дома блог страница 1152

Утре е најважниот натпревар на “Мага Баскет” – Дечките заслужуваат максимална поддршка

По несреќниот пораз минатиот викенд во Прилеп, каде гостите од Скопје триумфираа после продолженијата, екипата на Мега Баскет во средата забележа висок триумф на гостински терен и се врати во плеј-офф серијата за пласман во Втората кошаркарска лига.

Во спортската сала “Наум Наумовски – Борче”, младата прилепска екипа го победи Маџари со 15 поени разлика (59-74), со што дечките докажаа дека поразот во Прилеп воопшто не ги демотивира од главната цел, а тоа е пласман во повисок ранг на натпреварување.

Мајсторката ќе се одигра утре (сабота, 13.05) во Прилеп, во салата на ООУ “Добре Јованоски”, со почеток од 19часот.

Да ги поддржиме дечките од Мега баскет во што поголем број!

Eте ти беља: Министерката рече дека во Устав ќе ги ставале и егејците, ама мислела на Евреите

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ денеска на прес-конференција во Министерството за правда појави дека вчера направила ненамерна грешка, кога во интервјуто за ТВ 24 изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и егејците, појаснувајќи дека мислела на Евреите. Таа им се извини на егејците за направената грешка.

– Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците, истакна Аврамовска Мадиќ, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа вчера во гостувањето на ТВ 24 рече дека и егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.

-Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, изјави Аврамовска Мадиќ.

Половина Влада денеска во Прилеп, Груби главен

Во Прилеп денеска беше поставен камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите делници предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

На настанот главен збор имаше Артан Груби, кој денеска се „ребрендираше“ со нова маица со натпис „10Д“.

– Автопатот не може да го спречи ни Мицко, ни Свети Мицко. Делницата ќе се заврши и по неа ќе возат граѓаните. Дојдено е крај на заложништвото на граѓаните и на иднината на Република Северна Македонија. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај, порача Груби.

Претходно Груби на 4 април „тематски“ се облече во знак на Коридорот 8, кога беше удрен првиот камен-темелник во Тетово.

На настанот се обратија и премиерот Димитар Ковачевски, потоа Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Ејуп Рустеми, директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Ерик Мајер, вршител на должност на амбасадата на САД во Република Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Република Турција, Џастин Сиберел, претседател на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток.

Oд денеска до 14. мај “Генералка викенд” во 53 општини и 450 училишта низ државата

Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Акцијата годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16 000 волонтери.

Во рамки на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 од 12-ти до 14-ми мај, ќе биде собран отпадот од локациите мапирани од страна на секоја општина засебно.

Волонтерите од Пивара Скопје, заедно со останатите партнери и заинтересирани граѓани, во петок, на 12 мај, ќе го собираат отпадот на локација во атарот на селото Јажинце под општина Јегуновце, во подножјето на Шар Планина.

Девет месеци континуирано го посветуваме нашето време, ресурси и волонтерските часови на Пиварци во креирање на платформа која ќе ги промени навиките градејќи систем за одржлива животна средина, и ќе создаде партнерства со сите оние со кои ги делиме истите вредности“, изјави Ламбро Патче, директор за корпоративни работи и одржливост на Пивара Скопје.

За собраниот отпад во текот на акцијата ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак и Нула Отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на сите локации ќе има и тимови од Црвен Крст кои ќе се погрижат за безбедноста на волонтерите.

Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата и да се вклучиме во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – акција која ја покажува моќта на заедништвото и ни дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина“, изјави Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и јас лично, како еден од првите пет топ приоритети ја имаме ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА, која нашата држава во голема мера ќе ја направи поеколошка и позелена. За секои 10 кг собран отпад садиме по едно дрво и создаваме нов живот  со разновиден растителен и животински свет“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

„Шпаркасе Банка интензивно ги поддржува активностите во областа на екологијата и на заштитата на човековата средина, како предуслов за просперитет на сегашните и идните генерации и креирање на одржлив свет“, изјави Катарина Штерјовска-Раца, раководител на маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД инспирира промени, повикува на единство за нешто што е важно и во заеднички интерес на сите нас, а тоа е чист воздух, чиста почва и чиста вода“, изјави Марјанчо Дамески, управител на Нула Отпад.

Кога целото општеството соработува заедно, можеме да направиме промени: Да се извалкаме и да исчистиме!“, изјави Гордана Софија од Мен енд Манутен.

Оваа година новина е можноста за споделување на атмосферата од ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД што ќе оди со пренос во живо во Фејсбук групата:  https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend.

Маестрална изведба на песната “Нешто ќе те питам бабо” од учениците од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп (ВИДЕО)

Дечките од 2-A одделение од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп за годинашниот патронат на училиштето, кога се одбележуваа 120 години од смртта на нашиот најголем револуционерен деец, приредија извонредна приредба, а една од највпечатливите точки беше изведбата на песната ,,Нешто ќе те питам бабо”.

Уживајте во продолжение:

Матадор вработува: Отворено работно место за продавач на авто делови

Авто делови Матадор има потреба од 1 лице на работно место продавач на авто делови.

Кандидатите потребно е да поседуваат искуство во областа авто делови.

Телефон за контакт 076/568-915 секој работен ден од 9-15ч.

Мицкоски: Ковачевски еднаш поднел оставка, но Талат и компанија го предомислиле

Најгласен е муабетот во одредени политички кулоари дека Ковачевски кој работи како помал бизнис партнер на ДУИ во владата, веќе еднаш си поднел писмена оставка до собранието. Па овие кои се многу свесни дека со поадот на власта доаѓа и одговорност, многу жестоко го убедувале во спротивното. Талат и останатите од компанијата го убедувале да не си даде оставка, затоа што знаат дека од правдата нема бегање. Значи имаме премиер кој утрото се буди, попладнето си дава оставка, а вечерта се премислува затоа што на човекот тоа место му е подарено и не му се одговара толку брзо, па си вика, да се тргнам и да се спасам на време, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во неговото обраќање пред штипјани по повод настанот Ова е Македонија за сите.

Мицкоски нагласи дека Ковачевски прифатил улога со која не можел да се носи, и затоа побара да се охрабри и да го направи чекорот, веднаш да си поднесе оставка.

– Па еве од овде од Штип сакам да му порачам: Ковачевски не мачете се и престанете да ја тонете Македонија, дајте си оставка. Оставка на цела влада. Прифативте улога со која не можете да се носите.

Немавте храброст за дебата за договорот со Коридорот 8 и 10 Д, барем имајте храброст да ставите потпис на вашата оставка. Оставка барем да не го загубите достоинството ако барем и малку ви преостана. Оставка затоа што со секој ден мислење дали да ја дадете или не, дополнително ја тонете Македонија. Направете го чекорот, охрабрете се и дајте оставка, така ќе ја спасете Македонија и ќе направете едно нешто добро во овој малку мандат што ви остана, истакна тој.

Мицкоски порача дека ниту една оставка нема да биде бегство од одговорност, нагласувајќи дека ќе се одговара и правдата ќе го гони за секој еден украден денар да го врати.

– А и да ви кажам за да знаете. Ниту една оставка нема да ви биде бегство од одговорноста која следи. Ќе одговарате за секој денар и ќе ве гони правдата се додека не го вратите и последниот украден денар. За ова го имате мојот збор, дециден е Мицкоски.

Превентивна активност на “Авто Контрол” за Денот на културата во сообраќајот: “Сообраќајната некултура секојдневно одзема животи, заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот”

По повод 11-ти Мај, Денот на културата во сообраќајот, станицата за технички преглед “Авто Контрол” Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната стука при С.О.У “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп, организираше превентивна активност во центарот на Прилеп, преку делење на флаери со едукативна содржина, а со цел да се унапреди сообраќајната култура и да се придонесе за побезбеден и посмирен сообраќај, помалку сообраќајни незгоди и помал сообраќаен метеж.

-Сметаме дека секое незнаење, некултура и непочитување има цена, но незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот чинат изгубени човечки животи. Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку истовремено претставува и навика, почитување и применување. Важноста за почитување и применување на правилата да ја пренесеме сите ние заедно на поинаков начин на еден ваков ден – вели Генералната менаџерка на компанијата “Авто Контрол”, Даниела Перканоска.

-Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот, и заеднички да изградиме систем на општествени вредности во кој културата во сообраќајот ќе имаат водечко место. Да ја зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти и сограѓани и сите заедно да допринесеме за безбедно учество во сообраќајот, на денот на културата во сообраќајот, како и секој нареден ден – додава Перканоска.

Се заканувал, па се соблекол гол пред вработена во Центарот за социјални работи

На 09.05.2023, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Ф.(50) од Неготино затоа што во Центарот за социјални работи во Неготино упатил закани кон една вработена и се соблекол пред неа.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Се треси престолот на Ердоган: Eве што покажуваат најновите анкети на 48 часа пред изборите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган заостанува зад својот главен ривал Кемал Киличдароглу за повеќе од пет проценти пред претседателските избори кои ќе се одржат во недела, покажуваат последните анкети.

Анкетата покажа дека Реџеп Таип Ердоган има 43,7 % поддршка, а Кемал Киличдароглу 49,3 %, што значи дека овие избори би можеле да завршат во првиот круг, пренесува Ројтерс.

Претседателските избори се најголемиот политички предизвик за турскиот лидер кој е на власт веќе две децении, а опозицијата ги смета за нивна најдобра можност да го замени Ердоган и да ја смени неговата политика.