Министерството за јавна администрација денеска ќе го одбележи Денот на јавната администрација под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“.
Настанот ќе се одржи во Македонската филхармонија, а предвидени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за јавна администрација Горан Минчев и шефот за соработка во Делегацијата на Европската унија, Штефан Худолин.
Со одбележувањето се нагласува значењето на професионална, ефикасна и транспарентна јавна администрација како еден од клучните столбови за европската интеграција и за обезбедување квалитетни услуги за граѓаните и стопанството.
























