дома блог страница 1134

Бајден и Блинкен го поздравија реизборот на Ердоган за претседател на Турција

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа пред полноќ му ја честита победата на Реџеп Таип Ердоган и повторниот избор за претседател на вториот круг избори во Турција.

„Со нетрпение очекувам продолжување на заедничката работа како сојзуници во НАТО, во однос на билатерални прашања и општите глобални предизвици“, напиша американскиот претседател на Твитер, не напоменувајќи за неодамнешните тензии меѓу Вашингтон и Анкара.

Државниот секретар Ентони Блинкен исто така го поздрави изборот на Ердоган, нарекувајќи ја Турција „ценет сојузник и партнер во НАТО“.

„Со нетрение очекувам продолжување на нашата заедничка работа со владата избрана од турскиот народ“, напиша тој на Твитер денеска.

Блинкен исто така високо ја оцени излезноста на гласачите во неделата и „дамнешните демократски традиции“ на Турција.

Во изминатите години односите меѓу САД и Турција се усложнија, вклучително и поради репресиите врз неистомислениците на Ердоган, воените операции во Сирија и тесните врски меќу Анкара и Москва, па дури и по инвазијата на Русија во Украина. Исто така и поради пречките што Анкара ги прави во процесот за членство на Шведска во НАТО.

ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ организатор на меѓународна работилница – “Ајде да креираме музика заедно”

Во текот на изминатата недела, Основното музичко училиште беше домаќин и организатор на музичка работилница под наслов “Ајде да креираме музика заедно” на која присуствуваа дел од професорите на училиштето, како и гости професори од Основното музичко училиште Источно ново Сараево – Република Босна и Херцеговина и средното музичко училиште Даворин Јенко од Република Србија.

На Работилницата беа претставени претходно разработени истражувања и методи кои се однесуваат на неформалното музичко образование, како и дел од нашата традиционална музика и фолклор. Оваа работилница даде голем придонес во севкупниот развој на музичкото образование, промоција на македонскиот фолклор, промоција на нашиот град како и размена на искуства и идеи помеѓу трите училишта.

Музичкото училиште оваа година за прв пат во неговата историја беше добитник на грант од 13.750 евра од Wester Balkans Fund за спроведување на овој проект, а после десет години за втор пат е домаќин на колеги надвор од Република Македонија.

Со одржувањето на оваа работилница училиштето и професорите остваруваат несомнено голем чекор во развојот и работата на училиштето на интернационално ниво, а во следните месеци професорите ќе бидат гости и ќе ги презентираат нивните музички истражувања во училиштата во Белград и во Сараево.

На самиот крај од работилницата беше одржан мал концерт пред колегите од другите училишта на кој настапија ученици од музичкото училиште, а на кој учениците беа наградени со громогласен аплауз и овации.

 

Сугарески: Со еден проект асфалтиравме 427км

На денешната трибина „Резултати што прават разлика” членот на Централниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски посочи дека преку изградбата на коридорот 10 Д конечно се стави крај на дилемите кој и кога ќе го гради автопатот кон Битола.

„Драго ми е што оваа трибина се одржува во Битола и што токму од овде можам да кажам дека ние го затворивме ветувањето на сите партии досега што се однесува за овој дел од државата. Конечно, започна да се гради автопат Битола – Прилеп. Тој автопат започна да го гради СДСМ и следната влада на СДСМ во следниот мандат ќе го заврши овој автопат” порача Бочварски.

Бочварски посочи дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 кога износот на капитални проекти бил 286 милиони евра, минатата година СДСМ реализираше реализираше капитални проекти во износ од 465 милиони евра и најави дека тој износ за оваа година ќе биде уште поголем.

Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески истакна дека го СДСМ ја презеде власта, наследи целосна катастрофа во инфраструктурата, згрешени проекти за автопати и никаков план за натамошен развој.

„Покрај тоа што ги решивме наследените проблеми и ја одглавивме работата на неколку автопати и експресни патишта и тие се изградија или се при крај на изградба, ние вложувавме и во проекти на локални патишта и улици како поддршка кон општините. Станува збор за проектот со Светска банка од 70 милиони евра со кои ги поддржавме сите 80 општини и Градот Скопје. Со тој проект изгради се 427 километри, а секоја општина доби најмалку 500.000 евра директна финансиска помош за развој на ифраструктурата” посочи Сугарески.

(Видео) Функционер испразнил цело езеро за да си го пронајде телефонот

Владин функционер во Индија е суспендиран откако наредил да се испразни езерото  за да си го пронајде телефонот.

Раџеш Вишвас, инспектор за храна, се обидувал да направи селфи кога неговиот телефон Самсунг, вреден околу 1.200 долари, паднал во браната Керката во централната индиска држава Чатисгар.

https://twitter.com/AnnuKaushik253/status/1662169303918202880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1662169319000662016%7Ctwgr%5E3549a75bc723df3dcee498a5076802ad75d2b3f3%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4168952%2Fisusio-jezero-da-bi-pronasao-telefon-indijski-zvanicnik-pravio-selfi-kad-mu-je-samsung-vredan-1200-dolara-mu-pao-u-vodu

Кога локалните нуркачи не успеале да го најдат, тој донел дизел пумпа која работела три дена.

https://twitter.com/AskAnshul/status/1662167078730862593?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1662167078730862593%7Ctwgr%5E3549a75bc723df3dcee498a5076802ad75d2b3f3%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4168952%2Fisusio-jezero-da-bi-pronasao-telefon-indijski-zvanicnik-pravio-selfi-kad-mu-je-samsung-vredan-1200-dolara-mu-pao-u-vodu

А можеше денеска наместо во Монако, да се вози Формула 1 кај нас, ама вие избравте да не му верувате на овој “визионер” (ВИДЕО)

Eдно мало потсетување на големото визионерство на човекот кој на граница ни ги донесе “Фејсбук” и “Гугл”….само што не влегоа. Ќе ви правеше и стаза за Формула 1… Хамилтон, Верстапен, Перез и Алонсо ќе пиеја кафе кај нас.. ќе пробавте и од тоа шампањнското големото, ама вие одбравте да не му верувате. ЕХxxx!!!

Готово е: Ердоган продолжува да владее со Турција!

Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган е на прагот да освои уште еден мандат во Турција. Тој победи со 51,8 отсто, од пребројани 99 отсто од гласовите, јавија агенциите кои ги следат претседателските избори во Турција. Наспроти него противкандидатот Киличдароглу освои 48,2 отсто од гласовите на Турците.

-Почитувајте го резултатот на народот, рече портпаролот на Ердоган додека се чекаат конечните резултати за вториот круг од турските избори со Ердоган предводник на Киличдароглу. Денеска е денот кој вечно ќе го паметиме“, рече меѓу другото.

Во Турција денеска право на глас имаа над 64 милиони гласачи, а на гласање излегле речиси 53 милиони, или околу 85% од гласачите.

РК Прилеп го продолжи договорот со најдобриот дефанзивец во своите редови

Eкипата на РК Прилеп го обезбеди опстанокот во Супер лигата уште минатиот викенд, а вчера со убедлива победа против Голден Арт, го освои третото место во плеј-аут разигрувањето.

Ова беше одлична вест за сите ракометни вљубеници во градот под Марковите Кули, кои и наредната сезона ќе гледаат прволигашки ракомет.

Веќе денеска пристигнува нова добра вест од клубот. Имено, одличниот дефанзивец, Филип Велески, ја продолжува соработката со клубот, и ќе ги брани боите на Прилеп и идната сезона.

Одличен во одбраната, по потреба ефективен и во нападот. Искусниот играч кој може да игра на повеќе позиции повторно ќе е непробивлив столб на прилерската одбрана.

Излегоа психолошките наоди за монструмот од Врачар: “Тој бил нарцисоиден и размислувал како да има 20 години“

Специјалистот по судска медицина, д-р Љубиша Божиќ, смета дека според досегашните информации може да се заклучи дека момчето убиец Коста К.(13) од Врачар верувал дека е подобар од сите и бил нарцисоидна личност.

Тој посочува дека изјавата на мајката е важна за истрагата, но оти вината за масакрот што се случи не е кај неа.

„Точно е дека мајката можела да реагира доколку забележала дека нешто не е во ред, што би го видела доколку максимално се фокусирала на момчето. Меѓутоа, промените кај децата на таа возраст се чести и логично е тоа да се припише на пубертетот. Никој не го познава вашето дете подобро од вас, а да беше фокусот на него, можно е многу работи да беа поинаку“, вели д-р Божиќ, пренесе „Информер“.

Според него, момчето не се ни однесувало како некој што има само 13 години, бидејќи го променило однесувањето кон најблиските токму кога го смислило пеколниот план, туку постапувал како да има 20 години.

„Се однесува и размислува како дваесетгодишник. Барал внимание од околината, родителите, пријателите, а кога видел дека не реагираат на него онака како што тој би сакал, во тој момент почнал да кова план и да ‘става маска’“, вели специјалистот.

Дури кога испланирал сè, објаснува д-р Божиќ, почнал да се однесува нормално кон родителите и пријателите.

„Тоа го направил, најверојатно, затоа што не сакал да се истражи неговото однесување и да му се уништи планот. Она што е видливо во неговото однесување е дека тој беше особено нарцисоиден. Тоа порано се гледало во неговиот однос кон другарите во училиштето. Бил убеден дека е различен од сите, но во смисла дека е подобар. Коста бил неговиот најголем проблем. Запоставувањето од страна на родителите во овој случај не може да се сфати како буквално, бидејќи пред се било во главата на момчето“, рече вештакот.

Српските медиуми вчера објавија детали од сослушувањето на мајката на Коста. Таа во полицијата зборувала за неговото здравје, односот со врсниците, семејните односи. Кажала и што правел Коста деновите и кобното утро пред масакрот. Сите детали од сведечењето, на ЛИНКОТ.

Полни раце работа за полицијата синоќа во Битола: Двајца млади битолчани нападнале полицаец, друг се заканувал на обезбедување…

Денеска (28.05.2023) во 03.30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Д.(22) и В.С.(28), двајцата од Битола поради тоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Денеска (28.05.2023) во временскиот период од 00.00 до 01.30 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена била акциска контрола и во еден угостителски објект во Битола биле затекнати 4 малолетници после 00.00 часот.

На 27.05.2023 во 20.20 часот во спортска сала во Битола од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Б.В.(39) од Битола поради тоа што упатувал закани на четворица вработени во агенција за обезбедување кои извршувале работни задачи во салата каде се одржувал ракометен натпревар.

Трагедија на патот Битола-Прилеп: Доцна синоќа битолчанка со автомобил усмртила пешак

На 27.05.2023 во 23.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп кај с.Долно Српци патничко моторно возило “форд“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(45) од Битола (женско лице), удрило во Џ.Ф.(52) од Р.Албанија.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.

Со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.