дома блог страница 1212

Пендаровски се пожали: Уште не сум земал плата за јануари

„Во врска со прашањата од медиумите упатени до нашата институција, потврдуваме дека платата за месец јануари 2023 година не е исплатена за вработените во Кабинетот и за претседателот на Република Северна Македонија.”- известуваат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Од таму велат дека образложението кое го добиле од Министерството за финансии, е дека во Буџетот за 2023 година нема дополнителни средства за исплата на плати за вработените во Кабинетот на претседателот. Ваквата аргументација, Кабинетот ја смета за неоснована.

„Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5% на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии.”-додаваат во соопштението.

„Барањето за финансиски средства за плата за месец јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го достави до Министерството за финансии е изработено во согласност со Законот, во рамки на одобрените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – Претседател и во согласност со Колективниот договор за вработените при Претседател на Република Северна Македонија.”- велат од Кабинетот на Претседателот.

Прилепчанец кpaдел во Гостивар

На 01.02.2023 во 11.55 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот Е.Ќ. од Прилеп.

Тој се сомничи дека извршил кражба и кај него бил пронајден апарат за кој постоело сомнение дека противправно го одзел.

Се расчистува и документира случајот, по што ќе следи соодветна пријава.

Полнете гориво по полноќ: Ново намалување на дизелот

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за два денара, додека на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80 денари за литар, екстра лесното масло 78,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 86 денари за литар, а мазутот 41,346 денари за килограм.

Со ваквата Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 отсто во однос на одлуката од 1.2.2023 година.

Само со пријава ќе може да се положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Ние ќе бидеме таму за да воспоставиме ред и се знае точно, има државен протокол. Секој еден кој пријавува делегација за да оддаде почит, секако ќе им биде овозможено. Сите кои што се пријавиле дека ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, ќе бидат таму. Само со пријава ќе може да се присуствува, тоа е објавено неколку пати. Мора да се најават делегациите затоа што во услови кога имате радикали од државата или од надвор кои викаат „да ние ќе дојдеме таму и ќе правиме што сакаме“ – тоа не можат да го прават. Оваа држава има ред и поредок и тие мора да се почитуваат, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Министерот е дециден дека за никој нема да има вип-третман на 4 февруари.

-Ние ќе ја обезбедиме манифестација и ќе се обезбеди ред и поредок. Се знае кој се обезбедува, кој се движи со обезбедување и тоа се е уредено со уредба. Шпекулациите не се во функција на намалување на тензиите. Нема никаква потреба од ноќни стражи и чувања на гробот, додаде Спасовски во вестите на Тв Сител.

Првиот полицаец во земјава истакна дека се уште нема најава за официјална делегација од Бугарија што во сабота ќе дојде во Скопје.

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско

Поради случени сообраќајни несреќи затворен за сообраќај патот Велес – Градско.

– Од 08:30 часот, поради сообраќајни незгоди, за сообраќај затворен регионалниот пат Велес – Градско, стои во соопштението од АМСМ.

Траги-комедија – Сали: Докторските плати се добри, лекарите бегаат поради малите канцеларии во кои работат

Министерот за здравство Беким Сали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека платите на лекарите во Македонија не се лоши.

Тој вели дека според стандардот, тие се добри.

„Платите на лекарите во Македонија не се лоши. Според стандардот на државата, платите се добри. Има и такви лекари што бегаат за повеќе пари, но кога ќе имаме поорганизирани институции, лекарите нема да бегаат. Апсурдно е да си задоволен кога како доктор работиш во канцеларија од 2 квадрати“, вели Сали.

Нас ни е таман: Штрајк на вработените во „Кока-Кола“ во Германија, бараат плати повисоки за 400 евра

Стотици вработени во компанијата газирани пијалаци „Кока-Кола“ во северозападните германски градови Дортмунд и Линебург денеска стапија во штрајк барајќи зголемување на месечната плата за 400 евра, како и повисока почетна плата за нововработените лица.

Слични штрајкови неодамна имаше и во други делови од државата. Во декември, американската корпорација им понуди на германски работници зголемување на платите за 100 евра и еднократен бонус од 1.000 евра за да го неутрализира влијанието на високата инфлација.

Преговарачот на германскиот Синдикат на работници за храна, пијалаци и угостителство (НГГ), Фреди Ајан тогаш го опиша предлогот како „шлаканица во лице“. Според него, важно е платите да се зголемуваат согласно инфлацијата.

Се очекува преговорите да продолжат на 8 февруари.

Насилници им влегле во станот и им ги зеле мобилните телефони, а прилепчанец го извлекол и подебелиот крај

На 01.02.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 04.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони.

Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.

За еден навистина културен центар – Локум, ајвар, изложба на Кардула, концерт на Стефановски само дел од минатогодишните сервирани „вкусови“ на КИЦ Тирана

“Беше 5 – ти јануари кога се преселив во Тирана, тој ден врнеше топол медитерански дожд. Живеев во хотел, барав стан, барав простор за нашиот Културно информативен центар. Тргнав од нула. На 29-ти април 2021 година на мое големо задоволство, ја закачив таблата на која пишува ,,Амбасада на Република Северна Македонија,, – Културно информативен центар”.

Од навидум далечна визија и речиси невозможна мисија, денес модерната македонска култура вибрира во Тирина. Со децении, иако не раздвојуваше една езерска географска граница, едночасовно возење од Охрид до Албанија, културолошката размена беше милји далеку. Тој многугодишен културно информативен јаз секако не може да се надомести преку ноќ, но интезивната работа на македонскиот Културно информативен центар во албанската престолнина за неполни две години вртоглаво не доближи истовремено и со политичкиот прогрес во билатералните односи на двете земји. Центарот уште еднаш покажа дека затвореноста и недостигот на информации создаваат стереотипи, додека уметноста и културната промоција отвораат хоризонти во духот на космополитизмот.

Овој софиситицирано уреден ентериер во објектот на КИЦ Тирана, со илустрации од уметникот Зоран Кардула е местото каде што во годинава што изминува беше  промовиран и македонски ајвар, крушевски локум, музиката на „Љубојна“, сликите на Зоран Кардула , изведба на пијанистката Ивана Мазнејкова а за прв пат во Албанија концерт одржа Влатко Стефановски.

Во Центарот во изминатиот период поминале многу луѓе, десетици министри, двајца премиери, музичари, сликари, писатели, градоначалникот на Тирана господинот Ерион Велиај, министерката за култура Елвита Маргарити, министерот за внатрешни Бледар Чучи, амбасадори и дипломати од различни земји.

Кога се наоѓаш во друга земја и непознат град, за да стасаш до овие нешта, бара многу работа, вели во разговорот за НоваТВ, директорот Златко Ориѓански.

„Беше 5 – ти јануари кога се преселив во Тирана, тој ден врнеше топол медитерански дожд. Живеев во хотел, барав стан, барав простор за нашиот Културно информативен центар. Тргнав од нула. На 29-ти април 2021 година на мое големо задоволство, ја закачив таблата на која пишува ,,Амбасада на Република Северна Македонија,, – Културно информативен центар. Направивме нова, наша институција во Република Албанија. На 10-ти јуни се случи свечено отворање, пред многубројни гости од политичкиот и културен живот на оваа прекрасна земја. Од тука натаму, започнав со програма и претставување на нашата земја и нејзината култура. Направивме добри работи, ова место веке е познато меѓу тиранчаните и Албанците воопшто, овде, та дури и на Косово“, раскажува Ориѓански.

За впечатоците од концерот на Влатко Стефановски, кој ќе остане запаметен како прв негов настап во соседна Албанија, и потсетување колку сме пропуштиле во културната размена на двете земји низ годините, Ориѓански вели:

„Влатко е врвен професионалец, меѓутоа, ете, никогаш не свирел во ниту еден град во Република Албанија, зошто, како, искрено не знам, меѓутоа со голем напор, тој концерт се случи на взаемно задоволство и помина многу убаво. Имајте предвид, оваа работа овде јас ја работам потполно сам, немам секретарка, шофер, ниту некој помошник. Оваа работа бара постојани контакти со разно разни луѓе. Овде изминатиов период поминаа многу луѓе, десетици министри, двајца премиери, музичари, сликари, писатели, градоначалникот на Тирана господинот Ерион Велиај, министерката за култура Елвита Маргарити, министерот за внатрешни Бледар Чучи, мнозина амбасадори и дипломати од разни земји. Кога се наоѓаш во друга земја и непознат град, за да стасаш до овие нешта, бара многу работа.“, вели тој.

На својот фејсбук профил Ориѓански често објавува видеа од настаните, од кои се добива впечаток дека посетителите со голема возбуда присуствуваат на секој од нив. И според Ориѓански, не може да се издвои ниту еден и сите му се подеднакво важни.

„На секој настан му пристапувам со еднакво внимание, сеедно дали промовираме македонски ајвар, крушевски локум, сликите од Зоран Кардула или концертот на Љубојна, Влатко, пијанистката Мазнејкова, писателот Јордан Плевнеш. Денови и месеци пред нешто да правам, размислувам како тоа да се склопи, да биде убаво и видено. Ние сме мала земја, имам мал буџет, тоа бара вештини хаха да се направи и да изгледа светски. Мислам дека ова е наш прв Центар, кој успеал да внесе пари однадвор, преку бизнисмени и фирми, да го надополни државниот буџет.“, вели Ориѓански.

Сепак, тој се согласува дека реципроцитетно на нашата промоција на културата во Тирана, модерната албанска култура не доволно промовирана во Македонија.

„За жал, албанската модерна култура е непозната во нашата земја, меѓутоа, ние имаме склучено меѓудржавен договор со Република Албанија, ратификуван во нашите парламенти, каде јасно пишува, дека Република Албанија, под истите услови како што ние отворивме културен центар во Тирана, може да отвори свој културен центар кај нас. Дали ова ке се случи, искрено, не знам, тоа не зависи од нас, иако јас со нетрпение очекувам такво нешто.“, вели тој.

Настап на „Фолтин“, прва изведба на театарска претстава на македонски јазик во Албанија се само дел од замислите за прогрмата на КИЦ Тирана за идната година.

„Следната година сакам да ја започнам со една голема претстава на Битолскиот театар, тоа ке биде прва македонска театарска претстава изведена во Албанија на македонски јазик (се разбира ке има и превод на албански јазик). Овде имам намера да настапат ,,Фолтин,, веројатно ќе правам еден интересен концерт со оние наши, струмичко малешевски дувачи, сместен во воз кој патува..И уште многу други работи. Допрва ќе има добри работи. Најважно е дека сме овде и дека ова место, ова наше место во оваа благородна земја и прекрасни луѓе, на некој начин стана ,,свето место“. Мнозина луѓе што доаѓаат во Тирана, независно од етничка припадност, доаѓаат да го посетат. Ова е голем комплимент за мене и мојата работа овде.“, вели Ориѓански.

Албанскиот парламент ја ратификуваше Спогодбата за отворање македонски КИЦ во Тирана на 3 февруари 2020 година.

На седницата на 3 февруари 2020 година кога беше ратификувана Спогодбата за отворање на македонски КИЦ во Тирана зборуваше Васил Стерјовски, пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, кој од име на партијата и од сите Македонци во Албанија ја изнесе целосната поддршка за отворање вакви центри.

„Отворањето на овие културно-информативни центри во Тирана и Скопје ќе ги интензивира културните односи меѓу двете земји, ќе го зајакне понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Македонија, ќе се развие и зајакне меѓукултурната соработка и ќе се создадат услови за уметници од двете држави да ја претстават својата работа во двете држави“, рече тогаш Стерјовски.

Додаде дека овие културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат албанската култура во Македонија и македонската култура во Албанија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни.

Тогаш, тој нагласи дека двете држави заедно се движат по европскиот пат и оти голема е надежта дека во март оваа година ќе започнат преговори за членство во ЕУ.

Извор: Нова ТВ

Груби: Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!

Првиот вицепремиер Артан Груби пред симпатизерите и партиските членови на ДУИ во Врапчиште зборуваше за Коридорот 8 и дека ќе започне неговата изградба.

– Денес, конечно италијанската компанија „ИРД“ достави банкарска гаранција и го потпиша договорот за надзорен консултант за проектот Коридор 8. Во четврток во 09:00 часот ќе го потпишеме договорот со избраната компанија и ќе започнеме со работа со „Бехтел Енка“ за Коридорот 8 , автопат со три ленти со кој ќе ја поврземе нашата држава со Албанија, рече тој.

Додаде дека тоа е супер голем проект за кој се издвоени 300 милиони евра.

Од сите капитални инвестиции, од општиот буџет од 800 милиони евра, 300 милиони наменети се само за овој проект. Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!, истакна Груби.