дома блог страница 1204

(Фото галерија) Го искористил повлекувањето на Преспанското Езеро и ископувал културно-историски предмети за да ги продава на Фејсбук

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (27.03.2023) до Основно јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(43) од Ресен за сторени кривични дела „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.265), „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.264 ст.2) и „прикривање“ (чл.261 ст.3 в.в со ст.1 и 2) и против С.М.(35) од Ресен со престој во Скопје за сторено кривично дело „прикривање“ (чл.261 ст.3 в.в со ст.1 и 2) од Кривичниот законик.

Во периодот од август до декември 2022 година, Г.А. искористувајќи го намалувањето на водостојот на Преспанското Езеро, на археолошко наоѓалиште на плажа во с.Долно Перово, во повеќе наврати со рачен алат и метал-детектори на нелегален начин и без дозвола од надлежен орган вршел ископување на археолошки предмети и монети, за кои бил свесен дека е можно да претставуваат културно наследство. Потоа, археолошките предмети ги пренесувал во својот дом и дополнително вршел нестручни конзерваторско-реставраторски процеси врз нелегално пронајдените и присвоените археолошки предмети и монети, а со цел истите да ги понуди на потенцијални купувачи, користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук.

Во август 2022 година, С.М. во с.Долно Перово, остварил средба со Г.А., во чиј двор ги видел археолошките предмети, и иако бил свесен дека постои можност предметите да претставуваат културно наследство, одбрал два предмети и ги однел во својот дом.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд Битола, на 01.12.2022 година извршен е претрес на дом и други простории кај Г.А., при што привремено се одземени бројни предмети во различни форми и големини, монети и други предмети поврзани со кривичното дело. При извршен службен разговор со него, тој ги појаснил околностите под кои дошол во сопственост на археолошките предмети и монети и посочил дека дел од нелегално пронајдените и присвоените предмети ги дал на С.М..

Истиот ден, во Полициска станица Центар Скопје бил повикан С.М., кој ги донел двата предмети и во извршен разговор го појаснил начинот на кој се стекнал со нив.

Од страна на ОЈО Битола е издадена наредба за вршење на вештачење и стручна идентификација на одземените археолошки предмети, при што истата е доставена во НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија и од нивна страна е изготвен Извештај од стручно мислење дека предметите: три керамички садови, шест прстени, мамуза, камен точило, шест стрели, 10 ножеви, два крстови, 46 нитни, 34 брутови, 21 алка, две копчиња, 11 токи за појас, три токи за чевли и 111 различни метални предмети претставуваат културно наследство, а од страна на вешто лице е извршена стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, при што е констатирано дека седум монети претставуваат културно наследство.

Сариевски, Тоше, а сега малиот Ајдин од Босна и Херцеговина: Емотивна изведба на “Зајди, зајди” која ќе ве натера да заплачете (ВИДЕО)

12-годишниот Ајдин Османовиќ од Босна и Херцеговина со големи емоции ги пее стиховите од старите македонски песни и ги стопи срцата на цела Македонија.

Ако претходно го слушавте како ја пее “Јано Мори”, сега слушнете го и уживајте во неговата изведба на “Зајди, зајди”.

Претходно можеби само Тоше после Александар Сариевски, ја отпеал вака и со вакви силни емоции.

Видеото погледнете го ТУКА

Cooбpaќajка во Прилеп: Се cyдpиja автомобил и моторцикл – 30-годишник со тешки повpeди пренесен во болницa

На 26.03.2023г во 21.45 часот на крстосница од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со прилепски ознаки, yпpaвyвано од Б.Г.(53) од Прилеп и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од И.Т.(30) од с.Сенокос.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Си го спаси сопствениот живот и ослабе цели 50кг, а сега Миле од Прилеп е поддршка и инспирација за битолчанецот Илија Петровски (Видео)

Се сеќавате ли на сторијата за 39-годишниот прилепчанец, Миле Тренчевски? Тој за еден месец загуби над 35кг, благодарение на комбинираниот медицински пристап и диететски режим во специјализираната болница “Жан Митрев”, a со тоа си го спаси животот.

Mиле во тешка животозагрозувачка состојба и телесна тежина од 170кг бил однесен во болницата на Д-р Митрев, каде животот буквално му беше спасен, а со придржување до препораките од специјалистите во болницата и напорни тренинзи, овој наш сограѓанин денеска тежи дури 50кг помалку.

Сега Миле е инспирација и за Илија Петровски од Битола кој по поминати 3 недели и изгубени над 20 килограми, веќе е подготвен да ги следи советите за исхрана во домашни услови – напишаа од болницата на ФБ.

-Тој беше хоспитализиран во сериозна здравстена состојба со прекумерна тежина и огромни тешкотии во дишењето. Сега се чувствува могу подобро и денес ја напушти клниката со ветување дека строго ќе се придржува на дадените препораки, велат од болницата на Д-р Жан Митрев.

Погледнете го неговото сведоштво во продолжение:

Полициjaта со полни раце работа: Во еден ден на територијата на СВР Битола казнети 144 возачи за брзо возење

Вчера (26.03.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 144 возачи.

Од нив, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

(ВИДЕО) Оштетено возилото на екс градоначалникот – МВР на потег

Синоќа повторно бил оштетен автомобилот на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески.

Од видео снимката која Ристески ја објави на ФБ, се гледа како непознато лице се приближува до возилото, и со употреба на некаков предмет го оштетува.

Лицето потоа се оддалечува од местото како ништо да не било. МВР е на потег.

Еден од омилените музичари од Прилеп и’ подари бутик на сопругата, а отсега таа ќе се погрижи сите девојки и дами да блескаат во уникатен стил (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Прилепската Стара чаршија од вчера е побогата со уште еден бутик, но не било каков, туку нешто ново, свежо и уникатно.

Прилепските девојки и дами како никогаш досега добиваат можност и избор да блескаат во одлични модни парчиња, а за тоа ќе се погрижи новоотворениот Lady Boutique.

Со свечено отварање на кое присуствуваа голем број нивни пријатели и блиски, Ицко и Стефанија Ѓорѓиовски го започнаа својот бизнис, бутик кој ќе биде редовна дестинација за секоја припадничка од понежниот пол, кога ќе сака да се поднови и да изгледа посебно за било која пригода.

Всушност Ицко Ѓорѓиовски веќе добро го знаете и сигурно одлично сте се забавувале на некоја од неговите свирки. Тој со години е еден од омилените музичари на младата публика, не само во Прилеп, туку и низ цела Македонија, а за бутикот не поправи и ни кажа дека е подарок за неговата сопруга.

За изборот на модни парчиња не треба да зборуваме, веруваме дека час поскоро и вие ќе се уверите, а пријатниот однос и услужливоста на младата сопственичка ќе значи само задоволни и среќни муштерии.

Но, не само облека, во Lady Boutique ќе најдете прекрасни модни аксесоари и високи потпетици какви нема да најдете на ниту еден друг излог во чаршијата.

Бутикот го краси прекрасен амбиент и вкусно избрани детали кои ќе ви предизвикаат чувство на пријатност додека го барате она што ви прилега.

Lady Boutique се наоѓа веднаш до златара “Буба Мара”. Топлите пролетни денови искористете ги да ги посетите и да се подновите. А вие момци сте исто така секогаш добредојдени, купете нешто убаво и изненадете ги вашите поубави половини.

А и ќе заборавевме! Во Lady Boutique ќе наидете на цени прифатливи за сечиј џеб. Така да пазарете и не мислете дека ќе останете со празен новчаник.

Вљубете се во себе со новиот и поинаков стил на женска облека!

Пеколна атмосфера во “Јане Сандански”: Грмеше во еден глас “Никогаш северна, само Македонија” на дуелот меѓу титаните (ВИДЕО)

Првиот од двата дуели за титулата во машката ракометна Супер лига помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, им припадна на вардарци, кои попладнево пред преполната “Јане Сандански” ги добија битолчани со 31:24 (13:10 на полувремето).

Но, не само одличен натпревар, она што особено остава без здив беше пеколната атмосфера која ја приредија Комитите, кои во еден момент грмеа “Никогаш северна, само Македонија”.

Најнова анкета: ВМРО-ДПМНЕ има 25% поголем рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно!

Македонија е доминантно подготвена за избори, со јасни ставови во однос на власта и опозицијата и незадоволна од сегашната власт без оглед на етничката припадност на анкетираните, и јавноста.

По нарачка на порталот Вечер.мк анкетата ја спроведе ИПИС Скопје, стручна институција која ги спроведува повеќето анкети во Македонија со респективна точност, покажува дека продолжува падот на рејтингот на владеачките партии СДСМ и ДУИ.

Најавената опција дека, заради пад на рејтингот, СДСМ и ДУИ би можеле на наредните избори да настапат во предизборна коалиција според граѓаните на Македонија не е добитна комбинација за нив. Напротив, и да настапат заедно опозициската ВМРО ДПМНЕ има речиси 25% поголем рејтинг од владеачката коалиција.

Дали претседателските избори треба да се одржат заедно со парламентарните, бидејќи се блиску до редовните термини, или треба да се гласа одделно за собранието и претседател на државата како што планираат СДСМ и ДУИ? Анкетата со убедливо мнозинство вели – треба двете гласања да се одржат во ист ден:

Колку граѓаните се задоволни од сегашната власт? Клучно прашање за утврдување на јавниот став во однос на власта која располага со нивнит пари и интереси. Меѓународните извештаи ја потврдуваат перцепцијата на јавноста за голема корупција во власта, контрола над судството, етничките тензии и пад на безбедноста, како и сигурноста и стандардот на граѓаните и компаниите.

Резултатите од анкетата на ова прашање велат дека над половина, или 50,9% сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, а дополнителни 13,7 сметаат дека државата оди во донекаде погрешна насока што, заедно, значи дека скоро две третини, или 64,6% од граѓаните сметаат дека Македонија има погрешна политика на власта.

Во таква состојба, кого јавноста смета како решение за промена на владеачката политика и враќање на Македонија на пат кој е стабилен, демократски, пат кон правна држава и економска перспектива. Јавноста покажува убедливо најголема доверба во опозициската ВМРО ДПМНЕ со поддршка од 21,7%.

СДСМ и ДУИ, партии кои ја сочинуваат власта во Македонија, поддржани од неколку мали партии за да се обезбеди какво-такво мнозинство во парламанетот, по две години перманентен пад на рејтингот најавувја можност предизборна коалиција како, заедно, би се спротиставиле на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Но, јавноста смета дека и заедно се далеку од поддршката која ја има најголемата опозициска партија, па и во таква комбинација би биле убедливо поразени на следните парламентарни избори со голема разлика од 60-70.000 гласови во полза на ВМРО ДПМНЕ.

Интресена е и споредбата на две помали партии кои атакуваат на гласовите на СДСМ и на неопределените: Левица и Граѓанското движење на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевки колоквијално во медиумите спомнувано како движење За наша Македонија.

Имено, Максим Димитриевски е за нијанса со поголема поддршка во Јавноста од Димитар Апасиев и Левица, што е резултат на искуството кое јавноста го има од резултатите како градончалник на Куманово и теренската работа на ова Граѓанско движење низ Македонија, наспроти активноста на Левица доминантно на социјалните мрежи а без конкретни резултати на терен и низ општините каде имаат советници.

Максим Димитриевски веќе има рејтинг над 5% во анкетите а активностите на терен меѓу граѓаните допрва следат. Левица активна само на Фејсбук и Твитер очигледно не може да ја помине таа граница од 5%, а политиката им е се повеќе радикална. Зближувањето на Левица со ДУИ и СДСМ низ повеќе општини, пред се во Скопје, покажува пад на нивниот рејтинг.

Дали граѓаните бараат нови лица во политиката. Ставовите се поделени, но расне трендот на понуда на нови лица во политичкиот живот, согласно интересот на јавноста за нив.

Анкетата по нарачка на порталот Вечер.мк ја спроведе ИПИС Скопје, во март 2023 година, на 1114 испитаници пропорционално на старосниот, етнички и полов состав на населението во Македонија.

Графика: Вечер.мк

Кој ќе го замени Путин: Следниот претседател веќе добил големи овластувања

Политичкиот консултант Абас Гаљамов беше еден од пишувачите на говори на рускиот претседател Владимир Путин, а неодамна руските власти распишаа потерница по него. Во интервју за грузиската редакција на Радио Слободна Европа/Радио Слобода, тој зборува за споровите со рускиот лидер и неговиот можеби изненадувачки избор за наследник на Путин, пренесува Блиц.

– Според мене, мојот општ впечаток за Путин е дека тој беше добар менаџер. Тој беше многу рационален, многу логичен; навистина не можевте да го замислите во тоа време како го прави тоа што го прави сега. Знаеше да поставува прашања, внимаваше да не ги притиска луѓето слушајќи ги нивните одговори, бидејќи кога си голем шеф и го даваш своето мислење, тогаш сите други луѓе можеби ќе го поддржат твоето мислење наместо да го даваат своето. Кога започна војната, секогаш мислев како може човекот што го познавав пред многу години да се претвори во тоа што е сега? – рече Гаљамов.

– Судејќи според она што се случува во руската политика во последните месеци, новиот претседател, тоа повторно ќе биде поранешниот претседател Дмитриј Медведев. Токму на крајот на декември 2022 година, Путин го назначи за прв заменик на Воено-индустриската комисија, што му дава на Медведев големи овластувања и тој може активно да се меша во работите на актуелната влада. И тој е многу активен таму. Путин беше прилично непредвидлив во текот на изминатата година. Понекогаш прави работи кои се апсолутно нелогични или се контрадикторни со работите што ги правел претходно. Но, ако има некаква логика во тоа, тогаш веројатно е одлуката за промовирање на Медведев. Мислам дека ќе биде назначен за премиер во следните неколку месеци кога ќе сфати дека неговата нова офанзива не успеа. Ако (Путин) успее да победи, тоа нема да промени ништо; тој самиот сака да биде заслужен за победата. Но, кога ќе почувствува дека не му успева, мислам дека ќе ја смени владата, повторно ќе го постави Медведев и ќе го направи политички премиер, а не само технички како порано. Односно, Путин ќе му даде моќ да го контролира спроведувањето на законот и војската и ќе му каже: „Еј, оди напред, победи во војната. Сега вие сте одговорни за ова“ – наведува Гаљамов.