дома блог страница 1140

Се’ е подготвено за утрешниот голем хуманитерен концерт во прилепско: Управата на манастирот го уреди просторот до совршенство (ФОТО)

По повод празникот Св. Кирил и Методиј на 24.05.2023, манастирот Св.Илија Писокал кај прилепското село Кален, организира хуманитарeн концерт за реконструкција на манастирската црква.

Празникот ќе започне со света утринска литургија со почеток во 07часот, а со почеток од 10часот ќе започне голема хуманитарна забава на која ќе настапат голем број естрадни уметници од домашната сцена.

Меѓу најпознатите изведувачи се: Дамјан Стојаноски, Влатко Миладиноски, Спасен Силјаноски, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Благоја Грујовски… и многу други.

Управата на манастирот денеска ги направи последните подготовки и веќе се’ е подготвено за овој прекрасен настан, на кој се очекуваат стотици верници и гости.

Kривична пријава за прилепчанка: На Плетвар полицијата и’ пронашла 4.000 капсули трамадол

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(53) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.

На 11.04.2023, кај с.Плетвар, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило во кое се превезувала пријавената, при што кај неа биле пронајдени одземени 4.000 капсули трамадол.

Просветарите конечно на протест

Кулминира незадоволството на просветарите од состојбите во образованието. Независниот синдикат за образование и наука организира протест, а мотото е „НЕ за спојување на наставните предмети, ДА за почитување на колективните договори“.

Синдикатот бара да не се спроведува реформата според која дел од предметите се спојуваат и да се почитува колективниот договор за образование.

– Незадоволни сме од најавите за спојување на повеќе наставни предмети (Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика, Техничко образование). Ваква појава може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците – велат од синдикатот.

Просветните работници, велат од синдикатот се незадоволни и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование.

– Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува 12.000 денари (НЕТО), а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува 20.175 денари (НЕТО). Министерството за образование и наука нема слух ниту волја да ги почитува законите, а паралелно на сето тоа, сведоци сме како јавните функционери ЕКСПРЕСНО ја спроведоа одлуката на уставниот суд и добија покачување за 78%. За јавниоте функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а за просветните работници не важат истите правила – велат од Синдикатот.

Протестот ќе започне во 12 часот од Жена парк (спроти Собрание на Р.М.)и ќе заврши пред зградата на Министерството за образование и наука каде што ќе се одржи прес-конференција на која ќе ја запознаат јавноста за проблемите со кои се соочуваат просветните работници.

Бричење на суво: Апликацијата за тротинети во Скопје, по грешка му лапнала 13.000 ден. од сметката за едно возење

Семејство од Скопје доживеало голгота затоа што после плаќањето на користењето електричен тротинет, апликацијата продолжила да им зема од сметката средства иако според инструкциите го прекинале користењето на услугата.

Родител се пожали дека системот поради „багови“ во софтверот кој најверојатно не бил тестиран или не било забележано дека има аномалии при тестирањето, продолжува да наплаќа од сумата.

За нивна среќа, во кол-центарот кој работи на англиски и на турски јазик, службеник го решил проблемот во 4 наутро. Таткото на девојката која го користела електричниот тротинет објави дека треба да се внимава затоа што можно е апликацијата од картичка да ги извлече сите средства, а пресметките велат дека за 24 часа тоа се 13.000 денари.

„ Јас не велам дека тоа е секојдневно. Тоа се функционални багови на една апликација кои не настапуваат секогаш, може скоро никогаш да не се појават но може во еден период да се појават често бидејќи при тестирањето на апликацијата пред да се пушти во работа истата, не биле пронајдени тие багови што е во случајов еден огромен пропуст на фирмата која го тестирала софтверот.

И замислете се појави таков функционален баг како синоќа што се случи со апликацијата на ќерка ми. Си брои пари. И ете вашето дете платило за услугата пред 10 дена и 10 дена не ја гледа апликацијата. После десет дена детето повторно ја вклучува апликацијата и сака да се вози, приметува дека таа си брои. 9ден е минута. За 24ч ќе ви набилда 13.000ден.

За 10 дена 130.000ден. Вистински хорор. 10 просечни тротинети ќе купите за тие пари. Нема кај да се обратите. Сметката е направена мора да си ја платите. Немоќни сте. Што правиме? Залудно е коси кубење. Се е залудно. Додека не го платите долгот не можете да избришете картичка, не можете да избришете акаунт. Не можете да се сокриете. Ве имаат и ве гледаат кои сте.

Ви го имаат телефонот. Не зборам ништо на памет. До 04ч синоќа лутавме и едвај ја исклучивме активноста на тротинетот преку online help со некој момак Ахмед, најверојатно од Турска (не тврдам) кој беше најверојатно задолжен синоќа како техничка поддршка. Му благодарам и за тоа. “, напиша незадоволниот корисник на својот Фејсбук профил.

Посета на заменик амбасадорот на Австралија за Србија, Црна Гора и Македонија и почесниот конзул на Австралија на Центарот за иновации и развој ИНОС

Центарот за иновации и развој Инос од Прилеп на 22 Мај 2023 година имаше чест да ги пречека заменик-амбасадорот Фил Андерсон од Австралиската амбасада за Србија, Македонија и Црна Гора и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски. Нивната посета беше во рамките на проектот “Pelagonija Rural Woman Training” што го реализираше ИНОС со поддршка на Австралиската амбасада.

За време на средбата беа презентирани резултатите и препораките од проектот фокусиран на зајакнување на руралните жени и поттикнување на социо-економскиот развој во Пелагонија.

Заменик-амбасадорот Андерсон и почесниот конзул на Австралија Зоран Костовски покажаа голем интерес и благодарност за достигнувањата во рамките на проектот, препознавајќи го позитивното влијание што органзиацијата го направи во заедницата. Исто така, средбата беше одлична можност да се разговара за идните иницијативи и стратегии за понатамошно унапредување на развојот на регионот.

За време на средбата присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески. Присуството на градоначалникот Јовчески овозможи директно да бидат презентирани препораките и наодите од проект, нагласувајќи ја важноста од нивно интегрирање во развојот на идните политики и стратегии за регионот. Исто така се разговараше и за можноста за збратимување на град Прилеп со некои австралиски градови.

Дополнително, две и жени и членки на организацијата Feel Krusevo кои учествуваа на обуките ги споделија своите инспиративни искуства. Нивните приказни послужија како доказ за важноста на зајакнувањето на жените од руралните области.

Од Ценатрот за иновации и развој ИНОС упатуваат срдечна благодарност до Австралиската амбасада за нивната континуирана поддршка и доверба во организацијата, верувајќи дека заедно и посветено може да се поттикант позитивни промени и да се создаде посветла иднина за жителите на Пелагонија.

Јанчев: Кавадарци по 30 години ја доби улицата Лазо Асијата, целосна инвестиција на општината, досега 80% ветени капитални проекти се остварени или отпочнати со работа

Една од поклучните инвестиции за 2023 година, токму е оваа улица Лазо Асијата. Како улица е позната на ова месно население затоа што повеќе од 30 години чекаа и очекуваа пробивање на самата улица и пуштање во функција затоа што поголем дел од жителите немаа сопствени прилази, односно немаа ни асфалт ни улица за пристапување со сопствените домови, истакна денешна градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Посочи дека со пробивањето на оваа улица која е комплетна инвестиција на општина Кавадарци од 25 милиони денари ќе се овозможи и за постоечките жители да добијат соодветен пристап, но и за дооформување на урбанистичкиот план, Лазо Асијата со повеќе од 70 парцели за домување за да може градот на оваа источна страна да го шириме и алтернатива за кружно движење.

-Морам да потенцирам дека се пристапи кон комплетно пробивање, потоа се изгради атмосферска канализација, канализациона и водоводна мрежа со соодветни приклучоци за идните инвестиции. Потоа се оформија тротоари и улично осветлување и асфалтна маса од два слоја, како што доликува на домаќинска општина, градење по сите теркови за оваа инвестиција да биде подолговечна.

Морам да кажам дека предизборните ветувања кои ги имавме во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно јас како градоначалник и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, дека голем дел од капиталните инвестиции, некаде околу 80% се остварени или отпочнати со работа.

Се што е отпочнато и остварено, буџетски и систематски ни е решено во делот на финансиската конструкција. Така да со домаќинско работење, со пристапно работење кон граѓаните, секоја општина, а особено општина водена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник како што доликува на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе го видат својот бенефит и во делот на искористување на средствата во правилна форма за интерес на граѓаните.

Сме работеле така, така и ќе продолжиме, и можам да кажам со среќа нека де оваа улица Лазо Асијата за користење на нашите граѓани, нагласи Јанчев.

(Видео) Сите 8 навивачи на Манчестер Сити ја прославија титулата на клубот

Целосна фудбалска доминација – Манчестер Сити е едноставно неприкосновен оваа година. Граѓаните се на добар пат да ја освојат тројната круна и со тоа да ја зокружат најуспешната сезона во историјата на клубот.

Уште еднаш се докажа, парите може да купат среќа – овој пат тоа ќе биде за сите 8 навивачи на Сити. Манчестер нема да види спектакуларна прослава како во Неапол оваа година. Можеби кога градот повторно ќе биде обоен во црвено работите ќе се променат:

Утре цел Прилеп на ТОЧАК! Секој е добредојден!

Традиционално утре 24 мај, на големиот празник на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Сите на велосипед“, чија цел е промоција на велосипедите, заштитата на животната средина и здравиот начин на живот.

И годинава ќе се вози до с. Мало Коњари меѓутоа не до аеродромот туку до Основното Училиште “Страшо Пинџур“.

За најмладиот и најстариот учесник се предвидени пригодни награди, а ќе има освежување за СИТЕ учесници.

БУКВАЛНО СИТЕ љубители на велосипедизмот и спортот СЕ добредојдени!

Турата започнува во 12 часот од пред “Реклами”.

СВР Битола ги “подбра” брзите возачи: Дури 103 казнети во текот на вчерашниот ден

Вчера (22.05.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 103 возачи. Од нив, 63 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 40 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.

40 дена по Велигден ни доаѓа еден од најголемите празници во годината: Ова се народните верувања поврзани со празникот

Спасовден, или празникот на Христовото вознесување на небото е четириесеттиот ден од Воскресението. Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо.

И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.

Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува.

Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.