Новите Luna Premium кремови од Витаминка – едноставно НЕОДОЛИВИ!
Не чекајте, побарајте ги во најблиската продавница и уживајте во неодоливите премиум вкусови, а сега и во новиот вкус на ф’стак!
Еднострано е раскинат договорот за изградба на болницата во Штип, открива министерот за здравство, Фатмир Меџити, во интервју за „Макфакс“. Тој посочува дека ќе ја активира и банкарската гаранција бидејќи болницата се гради 16 години, требало да биде готова во 2018 година, а не е завршена ниту во 2023 година.
„Не еднострано, затоа што ние имавме право, требало да биде изградена во 2018 година болницата во Штип, не била изградена. Па требало до 2023, до сега јуни што помина требаше да се дава во употреба болницата, не е дадено и јас постапив, го раскинав со сите права кои ги имаме и тука ќе ја активирам и банкарската гаранција, значи многу сум сериозен во моето делување и јас и тимот“, рече Меџити за „Макфакс“.
За да не се гради уште 15 години, треба да се спроведе нова процедура која може да трае најмногу шест месеци.
Точно нова процедура, за да еднаш засекогаш таа болница и тој дел на источна Македонија да добијат објект каков доликува на здравство и да примат такви здравствени услуги. Ја знаете мојата изјава кога бев во Штип што ја кажав во старата болница, навистина таму има многу добар кадар, многу добри здравствени работници што макотрпно работат“, додаде Меџити.
Нина Нинковиќ од Нови Сад постави прекрасен пример за помладите генерации. Таа продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на својот татко, а сега неколку дечиња од Гевгелија се инспирираа од нејзината идеја.
На свои штандови тие продаваат крофни, колачи и лимонада, а собраните средства ќе ги донираат за лекувањето на сограѓанката Луна.
Поради асфикција на мозокот при пораѓај Луна Поп Костова се здобила со дијагнозата „Спастична церебрална парализа – квадриплегија“. Таа веќе година и пол се бори со сколиоза во последен стадиум и потребна ѝ е итна операција во Турција.
Марија Митрова, девојчето кое прави и продава крофни во Гевгелија, рекла: „Јас морам да соберам пари за нашата Луна да биде покрај нас, да не ѝ згасне животот“.
Долгогодишниот летонски министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс, стана првиот отворено деклариран хомосексуалец на чело на земја-членка на Европската унија.
Ринкевичс (49), кој ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи од 2011 година, во Рига положи заклетва како претседател на државата.
Иако генерално е церемонијална функција, летонскиот претседател може да стави вето на законите и да распишува референдуми.
Во Европската унија претходно гејшефови на влади, но никогаш порано за шеф на држава не бил хомосексуалец.
Ринкевичс прво отворено и јавно кажа дека е хомосексуалец во 2014 година и оттогаш е гласен застапник на правата на ЛГБТ заедницата.
Хомосексуалните бракови не се легализирани во Летонија, иако минатата година Уставниот суд на земјата ги призна истополовите заедници.
Сирискиот бегалец Ријан Алшебл официјално положи заклетва како градоначалник на германскиот град Остелсхајм на свечена седница на Општинскиот совет.
Алшебл (29) побегна од војната во Сирија пред осум години. Во април 2023 година, граѓаните на германската општина со 2.500 жители го избраа за нов шеф на Градското собрание со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто.
Мрежата на млади градоначалници соопшти дека не знае за друг бегалец, кој пристигнал во Германија во 2015 година, а сега е градоначалник на германска општина.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во наредниот денови следува период на стабилно, суво и многу топло време со значителен пораст на температурата.
Над 2.000 анти-ЛГБТ демонстранти упаднаа во саботата на Парадата на гордоста во главниот град на Грузија, Тбилиси, при што ги принудија да го прекинат настанот.
Меѓу напаѓачите имало и православни свештеници. Тие се судриле со полицијата, а потоа ги палеле и знамињата со виножито.
? Opponents of LGBT broke through the police cordon of the festival dedicated to the closing of the "Pride Week" in Tbilisi
The situation at the pervert festival site has become uncontrollable.
? “ Friends, do not come here. There was an evacuation from the territory, no one pic.twitter.com/P2fS68whPz
— AfroBendel (@BGlobalNaija1) July 8, 2023
Извадоци од дневниот билтен со настани на МВР
-На 09.07.2023 во 00.40 часот во Полициската станица Битола, В.Ј.(29) од Битола пријавил дека на 08.07.2023 во 23.15 часот во Битола бил физички нападнат од едно женско лице.
-На 09.07.2023 во 11.21 часот во Полициска станица Битола, Ј.Ј.(45) од с.Грнчари, ресенско, пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Битола, поради недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица.
-На 08.07.2023 во 16.00 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека околу 11.40 часот во Битола е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.П.(60) и З.П.(42), двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Александар Волкановски е веројатно најдобриот борец на сите времиња во оваа категорија. Австралијанецот со македонско потекло по петти пат го одбрани шампионскиот појас, а овој пат со технички нокаут во третата рунда над Јаир Родригез од Мексико.
Волкановски многу често зборува за своето македонско потекло на социјалните мрежи. Неговиот татко е Македонец роден во битолското село Беранци, а мајка му е Гркиња. Малку чудна комбинација, но “Волк” е наш и не им го даваме на Грците.
Во продолжение уживајте во неговите македонски рецепти: