дома блог страница 1137

Teшка сообраќајка на ул. “Филип Втори Maкедонски” во Битола: Се судрија три возила, 5 лица повредени

На 25.05.2023 во 07.37 часот било пријавено дека во Битола, на ул.„Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички моторни возила со битолски регистарски ознаки, и тоа: „шкода“, управувана од Б.Ј.(18) од Битола, „опел“, управуван од В.Г.(67) од с.Крклино, битолско и „ауди“, управувано од Т.К.(45) од Битола.

Во несреќата, возачот Т.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетник од Битола, сопатник во возило „шкода“, како и сопатниците во возилото „ауди“, Н.Н.(44) од с.Живојно, битолско и З.С.(54) од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Прва национална Олимпијада за вселената: Сите ученици од овие градови можат да се пријават за натпреварот во ПРИЛЕП!

По 10-годишниот јубилеј на хакатонот NASA Space Apps Challenge кој традиционално се организира од страна на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс со поддршка на Американската Амбасада, следуваат нови извонредни можности за сите ученици кои уживаат во откривање на мистериите на вселената, создавање нови иновативни решенија, и се страсни вљубеници во информатика, физика, хемија, биологија, математика, технологија и сѐ што вклучуваат СТЕМ вештините.
Стартувајќи од февруари па сѐ до септември 2023 ќе се случува Првата Национална Олимпијада за вселената во сите региони на Р. Македонија, а 5 градови ќе ја имаат честа да бидат првите домаќини. Целта за организација на национална олимпијада за вселената е промоција на СТЕМ вештините и зголемување на интересот кај учениците од целата држава за техничките професии, како и можноста да станат „Граѓани Научници“ (Citizens Scientists) преку трансфер на знаења и искуства од страна на претходните учесници и ментори на хакатоните NASA Space Apps Challenge.
Последната локација за хакатонот е предвиденa во Прилеп, на 15.06 четврток, а наши домаќини се ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп со почеток од 10.00 часот до 17.00 часот по што ќе следува и прогласувањето на победниците. Учество во овој регионален натпревар можат да земат сите ученици од следните градови и населени места: Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Гевгелија, Кавадарци, Велес, Богданци и Свети Николе.
Сите заинтересирани училишта од соодветните региони ќе можат да пријават неограничен број на тимови, а секој тим треба да има 2 до 3 учесници кои ќе можат да се натпреваруваат во една од двете категории, преку решавање на предизвици зададени од страна на американската агенција за вселенски истражувања NASA во областа NASA STEM Education.
Категории:
1. Ученици од 8 и 9 одделение од основните училишта
2. Ученици од 1ва до 4та година од средните училишта
Сите заинтересирани учесници ќе можат да се пријават најдоцна до 12.06.2023 до 18.00 часот преку нашиот формулар за аплицирање: https://forms.gle/d9Z9JMqKAYnjKdqK9
Предизвици:
1. Истражи што се BallonSAT и какви видови на експерименти можат да се постават на нив и направи power point презентација и/или мал прототип https://www.nasa.gov/…/features/explorers_balloons.html
2. Избери интересен мит за некоја научна појава, истражувај онлајн и направи видео за твоите откритија со цел да го разоткриеш и да ги поттикнеш другите на размислување https://nasaeclips.arc.nasa.gov/resources/sdchallenge
3. Направи забавен и едукативен стрип за патување од Земјата до Марс. Можеш да користиш било какви материјали и техники, вклучително и компјутер https://www.nasa.gov/…/files/artemis_comic_activity_en.pdf
Еден тим ќе може да избере само еден предизвик што ќе го решава заедно со свој ментор наставник и ќе изготви кратка 10 минутна презентација за креираното решение пред комисија на денот закажан за регионалниот еднодневен хакатон. Доколку се одлучат за физичка изработка треба да користат материјали што ги имаат во училиште или дома (ластик, балон, хартија, пластично шише, дрвени прачки, метални плочки, штрафчиња и слично). Ќе се оценува пристапот, иновативноста и знаењето како функционираат нештата, а не користењето на скапи материјали во изработката.
Посебно ги поттикнуваме наставниците ментори да формираат родово и етнички мешани тимови ставајќи акцент на промоција на техничките вештини и професии и меѓу девојките, како и зајакнување и унапредување на соживотот и соработката меѓу младите.
По презентациите, жирито ќе ги прогласи првите три места во двете категории (категорија основци и категорија средношколци), а тимовите кои ќе бидат прогласени за прво пласирани ќе си обезбедат учество на финалниот настан на средината на септември во Скопје за прв пат ќе бидат лансирани 2 метео балони BallonSAT кои ќе летаат до почетокот на вселената, а ќе бидат опремени со сензори и експерименти направени од победниците на регионалните натпревари.
Трошоците за пат за учениците кои не се од градот домаќин во висина до 700 денари по учесник ќе бидат надоместени од страна на организаторот.
За време на самиот натпреварувачки ден за сите учесници и ментори ќе бидат обезбедени освежување и 1 оброк.
Ќе ни претставува посебна чест доколку и вашето училиште се прикличи кон овој единствен настан со свои учесници.
За сите дополнителни информации и прашања ве молиме да се обратите на Катерина, тел. 070 260 149.
Со почит,
Тимот на Првата национална олимпијада за вселената

„Ja прекинувам Задруга во рок од 10 дена“ соопшти Жељко Митровиќ: „Оваа одлука ја донесов по препорака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“

„ЈА ПРЕКИНУВАМ ЗАДРУГА ВО рок од 10 ДЕНА“ соопшти Жељко Митровиќ: „Оваа одлука ја донесов по препорака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“

– По препорака на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да ја откажам реалити програмата „Задруга“ во најкус можен рок, не подолго од десет дена. Сметам дека единството на Србија и оценката на претседателот на Републиката се поважни од секаков вид на интерес на Пинк или мој личен интерес – објави Митровиќ на својот Инстаграм профил.

“Tотален хорор за еден обичен Влаф во Скопје”: Сведоштво на млад човек кој ги користел новите тротинети

Фејсбук статус на Антонио Димитровски, кој имал лошо искуство со новите електрични тротинети во Скопје

-Драги пријатели, избегавајте ги услугите на Bin Bin тротинетите. Поради мојата радозналост имав тотално негативно искуство со истите. Во неделата после 00-00 часот ја активирав апликацијата и земав тротинет пред Централен регистер.

Поради тоа што не можеше да развие брзина повеќе од 10 km/h го возев само 2 минути и го оставив под железничка. Со 10 km/h те касапат на минутажа.Една минута е 9 денари. 30 минути пробував да излезам од апликацијата. Иако не го возев, тајмерот си вртеше и си збираше пари.

Тотален хорор за еден обичен Влаф. Префрлањето на пари во wallet-от беше блокирано. End ride не работеше.
Телефонската поддршка не беше достапна (работи само до 23-00 часот). Го оставив без да го исклучам, немаше друга опција. Ми зарачунаа околу 360 денари дека сум им должен.

360 ебени денари од Централен регистер до Железничка. За тротовите што ги фрлиле во река или контењер не жалете, осигурани се 100%. Уште една шема за финансиско касапење на недолжна клиентела – напиша младиот скопјанец на својот Фејсбук профил.

Вечерва ракомет во Прилеп: Во “Ристе Ристески – Ричко” гостува екипата на Голден Арт

Денеска со почеток 19 часот во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, РК Прилеп го игра последниот натпревар од Супер лигата.

Во Прилеп гостува екипата на РК Голден Арт, а натпреварот ќе биде одлична можност за прилепчани растеретено, откако минатиот викенд обезбедија опстанок во најелитното ракометно друштво, да одиграат за публика.

Од клубот бараат поддршка од вљубениците на ракометот во Прилеп, да ги поддржат во што поголем број, за достојно да ја завршат сезоната во Супер лигата.

Тежок инцидент вечерва на селска слава во прилепско – Со автомобил влетал меѓу насобраните мештани, меѓу кои имало 20-тина деца? МВР НА ПОТЕГ! (ВИДЕО)

Teжок инцидент се случил вечерва во село Секирци, општина Долнени, кога лице во алкохолизирана состојба со автомобилот влегол во толпа луѓе.

Голем број жители на ова и околните долненски села вечерва за Спасовден биле собрани на прослава, кога од нигде никаде дошол извесен Фикрет од село Пешталево и според кажувањето на мештаните, лудувал со автомобилот, а насобраните луѓе бегале да спасат жива глава.

Меѓу насобраните жители имало и дваесетина дечиња, кои преплашени од разбеснетиот возач бегале и плачеле. После тоа организаторите на прославата повикале полиција, а пијаниот возач направил инцидент и пред полициските службеници, удирајќи еден од организаторите со тупаница, на што според кажувањето на присутните, униформираните лица не реагирале.

За среќа во целиот инцидент нема повредени лица, а не е познато што го натерало жителот на Пешталево да предизвика ваков инцидент, и да го загрози животот на 20-тина дечиња, кои со своите родители, баби и дедовци биле присутни на прославата за празникот Спасовден.

Останува МВР да ги утрврди точните причини за настанот и да преземе се’ што е потребно ова лице да одговара за стореното дело.

Во продолжение и дел од траорните сведоштва на мештаните за овој немил настан:

Николоски открива: 36.500 евра месечна плата ќе добиваат 5 лица „специјалисти“, кои ќе бидат ангажирани за Коридорите

Со мене го носам еден од најсомнителните делови на договорот каде што вели дека изведувачот има право да ангажира специјалист или специјалисти во множина чии што број ќе биде договорен помеѓу изведувачот и владата, кој што ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, понатаму студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите. Значи ова се најмалку четири спецификации што значи дека еден координатор и четири вакви, најмалку пет вакви лица би имало ангажирано, иако бројот е недефиниран, што значи дека може да се и 15 и 20 и 50 лица. Месечната плата ќе биде ни помалку, ни повеќе 36.500 евра. Значи овој специјалист ќе зема 36.500 евра, ексклузивно објави нови делови од договорот за изградба на коридорите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

На прашањето дали ова се суми пресметани во договорот од 1 милијарда и 300 милиони евра, Николоски посочи дека оваа сума од 11 милиони евра за ангажирање на специјалисти не е пресметана и тоа се дополнителни средства кои што ќе ги плаќа владата.

Не, ова се суми кои што дополнителни треба да ги плати владата. Што значи теоретски доколку еден човек се ангажира за 5 години колку што владата вели дека ќе се изведат автопатите, во тој случај само еден човек би зел 2 милиони и 190 илјади евра. А доколку се ангажираат најмалку 5 лица колку што минимум треба да се ангажираат според овој договор, тие би зеле фантастични 11 милиони евра дополнителни средства од владата, изјави тој.

Николоски направи компарација и рече дека претседателката на Европската комисија зема плата од 22 до 24 илјади евра месечно, додека лица кои не се инженери туку само еден вид на надзор ќе земаат поголеми примања.

Не е спорно дали се експерти или не, спорно е што претседателката на Европската Комисија Урсула Фондер Лаен има 22 до 24 илјади евра месечна плата. И спорно е што нема инженер во светот кој што зема 36.500 евра месечно, а овие не се ни инженери, овие се специјалисти кои што треба да надгледуваат како се одвива работата на автопатот, значи некој вид на надзор. Тоа е во делот 13 страна 2 од 13 и вториот дел 3 од 13, нагласи Николоски.

Николоски ја повика владата на СДС и ДУИ да го демантира или да го потврдат ова што тој го изнесува, укажувајќи дека со самото тоа што се крие договорот од јавноста само по себе остава сомнеж за криминал.

Нека излезат од влада нека демантираат или нека потврдат дали е ова вистина. Нека излезат и нека кажат бидејќи само по себе остава сомнеж во јавноста на кој начин ќе се трошат парите затоа што не сакаат да го објават договорот. И тука има два моменти. Прво е да излезат и да кажат еве го договорот и да го видиме и да споредиме дали ова што го кажувам е вистина или не. И втората работа мора да понудат одговори во јавноста зошто ова е направено, дециден е Николоски.

Од Сомбор до врвот на светот: Kaко Американците го потценуваа Србинот во 2014-та – “Јокиќ просечен и ограничен играч” –

Кога пред девет години пристигна во НБА, никој во своите најлуди соништа не можеше да замисли дека Никола Јокиќ ќе прерасне во еден од најдобрите центри на сите времиња.

Двократниот МВП во најсилната лига во светот и човекот кој го одведе Денвер до првото НБА финале во историјата на франшизата, беше избран дури во втората рунда на драфтот како 41. пик.

Дека практично немале никакви очекувања од Србинот, потврдува и извештајот на американските скаути од 2014 година, кој легендарниот тренер на НБА Џорџ Карл го објави на својот Твитер профил.

“Просечен спортист кој нема брзина и способност за скокање. Можеби ќе му биде тешко да остане пред спортистите во НБА. И покрај тоа што е млад, изгледа дека има ограничени способности поради недостатокот на експлозивност.”

https://twitter.com/CoachKarl22/status/1661509663630974978?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1661509663630974978%7Ctwgr%5E37925a6344859646f5e84330b03263991bcbf1e4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F4167926%2Fdzordz-karl-objavio-analizu-jokica-iz-2014

Тешка сообраќајка кај битолско Долно Оризари: Двајца соселани се судрија со автомобилите

На 24.05.2023 во 07.15 часот било пријавено дека на патот за с.Долно Оризари во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „мерцедес“, управувано од Г.Н.(34) од с.Долно Оризари и патничко возило „шкода“, управувано од М.Т.(66) од истото село, двете со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Заврши општинската лига во Американски билјард во Прилеп: Ова се најдобрите за оваа сезона (ФОТО)

Во просториите на клубот од Здружението на билјардисти Прилеп, од 12 декември 2022 до 17 мај 2023 година, се одржа втората општинска лига во Американски билјард – дисциплина деветка.

21 играч на број се натпреваруваа во 21 коло, а оваа сезона најдобра игра покажаа Благоја Недановски, кој ја освои лигата и се закити со златниот медал, Коста Катов беше втор, а Кире Зајкоски го освои третото место.

-Ние како здружение на билјардисти Прилеп, по прикажувањето на врвни резултати во овој спорт се надеваме дека во иднина ќе добиеме нови членови (јуниори и сениори) љубители на овој спорт, како би станале подоминантни на сите натпреварувања. Следната општинска лига ќе започне во октомври, во дисциплина осумка. Се надеваме дека во иднина ќе наидеме на помош од локалната самоуправа. Честитки до медалистите – порачаа од прилепскиот билјард клуб.