дома блог страница 1135

“Фашист”, oценка од Самак за сенаторот, кој се закани дека ќе се нарушат односите помеѓу Македонија и САД, ако не го смениме уставот

Екс министерот за странски инвестиции Веле Самак кој има и американско државјанство го нарече фашист американскиот сенатор Крис Марфи кој за време на посетата на Македонија се закани дека ако земјава не го смени уставот и не ги стави Бугарите во него може да бидат нарушени односите меѓу Америка и Македонија.

,,Ако нема реакција на овој фашист од Македонски заедници во Америка како Обединета Македонска Дијаспора и слични, тури му пепел. Барем ќе му стани на сите јасно што значело Македонија2025″, напиша вообичаено смирениот Самак кој очигледно е погоден од заканите од Марфи.

Несекојдневен перформанс во Прилеп: Публиката уживаше во претстава на “Могилата на непобедените” (ФОТО)

Во чест на Коле Чашуле – авторот во фокус на претстојното 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, синоќа на “Могилата на непобедените”, беше одигран Музичко-драмскиот перформанс „Црнила ремикс“ во режија на Јордан Симонов.

Гостувањето е подарок на театарскиот фестивал за својата публика во Прилеп, вели Ана Стојаноска, директорка на фестивалот.

-Како што Коле Чашуле го посвети името Могила на непобедените, така МТФ „Војдан Чернодрински” го посветува овој настан на нашиот автор во фокус Коле Чашуле – вели Стојаноска.

„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на „Зад аголот“ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп супкултурата.

Претставата имаше премиера на 28 септември 2018 година. За музиката и препевот во претставата се погрижија Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад аголот“). Улогите ги толкуваат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска (Емилија Мицевска), Павле Димковски. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска. За видеото се погрижија Милан Блажевски и Борис Таковски.

Дизајнер на тон – Симон Кипровски, дизајнер на светло – Илија Тарчуговски. Графичкиот дизајн е на Бисера Михајловска, а за фотографијата се погрижи Кире Галевски. Продуцент е Русе Арсов.

Мицкоски со тројно поголем рејтинг од Ковачевски на последната анкета од ИПИС

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е со далеку поголема доверба кај граѓаните отколку лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски покажува анкетата на ИПИС.

Според најновата анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 година, Мицкоски се покажува дека има речиси три пати поголем рејтинг од Ковачевски.

Ваквиот резултат којшто е разочарувачки за владејачката партија се должи на низата скандали, сомнителни договори, понижувачка надворешна политика, волјата за промена на Устав и удирање врз достоинството на Македонците.

Овие информации може да ги погледнете од графиконот во продолжение.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има речиси три пати поголема доверба од лидерот на СДСМ, но освен тоа Мицкоски има далеку поголем рејтинг и од претседателот на државата Стево Пендаровски, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Целосната анкета и останатите резултати од истражувањето на овој Институт може да ги погледнете ТУКА.

Арачиновци не фермаат никого: Пак ги бркаат вработените од ЕВН и сами си се приклучуваат на мрежата

Поединци од Арачиново повторно сами се приклучуваат во мрежата и ги оставаат останатите жители без струјa, дознава Плусинфо од свои извори.

-Според информации до кои дојдовме од жителите на селото, дел од мештаните во Арачиново повторно ги напаѓаат и не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат. Тие самоволно се приклучуваат во мрежата и предизвикуваат дефекти кои ги оставаат без напојување и останатите жители од селото кои сакаат да се работи за да се остави проблемот со струјата во минатото, пишува Плусинфо.

-Неофицијално лицата Ф.А., А.М., А.Ќ. и други не дозволуваат да им се постават броила и им се закануваат на вработените на ЕВН, се со цел за да може да продолжат со стариот начин на функционирање и кражби. Mинатата година во Арачиново се одржи средба со претставници на Владата кои заедно со претставници од Општината се договорија со мештаните да се сврти нов лист и да се подобри имиџот на селото. Сепак, изгледа целиот овој труд на владата некои жители го множат со нула, вели извор на порталот.

Проектот на ЕВН за реконструкција на мрежата со што ќе им се овозможи стабилно снабдување на арачиновци започна со реализација во крајот на август минатата година и сѐ уште трае.

Соколески го дотераа “на нула”: Прилепскиот тренер на голманите во Еурофарм Пелистер остана без коса, на шампионското славје во Битола (ФОТО)

Еурофарм Пелистер славеше против Тиквеш со 33-26 во последното коло oд ракометната Супер лига и после цели 18 години го донесе шампионскиот пехар во Битола.

После натпреварот следуваше лудо славје на играчите и навивачите, а во соблекувалната на битолчани тренерот на голманите, прилепчанецот Ице Соколески, остана без коса.

Иако Соколески долго време беше препознатлив по својот имиџ, сепак седна на столчето каде Вилсон Дејвис го дотера “на нула”.

Eурофарм Пелистер повеќе од заслужено стигна до шампионскиот трофеј, а ангажманот на Соколески несомнено има голем удел во тоа.

А каква беше атмосферата пред последниот натпревар вечерва во салата “Боро Чурлевски”, погледнете во продолжение:

Прилепчанка уапсена затоа што агресивно се однесувала и се заканувала на членови од нејзиното семејство

На 26.05.2023 во 02.00 часот во Прилеп од полициски службеници од Полициската станица Прилеп била лишена од слобода К.И.(32) од Прилеп поради тоа што во домот агресивно се однесувала и упатувала закани кон членови на нејзиното семејство.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Сенаторот Марфи: Имаме цврсто економско партнерство, но ако Македонија тргне по друг пат, тоа ќе биде многу загрижувачки чекор!

При својата посета на Владата на Македонија, влиајтелниот американски сенатор Марфи се осврна на економската и безбедносната соработка на двете земји: Имаме цврсто економско партнерство, се повеќе американскикомпании работат тука, споредено со минатото и се разбира дека нашата безбедност не доаѓа само преку војската туку и преку економијата, иднината на овој свет ќе биде во тоа кој ќе произведува клучни и критични технологии. Ние сакаме да се осигураме дека САД и нашите партнери тука во Европа ја произведуваат таа технологија. Затоа и ја споменавме и инвестициајта за компјутерските чипови, тоа е навистина убаво да се слушне, затоа што така ние сме побезбедни.

Но, исто така тука сум за да се осигураме дека САД праќа навистина силна порака до нашите партнери и до вашите партнери, до Собранието како и до луѓето во Македонија. Ние поддржуваме вашата одлука да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземете потребните чекори за да го овозможите ова проширување. Знам дека беше долг патот кон ЕУ, знам дека многумина поставуваат легитимни прашања за тоа дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум за да ви кажам дека е.

Но, последната работа која би сакал да ја кажам е следново: Сакам да бидам јасен и за влијанието што тоа ќе го има врз односите со САД ако Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргнеме од патот од ЕУ а ќе биде и многу загрижувачки чекор на една членка на НАТО. Земја која ние сме ветиле дека ќе ја браниме врз основа на нашите заеднички вредности да и го сврти грбот на ЕУ.

Ние сме пријатели, никогаш нема да престанеме пријатели и партнери, но луѓето во САД и лидерите во САД ги набљудуваат изборите што ќе бидат направени во следниве неколку месеци. Сите тие се надеваат дека вашата одлуката ќе биде усогласена со со безбедносните мерки на НАТО и ќе биде усогласена со слична одлука да се остане на патот на ЕУ исто како и во поглед на економските прашања.

Mладите борачки од Прилеп не застануваат: Нови медали овојпат од силен турнир во Пореч, Хрватска (ФОТО)

Девојките од Боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна рака” од Прилеп се покажаа во најдобро можно светло на интернационалниот турнир, кој се одржа во Пореч, Хрватска.

Тамара Цветкоска се закити со сребро, а Ангела Трајкоска освои трето место. Со овие успеси девојките од Прилеп го продолжуваат континуитетот на освојување на медали од сите натпреварувања каде ќе се појават, како на домашен, така и на меѓународен терен.

Девојките сега ќе се подготвуваат за интернационалниот турнир “Крали Марко”, кој на 10.06.2023 година ќе се одржи во Прилеп, а организатор е БК “7-ми Мај-Златна рака”.

Кривични пријави за двајца дилери од Прилеп

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М. (39) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“. На 10.01.2023 во Прилеп, на ул. „К.Волнароски“, биле затекнати две лица кај кои бил пронајден хероин, кој го набавиле од пријавениот.

Исто така ОВР Прилеп поднесе кривична пријава и против Ј.Д. (34) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.08.2022 во Прилеп, при претрес во домот на пријавениот, пронајдена е марихуана.

Хемичарите од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп растурија на Државниот натпревар (ФОТО)

Од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп информираат за успешниот настап и високопостигнатите резултати на нивните ученици на Државниот натпревар по хемија.

На натпреварот кој вчера се одржа во Институтот за хемија при ПМФ, учениците предводени од наставник-ментор м-р Кети Иваноска, ги постигнаа следните резултати:

Матеа Танева од VIII одделение и Софија Димитриеска од IX одделение освоија први места

Емили Иваноска и Теодора Крстеска од IX одделение, се закитија со втори места, а

Теодора Ѓорѓиеска од VIII одделение и Михаил Ѓорѓиески од IX одделение освоија трета награда.

Честитки за постигнатите резултати и уште поголеми успеси во иднина!