дома блог страница 1211

Виктор Стојанов, лидерот на бугарската фондација „Македонија“ не ја преминал границата

Лидерот на фондацијата Македонија, Виктор Стојанов по своја желба ја напуштил колоната за чекање на Деве Баир, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати во функција. Откако тој и неколку други бугарски државјани се скараа со полициски службеници и упатија погрдни зборови кон нив, решил да си замине.

Портпаролката на СВР, Куманово, Ивана Младеновска за РСЕ изјави дека лидерот на бугарската фондацијата Македонија, Виктор Стојанов самоиницијативно ја напуштил колоната на возила која се наоѓала на граничниот премин Деве Баир меѓу Северна Македонија и Бугарија и се вратил назад, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати во функција.

Од Министерството за внатрешни работи претходно денеска кажаа дека на граничните премини паднал системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

„МВР информира дека системот на сите гранични премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи“, велат од МВР.

Прилепчани мирно го започнаа викендот: Во акциска на МВР синоќа фатени само 4 возачи под дејство на алкoxoл

Во текот на изминатата вечер (03/04.02.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирано е дека 14 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле соодветно санкционирани.

Од нив 7 на територија на Битола, 4 во Прилеп, 2 Ресен и 1 Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.

Прилепчанка во делегацијата на СДСМ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор oд Прилеп, Ивона Кузмановиќ, се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

-Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме.

Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите. Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ – по повод 151 година од неговото раѓање.

Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев, се наведува во партиското соопштение.

Голем број граѓани стојат пред барикадите: Еве каква е состојбата околу црквата Св. Спас (Видео)

Погледнете каква е атмосферата во живо од чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, великанот на Македонија.

Состојбата од црквата Св. Спас од минута во минута ја пренесѕваат од порталот “Инфомакс”.

Уaпceн кpaдец во прилепско: Влегол во куќата на 81-годишен дедо и укpaл пapи

На 03.02.2023 во 11.00 часот во с.Слепче, прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Д.В.(39) од с.Велгошти, охридско.

Тој се сомничи дека на 02.02.2023 во периодот од 09.00 до 16.00 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во куќата на С.В.(81) од с.Слепче и одзел пари.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Чудна светлина и звук синоќа ги остави битолчани без спиење (Видео)

На социјалните мрежи се шири видео од безбедносна камера од Битола, на кое е снимена чудна светлина и звук минатата ноќ – нешто налик на гром, иако синоќа во Битола паѓало снег.

Видеото предизвика голем број коментари, а никој точно не пишува за што станува збор.

Погледнете во продолжение:

-Не е баш за зафрканции беше страшно голема бука и јака зеленкаста светлина каде што следеше уште два пати но со послаб звук а беше најавено дека некоја комета се приближува можеби е тоа но за чудо ни една од ТВ куќи ништо не кажаја да знаеме што се случи – пишува во еден од коментарите.

СДСМ не сака ниту да слушне за амнестија за „27 април“

За нас не неприфатлив закон со кој ќе се амнестираат насилници коишто влегоа на тој црн 27 април во Собранието – одговори денеска на новинарско прашање Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ планира во Собранието да достави предлог за амнестија на осудените од тнр. „крвав четврток“, но тој нема да има поддршка од СДСМ затоа што, како што рече Костовски, „ние сме конзистентни во нашите ставови“.

– Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат повторно се покажува на дело. Опструираа, кочеа и никаде ги немаше кога беше потребно да се донесе сет, односно неколку сета на антикризни мерки во сред економска, ковид криза, тогаш бегаа. Кога станува збор за насилници тие се први и се гласни и секогаш биле такви. Ова е уште еден еклатантен доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ буквално ништо не е сменето. Истата матрица, истите луѓе, истите навики, истите политики – рече пратеникот Костовски.

Почина основачот и претседател на една од најголемите компании во Македонија

„Со огромно жалење ве известуваме дека по кратко боледување денеска почина нашиот почитуван основач и претседател Гоце Камчев.

Гоце Камчев беше еден од најуспешните визионери и менаџери во нашата земја и остави зад себе компанија која е меѓу најуспешните во регионот. Целото искуство, знаење и вештини, стекнати во текот на школувањето и работата со познати компании од земјата и од странство, несебично ги пренесуваше и споделуваше со вработените, кои го препознаваа како голем учител, неуморен пренесувач на знаења. Истовремено беше насочен и кон раст и развој и на нашата држава, ауспешна Македонија беше една од неговите цели.

– Во мојот живот три работи ми беа и ми останаа важни – семејството, работата и мојот народ – знаеше да каже.

Камчев е основач на повеќе компании во областа на трговијата, производство, земјоделство, угостителство и недвижности. Компаниите што ги изградикои се дел од „Камчев груп“ во моментов вработуваат над 1.800 лица и придонесуваат за развојот и добробитта на целокупното општество. „КАМ“ трета година е меѓу најголемите 10 компании во земјава, која во текот на минатата година реализираприход над 273 милиони евра. На нас останува да го негуваме споменот и да ја продолжиме неговата визија.

Гоце Камчев е роден на 28 април 1945 година во Скопје и потекнува од релативно сиромашно работничко семејство. Уште од средното училиште се насочува кон економијата, а потоа образованието го продолжува и на Економскиот факултет во Скопје. Подоцна завршува и постдипломски студии од областа на економскиот развој. Во текот на своето образование континуирано ја негува својата желба за учење, читање и знаење.

Во текот на својата долга кариера работел на високи позиции во Комерцијална банка, дрвна индустрија „Треска“, „Македонија табак“, „Магро“… Меѓу неговите успеси се и рекордните извози на македонско вино на странските пазари. Како претставник на „Магро“ со семејството заминува во Германија, каде што создава важни контакти и го надградува своето искуство.

На 45-годишна возраст Гоце Камчев е подложен на операција на срцето, по што лекарите му советуваат да се пензионира. Наместо пензија, тој почнува нова етапа од својата кариера.

Во 1990 година ја основа компанијата „Интеркам“, еден од првите дистрибутери во Македонија. Во малопродажниот сектор влегува во 1995 година кога ја основа компанијата „Камфуд“, чиј прв современ супермаркет беше отворен во Градскиот трговски центар во Скопје на површина од 1000 квадратни метри.

Инспириран од германскиот синџир „Алди“, Камчев се насочува кон принципот „хард дисконт“ и го основа „КАМ“ во 1999 година, компанија која континуирано расте и се развива, па денес покрај 76-те маркети во Македонија, присутна е и во Косово со 23 маркети и во Бугарија со 24 маркети. Преку „КАМ маркет“ тој ја реализира својата визија да обезбеди поквалитетен, а поевтин производ со цел да им излезе во пресрет на граѓаните.

– Придонесовме за куповната моќ на нашите граѓани и тоа го гледаме како наш најхуман придонес во нашето постоење – велеше Камчев.

Дел од неговото портфолио се и забавно-трговскиот центар „Вилиџ Вања Камчев“, хотел „Вилиџ“, два трговски центри во Скопје и во Битола, како и најголемиот логистички центар во земјава, кој е дел од „КАМ маркет“. Во својата богата и плодна кариера Камчев инвестрираше и во фабриката за производство на кондиторски производи „Прогрес“, сегашно „Виго-48“, ифармата „Сточарство во Богданци“.”-стои во соопштението испратено до медиумите.

Семејството и пријателите ќе се збогуваат од Гоце Камчев в недела 5 февруари 2023 година. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капела во 12 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

Прилепчанец објави: Еве како денеска изгледаат пристапите кон црквата Св. Спас во Скопје (Фото галерија)

(Фејсбук статус на Звонко Димоски)

,,Еве како денес изгледаат пристапите кон црквата свети Спас во Скопје каде што почиваат моштите на најголемиот Македонски син Гоце Делчев на ден пред годишнината од неговиот роденден во родената му земја за која и го дал својот живот во денешна окупирана Македонија..

И нека ви каже после некој драги мои Македонци од квинслишката влада на сдс, дуи и од претседателскиот кабинет на Стево дека договорите за добрососедство и соживот со Бугарите, Грците и Албанците биле за подобар живот и светла европска иднина на Македонците и дека не задирале во Македонскиот идентитет и историја” , стои во статусот.

Им порача на функционерите кои веат знамиња на други држави да одат таму и да бидат министри, па доби закани по живот

Младиот Умејр Муамеди кои пред неколку дена јавно им порача на функционерите кои истакнуваат знамиња на други држави да одат во тие земји да бидат функционери и од таму да земаат плата, доби закани по живот поради неговите ставови. Муамеди побара од МВР заканувачот итно да биде приведен.

„Некој си Bekim Berisha напишл дека поради моите лични ставови јас треба да бидам уништен. Барам од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и Oliver Spasovski истиот итно да биде приведен. Бидејки последиците можат да бидат поголеми и не се знае кој кого може да го уништи.“, напиша Муамеди на фејсбук.

Во продолжение и ФБ статусот на младиот магистер на правни науки со кој доби огромни симпатии и поддршка:

-Не ми е јасно како се дозволува во институција на Р.Македонија да се истакнуваат знамиња на други држави. Зимаш плата од оваа држава (плус патувања, кола службена итн ако си во повисока функција) а во канцеларија носиш знаме од Албанија, САД, Турција, Србија итн. Зошто тогаш не одите во тие земји да бидете директори, министри, градоначалници итн? Приватно можеш да се чувствуваш како сакаш но Држава и Националност се два различни поима. Немам почит за ниту еден министер, директор, градоначалник итн, кој дозволува во инстутицијата со која раководи да се истакнуваат знамиња различни од државното знаме.