дома блог страница 1150

Растураат во струмичката бизнис лига, а сега се подготвуваат и за првото меѓународно искуство

За тие што не знаат ФК Дрвош е фудбалски клуб од истоименото село во општина Босилово. Клубот се натпреварува бизнис лигата “REKREATIVO” – Струмица, и после девет одиграни кола е на делба на првото место.

Инаку, Дрвош е едно убаво македонско село со нешто над 600 жители и се наоѓа на само 12км оддалеченост од Струмица. Фудбалскиот клуб е нивна гордост и го поддржуваат максимално на секоја утакмица.

Дрвошани освен што се фокусирани во бизнис лигата, сега се подготуваат за патување и во Швајцарија, каде ќе одиграат натпревар со клубот од Биен, ФК Иберико Македонија.

-На ден 17.06.2023 год. нашиот клуб ФК Дрвош ќе гостува во Швајцарија ?? во близина на Берн (Erlenwaldli Stadium, Erlenweg 9 2563 Ipsach). Oваа ќе биде наше прво меѓународно искуство. Наши домаќини ќе ни бидат фудбалскиот клуб од Биен FC Iberico Macedonia
Ве покануваме сите да ги бодриме нашите два клуба, и да се се дружиме со скара и пиво
– напишаа од клубот на Фејсбук.

Вонредна вест: На 31-ви мај Тутунскиот Комбинат добива нов директор?

Неофицијално Маркукуле дознава дека Тутунскиот Комбинат Прилеп од 31 мај ќе има нов Генерален директор.

Со комбинатот од 2018 година раководи Кире Станкоски, кој според новите најави ќе биде сменет од позицијата Генерален директор после 31 мај.

За ново кадровско решение наводно веќе се разговарало и во Владата, и според засега непотврдена информација на местото на Станкоски ќе дојде претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.

Инаку, Комбинатот годинава одбележува 150 години постоење. Формиран 1873 година кога бил изграден првиот магацин за тутун во Прилеп од страна на Отоманската управа на монополот, Комбинатотдоживеал големи промени, подеми и падови, но успеал да ги помине сите премрежија и да опстои со својата дејност.

ТКП од фoрмирањето се занимавалисклучиво со откуп и обработка на висококвалитетен ориентален тутун од типовите „прилеп“ и негова продажба на познати светски компании. Ова била примарна дејност со децении, односно сé до 1955 година од кога Комбинатот навлегол во бизнисот со производство на цигари.

Потенцијалот на ТКП беше препознат од светскиот гигант во тутунската индустрија Филип Морис Интернешнел (ФМИ) со кого во 2014 година е склучено стратешко партнерство и е формирана заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) и претставува спој на традицијата и експертизата на двата ентитети. Партнерството со Филип Морис Интернешнл придонесе да се почне со модернизација на производството.

Двајца прилепчани нападнале полицајци додека вршеле службени дејствија

На 13.05.2023 во 14.40 часот во Прилеп полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.В.(51) и малолетник, двајцата од Прилеп, затоа што агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија, при што С.В. употребил и тврд предмет, пренесува Пресс24.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Државната матура нема да се одложи

Државната матура ќе се спроведе во утврдените термини – на 27 мај и 10 јуни. Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) вчера одлучи штрајкот за повисоки плати, почнат пред речиси три недели, да го стави во мирување во интерес на матурантите. Одлуката ја донел зашто смета дека со вклучување надворешни лица во подготовките на завршниот испит, како што најави МОН, ќе се наруши валидноста на тестирањето и резултатите од матурата.

-Како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, вработените во Државниот испитен центар одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина. Со ова известување штрајкот се става во мирување, соопшти синдикатот на 29-те вработени во ДИЦ во порака до матурантите.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека државна матура ќе има според утврдениот календар и дека ќе бидат вклучени и вработени од Министерството за да се спроведе во рокот.

Според синдикатот на ДИЦ, „насилни мерки и притисоци“ е обидот на министерот „да внесе надворешни лица во процесот на државната матура кој е со висок степен на тајност“ и дека со тоа токму тој ќе им наштети на матурантите зашто ќе се доведе во прашање веродостојноста на резултатите.

– Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите, му порача Синдикатот на ДИЦ на ресорниот министер и оцени дека неговите обиди за решение на проблемот се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31 март 2014.

Можноста да вклучи вработени од МОН во подготовката на државната матура, Шаќири ја најави пред неколку дена во ТВ-гостување и ја повтори вчера во изјава за медиумите, дециден дека полагањето ќе почне во закажаниот термин.

-Мојот конечен став е дека државната матура ќе се полага на 27-ми, како што е предвидено според рокот. Ако е потребно, и кадар од Министерството ќе доставиме од понеделник за да може да ги завршиме работните задачи. Тоа не е само барање на министерот туку и на средношколците, рече Шаќири.

Додаде дека ги поддржува вработените на ДИЦ во нивните барања но, како што рече, „не можеме секогаш да ги поврзуваме важните процеси со некои барања“. Како и во други изјави претходно, порача дека треба да го почекаат општиот колективен договор како системско решение.

Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барање за поголеми плати и согласност од Министерството за финансии за нивниот колективен договор и ги стопираше процесите за кои е надлежен ДИЦ, меѓу кои и полагањето на државната матура и меѓународното тестирањето на основците ТИМСС.

Дваесет и деветте вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари.

За државна матура во јунскиот испитен рок годинава се пријавени 15 620 матуранти. На 27 мај треба да се полага првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети.

Стојанче се разочара од СДСМ, најави излегување од Влада

Стојанче Ангелов преку објава на социјалните мрежи изрази разочарување и револт од пратениците на СДСМ кои, како што рече, пред неколку дена гласале против предлог законот за дополнување на законот за Бранители.

-СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука. Затоа, на денешната прес конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе Одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди од 2001 година. Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, вели Ангелов.

Посочува дека семејство чиј син е изгорен во Вејце до ден денес сеуште е необесштетено.

-Иако таткото со скршен и огорчен глас лично мене ми повторуваше, нам не ни требаат никакви пари, вратете ни ги нашите синови, иако ниту едни пари на светот не вредат колку животот на било чиј син, ние како држава сме должни да ја исправиме оваа неправда и на сите необесштетени семејства на загинати бранители како и на триесетината необесштетени воени инвалиди од 2001-та да им исплатиме праведен надомест на нематеријална штета, напиша Ангелов.

Teшка сообраќајка кај скопскиот аеродром помеѓу “голф” со скопски и “форд фокус” со прилепски таблици – Повредени три лица

На 13.05.2023 во 18.10 часот на паркинг просторот на Меѓународен аеродром Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(46) од Прилеп.

По несреќата возачот А.А. и неговите сопатници Ќ.А.(66) и малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје – информираат од МВР.

Машини! Џудистите од “Сеишин” Прилеп освоија дури 19 медали на Меѓународниот турнир “Скопје Опен”

На ден 13.05.2023 во Скопје се одржа Вториот меѓународен турнир во џудо “Скопје Опен” – 2023. На овој турнир учество зедоа околу 250 џудисти од 25 клубови од 8 држави: Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија, Грција и Молдавија.
Џудо клубот Сеишин-Прилеп на овие првенства зеде учество со 25 џудисти, а освоени 19 медали (4 златни, 7 сребрени и 8 бронзени).

Резултати поединечно:

Помлади Пионери-ки:

1. Софија Ѓорѓиоска 1 во место
2. Јана Ангелевски 1 во место
3. Матеја Николоска 2 ро место
4. Илиоски Димитар 2 ро место
5. Марио Конески 2 ро место
6. Владан Стрезовски 3 то место
7. Ване Ацески 3 то место
8. Ангел Стојовски 3 то место
9. Марко Марковски 3 то место

Пионери-ки:

10. Тамара Илиоска 2 ро место
11.Теодора Илиоска 3 то место
12. Немања Џагадуроски 2 ро место
13. Марко Ацески 2 ро место
14. Благојче Мантароски 3 то место

Кадети-ки:

15. Теа Настоска 1 во место
16. Никола Магдески 1во место
17. Михаил Стојановски 2 ро место
18. Јован Стојановски 3 то место
19. Борис Џагадуроски 3 то место

Одлични борби прикажаа и Теона Настоска, Мартин Петкоски и Михаил Димоски кај кадетите, Дарио Нанески кај Пионерите, Марко Тошески и Андреа Кнежевски кај помладите пионери, кои не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Екипата ја предводеа тренерите: Марио Тошески, Мартин Ристески и Дејан Мицкоски. ЏК Сеишин-Прилеп во наредниот период продолжува со настапи на меѓународни турнири и првенства.

Во акциска на МВР синоќа фатени пијани возачи во Битола, Прилеп, Македонски Брод…

Во текот на изминатата вечер (13/14.05.2023), во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 27 возачи. Од нив по 5 на територија на Битола и на Македонски Брод, 6 во Прилеп, 7 во Ресен и 4 во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 15 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот.

Прилепчанец нападнат во Бродско, а Албанка од Бучин нападната во автобус во Прилеп

На 12.05.2023 во 17.00 часот во ОВР Прилеп, М.Р.(32) од Р.Албанија, а со престој во с.Бучин пријавила дека околу 13.45 часот во автобус кој сообраќал во Прилеп, била физички нападната од Ш.Б. од с.Бела Црква.

На 12.05.2023 во 15.00 часот во Полициска станица Македонски Брод, Т.Д.(56) од Прилеп пријавил дека околу 02.30 часот на место викано ,,Доголеде“, атар на с. Слатина, Македонски Брод, бил физички нападнат од Г.С. од с. Грешница и уште едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи – информираат од МВР.

Со пендрек по главата: Полицијата на Спасовски удри по репрезентативецот Талевски (Видео)

По завршувањето на куп финалето меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се случи инцидент. Во една мешаница припадник на полицијата од Охрид со пендрак го удри играчот на Вардар Филип Талески по главата.

Македонскиот репрезентативец тргна да се пресмета, но беше спречен од соиграчите.

Во тој момент некој извика – „што правиш бе будала еден“, по што полицаецот се повлече.

https://fb.watch/kvJkwbB1sn/?mibextid=Nif5oz