дома блог страница 1141

Апceње во Битола: Кај две лица пpoнajдена ќеса со грутчеста материја, информираат од МВР

Денеска (31.03.2023) од страна на полициски службеници од СВР Битола на ул.„Стрчин“ во Битола лишени од слобода се А.Ј.(33) и И.Ѓ.(37) од Битола.

При преглед кај нив е пронајдена ќеса со грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Дојде живот: Пендаровски од утре на платата ќе добие зголемување од 72.500 денари, Ковачевски 50.000 денари, а Бетиќи дома ќе се врати со 55.863 денари повеќе!

Ниту криза ниту инфлација не ги чепка македонските функциониери по последната одлука на Уставниот суд со која нивните плати во просек ќе се зголемат за неверојатни 78%, објавува Сител.

Па така од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари.

Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 денари сега ќе скокнат за дополнителни 50.000 денари па од први на сметките секој месец ќе им префрламе по близу 2000 евра нето плата.

Зголемување ќе добијат и пратениците кои на сегашната плата од околу 60.000 денари ќе добијат плус 700 евра месечно и дома ќе однесат нето плата повисока од 1.700 евра.

Близу 80% повисока плата ќе добијат и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Меѓу оние кои ќе добијат повисока плата се и сите судии меѓу кои и тие од Уставниот суд кои практично со укинување на 2 члена од Законот за плати на функционерите го овозможија општото покачување.

Иницијативата до нив ја поднел адвокат од Скопје кој не сакаше да коментира. Интересно е што Уставниот суд по иницијативата одговорил во рекорден рок од само 4 месеци, додека други иницијативи пред уставните судии чекаат и по неколку години.

„Закон е закон и мора да го почитуваме“, објасни потпретседателот на Владата кој идниот месец дома ќе однесе близу 2.100 евра плата, или околу 900 евра повеќе.

Со месеци протестираме за покачувања од 2000 денари, а тие, преку ноќ платите си ги зголемија за 80%, реагира Синдикатот на вработените во јавниот сектор.

Дел од функционерите кои следниот месец треба да добијат повисоки плати, почнаа јавно да се откажуваат од покачувањето.

„Зголемувањето на платата, согласно одлуката на Уставниот суд во целост ќе го донирам за хуманитарни цели, семејства со ниски месечни примања и семејствата на уставобранителите. Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцункски.

Уставниот суд на седницата на 21 март донел одлука со која укина член од законот кој ја држеше основицата за пресметување на платите на функционерите на ниво од околу 26.000 денари. Потоа, оваа основица се множи со коефициент кој најчесто е меѓу 3 и 4 и се добива бруто платата на функционерот. Сега, по одлуката на судот, основицата од околу 26.000 скокна на над 46.000 денари а со тоа и платите на функционерите.

Браво дечиња: 13 награди и 2О признанија од УНЕСКО за Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола

Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троја – Франција информираат дека на учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот 3О јубилеен конкурс кој овој пат ја носеше темата “Спомени од иднината – Митови и легенди од мојата земја” доделени им се 2О индивидуални Благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 2О ученици од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

УНЕСКО оваа светска детска ликовна манифестација ја реализира 3О години а на годинешниот конкурс пристигнаа дела од над 7О земји во светот кои генерираа фонд од околу 4.ООО дела од кои 84О ја поминаа првичната селекција по која и се доделени Благодарниците – Признанијата.

Втората фаза опфати 3ОО дела по што следеше номинација на 2ОО ученици за 1ОО награди или најдобрите 1ОО во светот во детско сликарство. УНЕСКО ги најави номинациите на 8-ми март 2О23 година а ова се финалните резултати.
Од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола има 12 ученици кои се меѓу селектираните – номинираните и наградените 3ОО до 1ОО дела од 7О држави и тоа:

Фросина Полизовска [ 9 години ] – Меланија Кондовска [ 14 години ] – Велерија Костовска [ 16 години ] која го освои и третото место – бронзен медал во категоријата млади уметници од 14 – 17 години и Ангела Цветковска [ 18 години ].

Награди добија и учениците Никола Тасевски [ 1O години ] и Јана Талеска [ 1О години ] како и учениците Анастасија Наумчевска [ 14 години ] – Сара Наумовска [ 14 години ] – Ана Полизовска [ 14 години ] – Леа Стерјев [ 14 години ] – Марија Јанкуловска [ 15 години ] Сирма Спиркоска [ 15 години ] и Андреа Ресановиќ [ 15 години .]

Посебна покана за посета на церемонијата на доделување Награди има ученичката Валерија Костовска и Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на Специјална церемонија на доделување на наградите која ќе се одржи на 3 јуни 2023 година во Espace Argence во Троја – Франција.

Овој успех доаѓа во година кога Министерството за култура на Северна Македонија за УНЕСКО програмата со акцент на 24-тата светска детска ликовна изложба – конкурс и колонија во Евора – Португалија на студиото им додели нула денари финансиска помош.

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствениот претставник – учесник на УНЕСКО конкурсот за Северна Македонија за што посебно Признание добива студиото и Претседателката Елена Хаџи-Антоновска.
Патувањето на претставници од Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и наградените ученици засега како најавуваат од студиото за жал нема да може да се реализира.

3аедно игpaле на aпapaти, па го yбил: Kpвава дpaма утpoво во казино

Утрово во 8.05 часот пријавено е пyкање во казино на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Од МВР велат дека утрово било пријавено пyкање во близина на Млечен ресторан.

Во пyкањето има една жpтва. Во полициja е пpиjaвено дека во казиното „Вин Вин“ едно лице пyкало во Н.А. (46) од село Арачиново со кого претходно играле на апаратите, по што Н.А. им подлегнал на повpeдите.

Од Министерството за внатрешни работи најавени се детали за пyкањето од кое граѓаните од утрово се вознемиpeни.

Полициски екипи се веќе на терен и се работи на откривање на детали што точно се случило.

Tурција попyшти: Ердоган го одобри влезот на Финска во НАТО

Турскиот парламент синоќа ја ратификуваше одлуката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот за Хелсинки да и се приклучи на Алијансата во време на беснеење на војната во Украина, јавија британските медиуми.

Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што го ратификуваше членството на Финска, откако унгарскиот законодавен дом го стори тоа претходно оваа недела.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно месецов изјави дека Финска ја обезбедила наклонетоста на Турција по преземањето конкретни чекори за одржување на ветувањата за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористи и за ослободување на извозот на воена стока.

Финска и Шведска минатата година поднесоа барање за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз како одговор на руската инвазија врз Украина, но процесот беше блокиран од Турција и Унгарија. Парламентите на сите членки на НАТО мора да ги ратификуваат новите членки.

Турција, од друга страна, се уште го одложува одобрувањето на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Утре пелагиниско дерби во Прилеп: Да ги поддржиме момците од Мега баскет!

По првиот пораз минатата недела против Тетекс во Тетово, Мега баскетџиите од Прилеп викендов ја пречекуваат екипата на Хераклеа од Битола.

Битолчани се петтопласирани со скор од пет победи и осум порази, а прилепчани ќе го бркаат дванаесеттиот триумф.

Натпреварот се игра утре (сабота) во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” со почеток од 16:30ч.

Да ги поддржиме момците со цел да го задржат првото место на табелата и да ги зголемат шансите за влез во повисок ранг на натпреварување.

Дpaма во обложyвалница во Ропотово: Kpшел се наоколy и нападнал свој соселанец

На 28.03.2023 полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода И.П. (46) од с. Ропотово.

Тој во спортска обложувалница во селото со упoтpeба на дрвен предмет физички го нападнал Б.А. (47) од истото село и го наpyшил јавниот peд и миp со кpшење на предмети.

По документирање на случajoт пpoтив него ќе следува соодветна пpиjaва – информираат од СВР Битола.

Пpeтpec во Прилеп: Пронajдена мapиxyана и шишиња со течност со темно зелена боја, велат од МВР

Денеска (30.03.2023) околу 10.30 часот, по претходно добиена судска наредба, од страна на полициски службеници од СВР Битола извршен е претрес во дом кај В.И. во Прилеп, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, бела грутчеста материја, четири шишиња со течност со темно зелена боја. В.И. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – информираат од СВР Битола.

Ниту криза, ниту инфлација: Ги замрзнаа макароните, ама платата му се покачи за 78%?

Ниту криза ниту инфлација не ги чепка македонските функциониери по последната одлука на Уставниот суд со која нивните плати во просек ќе се зголемат за неверојатни 78%, пренесува Сител ТВ.

Од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари. Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 денари сега ќе скокнат за дополнителни 50.000 денари па од први на сметките секој месец ќе им префрламе по близу 2000 евра нето плата. Зголемување ќе добијат и пратениците кои на сегашната плата од околу 60.000 денари ќе добијат плус 700 евра месечно и дома ќе однесат нето плата повисока од 1.700 евра. Близу 80% повисока плата ќе добијат и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Меѓу оние кои ќе добијат повисока плата се и сите судии меѓу кои и тие од Уставниот суд кои практично со укинување на 2 члена од законот за плати на функционерите го овозможија општото покачување.

Целата статија можете да ја прочитате на Сител.

Драма во австрискиот парламент: Пратеници ја напуштија салата за време на говорот од Зеленски

Претставниците на екстремно десничарската Партија на слободата денеска го напуштија Долниот дом на австрискиот парламент за време на онлајн говорот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, во знак на протест против нарушување на австриската неутралност.

Пратениците од проруската, екстремно десничарска Партија на слободата го напуштија Долниот дом на австрискиот парламент за време на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленскиј се обрати до комората преку видео-врска во четвртокот, заблагодарувајќи се на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти како што е чистење на нагазни мини.

Екстремно десничарските политичари рекоа дека протестираат против говорот бидејќи го прекршил принципот на неутралност на Австрија.

Партијата на слободата (ФПО), сепак, предупреди неколку дена претходно дека ќе одржи некаков облик на протест против обраќањето на Зеленски. Нејзините пратеници присуствуваа на почетокот на говорот, а потоа си заминаа.