дома блог страница 1205

На чело на НАТО ќе седне жена? Главните кандидатки за промена на Столтенберг се премиерки

Идниот човек на таа позиција мора да ја има функцијата шеф на држава или влада во својата биографија. Мора да знае течно англиски, а пожелно е и француски. Личноста мора да биде во добри односи со Вашингтон.

Јенс Столтенберг заминува од НАТО во октомври. Тој нема намера да продолжи уште еден мандат. А кој доаѓа? Сè погласни се шпекулациите за можна генерална секретарка на НАТО. Тоа би била прва ваква ситуација за Алијансата, анализира Дојче Веле.

Најсилните кандидати се сметаат актуелната премиерка на Естонија Каја Калас или премиерката на Литванија Ингрида Симонита. Тоа е поради војната со Русија и актуелната ситуација. Се споменува и Зузана Чапутова, претседателката на Словачка, земја која дели директна граница со нападнатата Украина. Меѓу кандидатите мажи се романскиот претседател Клаус Јоханис и Марио Драги од Италија.

Одредени шанси има и канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд. Таа е внука на украински имигранти. Во Канада, нејзиното потекло беше предмет на жестока дебата, бидејќи руските пропагандни медиуми ги истакнаа наводните врски на нејзиниот дедо со нацистите за време на Втората светска војна.

Британците можно е да ја предложат Тереза Меј. Всушност, речиси половина од сите 30 членки на НАТО веќе доставиле свој кандидат.

Што се бара од секретарот на НАТО?
Тој или таа мора да ги држи земјите-членки заедно, да ги балансира интересите, да промовира консензус меѓу 30-те членки, без разлика дали заканите за политичката кохезија доаѓаат од Трамп или Путин. Потребни се дипломатски вештини и лојалност кон сојузот.

Генералниот секретар или секретарка нема овластување да носи политички одлуки. Тој или таа само формално претседава со Северноатлантскиот совет, највисокото тело за одлучување. Ова важи и за воените овластувања. Тој или таа го претставува НАТО и надворешно, пред другите влади и печатот.

Идниот човек на таа позиција мора да ја има функцијата шеф на држава или влада во својата биографија. Мора да знае течно англиски, а пожелно е и француски.

Преспанскиот договор ќе го чини секое македонско семејство по 180 евра само за промена на документи

Во вчерашниот број на Службен весник, објавена е одлуката, со која поскапуваат обрасците за личните документи. Поскапуваат обрасците за пасоши, лични карти, возачки дозволи…

Новото поскапување се случува непосредно пред задолжителната промена на личните документи и регистарските таблички на возилата, со што се впишува официјалното име на државата – Република Северна Македонија. Промената, според обврските од Преспанскиот договор, треба да заврши до февруари 2024 година. Казна од сто евра може да заработи сопственик на автомобил кој не ги сменил регистарските таблички, објави ММС.

Од МВР засега нема одговор дали може да заврши работа налепница со содржина NMK, што во многу би ја олеснила работата на граѓаните. Извесно е дека ќе треба да се променат сообраќајната за возилото и секако возачката дозвола на возачот.

Според новите цени, едно четиричлено семејство, за да ги промени документите треба да одвои 180 евра или 10.40 денари.

Пресметката ја прави порталот ММС на овој ЛИНК

Битолски сообраќајци ги строеа прилепските шофери синоќа: “Уловени” дури 50 пиjaни возачи, меѓу нив и еден рекордер (ФОТО)

Во текот на изминатата вечер (25/26.03.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е зacилена акциcка контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкoxoл.

При контролата санкционирани се 65 возачи. Од нив 7 на територија на Битола, 50 во Прилеп ,по 2 во Ресен и Крушево, 3 Македонски Брод и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 51 други видови пpeкршоци.

Акциcки контpoли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат cooбpaќajните пpaвила.

Aпceње на стариот пат Прилеп-Битола: 38-годишник фатен со плен од РЕК Битола

На 25.03 од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола на стариот пат Прилеп – Битола бил лишен од слобода А.М.(38)од Битола, кој управувал патничко возило”опел” со битолски регистарски ознаки, под сомнение за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде одземени се ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола.

Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

По кој критериум се вработуваат овие луѓе: Полицаец вознемирувал неколку ученички во средно училиште

Полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје.

По пријавата во полицијата веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, соопшти МВР.

Против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Уште еден успех откако сме земја членка на НАТО: Полициските униформи станаа двојазични

Стапува во сила Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата која Владата ја донесе пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците.

-Во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната униформа се: натпис “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, натпис “СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA E TRAFIKUT” “TRAFFIC POLICE”, амблем “ПОЛИЦИЈА” “POLICIA” “POLICE”, амблем “ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА” “POLICIA KUFITARE” “BORDER POLICE”, амблем во форма на штит со намалени димензии и метална ознака за шапка“, пишува во Уредбата.

Тројазични стануваат и амблемите на Единицата за интервентна полиција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски лани најави дека најдоцна до март годинава униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

-Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година, изјави Спасовски.

Девојките од Прилеп растурија на изборното државно првенство во борење, кое денеска се одржа во Радовиш

Денеска во Радовиш се одржа изборно државно првенство во борење до 20 години, каде учество зеде и боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна Рака” oд Прилеп.

Прилепчани освоија четири први места, едно второ и едно трето. По категории: Елена Малиноска до 50кг – второ место, Михаела Богеска прва до 53кг, а Елена Најдоска беше трета во истата категорија.

Во категорија до 55кг. Михаела Тодороска го освои првото место, Христина Ристеска беше прва до 62кг, а Стефанија Перканоска прва во категорија до 65кг.

Во севкупен пласман “7-ми Мај Златна Рака” заслужено и убедливо го освои првото место. Честитки за нашите девојки!

Пожap во угостителски објект во Битола

На 24.03.2023 околу 09,30 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул. Ј.Јосифовски во Битола.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Битола – информираат од СВР Битола.

Боженствена слика од црковните храмови во Прилеп: Голем број верници и овој петок принесоа петолебија за здравје на своите семејства (ФОТО)

Акатист кон Пресветата Мајка наша Богородица. Мајко на целиот човечки род, моли го Севишниот да ги прими нашите молби и даренија, за здравје и спасение на нашите семејства и нашиот народ.

Во текот на великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло, и пченица за благослов на семејството, градот и државата.

Светите отци за Петолебието велат: „ Овој, пак, благословен леб има разни дарови, ја прекинува температурата, кога се прима со вода, ја прогонува секоја ужасна слабост и кон рожба поттикнува“.

Слично зборува и свети Симеон Солунски: „ На оној кој ги прима со вера( лебовите и виното), му пренесуваат благодат, исцеление и други дарови“.

Значи, голем благослов е овој леб од петолебието и треба да го примаме со вера. Но, да не го сведеме нашиот духовен живот само на обреди, туку должни сме како христијани да постиме, да се молиме, да се исповедаме, да се причестуваме, да доаѓаме редовно во црква, да бидеме почесто во друштво на ангелите и светителите кои се присутни во храмот, и тогаш сите обреди ќе дејствуваат на нас и ќе ни бидат за здравје и спасение.

И овој петок црковните храмови во Прилеп беа преполни со верници кои принесоа петолебие за здравје на своите ближни, како и за благослов на градот и државата.

Сликата од црквите Св. Благовештение и Св. Кирил и Методиј – Параклис, беше величенствена.

Фатен 32-годишен битолчанец кој кpaдел по викендици

На 25.03.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода М.К.(32) од Битола.

Тој се сомничи за извршени две тешки кражби во викендици во битолско од каде биле одземени предмети, кои се пронајдени и вратени на сопствениците,а по документирање на настанот против сторителот ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.