Екипата на Мега Баскет од Прилеп е нов кошаркарски второлигаш, откако вечерва по втор пат го совладаа Маџари, кој е предводен од легендата на македонската кошарка, Перо Блажески.
По високата победа во Скопје, прилепчани вечерва забележаа нов триумф вечерва пред својата публика и први стигнаа до две победи во плеј-офф серијата за пласман во повисок ранг.
Крајниот резултат на семафорот беше 78:66 (46:31 на полувремето). Со ова младата екипа на Мега баскет ја оствари својата цел и наредната година ќе игра во далеку поквалитетно натпреварување.
Прилеп треба да слави, Прилеп треба да биде горд на овие дечки! Прилеп заслужува квалитетна кошарка!
Во текот на денешниот ден (13.05.2023) во периодот од 12.00 до 18.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 12 возачи.
Од нив, 4 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 3 мопеди биле нерегистрирани, еден возач бил под дејство на алкохол… За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
По вчерашната помпезна најава за почеток на градежните работи за изградбата на контроверзната автопатската делница Прилеп-Битола од Коридорот 10д, денеска сосема спротивна слика. Овде, активностите како да се одвиваат со брзина на желка. На локацијата од каде Владата вчера го означи стартот на се’ уште непостоечкиот автопат, бидејќи нема ниту конечен проект, ниту означена траса, ниту пак се знае до каде е експропријацијата на земјиштето во плодната Пелагонија, утринава беше празно – објави “АЛФА ТВ”
За волја на вистината, нешто подалеку од вчерашната локација, на едната страна, среде нива, имаше паркирано багер, а на сосема спротивната пак, во непосредна близина на фабриката Гентерм, имаше и некаква механизација и неколкумина работници. Која и каква беше нивната улога, не успеавме да дознаеме.
Инаку, како што веќе е познато, вчера, со откривањето на фамозната табла и со кревање на зелено знаменце, премиерот Ковачевски даде знак за стартување со работа на градежната механизација. Ама, механизацијата по само два часа беше повлечена од „градилиштето“. Најодговорниот пак, за овој таканаречен национален стратешки проект, првиот вице-премиер Артан Груби, порача дека овој проект сега немало никој да го запре и дека оваа иста Влада ќе била онаа која што по пет години ќе ги пресече лентите за пуштање во употреба на овој Коридор.
„Овој проект продолжува и сите влади, а следната Влада секако ќе биде истата која што е и оваа денес, ќе го заврши овој проект, ќе ги пресече лентите и сите граѓани ќе се возат по нив. Така како што демонстриравме дека е дојден крај на заложништвото и блокадата, така од денес, при изградба на вакви инфраструктурни проекти, најголеми во историјата на нашата земја, упатувам порака дека е дојдено време од денес да ставиме стоп, крај и на блокадата на нашето европско интегрирање“, кажа Артан Груби, прв вицепремиер.
Наспроти ова пак, веќе неколку дена од Европската канцеларија во земјава отврено реагираат за обидите на оваа власт со злоупотребата на европското знаменце да ги протурка измените на законите, поврзани со овој, по многу нешта скандалозен и контроверезен проект, притоа изарзувајќи и силна загриженост, што може негативно да се одрази и на нашиот пат кон ЕУ.
Инаку, автопатската делница од Коридорот 10д треба да биде готова за 57 месеци и според пресметките, за 39,3-те километри, по цена на чинење од 12 милиони евра од километар, таа би чинела околу 472 милиони евра.
Од годишниот завршен концерт на Државното музичко училиште од Битола. Настап на двајцата млади виртуози од Прилеп, Арсениј Ангелески на пијано и Леонардо Димоски на виолина.
Двајцата се едни од најнаградуваните ученици на сите домашни и меѓународни натпревари. Затоа уживајте!
По вселенската глупост на заменик-министерката за правда од СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, која ги спомна и Егејците за вклучување во Уставот покрај Бугарите, „бисер“ и од устата на нејзиниот сопартиец и пратеник Мартин Костовски во Комисијата за европски прашања, кадешто Прилеп го смести во – Полог?!
На 07.05. во промотивниот центар на Саемот на книгата, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, книгоиздателството „Бата прес“ беше промовирана книгата „Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ од младата писателка Лина Димоска од Прилеп.
Оваа книга е новела за обидот на младата хероина да се соочи со минатото и траумите од детството, да ја открие слободата и да ги улови можностите за да има еден поинаков и поубав живот.
Анисија е млада девојка од мал град, полн со предрасуди. По смртта на нејзиниот татко, одлучува да започне со психотерапија, но на една од сеансите со психологот се отвара ново поглавје од минатото на Анисија – врсничкото насилство што го преживувала додека била тинејџерка.
Има само еден вистински пријател, Емил, кој е заедно со неа во сите предизвици со кои таа треба да се соочи. Анисија е реален лик. Делото е само мал исечок за тоа низ што сѐ поминуваат и со какви предизвици се соочуваат жртвите на врсничко насилство.
Лина Димоска е родена во 1995 година во Прилеп. Основно и средно училиште завршува во Прилеп. Дипломирала на Економскиот факулетет во Прилеп.
Ова е прв роман на Лина Димоска, има освојувано награди за ораторство и литературно творештво, а нејзини творби се објавени во „Зборникот на прилепски автори“.
Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ вечерва се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим, откако со 7:6, 6:2 го совлада аргентинскиот играч Томаш Мартин Ечевери.
Во првиот меч по три недели, српскиот тенисер за еден час и 51 минута го совлада 61. тенисер во светот.
На денешниот натпревар присуствуваше и легендарниот тренер Жозе Мурињо, а она што го направи Португалецот по натпреварот е навистина неверојатно.
По натпреварот, Мурињо срдечно го поздрави Ѓоковиќ, му честиташе за победата и потоа побара негов автограм. Новак без двоумење излезе да го пречека славниот Португалец, а во продолжение видео од настанот:
Времето утре во Република Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
И во следните денови не очекува променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во вторник.
На 12.05.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Д.Т.(64) од Прилеп. Имено, при извршен претрес на дом и други помошни простории во Прилеп кои ги користи Д.Т. пронајден е пиштол калибар 7.65мм, како и 45 парчиња муниција кал.7.65мм.
Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ – информираат од ОВР Прилеп.
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на денешната церемонија за почнување на изградбата на коридорот 10 д рече дека досега на функцијата министер за транспорт и врски биле луѓе од Прилеп и Битола, но дека никој не го направил автопатот.
„Затоа сега министер од Штип, Бочварски, ќе го направи автопатот Прилеп – Битола, или Битола – Прилеп, како сакате“, рече Ковачевски.
Тој на крајот од својот говор рече: „Дами и господа, да се фатиме за работа, доста беше зборување“.
Инаку, министер за транспорт од врски беше и Горан Сугарески од СДСМ, кој со овој ресор раководеше од 2017 до 2020 година.