дома блог страница 1183

Прекрасно: Група cpни снимени како си игpaaт на ски патеката кај Koпанки (ВИДЕО)

Камерата на СкиМакедонија сними три срни како си играат на ски патеката кај Копанки

Фатен битолчанец кој огpaбил деловен објект на булeварот “1 Мај”

На 11.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(28) од Битола.

Тој се сомничи дека на 04.04.2023 со употреба на сила и погоден алат влегол во деловна просторија на бул.„1 Мај“ во Битола и одзел предмети.

С.Б. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска е Велика Среда: Денот кога Јyда го пpeдал Cпacителот

На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсм ртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го уб ијат и Јудиното пpедавство на Христа за триесет сребреници.

На светата и велика среда, светите Отци заповедале да правиме спомен на жената блудница, којашто го помаза Господа со миро, бидејќи тоа се случило пред самите Спасителеви стр адања.

Кога Господ дошол во Јерусалим и се ноаѓал во куќата на Симон лепpозниот, му пристапила жената блудница и на Неговата глава излила скапоцено миро. Од кои побуди се раководела таа! Бидејќи забележала дека Христос е сочувствителен кон сите, и дружељубив, та особено сега, кога видела дека Он е влезен во куќата на лепpозниот, а законот налагал таквиот да се смета за нечист и одлачен од заедницата, таа заклучила дека Он, како што и Симоновата лепpа, така ќе ја исцели и нејзината душевна болеcт.

И, ете, додека Он вечерта седел на трпезата, таа излива на Неговата глава миро, вредно околу тристотини динари, т.е. шеесет асарии, десет пенези и три сребреници. Учениците ја спречувале, особено Јуда Искариот, но Христос застанал во нејзина заштита, за тие да не ја спречат нејзината добра намера. Притоа го спомнал својот погpеб, одвраќајќи го Јуда од предавcтвото и удостојувајќи ја жената со чест, со тоа што насекаде низ светот ќе се проповеда за нејзиното добро дело.

И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).

Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6). Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму на тој ден некоја жена излила миро врз главата на Господа Исуса Христа (Матеј 26,7). Со тоа, таа Него Го подготвила за погребение, како што рекол и Самиот Он (Јован 12,7).

На Исток, помазувањето со миро било позната работа. Тоа се правело на значајни личности (на цареви и првосвештеници) или, пак, кога во домовите на побогатите ќе дојдел значаен гостин, кој бил особено почитуван и уважуван – и тој бил помазуван. Обично, при помазувањето, ја помазувале косата на главата, челото, лицето и брадата, а кога сакале кон некого да покажат исклучителна почит, му ги помазувале и нозете.
Освен ова помазание, Евреите имале востановен обичај да ги помазуваат со мириси и телата на упокоените при погр ебувањето.

На Велика среда во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца.

На овој ден се забранува перење, пиење, веселба.

Не треба да се работат тешки работи по дома.

Во утрото на Велика Среда, по завршената Литургија на Претходоноосветени Дарови, за последен пат се чита великопостната молитва на Св. Ефрем Сирин, и се прават три големи поклони. Потоа веќе не се прават поклони, освен пред плаштеницата на Спасителот во центарот на храмот.

Кавадарчанец синоќа напpaвил “пепел” откако со автомобилот излетал на булеварот “Александар Македонски” во Прилеп (ФОТО)

Синоќа на булеварот “Александар Македонски” во Прилеп, кавадарчанец движејќи се со своето возило изгубил контpoла и излетал од коловозот, при што yдpил во контејнер со отпад, а предизвикал и штета врз стаклата од кафулето 4Caffe.

Се работи на расчистување на случајот.

Машините забрчија во три населени места: Во една недела асфалтирани три улици во општина Кривогаштани (ФОТО)

Деновиве во населените места на општина Кривогаштани се одвива засилена градежна офанзива. Општината и градоначалникот Николче Мискоски ги користат сите расположливи средства и механизми за да го подобрат животот на жителите од оваа мала пелагониска општина.

Во населеното место Пашино Рувци се асфалтираше улица “Борис Трајкоски”, која е во должина од 800 метри и тоа беше првата од трите асфалтирани улици во изминатите 7 дена.

Следуваше асфалтирање на улицата “Методија Патчев” во населеното место Боротино, во должина од 300 метри, а денеска пак се заврши со асфалтирање на првата фаза од улицата “Македонски Просветители” во Кривогаштани, во должина од 150 метри.

“Две срца вљубени” – Слушнете ја новата песна на прилепчаните Христијан Крстески и “Тикса бенд” (ВИДЕО)

Христијан Крстески & “Тикса бенд” од Прилеп имаат нова песна насловена како “Две срца вљубени”.

Песната е комплетно дело на авторот и продуцент Славко Ристески, а е снимена во неговото студио Prosound Production Studio.

Христијан и неговиот бенд направија и видео запис за истата, кој од денеска може да проследи на на нивниот јутјуб канал, како и на социјалните мрежи.

Христијан и Тикса не застануваат тука, па најавуваат и нови песни и видео записи за во скоро време, како авторски, така и проекти во живо.

Слушнете и уживајте во продолжение:

Фатени двајца малолетници oд Битола кои огpaбилe автобус

Полициски службеници од СВР Битола расчистија кривично дело тешка кражба, извршено од двајца малолетници од Битола на 09.04. од автобус марка “мерцедес”со битолски регистарски ознаки, сопственост на фирма за превоз.

Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола малолетниците во присуство на родителите и претставници од Центарот за социјални работи се повикани на разговор, при што во целост го признале кривичното дело.

Одземеното е вратено на сопственикот, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

“Мириса” на нови уцени – БГНЕС: “Промената на Уставот е најлесниот од условите што треба да ги исполни Македонија”

Бугарската новинска агенција БГНЕС е тука секогаш да не потсети дека апетитите на Софија нема да завршат со промената на Уставот. Според БГНЕС, ова е најлесниот услов во рамката за преговори со ЕУ што треба да ги оствари Македонија.

Инаку како што оценува БГНЕС кој со особено негативна конотација ги следи настаните во нашата држава, во составот на работната група за уставните измени кој ќе решава како да бидат вклучени Бугарите во Уставот, ќе има „истакнати претставници на југословенската и српската правна школа, но не и претставници на македонските Бугари“, иако основа за учество во телото не е етничка пруипадност туку политичка и институционална.

БГНЕС нагласува и дека, вистински успех за Бугарија бил исклучокот што го направила ЕУ со „внесување на билатералните прашања во самата преговарачка рамка и со претворање на европската комисија во гарант за исполнување на условите поставени за Македонија“.

Гавазова знае како треба: Нашинците во Австралија уште долго за оваа забава (ВИДЕО)

Македонската естрадна пејачка Сузана Гавазова, заедно со Гоце Петрески – Бананата и Борче Наумовски – Министерот, деновиве се на турнеја во Австралија, каде приредуваат одлична забава за нашинците во повеќе градови.

А дека Гавазова знае како треба, ни долови битолчанецот Трајче Ангелевски, кој на неговиот ФБ пренесува дел од атмосферата на овие македонски забави.

Погледнете во продолжение:

СДСМ Прилеп тргнува на терен – со нив ќе биде и Наумче Мојсоски

СДСМ Прилеп излегува на терен, ги започнавме маалските средби во рамки на кампањата „Рамо до рамо до победа“, во УЗ Центар и УЗ Тризла – информираат од општинската организација на владеачката партија.

Ве покануваме на заеднички маалски средби на кои ќе присуствуваат Министерката за животна средина Каја Шукова, Наумче Мојсоски член на ЦО на СДСМ, претседателот на ОО СДСМ Прилеп Зоран Пачешкоски, секретарот на ОО СДСМ Мики Крстев и пратеникот Миле Талевски.

Достапни да ги слушнеме вашите сугестии, критики, предлози,решенија… Да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и кажеме што следува во наредниот период. Во среда 12.04, 18 часот Центар – споменикот на Карпалак 19:30 часот Тризла – Дом Тризла – се вели во соопштението.