дома блог страница 115

Хуманитарна трка со срце – PRILEP RUN 2026! Пријавете се!

На 14.6.1016 Ротаракт Клуб Прилеп ќе ја организира хуманитарната трка „Трка со срце“, спортски настан кој оваа година ќе се одржи на патеките од 5 и 10 километри низ улиците на Прилеп.

Настанот има за цел преку спортот да се испрати силна порака за хуманост, заедништво и инклузивност, покажувајќи дека трчањето не е само натпревар, туку и начин да се помогне таму каде што е најпотребно. Под мотото „Трка со срце“, сите собрани средства од трката ќе бидат наменети за донација на електромагнетен стимулатор, како и поддршка за повредените во Кочани.

Организаторите најавуваат учество на рекреативци, професионални тркачи, млади луѓе и граѓани кои сакаат да бидат дел од една позитивна, хумана но и пред се инклузивна приказна. Трката ќе биде симбол на солидарност и потсетник дека малите чекори на секој поединец можат да направат голема промена за некого.

Поради непречено и безбедно одвивање на настанот, дел од улиците во централното градско подрачје ќе бидат затворени во времетраење од околу 3 часа во недела на 14 јуни во утринските часови (08:00-11:00).

Од Ротаракт клубот упатуваат молба до граѓаните за разбирање, трпение и почитување на времената сообраќајна регулација.

„Ова не е само спортски настан, туку повик за заедништво, емпатија и поддршка. Веруваме дека Прилеп повторно ќе покаже дека има големо срце“, велат организаторите.

Пријавувањето за учество е веќе отворено, а организаторите ги повикуваат сите љубители на спортот и хуманоста да бидат дел од „Трка со срце – Prilep Run 2026“ и заедно да испратат силна порака дека хуманоста секогаш победува.

Регистрација на е-маил адресата: [email protected] или на телефонскиот број: 075 416 731

БРАВО! Прилеп има државни шампиони во ракомет

Екипата од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ го освои ПРВОТО место на Државниот натпревар во ракомет. Дечките докажаа дека Прилеп е расадник на млади таленти со кои треба да се работи во иднина.

-Посветеноста, трудот, борбеноста и тимскиот дух донесоа заслужен успех и гордост за сите нас. Со секој натпревар покажавте дисциплина и интегритет. Честитки до нашата наставничка Теодора Кочоска, која го предводеше тимот. Шампиони, нека оваа победа ве поттикне кон уште поголеми успеси, стои во соопштението од ООУ “Кире Гаврилоски”.

Затвореници од прилепскиот затвор ја косат тревата на новите градски гробишта (ФОТО)

Врз основа на склучениот Меморандум за соработка со ЈКП Комуналец Прилеп, осудени лица од КПД Прилеп беа ангажирани во активности за уредување и одржување на просторот на новите градски гробишта во Прилеп – информираат од Управата за извршување на санкции.

-Со ваквите активности се придонесува за успешно вклучување и ресоцијализација на осудените лица, како и за создавање почиста и поуредена животна средина. Продолжуваме со заедничка соработка и активности во интерес на локалната заедница – стои во соопштението.

Мицкоски: Подготвени сме на избори во секое време да излеземе и на нив да победиме, но посветени сме на реформите

-Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија „Влен“ и ЗНАМ функционира искуклучително квалитетно. Впрочем, тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме поготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме – вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој нагласува дека врз основа на ресурсите со кои расополагаат ги решаваат проблемите на граѓаните.

-Проблеми има многу, и тоа проблеми што се создавани со децении, а ресурсите се ограничени поради лошото менаџирање на тие ресурси кога седум години влада беа СДСМ и ДУИ. Но во зависност од тие ресурси, ние тие проблеми ги решаваме и се трудиме да не создаваме нови. Тоа практично е нашата амбиција и цел како Влада и во таа насока и кон таа цел се движиме – рече премиерот во одговор на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Премиерот вели дека ВМРО- ДПМНЕ е секогаш подготвена да излезе на избори, но, како што нагласува, нивна цел е оваа година да се фокусираат на испораката поврзана со рефорската агенда, и тоа, како што нагласи, го прават.

-Утрово, пред да дојдам овде, заедно со колегите од Владата имавме координативен митинг со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, и можам да кажам дека имавме исклучително добар состанок. Како резултат на тоа, ќе има испорака, која, од дното, повторно ќе кажам, кое го наследивме, ќе нè доведе до тоа да бидеме рамо до рамо со таканаречениот „фронтранер“ и тоа е добро. Ќе продолжиме во таа насока. Следната недела договоривме нов состанок затоа што извештајниот период, кој завршува на крајот на јуни, сакаме од 10, да се обидеме, како што денеска заклучивме дека сме многу блиску, да може да бидеме до 9 и пол, нешто што е 95 проценти. Тоа е нешто што никој не го направил. Очекувам и тоа да го реализираме како Влада – рече Мицкоски.

Тоа, вели, е една од причините зошто годинава како Влада велат дека се посветени на реформите.

-Како Влада сме за тоа да имаме редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат пролетта 2028 година, но како ВМРО-ДПМНЕ, а и како Влада сме подготвени во секое време да имаме парламентарни избори и на тие избори да победиме, потенцира премиерот.

Резервирај место за викенд исполнет со музика и одлична енергија – Најдоброто во Прилеп е секогаш на ТЕРАСА

Викендот во Тераса повторно носи две вечери исполнети со одлична музика, позитивна атмосфера и незаборавни моменти! Вашето омилено место за добра забава и овој петок и сабота подготвува програма која не се пропушта.

Петок | 15 Мај
🎤 ARTIUM BAND
Дечките кои веќе изградија препознатлив бренд за врвни забави и атмосфера што трае до доцна во ноќта!

Сабота | 16 Мај
🎤 Алекса Петрески
Моментално еден од најдобрите машки вокали во Прилеп, со настап што гарантира емоција, енергија и одлична вечер!

Не чекајте друг да ви раскажува, соберете убаво друштво и навреме резервирајте на тел.бр. 070 304 967

Тераса ве очекува заеднички да уживаме во уште еден викенд!

Пријавете се за платена студентска пракса во Општина Битола и јавните претпријатија

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на УКЛО преку практиканска работа во рамките на заедничката програма Универзитетска летна пракса.

Праксата ќе се изведува во одделенијата на Општина Битола и јавните претпријатија.

Со програмата ќе бидат опфатени 40 студенти кои практиканската работа ќе ја изведуваат во месеците Јули, Август и Септември.

Секој од избраните студенти ќе има можност да изведува практиканска работа во период од еден месец.

Избраните студенти ќе добиваат месечен нето надомест во висина од 10.000 денари, обезбедени од Општина Битола.

Повеќе информации на следниот ЛИНК: https://uklo.edu.mk/blog/univerzitetska-letna-praksa-2026/#

Ристески: Седум години ги кочевте студентите и нивниот стандард, сега ние работиме во нивни интерес (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ за седум години власт не изградила ниту еден нов студентски дом и ги оставила студентите во лоши услови.

На прес-конференција, членот на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ oд Прилеп, Илија Ристески, изјави дека претходната власт покажала негрижа и потценувачки однос кон студентите.

Неговата прес конференција во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Им се обраќаме на СДС токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања.

Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа.

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, работите конечно се придвижија. Пред речиси две години започна реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, со цел студентите да добијат достоинствени услови за живот и студирање.

Истите тие, 7 години не знаеја ниту да ги завршат зградите на ФИНКИ и ФФК, иако ги наследија како започнати. Наместо напредок, оставија блокади и застој, па денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да работи на откочување на процесите што тие ги закочија.

Негрижата на претходната власт кон студентите не се гледаше само во нефункционалните студентски домови, се гледаше и во целокупниот однос кон студентскиот стандард.

Студентите во време на СДС се соочуваа со лоши услови, недоволна поддршка и неизвесност, и наместо да инвестираат во младите, во образованието, сведочевме на години на застој, неодговорност и игнорирање на проблемите на студентите.

Студентите не треба да се грижат. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги заврши и овие проекти, исто како што ги обновува студентските домови низ државата.

Потсетуваме дека над 50.000 студенти добија ваучери од 250 евра, се прошири опфатот на студентскиот оброк, а стипендиите се зголемени. Започнат е и процес на дигитализација на универзитетите и воведување на е-индекс, со цел модернизација на високото образование.

Во текот на овој мандат ќе бидат реконструирани вкупно 9 студентски домови низ државата.

Ќе се реализира реконструкцијата на зградите на ФИНКИ и ФФК.

Комплетната реконструкција на спортската сала во кругот на УКИМ веќе е започната.

Реконструирано е повеќенаменско игралиште во рамки на студентскиот дом Гоце Делчев, а наскоро ќе биде поставена и фитнес зона во рамките на еден од студентските домови во Скопје.

Младите ќе добијат нови студентски домови, современи факултетски објекти и подобри услови за образование и развој.

ВМРО-ДПМНЕ е партнер на младите и продолжува со конкретни политики и проекти што носат реални резултати”.

Мицкоски за изјавите на Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ го изгуби својот идентитет е нивен проблем

Не знам што да кажам, утре ќе излезе и ќе измисли некоја друга придавка, практично човекот секој ден кажува, и раководството на СДСМ генерално секој ден кажува работи што прво се некултурни, а второ тоа што го соопштуваат во јавноста во текот на денот неколкукратно го менуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско парашање во однос на тоа што претседателот на СДСМ Венко Филипче ВМРО-ДПМНЕ ја нарече бугарофилска партија.

– Претпоставувам до вечер ќе имаме некаква друго-филска партија. Да, ние сме промакедонска партија и тоа е она кое што нас не интересира, а тоа што тие целосно како партија го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам со тој проблем многу скоро на избори ќе се соочат, рече премиерот Мицкоски.

Нова приказна! Нов тим! Нова можност за тебе! Во Прилеп се отвара нов ексклузивен lounge и коктел бар, стани дел од тимот

Наскоро во Прилеп своите врати ги отвора AVRA – Bites & Cocktails, нов ексклузивен ресторан и lounge концепт кој ќе донесе поинакво гастрономско и коктел искуство во градот.

Лоциран кај зграда Табана, под фурната Плетварец, AVRA отвора можност за вработување на амбициозни, комуникативни и професионални лица кои сакаат да бидат дел од модерен и мотивирачки колектив.

Се вработуваат:

• Коктел мајстор
• Келнер / келнерка
• Помошник шанкер
• Помошник во кујна
• Хостеса за гостопримство

✔️ Одлична работна атмосфера
✔️ Мотивирачки тим
✔️ Можност за напредок
✔️ Поддршка и почит

Доколку сакаш да бидеш дел од новата гастрономска приказна на Прилеп и да работиш во ексклузивен амбиент со професионален тим, аплицирај на:

075 500 867

AVRA – Bites & Cocktails
Наскоро во Прилеп. 🍷

Прикрај се подготовките на новата премиера во прилепскиот театар – “Девојките на Марко” на сцената на крајот од мај

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава на театарот „Војдан Чернодрински“ од годишната програма за 2026 година.

„Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 години и до ден денес успешно „живее“ на сцените ширум светот. Она што е фасцинантно околу овој текст е што влезе во Гинисовата книга на рекорди, како најмногу поставуван француски текст воопшто.

Според режисерот Синиша Ефтимов, во прилепската верзија во „Девојките на Марко“ има асимилација на ликовите и топонимите, а дејствието е современо и модерно.

– Прилеп од иднината, или подобро кажано Прилеп од паралелен универзум. Заплетот ќе биде многу едноставен и проектиран околу животот на еден успешен млад човек, Марко, неговите проблеми со три девојки, со кои тој се забавува, во прецизно време, внимателно испланирани, со цел тие никогаш да не се сретнат. Сите три се стјуардеси со свои планови за летање, кои не се поклопуваат, се разбира до кобниот ден кога тоа ќе се случи…. Претставата ќе биде за ведрата страна на животот, за пријателствата, нивните значења во моментите кога го одредуваат патот во остатокот од животот. Претстава која ќе донесе свежина во репертоарот на прилепскиот театар – вели во експликацијата за претставата режисерот Ефтимов.