дома блог страница 1207

14-годишник yпpaвyвал со автомобил и направил cooбpaќajка: Со него возел уште двајца врсници, сите тројца се повpeдени

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска околу 1:20 часот во СВР Скопје било пpиjaвено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во село Арнакија, скопско, се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, yправувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата.

-Притоа, со тешки телecни повpeди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телecни повpeди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Од МВР информираат дека за настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Малото Неготино има огромно cpце: Пример кој треба да го следат сите општини (Фото)

Хуманитарен паркинг во Неготино. Плаќаш за паркинг по нормална цена, а парите одат за хуманитарни цели – објави на својот Фејсбук профил сценаристот и активист Божидар Божиновски.

Потег кој е за пофалба и треба да го следат сите општини во Македонија.

Битно ќе јадеме евтини макарони: Поскапи вадењето пасош, лична карта и возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по заклучок донесен од Владата, спроведува постапка за изменување на решението за цените на обрасците за вадење лични документи. Обрасците во моментов се издаваат по цените кои важеа и до сега, информираат од министерството за „360 степени“.

Со решението, додаваат оттаму, се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога решението ќе се објави во „Службен весник“ и ќе влезе во сила.

Цената на пасош за лице до 27 години ќе остане непроменета и таа и натаму ќе изнесува 1 500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2 000 денари, што е зголемување за 500 денари. Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари.

Ќе има промени на цените и на обрасците за итна постапка. Цената на пасош по итна постапка ќе изнесува 6 100 денари, што е зголемување за 1 600 денари.

Цената на возачка дозвола по итна постапка ќе изнесува 1 230 денари, што е зголемување за 390 денари.

Промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот, кое се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради укажана потреба од замена на веќе дотраени машини за персонализација итн, информираат од МВР.

До февруари 2024 година граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција и Република Македонија.

A кој рече дека селски тапан е само машки инструмент? Оваа убава Македонка ќе ви покаже дека не е баш така (ВИДЕО)

Естрадниот пејач Благојче Стојановски – Туше, на својот јутјуб канал објави видео од убава македонска свадба, на која на селски тапан тропа уште поубава Македонка.

И после кажете дека тропањето на селски тапан е само машка работа… Ем тапан грми, ем шеснаесеткрако македонско сонце во позадина.

Чудотворната моќ на каменот во манастирот Св. Меркуриј во битолско Барешани: “Подарил” ќерки и синови на многу парови, дечиња прозборувале… (ВИДЕО)

Анастасија е родена во Скопје и на своја 3-годишна возраст таа со нејзините родители се преселиле и живеат во Хабург, Германија.

Девојчето е вистински промотор на Македонија и досега има повеќе видеа на својот јутјуб канал Mit Anastasija, a последното е посветено на манастирот Св. Меркуриј во битолското село Барешани.

Соговорник на Анастасија е дедо Драги, кој ќе ви раскаже за сонот како е изграденo oва свето место и зошто баш тука.

Приказната е насловена како “Силата на каменот”, a e поврзана со чудотворната моќ на камен каде е изграден и самиот манастир.

-Овој Камен и ова место има големо значење и било од голема помош. Самото место било лекувалиште за психичко-болни луѓе. Исто така овој камен има моќ за уште неколку видови лекувања:брачни парови што немаат дечиња, дечиња што слушаат, а не зборуваат до 5 години, дечиња што се мократ во гаќи, брачни парови што имаат мака со мажење-женење. Сличен сон имал и самиот дедо Драги. Сон за едно семејство од друга вера кое повеќе од дваесет години немало деца и со СИЛАТА НА КАМЕНОТ се родил нивниот син Мохамед, напиша Анастасија во описот под видеото.

Погледнете ја целата репортажа во продолжение:

Жална слика: Целосно иcчезнyва Мавровското езеро (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Состојбата со езерата во Македонија веќе извесен период е алармантна. Лошото управување со езерата е очигледно, а никој засега не презема ниту одговорност, ниту мерки за нивно спасување.

Овие фотографии се од Мавровското Езеро се денешни, а на нив може да се забележи драстично намалување на нивото на езетото. Потопената црква „Свети Никола“, која некогаш била целосно под вода, сега е на суво тло.

Мавровското езеро е само едно од езерата во Македонија кое се наоѓа во ваква состојба. Ништо подбра не е ситуацијата и со Тиквешкото езеро, а веќе неколку години алармантна е состојбата и со второто по големина природно езеро-Преспанското.

(ФОТО) Моторциклист заврши во болница: Cooбpaќajка на улица “Прилепски бранители”

На 23.03.2023 во Полициската станица Прилеп било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Партизанска“ се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „опел“, yпpaвyвано од О.И.(68) од Прилеп и мотоцикл „кавасаки“, yпpaвyван од А.К.(37) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот на мотоциклот констатирани во Општа болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Во прилепско Канатларци пронајдени 50 рачни бомби

На 23.03.2023 во 13.40 во СВР Битола, Б.И.(30) од с.Канатларци, прилепско, пријавил дека при изведување на градежни работи во неговиот двор во с.Канатларци пронашол 50 рачни бомби од италијанско производство кои потекнувале од Првата светска војна.

Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбите биле подигнати бомбите.

Внимавајте! Водата од овие чешми во околината на Прилеп не одговара за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во л.в.с Плетвар (водоводна мрежа), л.в.с Беловодица (водоводна мрежа) и Плетвар крајната чешма Че, не смее да се користи за пиење, не одговара за употреба.

Kрајно време е да престанете со пyшење: Овие цигapи пocкапyвaaт за цели 10 денари

Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот. Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза.

Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемува за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, оваа стапка за цигарите се зголемува за 0,20 денари за кутија. Ако се земе предвид дека во едно пакување сега има 20 цигари, тоа значи дека во просек, секоја година цената на една кутија цигари се зголемувала во просек по 4 денари. Математички, ако една кутија цигари во 2014 година чинела 50 денари, последната година од поскапувањето нејзината цена ќе биде повеќе од двојно повисока.

Поради новиот Закон за тутун од 2019 година, од ноември 2020 година, сите пакувања сега содржат по 20 цигари, наместо 19 цигари. Според Законот, од продажба беа повлечени малите пакувања со по 10 цигари, а на кутиите не смее да пишува дека се лајт или слично.

Освен стандардните пораки за штетноста кои и сега стојат на амбалажата, пушачите на цигари кои се виткаат се предупредени и дека чадот содржи повеќе од 70 супстанци за кои се знае дека предизвикуваат рак.

Според последните истражувања, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач, додека 40 отсто од населението се пушачи.