Маркукуле прв дозна: Претседателот на СДСМ Прилеп е нов директор на Тутунски Комбинат

Како што веќе најавивме пред две недели, Тутунскиот Комбинат Прилеп денеска доби нов Генерален директор. На местото на досегашниот, Кире Станкоски, функцијата ќе ја обавува Зоран Пачешкоски, актуелен претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп.

Зоран Пачешкоски, кој беше раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, работното место неодамна го промени со вработување во УЈП, а сега доаѓа на главното столче во комбинатот, кој оваа година бележи 150 години од своето постоење.

Според последните информации акционерите веќе го избрале Пачешкоски на денешното Годишно собрание и тој многу наскоро ќе ја преземе оваа исклучително значајна функција за во градот под Марковите Кули.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.