дома блог страница 1190

Одлична можност за вpaботување: Реномиpaна компаниja бара работници од Прилеп

Компанијата ДСА ТЕАМ ДООЕЛ повеќе од 8 години е лидер во регионот за автомобилска контрола на квалитетот. Се работи за тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари.

Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција: ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Опис на работните обврски и задачи:

• Сортирање и селекција на делови • Доработка на делови • Тестирање на производи на локацијата на купувачот;

• Следење на инструкции за работа и работни упатства • Почитување на инструкциите за безбедност и заштита при работа

Компанијата нуди: • Едукација и тренинг во секторот за контрола на квалитет • Можност за работа на проекти во странство • Работа во динамично работно опкружување во брзорастечка компанија • Атрактивна заработка и дополнителни бонуси за посебно залагање во работата • Обезбеден превоз и платен топол оброк.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите: • Тимска работа • Одговорна и детална личност •Посветеност и прецизност во работата

Сите заинтересирани канидати до 40 годишна возраст, кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да ги достават своите биографии на следната е – маил адреса: [email protected], со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат, или да контактираат на телефонскиот број: 078/215-649.

ПРИЛЕПСКА УБАВИНА: Стара црква исполнета со верници за патрониот празник (Фото)

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Денешниот празник е и патрон празник на најстарата црква во Прилеп, Св. Благовештение, каде голем број верници присуствуваа на Светата литургија, со која чиноначалствуваше Владиката Петар.

Нова пензионepcка тепачка во “Лидл”, овојпат во Лесковац: Летaa чадори по глава за евтини свински плешки (ВИДЕО)

Тепачка за евтини пилиња, стоење во редици четири часа за чоколадо од 50 динари, грабање за поевтини банани, борба за евтин шеќер, се само дел од сцените кои можеа да се видат во последните неколку години во супермаркетот Лидл во Лесковац.

Денеска во овој маркет е направена нова снимка на која муштериите, главно пензионери, се грабнаат за свинска плешка од 400 динари на акција, па дури почнуваат да си скокаат на главите, а се тепаа и со чадори.

„Работата е што не само што беше евтино, туку беше ограничено на само три килограми. Оваа слика е тажна и покажува колку „добро“ всушност живееме“, се коментарите на видеото од случката во маркетот Лидл.

Пред извесен период, во маркетот Лидл во Борча, исто така повозрасни граѓани, се тепаа за евтини ќебапи.

33-годишен пpилепчанец фатен како кpaде во деловен објект

На 06.04.2023 на ул.„Спиро Црне“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.М.(33) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување на кривично дело тешка кражба во деловен објект, при што одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Aко се сака, се може: Трајко Вељановски им пиша на пратениците и на Џафери како да си ги намалат платите и покрај одлуката на Уставен

Поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски преку отворено писмо им се обрати на претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса, Левица и другите учесници на координативните средби.

Вељаноски вели дека почувствувал потреба, како долгогодишен претседател на Собранието, да им укаже на неколку елементарни аспекти поврзани со одлуката на Уставниот суд од 21 март 2023 година, а во вррска со зголемувањето на платите на избраните и именувани функционери.

-Имајќи го во предвид истакнатото, дозволете да ве потсетам дека првото замрзнување на платите на фукционерите беше направено во 2009 година (Службен весник бр.92/09) за време на моето претседавање со Собранието, со измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица. Имено, заради последиците од светската економска криза од тогаш имаше само минимално годишно покачување, и тоа 5% во 2012 година, 5% во 2013 година и 4% во 2014 година, и секогаш покачувањата беа во согласност со покачувањата на пензиите, односно на стандардот на граѓаните.

Оттаму, сакам да ви порачам дека ако чекате Владата да ви достави текст на Закон, ќе се изначекате водејќи се според односот на Владата во однос на ветувањето дека ќе бидат намалени високите примања на функционерите од регулаторните тела.

Наспроти тоа, наместо да молчите, свикајте ад-хок координација согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание и донесете Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално ќе си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват Законот. Ова законско решение потоа, по итна постапка можете да го донесете уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила уште веднаш.

Овој предлог сфатете го како добронамерна идеја која има за цел да оневозможи да се прекрши гневот на граѓаните кон пратениците и кон Собранието како носител на закони бидејќи во минатото имало многу примери кога владата и министерствата ја префрлале одговорноста за некои непопуларни и погрешни потези кон пратениците и кон Собранието.

Предлагам со Законот за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија да предвидите бришење на членот 11 со кој се предвидува основицата за пресметка на плата да биде просечната месечна плата. Наместо тоа, предлагам да додадете нов член во Законот со кој ќе се утврди фиксен износ кој соодветствува на сегашните примања и на тој начин ќе се постапи по одлуката на Уставниот суд и нема да има двојство во нормирањето.

На Уставниот суд, пак, му “честитам“ за експресното постапување по иницијатива за укинување на законските одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, секако свесен од минатото дека мотивот и нарачетелот на такво експресно постапување може лесно да се лоцира надвор од оваа институција, се вели во отвореното писмо на Вељаноски.

Вака се градат правилно младите генерации: Прилепските пожapникари ги едуцираа дечињата од ООУ “Климент Охридски” (Фото)

Во склоп со наставната програма за второ одделение “Заштита од елементарни непогоди – заштита од пожар”, учениците oд ООУ “Климент Охридски” Прилеп, од II-3 и II-4 одделение, ја посетија Територијалната противпожарна единица во нашиот град.

Пожарникарите им ја претставија нивната професија на децата и ги запознаа со основните работи од противпожарната заштита, како и со дел од опремата што ја користат пожарникарите при нивните интервенции.

Исто така децата имаа шанса да постават и по некое прашање и одблиску да се запознаат со противпожарното возило, нешто што за нив преставуваше огромно задоволство и разви голема љубопитност.

Се надеваме дека и останатите училишта и наставници ќе покренат вакви иницијативи, не само за воспитување на децата за противпожарната заштита, туку одлично би било да се вклучат и други институции, на пример полицијата, брзата помош и слично.

Честит именден: Благоја, Блаже, Благица… Денеска е Благоец, кај народот познат како “Прв ден Велигден”

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро- бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Денеска сончево и потопло, а еве какво време не’ очекува викендов

За време на викендот и во почетокот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Како што соопшти УХМ, времето утре ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Утре е Свето Благовештие: Празник на Пресвета Богородица, се верува дека птиците ќе дојдат од југ дури и да врне снег

Утре го празнуваме големиот празник Благовец. Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Утре наутро бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

На Благовец жените кои не родиле, а сакаат, треба да се помолат пред иконота на Богородица. Исто така ова е добар ден за чистење на куќата. Новиот почеток е симбол на утрешниот празник, па чистењето на куќата е пожелно. Исфрлете се она што е непотребно и поради што се чувствувате лошо.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници од југ – штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и други.

Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Сценарио од xopop филм: Пилот морал да го слета авионот поради смpтoнocна змија во кабината

Пилотот бил принуден да слета откако открил дека во пилотската кабина има отpoвна змија долга еден метар. Не, не се работи за филмско сценарио.

Пилотот Рудолф Еразмус летал над Јужна Африка кога почувствувал како нешто се движи на неговиот врат.

Најпрво не сфатил за што се работи и го продолжил своето патување кон Преториа.

Меѓутоа, кога ја забележал огромната кобра како се движи околу неговата пилотска кабина, ги предупредил своите четворица патници и почнал да се подготвува за итно слетување.