дома блог страница 1203

Ристески со повик до МВР: За секој ваков хулиган да се изpeче нajcтpoга санкциja

-Се надевам дека институциите ќе ги преземат сите мерки и конечно прaвдата ќе го стигне сторителот! За вакво злодело, на секој хилиган мора да му се изрече најстрога казна, бидејќи безбедноста на градот и мирот на сите Прилепчани треба да бидат неприкосновени и загарантирани – напиша на ФБ поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, откако во во неделата ноќта непознат сторител му го оштети возилото.

Од видео снимката која Ристески ја објави претходно, се гледа како непознато лице се приближува до возилото, и со употреба на некаков предмет го оштетува по целата површина.

Лицето потоа се оддалечува од местото како ништо да не било.

Пензионерка го пресретна Ковачевски во маркет: Цените се до плафон, какво е ова поевтинување (ВИДЕО)

Пензионерка која претходно разбра дека премиерот Димитар Ковачевски ќе пазари во локален маркет во скопската населба Тафталиџе во 10.30 часот, го пречека за да му се пожали дека со малата пензија не може да се носи со актуелната инфлација на производите.

Дополнително, му рече дека цените се замрзнати на некои производи откако претходно енормно поскапеле. Ковачевски на тоа рече дека пензиите двапати годишно се зголемуваат процентуално и дека цените се насекаде зголемени поради војната во Украина.

– Цените ги намаливме со владини одлуки или низ разговори со стопански комори. Таму каде што не можевме да постигнеме џентлменски договор, ги намаливме цените со владина одлука, рече Ковачевски.

Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски во изминатиот период често ги посетуваат маркетите и ја убедуваат јавноста дека цените се намалени.

Видеото погледнете го ТУКА

Да им посакаме среќа: New Generation oд Прилеп патуваат во Сараево на еден од најдобрите натпревари во танцување во Европа

Студиото за модерни танци New Generation oд Прилеп во среда на 29.03.2023, тргнува на еден од најдобрите натпревари во Европа, “ИНТЕР ДЕНС ФЕСТ” во Сараево. Во главниот град на Босна и Херцеговина, четири дена ќе настапуваат едни од најдобрите школи и клубови за модерни танци од европскиот континент, кои ќе се натпреваруваат во различни стилови.

-Во Сараево четири дена ќе се игра и ќе го претставуваме нашиот град Прилеп и Македонија, и тука ќе се натпреваруваме со најдборите клубови од Европа. Ние ќе се претставиме со 5 формации во опен, хип хоп, стрит денс и со многу соло настапи во стрит денс и хип хоп. Точно 23 танчери од Прилеп ќе се натпреваруваат со најдобрите, велат од прилепскиот клуб.

Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, цврст и непоколеблив, овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени

„Нашиот став е јасен а тоа е дека сме против уставни измени, еве нека ги поднесат во Собрание и ќе видат како ќе поминат. Апсолутно ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ист и е непроменет, како раководство покажавме дека имаме конзистентен став кој не го менуваме секој ден како што тоа го правеле некои претходно или го прави актуелната Влада. Ставот е јасен, цврст и непоколеблив а тоа е дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени и никој од нас на изборите во 2020-та година не вети дека ќе прави уставни измени“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој истакна власта да закаже предвремени парламентарни избори и нека каже кој за што е на тие предвремени парламентарни избори па да видиме дали народот ќе даде поддршка за тие уставни измени.

„Во исто време ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план како да ја однесе Македонија до почеток на преговори и преговори за членство со Европската Унија. Тој план има 3 столба, тие се Национален, Политички и Финансиски столб. Националниот се однесува на национално издигнување на македонскиот народ, политичкиот е во насока на заштита на македонскиот идентитет и македонскиот јазик и финансискиот е пред се напредок и бенефит на граѓаните во она што ги интересира а тоа е подобар животен стандард“, посочи Николоски.

Николоски е дециден дека трите столба на планот кој го имаме водат до почеток на преговори со Европската Унија и до успешно водење на тие преговори.

Тој рече дека за да се реализираат овие три столба потребно е прво да се случат предвремени парламентарни избори на тие предвремени парламентарни избори ние детално ќе ги презентираме овие позиции кои сега ги споменувам и ќе направиме една детална презентација на целокупната идеја на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што е јасно дека една од причините поради која Македонија не почнува почеток на преговори секако е тоа што Бугарија се противи на таа работа, но втората причина е високото ниво на организиран криминал и корупција. Постојат неколку исклучително моќни земји членки на Европската Унија кои се против почеток на преговори на Македонија со Европската Унија не заради бугарските условувања, не заради грчките условувања претходно туку затоа што сметаат дека во Македонија има превисоко ниво на криминал и корупција истото што го гледа и смета народот. Овие држави сметаат дека Македонија не е спремна да почне преговори за членство во Европската Унија заради високото ниво на криминал и корупција“, изјави Николоски.

Николоски потенцираше дека ниедна од овие моќни држави не врши никаков притисок на Бугарија.

„Врз Бугарија нема никаков притисок по однос на уцените кои ги прави врз Македонија, а тоа е пред се затоа што моќните земји членки сметаат дека Македонија не е спремна за почеток на преговори за членство со Европската Унија и ја оставаат да прави што прави затоа што мислат дека државата не е спремна“, рече Николоски.

Николоски кажа дека кога Македонија би се изборила со криминалот и корупцијата и би поставила добри стандарди тогаш ќе се види како ќе се сменат работите и како ќе се смени притисокот врз Бугарија затоа што да не се лажеме ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку имаме проблем со најслабата земја членка на ЕУ.

Ковачевски ќе ја проверува цената на јајцата, со Бектеши пак ќе одат во посета на маркет

Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, денеска ќе го посети маркетот „Кит-Го“ во Тафталиџе, соопштија од владината прес-служба.

Ковачевски, заедно со Бектеши и Трајковски, пред десетина дена посетија супер маркет во Капиштец, со цел да проверат дали се почитува владината одлука за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно 10 проценти.

Владата на 21 март, ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата останаа на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30 април. Претходно Владата ја замрзна и цената на 33 денари на белиот и на полубелиот леб од 450 грама, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе достави анализи до Министерството за економија и за цените на овошјето и зеленчукот.

(Фото галерија) Неготинчанец е виртуоз со метал – Изработува најдобри огради и прекрасна метална галантерија

Сакате да го разубавите домот со нешто посебно и уникатно, а притоа не сте сигурни дали ќе го направите вистинскиот избор? Тогаш ние ќе ве упатиме во https://www.facebook.com/ModernMetal2, компанија каде ќе ги исполнат сите ваши желби.

Модерн Метал изработува буквално се’ од метал, од огради, до секаква украсна метална галантерија. Она што за вас изгледа навидум невозможно, за виртуозите од Модерн Метал е секојдневна работа.

Покрај изработка на перфектно изработени огради со цнц ласери, фирмата врши и услуги за сечење со цнц ласер, цнц плазма и виткање на апкант преса.

На нивната Фејсбук страна ќе пронајдете еден куп досега успешно завршени проекти и ќе се уверите во врвната мајсторија и стотиците досега задоволни муштерии.

Модерн Метал нуди изработка на производи од материјали со висок квалитет, по конкурентни цени на пазарот и гарантира за нивната трајност и безбедност.

Контактирајте ги на телефонскиот број: 075207191, или на е-маил адресата: [email protected] и раскажете им за вашата замисла и желба.

Навистина најдобри!

Општа тeпaчкa помеѓу кошаркари од Тетово и Прилеп: Не се знаеше кој кого yдиpa (Видео)

Нема веќе непоразени екипи во третата лига… Екипата на Тетекс ТТК успеа да го сопре победничкиот чекор на кошаркарите на Мега баскет. На свој терен, тетовци стигнаа до победата над прилепскиот третолигаш со 71:65 и со тоа се искачија на второто место на табелата, со ист бодовен скор како и прилепчани.

Но, спортскиот дел на натпреварот падна во втор план поради општата тепачка која настана помеѓу играчите на двете екипи. Боксови, клоци, летаа на сите страни.

За среќа немаше повредени, па откако се смири ситуацијата судиите решија да исклучат најголем дел од играчите и тренерите. Средбата се доигра со само седум кошаркари во поле, од кои четири беа на Тетекс, а тројца на Мега баскет. Тоа го искористи домашниот тим, па во последните три ипол минути направи пресврт и со серија 16-4 дојде до бодовите.

Неспортскиот дел од натпреварот погледнете го 1:17:42 од видеото во продолжение:

Видео преносот е на Тетовски спорт

Дизелот оди кон 70 ден. за литар, бензините и вечерва ќе пocкапат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,090%, кај дизелот намалување за 1,040%, кај екстра лесното масло намалување за 1,718% и кај мазутот има зголемување за 3,306%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,028%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг и сега ќе изнесува 37,628 ден/кг.

Од 28.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,628 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.3.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Секоја чест! Анета и група “Молика” ќе прават хуманитарен концерт за возобновување на Царската цpква на Битолско кале (ВИДЕО)

Почитувани пријатели и љубители на нашата долгогодишна работа во Македонија и низ целиот свет ве покануваме на нашиот концерт кој ќе се одржи на 21.04.2023 год (петок) од 20ч во Центарот за култура во Битола.

Средствата од концертот ќе бидат наменети за Царската Црква, Успение на Пресвета Богородица и 12 Апостоли-Битолско кале, која е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола и околината, но за жал во минатото разрушена и напуштена.

Сите заедно да оставиме уште еден белег, да придонесиме да се подигни овај Божји храм, со Божји благослов, да го реализираме овој преубав проект и да помогниме вo неговото возобновување на постоечките темели за кои добивме благослов од Битолската Митрополија.

Се гледаме на концертот на кој ќе имате прилика да ги слушате сите хитови испеани од мене Анета Мицевска и група Молика. Влезници по цена од 150ден ке се продаваат на касата во Домот на култура секој работен ден. Ве очекуваме. Анета и Молика.

Прилепските џудисти од “Сеишин” маестрални на Дражвните првенства за деца и јуниори – Освоени дури 16 медали

На 26.03.2023 во Скопје се одржаа Државните првенства за деца и јуниори во џудо. На овие првенства настапија околу 150 натпреварувачи од сите клубови од Македонија.

ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 20 натпреварувачи, при што освоени се 16 медали (4 златни, 4 сребрени и 8 бронзени).

Резултати поединечно:

Деца: Стојковска Тамара второ место, Николоска Матеја прво место, Нарин Ристемоска трето место, Софија Божиноска трето место, Владан Стрезовски трето место, Арсениј Димески второ место

Одлични борби прикажаа и Бисера Цветкоска, Александар Игнески, Дарио Јованоски и Иван Јошески, но не изборија место на пиедесталот.

Јуниори: Мартина Јанкоска прво место, Кристина Мантроска прво место, Елеонора Илиоска трето место, Теа Настоска трето место, Теона Настоска трето место, Никола Магдески прво место, Георгиј Магдески второ место, Сеадин Ристемоски второ место, Михаил Стојановски трето место, Михаил Димоски трето место.

Одлични борби прикажа и Јован Стојановски, кој забележа две победи и два порази, но не успеја да избори место на пиедесталот.

ЏК Сеишин Прилеп е задоволен со остварените резултати и продолжува со настапи на државно и меѓународно ниво.