дома блог страница 1133

Немаат страв ниту од најсветото: Ограбени две цркви

Ограбени две цркви во Тетовско

„Вчера (13 јули) во периодот од 7 до 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека со употреба на сила било влезено во црквите „Свети Јован Богослов“ во тетовско Прељубиште и „Свети Архангел Михаил“ во тетовско Подбреѓе и биле одземени пари“ соопшти СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Мицкоски од Прилеп: Идната Владата на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп ќе одвојува 8 до 8,5 милиони евра годишно за капитални проекти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска е во посета на Прилеп. Во продолжение интегрален текст од неговата изјава за медиуми:

-Добар ден и од мене, денеска сме овде во Прилеп да еве поразговараме и со градоначалникот, со советниците од Советот, тука се и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ овдека од Прилеп. Навистина сум среќен и задоволен кога можам да бидам дел од проекти кои што се реализираат, а кои што претходно биле дел од изборната програма, во случајов локалните избори 2021 година. Ова што го кажа градоначалникот јас сакам само да честитам и да ги охрабрам и Борче како градоначалник и Советот, но исто така сакам да им честитам и на пратениците во македонскиот парламент кои што знам како силно се борат за интересите на прилепчани да обезбедиме ресурс повеќе за да може да биде реализиран проект повеќе овдека во Прилеп, изјави пред медиумите во Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Само така да продолжат бидејќи само на тој начин можеме да покажеме дека не се сите исти туку напротив дека има луѓе кои што навистина се грижат за народот, кои што се борат во случајов за прилепчани кои што се борат за Македонија и кои што сакаат да успее Македонија кои што градат. Има такви какви што се овие од коалицијата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ кои што имаат само една опција, тоа е да крадат. Исто така сакам да најавам една работа која што е многу значајна и која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има како прв приоритет, а тоа е реалокација, инвестирање од страна на централниот буџет во општините во Македонија не помалкуод 250 милиони евра на годишно ниво. И овдека во Прилеп се планирани за проекти кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира во вредност од 8 до 8 и половина милиони евра на годишно ниво, што би значело помеѓу 32 и 35 милиони евра за еден мандат, тоа се капитални инвестиции кои што надвор од буџетот на општината дирекнто државата ќе ги инвестира за подобар живот, за подобри услови за живот на прилепчани и на сите оние кои што се дел од општина Прилеп. Тоа е еден навистина исклучително значаен проект кој што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да го прави, реалокација на средства од централниот буџет за инвестиција во капитални проекти низ Македонија. За таа цел ќе повторам уште еднашка, за прилеп ќе бидат одвоени годишно од 8 до 8 и пол милиони евра или во еден мандат од 32 до 35 милиони евра, истакна Мицкоски

Сосема на крај ќе ми дозволите уште еднашка да му честитам на Борче, на советот, на пратениците за храбрата борба. Условите за работа се навистина тешки, опструкции од страна оваа влада криминална на ДУИ поддржана од СДСМ, но ќе продолжиме да се бориме, уште неколку месеци доаѓа до промена, уште неколку месеци не двојат до новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и едно ново време со проекти и со многу работа, додаде Мицкоски.

Прилепчанец тешко повреден во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

На 13.07.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Велес, кај Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(53) од Прилеп и патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, управувано од И.Н.(35) од Република Србија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „шкода“, Г.А.(38) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Александар Вулин ставен на „црната листа“ на САД

Директорот на БИА, Александар Вулин, е на списокот на оние кои се под санкции на САД, а тој е обвинет за вмешаност во организиран криминал, трговија со наркотици и дека со злоупотреба на јавната функција му помогнал на трговецот со оружје Слободан Тешиќ да се преселат неговите нелегални пратки со оружје слободно преку границата на Србија“, пренесуваат српските медиуми.

Како што е соопштено, денеска Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) санкционираше лице во Србија во согласност со Извршната наредба (Е.О.) 14033.

Според соопштението, Александар Вулин е вмешан во транснационален организиран криминал, нелегални операции за наркотици и злоупотреба на јавна функција.

Во делата Вулин, наводно, го користел својот авторитет за лична корист, вклучувајќи вмешаност во синџир за шверц на дрога. „Тој ги искористи своите јавни позиции за да ја поддржи Русија, олеснувајќи ги злонамерните активности на Русија кои ја деградираат безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и обезбедувајќи и на Русија платформа за натамошно влијание во регионот. Вулин е директор на Безбедносно информативната агенција на Србија, а претходно беше министер за одбрана и министер за внатрешни работи. Овие институции не се цел на овие санкции“, се наведува во соопштението.

ВНИМАВАЈТЕ! Денеска температури до 42 степени, УВ индексот 10

Времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степена.

Под влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

UV индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Се празнуваат Св. маченици Козма и Дамјан – Ги лекувале бесплатно луѓето од секоја болест и мака

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан.

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благо¬дат што лечеа со обично положување на раце.

И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето.

Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења.

Пострадаа во 284 година

Мицкоски пред министрите од Австрија, Чешка и Словачка: Уставни измени по бугарски диктат нема да има

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати дипломатска, но остра порака на тројца министри од ЕУ, доколку на средбата со него тие зборуваат само на темата уставни измени без да стават акцент на корупцијата и криминалот.

,,Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин на Македонија, бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија, уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети – рече Мицкоски денеска во Занаетчиската комора пред попладневната средба со министрите на Австрија, Чешка и Словачка.

,,Ако навистина го почитувате овој народ и граѓаните и ако сакате европска иднина и перспектива на Македонија тогаш малку повеќе треба да посветиме внимание на криминалот и корупцијата, на реформите…”, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Имаа неколку решенија коишто ги понудив изминатава година, а тие ги одбија. Сега на маса е само една работа да седнеме и да се договориме за терминот за следните парламентарни избори. Се останато се рибарски приказни и фантазија на власта”, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека „конечно ќе се свестат луѓето во владата и конечно заеднички ќе излеземе со еден состанок со кој што ќе ја дефинираме датата за следните избори“.

Инаку денеска во посета на нашата земја се министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка Александер Шаленберг Јан Липавски и Мирослав Влачовски, кои попладнево треба да се сретнат со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и со раководството на партијата.

Предходно министерот за надворешни работи на Австрија им се закани на македонците.

Bнимавајте што пишувате на социјалните мрежи: МВР и поднесе кривична на 60-годишна прилепчанка за кометар на Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Г.(60) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Пријавената, на 18.03.2023 на социјална мрежа Фејсбук, под една објава, напишала коментар со недолична содржина со кој ширела говор на омраза и повикувала на насилство – информираат од МВР.

(Видео) Нов лапсус на Бајден: Овој пат го прекрсти и Зеленски

Американскиот претседател Џо Бајден несоодветно му се обрати на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на самитот на НАТО во средата, нарекувајќи го со името на непријателот, пренесуваат медиумите во регионот.

„Владимир и јас…“, рече Бајден за време на прес-конференцијата во Вилнус. Потоа се поправи и рече: „Господин Зеленски и јас“, пред да продолжи. Треба да се напомене дека „Володимир“ и „Владимир“ се различни верзии на истото име.

Бајден според написите е склон кон гафови во текот на неговото управување.  Претходно погрешно ги помеша Украинците со Иранци, а исто така прашуваше дали некој пратеник кој починал бил присутен на конференција во Белата куќа. Моментот на погрешно изговарање на името на Зеленски набрзо стана вирален на социјалните мрежи.

Пирс Морган на Твитер ја истакна грешката на Бајден, објавувајќи видео со емотикон со врзани очи.

Убиецот од училиштето во Белград сакал да напише книга: “Ќе опишам се’, ќе заработам милиони”

Масовниот убиец од Белград, Коста Кецмановиќ се уште е во болница и под полициски надзор. Од моментот на неговото затворање, надлежните постојано ја следат неговата состојба.

Коста во болницата се однесувал како масакрот во „Владислав Рибникар“ воопшто да не се случил.

Во последно време Коста пројавил интерес за пишување. Ваквата заинтересираност се појавила откако мајка му му подарила книга, која ја читал додека поминувал време под посебен надзор на полицијата.

„Книгата што ќе ја напишам ќе опише се што се случило во мојот живот! Велат дека сум император и оваа книга ќе ги интересира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што луѓето ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Ќе го напишам толку добро што на сите ќе им биде интересно“ – повторувал Коста Кецмановиќ, пишува „Република.рс“.