дома блог страница 1196

Стотици прилепчани традиционално го одбележаа празникот Св. Трифун кај месноста Склештен мост (Фото галерија)

Голем број прилепчани денеска традиционално го одбележаа празникот Св. Трифун во близина на месноста Склештен мост, кај параклисот посветен на овој светец.

Св. Трифун, кај народот е попознат како покровител на лозарите, па традиционално се направи и закројување на виновата лоза кај параклисот, а на одбележувањето на празникот присутен беше и градоначалникот Борче Јовчески.

За многу години и напомош!

Пред два дена Германец, а вчера и Американец фатен со мapиxyaна во Битола

На 13.02.2023 во населба Карпош во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(20) од САД, со привремен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Пред два дена пак на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Д.П.(32) од Сојузна Република Германија, со времен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Морето кај Истанбул се повлекло 15 метри (Видео)

Мраморното Море кај Истанбул наеднаш се повлекло за 15 метри, што предизвикало голема загриженост кај жителите.

Од Техничкиот факултет во Истанбул, пак, велат дека повлекувањето на морето не е поврзано со разорните земјотреси што на 6 февруари го погодија југот на земјата и однесоа повеќе од 37.000 животи во Турција и соседна Сирија.

„Причината за тоа не се неодамнешните земјотреси. Станува збор за метеоролошки феномен, кој настанал поради промени во притисокот“, велат експертите, пренесува НТВ.

И покрај тоа што експертите информираат дека нема потреба за грижа, жителите на Истанбул вознемирено споделуваат фотографии и видеа од голиот брег на социјалните мрежи.

„Овде живеам 20 години и до минатата недела не можев да се приближам до овој дел од плажата во Авчилар“, вели еден жител.

Тој посочува дека водата се повлекла најмалку 15 метри, а можеби и повеќе,пренесе Телеграф.рс.

Денеска е последен ден за донации на хуманитарниот пункт во Прилеп за нacтpaданите семејства од земjoтpecoт во Турција и Сирија

Денеска, вторник 14.02.2023 е последен ден за донации на хуманитарниот пункт во Прилеп. Граѓаните кои сакаат да помогнат за настраданите семејства од земјотресите во Турција и Сирија, своите донации можат да ги остават на камената бина во центарот на Прилеп од 10 до 16 часот.

-Голема благодарност до сите граѓани за донациите и за нивниот ангажман, како и на сите вклучени во акцијата за собирање на хуманитарна помош за граѓаните на Република Турција и Сирија која што ја поддржавме и заедно со Црвениот крст ја координираме. Во наредниов период навремено ќе ве известиме за било какви други хуманитарни акции со ваква цел – информираат од општина Прилеп.

Го славела Св. Трифун од сабајле, па претерала (ВИДЕО)

Некој пие од мака, некој од радост, некој за празник, а некој од сабајле….

Како изгледа кога Русинка ќе претера со алкохолот уште од рано наутро, погледнете во видеото во продолжение:

И Свети Трифун е Ден на вљубените: Зошто во туѓата религија го бараме она што во нашата веќе постои?

Се почест е трендот на младите во Македонија да 14-ти февруари, денот кога Христијанската Православна црква го празнува Св. Трифун, да го празнуваат Денот на вљубените, Св. Валентин, кој како празник го празнува Католичката црква.

Она што многумина не го знаат оние кои бегаат од своето наследство и традиција, е дека и Свети Трифун се обележува како ден во кој се слави љубовта. Еве и како!.

Освен што се смета за заштитник на лозарите и лозјата, како и за чувар од непогоди и штети, Свети Трифун е и заштитник на искрената љубов на сите христијани.

Македонската православна црква го одбележува Свети Трифун на 14 февруари по новиот календар, или на 1-ви по стариот.

Затоа е обичај, да на овој ден се искажува љубов со некој гест на онаа личност која ни е важна во животот.

Ако планирате овој ден да и го посветите на саканата личност, би било идеално тоа да го одбележите со некое вино и така заедно да го прославите нашиот заштитник на виното и винските насади.

Доколку овие предлози ви изгледаат како неосновани, еве една приказна која од дамнешни времиња се раскажува помеѓу балканските народи, а потврдува дека Свети Трифун е заштитник на искрената и чиста љубов.

Според приказната, големиот грешник Трифун, кој на душата носел 99 луѓе што ги убил, осуден бил на Божја казна. Легендата вели дека казната би можела да биде изземена само кога би разлистал врбовиот корен. Трифун одгледувал бостан и на секој минувач според таа казна морал да му даде лубеница. Меѓутоа, кога еден ден некој минувач, брзајќи, не обрнал внимание на поклонот од Трифун, тој потрчал по него и со голем бес го удрил со лубеницата човекот по глава и го убил.

Разочаран што го убил стотиот човек, се вратил, и што да види – врбата раззеленила! Имено, човекот што не можел да го спречи брзал да ѝ напакости на девојката која ја сакал пред нејзината свршувачка.

А тоа, според народните верувања е непростив грев, па со тоа ова убиство на Трифун не можело да се земе како зло.

Според приказната сите претходни злодела на Трифун му биле простени.

Колку има или нема вистина во оваа народна легенда не знаеме, но веруваме дека негувањето на своите традиции, своите вредности и своите обичаи, секогаш треба да имаат предност пред останатите.

Само така ќе имаме што да оставиме и на идните генерации!

За многу години и наздравје!

Денеска е Св. Трифун – маченик за вepaта и покpoвител на земjoделците

Денеска се слават Светиот маченик Трифун, Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, како и Преподобен Петар Галатиски.

Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови.

Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана.

Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите.

Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа.

Но, тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

Министерството за култура ќе финансира концерт на пејачка од Прилеп со 5.000 евра

Министерството за култура ги објави резултатите за финансирање од прифатените проекти од национален интерес во културата за 2023 година, а помеѓу проектите во областа на музиката и музичко-сценската дејност одобрен е и концерт на фолк пејачката Цветанка Ласкова.

Станува збор за сума од 300.000 денари, односно околу пет илјади евра, за ,,50 години јубилеј- Цветанка Ласкова”, за тонско студио Сити Саунд ДООЕЛ Скопје. Иако со години не е присутна на естрадата, таа во минатото беше доста актуелна на фолк сцената, а потоа влезе во политиката.

Беше на чело на Форумот на жени на СДСМ, како и советничка за култура на поранешниот премиер Зоран Заев. Во 2018 година се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако се објави веста дека нејзината снаа од син за проектот „Декодирај ме“ добила грант од 330.000 евра за фирма формирана пред само еден месец. Стануваше збор за грантови од Фондот за иновации и технолошки развој, а во тој период Ласкова беше советничка на Заев.

Павле Трајанов излезе поголем јунак од Горан Милески – конечно ја напyшти Владата

Демократскиот сојуз, по седницата на Претседателството и Централниот совет, донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и да го напушти парламентарното мнозинство, соопшти на прес-конференција партискиот лидер Павле Трајанов. Одлуката за ваквиот чекор, како што рече Трајанов, е неисполнување на програмските цели утврдени и усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година.

„Централниот совет заклучи дека ниту една од нашите програмски цели дефинирани низ нашите партиски органи и тела кои беа усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година, но и пред формирањето на оваа влада, не е имплементирана. Имавме договор Македонија да биде една изборна единица, односно да се направат системски реформи во изборните правила. Беше подготвен закон кој помина на собраниските комисии за политички систем и законодавно-правната, но тој сега е блокиран бидејќи спикерот Талат Џафери не ја закажува седницата за овие законски промени. Тоа беше нашата главна определба“, рече Трајанов.

„Баравме реформи во судскиот систем преку ревизија на работата на секој судија и утврдување на неговата имотна состојба. Имавме подготвено закон за преиспитување на факти и докази користени во судски процеси. Овој закон ги помина матичните комисии и сега е блокиран, односно не се става на пленарна седница. Што се однесува до борбата против корупцијата, баравме да има посериозен пристап и силна волја на сите партии. Предложивме формирање на агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и корупција. И за овој проект немаме поддршка. Има и други работи, предлагаме да се формира фонд, два отсто од буџетот за бизниси на младите и секој студент, штом ќе дипломира, да се вработи во јавниот или во приватниот сектор на сметка на буџетот година дена. Ова е мерка која се применува во Канада и сметаме дека со неа ќе се задржат младите да не заминуваат од Македонија. Но и за тоа немаме поддршка“, изјави Трајанов.

Врз основа на целокупната анализа, додаде тој, донесовме одлука – Демократксиот сојуз нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство.

„И натаму ќе ги поддржуваме сите проекти кои значат имплементација на европските стандарди и натаму сме за членство во Европската Унија. За нас се крајно неприфатливи тезите за поделби на партиите и граѓаните, за наводно формирање сојуз за Европа и сите други кои не се во тој сојуз, дека се против ЕУ. Наша цврста определба останува и понатаму Македонија да биде дел од ЕУ. Ќе бидеме кооперативни за сите проекти за добро на граѓаните и ќе ги поддржуваме и штитиме нашите витални интереси“, рече лидерот на ДС, додаваајќи дека нема потреба за посебен политички субјект ако постојано ги прифаќате ставовите на постариот брат.

Прв турнир сезонава и веднаш пехар во Прилеп: Оливер Апостолоски победник на првиот Мастерс турнир во американски билјард (Фото)

Викендов на 11 и 12.02.2023 започна новата сезона од Државното првенство во американски бијард дисциплина деветка, која ќе се состои од 7 мастерси во А и Б дивизија.

Првиот мастерс од двете дивизии се одржа во просториит на “Гран клуб” во Скопј и на истиот се натпреваруваа 70 играчи од цела Македонија, односно 54 во Б дизвизија и 16 во А дивизија.

Од Прилеп учество зедоја вкупно 13 натпреварувачи, од кои 10 во Б дивизија и 3 во А.

До најдобар успех на мастерсот дојде Оливер Апостолоски кој го освои првото место во Б дивизија. Оливер покажа врвна игра во текот на целиот турнир, а тоа го докажа и во финалето каде што својот противник го победи со резултат 6-1.

Честитки за Оливер за освоеното прво место!