акција за чистење за собирање на отпад, кој не може да се подигне со редовната линија за собирање на комунален отпад.

За таа цел на 12 пунктови низа градот ќе бидат поставени контејнери од 5м3, во кои граѓаните ќе имаат можност да одложуваат отпад кој не може да се подигне со редовната линија за подигање на комунален отпад.

Контејнерите ќе бидат поставени на 20 и 21 март, 2023 година ( понеделник и вторник) , а граѓаните ќе имаа ја искористат можноста и да се ослободат од различни видови на отпад како непотребни предмети, покуќнина и др.

ЛОКАЦИИ КАДЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ КОНТЕЈНЕРИТЕ од 5м3:

“Дај свој придонес- засади дрво“- еко-акција на компанијата ⋮IWConnect по повод Денот на пролетта во Прилеп

По повод Денот на пролетта денес во населба Точила во Прилеп се спроведе акцијата “Дај свој придонес – засади дрво“, во која своја поддршка, освен ⋮IWConnect како иницијатор на оваа акција, дадоа и Општина Прилеп и ЈП “Комуналец“.

ИТ компанијата ⋮IWConnect која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија преку употреба на најновите светски технологии од областа на интеграциите, анализа и менаџирање со податоци, тестирање, развој на софтвер и апликации, поддршка на бизнисите итн. Како компанија која се заснова на богато минато, а се фокусира на иднината на дигитализацијата и конекциите, ⋮IWConnect е општествено одговорна компанија која редовно инвестира во Македонија.

Па така овој пат се спроведе акција за засадување на садници во населбата Точила. Садниците ги засадија 30 вработени од канцеларијата на ⋮IWConnect во Прилеп, со помош на ЈП Комуналец. Секој вработен засади свое дрво, а вкупно 120 садници беа засадени во оваа населба каде има доста големи маркети, аптеки, ресторани и кафулиња, теретани и спортски клубови, и важи за една од најпосетените населби на град Прилеп.

Ја избравме оваа локација затоа што сметавме дека има потреба од дополнително зазеленување, а со самото би опфатиле и поголем дел од населението во град Прилеп. Со ова се надеваме дека ќе ја разубавиме целата населба, а во исто време ќе добиеме и почист воздух за децата кои ги посетуваат игралиштата во оваа населба.

“Целта ни е да создадеме подобри услови за живот и работа за сите нас кои живееме тука. Со нашите изминати акции засадивме 3000 дрва во Oпштина Битола, а сега започнуваме и со зазеленување на градот Прилеп со првична акција од засадување на 120 дрва. Како општествено одговорна компанија, сакаме да дадеме пример како треба да се чува животната средина и да се се зголеми квалитетот на амбиенталниот воздух.” – рече Славчо Јанкоски, раководител на канцеларијата во Прилеп на ⋮IWConnect.

⋮IWConnect денес уште еднаш изрази благодарност до Општина Прилеп и до ЈП Комуналец кои помогнаа со засадување на садниците на јавните површини.

Прилепчанец денеска на пладне стана СУПЕР МИЛИОНЕР: Освои безмалку 19 милиони денари

Играч од Прилеп, денеска точно на пладне освои неверојатни 18.936.936 денари на апаратите од ВЛТ-Државна видеолотарија.

-Играчот кој го очекуваме да пристигне секој миг во Видеолотарија, денес точно на пладне, во 12:08, на видеолотариските терминали во Златна Копачка, освои 18.936.936 денари – велат од Државна лотарија.

Забавата на видеолотариските терминали продолжува. Можеби вие ќе бидете следниот среќен играч кој ќе може да се радува на Супер Милионер Џекпот чија максимална добитна вредност е 21.000.000 денари.

“SPORT LIFE” им додели вредни ваучери на своите најуспешни вработени (ФОТО)

„Sport Life“ обложувалници, секоја година го наградуваат успехот и професионалното работење на своите вработени, па така и сега за најуспешните 60 вработени во 2022 година, беа доделени ваучери во износ од 12.000 денари коишто можат да ги искористат за одмор, патување или посета на спа-центри, за шопинг во многу продажни центри и за разни други услуги по нивна желба.

Најуспешните вработени се оценувани според определени критериуми базирани на учинокот на вработените во различни делови на работниот процес во текот на изминатата година, вклучувајќи го и нивното искуство и работен стаж во „Sport Life“.

„Sport Life“ е водечка компанија во областа на игрите на среќа и спортски обложувалници, која успешно работи повеќе од 20 години и постојано инвестира во развојот на вработените, преку обуки, тренинзи, стипендирање на студии и сл. За секој успех и напредок, предвидени се и редовни бонуси и награди како и можности за кариерно унапредување.

Грижата за вработените и развојот на тимскиот дух на „Sport Life“ тука не застанува, тие се градат и преку голем број други редовни активности кои придонесуваат за задоволството на нејзините вработени и успехот на компанијата – истакнуваат од „Sport Life“.

И денеска поевтинување на дел од гopивата: Ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 16.3.2023 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 18.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,779 (денари/килограм)

Вака работат одговорните компании: Бесплатни ехо прегледи на дојка и тироидна жлезда за 300 вработени жени во “Витаминка”

Грижата за здравјето на сите вработени отсекогаш била приоритет број еден за Витаминка. Затоа, последниве три дена во просториите на компанијата се направија бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за околу 300 жени вработени во нашата компанија.

Здравствените прегледи беа наменети за вработените од Прилеп, Штип и Скопје, општини каде компанијата има свои работни простории.

Оваа активност ја реализираме со цел да придонесеме за здравствената добросостојба на жените од сите возрасти вработени во компанијата и да апелираме за поголема здравствена грижа.

Преку бесплатниот ехо-преглед на дојка и тироидна жлезда ќе поттикнеме на самосвесност за потребата од редовни прегледи и ќе ги охрабриме за поголема грижа и свесност за сопственото здравје.

Веруваме дека со еден ваков чекор ќе ја подигнеме свеста за грижа за здравјето, за превенција од рак на дојка и ќе ги мотивираме и останатите компании и организации да вложуваат во своите вработени.

Превенцијата е половина здравје и токму затоа, како општествено одговорна компанија продолжуваме да се грижиме за вработените преку преземање на конкретни чекори за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето.

Извлечени двојките: Италијанско дерби во четвртфиналето на Лигата на шамионите

Денес во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналната фаза на елитното натпреварување. На извлекувањето во Швајцарија среќата посака.

Четвртфинални двојки во Лигата на шампионите:

Реал Мадрид – Челзи / Интер – Бенфика

Манчестер Сити – Баерн Минхен / Милан – Наполи

Првите натпревари во фазата на осумте најдобри се играат на 11 и 12 април, додека реваншите се седум дена подоцна. Полуфиналните пресметки пак се на средината на мај, додека големото финале на турскиот „Ататурк стадиум“ е закажано за десетти јуни.

Прилепчанец кpaдел кај ќе стигне во Битола – конечно го фатиле

На 16.03.2023 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ќ.К.(51) од Прилеп.

Тој се барал по централен распис од СВР Битола поради сомнение за извршени тешки кражби на дрзок начин на повеќе локации на подрачјето на Битола, извршени во подолг период.

Ќ.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Скопје е друга држава за лицата со инвалидитет: И’ ставиле канџа и платила казна, иако се паркирала на место за инвалиди и плус пратила порака

Фејсбук статус на Билјана Гаврилова Станковска, велешанка која доживеала вистинска непријатност во главниот град

Денес сум толку изреволтирана, толку дискриминирана, толку очајна што воопшто живеам во оваа наша никаква државичка, ај да кажам и зошто.

И покрај сите предизвици и спрепки што ми ги нанел и нанесува животот, наместо ова наше општество (ако може да се каже така) да ни ги олесни работите како лица со посебни потреби, тоа нас не удира по нос.

Отидени во Скoпје нормално по болници, на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места, колата означена со знак за инвалид, со членската од здружение на лица со посебни потреби ставена на шал табла, пратена порака..ни ставаат блокада..се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата, доаѓаат дечките од гратски паркинзи ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила, овие првично велат дека цитирам: “Aма вие сте од друг град” ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Скопје инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди и му велам:” Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Скопје тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Скопје”..чудно ме гледа..

Второ велам: “Запознати со тоа што град Скопје за возилата од други градови не дозволува бесплатни паркинзи, си пративме порака..и покрај тоа пак блокада”..на тоа ми одговара: “Кога си паркиран на инвалидско место пораката не важи”. Молам?!?! Кого и како правите будала!!

Во нормална држава и во останатите градови во нашава ни државичка нигде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило, иако си од друг град/држава, па дури и да не платиш паркинг..само Скопјево е некоја посебна држава изгледа со некој нивни дискриминирачки правила! Се јавува батето во централа, прво чекаме едно 15мин за да го решат “проблемов”, ѕвонат од таму чоекот си се трга настрана (за да не се слушне што се убедуваат) разговара едно 5мин..се враќа и вели: “Од таму велат мора да си ја платите казната”..Си кажавме уште некој работи на кој секако не се придаде важност, пошто се вадеа цело време со тоа дека они се само вработени и си ја работат работата..незнам само која и каква работа кога, како ќе им дојде така си тераат..ама нејсе.

Море чоек,море човеци..пошто не сте луѓе да ве наречам така,знам дека и до некаде не сте ни вие криви некој има и над вас ама да печалите на нас и згора да се иживувате..има Господ тој е над сите.

Лута сум да..никогаш јавно не сум се дрзнала да напишам ништо иако ова е еден од многуте случаи со кој се соочуваме ние,третирани како граѓани од незнам кој ред..прв сигурно не..ама ова е веќе претерано.

Инаку казната си ја плативме да, ама да ви кажам дека повеќе нема да ќутам..ова нема да остане вака…

Македонец заврши во пpитвop во Хрватска, се вработил во дом за стари лица и огpaбил болен пензионep

Полициските службеници во Загреб ја завршија кривичната истрага за 29-годишен државјанин на Македонија и 35-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, кој во моментот е во бегство, поради сомнение дека сториле кривичното дело тешка кражба и перење пари.

Се сомнева дека двајцата мажи ја искористиле немоќта и лошата здравствена состојба на жител на дом за стари лица на крајот на јули 2021 година по засновањето работен однос во установата крадејќи мобилен телефон и банкарска картичка од него.

Осомничените од старото лице го добиле ПИН-бројот на картичката и од крајот на јули 2021 година до првата половина на септември 2021 година во шест наврати на повеќе банкомати подигнале пари од сметката во вкупен износ од 36.300 куни, соопшти хрватското обвинителство, пренесе „Индекс“.

Исто така, постои сомнеж дека на крајот на јули 2021 година картичката ја искористиле за уплата во четири наврати на две продажни места во вкупен износ од 198,90 куни. Потоа, од крајот на август до првата половина на септември 2021 година во пет наврати префрлиле средства на сметката во вкупен износ од 20.500 куни.

Користејќи договорено мобилно банкарство, тие префрлале средства од сметката на човекот на сопствените банкарски сметки, како и на девизната сметка на 35-годишниот, со цел да го прикријат или лажно да го прикажат незаконското потекло на парите.

Вкупната материјална штета причинета со овие дела изнесува околу 11.820 евра. По завршување на кривичната истрага, 29-годишниот македонски државјанин е во притвор. Посебен извештај е поднесен до надлежното Државно правобранителство, а по 35-годишниот државјанин на БиХ интензивно се трага.