дома блог страница 1132

УХМР со предупредување: Пеколно време и во следниот период, температури и до 40 степени

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.

Од УХМР посочуваат дека времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.

Рација на полицијата по дискотеки и улици: Во Прилеп фатиле двајца малолетници на улица после полноќ

Денеска (15.07.2023) во периодот од 00:00 до 04:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола постапило по план за „Безбедно лето 2023“, при што спровеле акциска контрола за присуство на малолетници во 7 угостителски објекти за точење алкохол на малолетни лица, при што легитимирани биле 50 лица и констатирано било присуство на шест малолетници после 24.00 часот и две точења на алкохол на малолетни лица. Во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен, во угостителски објекти после 24.00 часот затекнале 11 малолетници.

Во Прилеп, на улица, без надзор од родители биле затекнати двајца малолетници после 24.00 часот, по што биле предадени на родителите.

По документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави.

Полицијата влезе во домот на 38-годишен прилепчанец: Пронајдена дрога

На 14.07.2023 во 10.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.М.(38) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и дигитална вага.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Познат идентитетот на убиенот македонски државјанин, објавени се и детали! Ликвидиран е со над 20 куршуми во хотелска соба во Ханиоти

Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, во 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казиното во Македонија и го раниле неговиот 45-годишен пријател, пренесуваат грчките медиуми.

Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки , а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.

Се упатува на нарачано убиство бидејќи пред неколку месеци непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја.

Инцидентот се случил во областа Ханиоти на Халкидики кога, според очевидци, маскирани напаѓачи со поголема група упаднале во изнајмената хотелска соба каде што била жртвата и почнале да пукаат, испукувајќиу повеќе од 20 куршуми и исчезнале. Всушност, денеска напладне двајцата бизнисмени би се одјавувале од хотелот.

Набргу потоа непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнал на лице место, констатирале дека двајцата веќе биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека бизнисменот е мртов, додека вториот маж е повреден.

Повредениот е згрижен во болница на Халкидики. Прелиминарна истрага врши Полициско одделение Полигирос.

Mицкоски: Дел од власта се спрема да бега, има еден и од Прилеп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Прилеп, каде изврши увид во градежните работи на локалната самоуправа.

Мицкоски најави дека по доаѓањето на власт, без оглед дали ќе има редовни или предвремени парламентарни измени ќе одговараат сите што се огрешиле.

-Доаѓа крајот за овие луѓе коишто шест години ја пустошат и пљачкаат Македонија, а после крајот доаѓа соочување со реалностаи со многу криминал што имаат направено. Дел ќе бегаат претпоставувам, оти имам информации дека се пакуваат. Има еден пример и во Прилеп, еден многу занчаен лик од Прилеп којшто дивее по градот шест години со возен парк од неколку стотици илјади евра, којшто се подготвуваат за бегање. Но нема бегање. Ќе ги најдеме, каде и да бегаат, еве јас ви ветувам дека ќе ги најдеме и за уши ќе ги донесеме тука, еве јас ви ветувам и ќе ги вратат парите. Избори ќе има набргу, а јас посакувам избори час поскоро – изјави Мицкоски.

Советник од СДСМ лапал тендери, опозицијата молчи?

Дали вака функционира коалицијата во Прилеп?

Порталот “Народен Глас” обзнани дебела соработка помеѓу Јавното комунално претпријатие “Комуналец” од Прилеп, со кое раководи директорот од ВМРО-ДПМНЕ, Рубин Абрашоски, и фирмата на еден од најистакнатите советници од СДСМ во Советот на општина Прилеп, Никола Мариноски.

Имено, Мариновски е одговорно лице на компанијата ДООЕЛ “Прилепски текстилен Конзорциум”, фирма која во изминатите години во повеќе наврати добивала милионски (во денари) тендери од ова јавно комунално претпријатие. Но, соработката се чини продолжила и со промената на директорската гарнитура во претприфјатието, па така според јавните податоци на порталот на Бирото за Јавни набваки, ЈКП Комуналец – Прилеп, со овој „конзорциум“ на чело со Николче Мариновски, од март лани, до јуни годинава, има склучено три договори. Договорите се за јавни набавки за ветеринарни услуги, како и за храна за животни, птици и кучиња (сено, јачмен, пченица, царевка, сончоглед), во вкупна вредност од речиси 2,5 милиони денари, или околу 40.000 евра.

Дали ова не претставува класичен пример на судир на интереси?! Прашање на кое треба да одговори Државната Комисија за спречување на корупција.

Инаку во времето на Илија Јованоски истиот „конзорциум“ има склучено и договор за РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СПОРТСКИ И ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НА Територија на Општина Прилеп во вредност од 2.332.906 денари!

Koга розевите очила не ги симнуваш ниту на спиење: Поддржавме 410 компании, растат платите, паѓа невработеноста, велат од СДСМ

Пратеничката на СДСМ Даниела Колева на денешната прес конференција објави дека нејзината партија обезбедила стабилна бизнис клима во Македонија.

,,Освен покачување на платите за работниците во сите сектори, со вистинските економски политики СДСМ создаде услови за развој на економијата и бизнис секторот, подеднакво за домашните и странските компании.

Силната поддршка на компаниите допринесе за раст на инвестициите, намалување на невработеноста и отворање на нови и добро платени работни места.

Затоа денес имаме 8% намалување на невработеноста и 9,5% зголемување на вработеноста во државата.

Минатата 2022 година СДСМ обезбеди највисока финансиска поддршка и тоа за најголем број компании во изминативе пет години.

Поддржани се 410 компании со 23 милиони евра, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Преку овој закон СДСМ обезбеди сет на мерки за финансиска поддршка за капитални инвестиции, поддршка за нови вработувања, поддршка за активности во истражување и развој, поддршка за проекти од значење економски интерес на државата.

Создадовме стабилна бизнис клима каде наместо страв од клуч на врата како во времето на ДПМНЕ, постои взаемна доверба и партнерски однос меѓу Владата и компаниите”, рече Колева на прес конференцијата.

Според неа СДСМ продолжува со економските политики кои значат поддршка за домашните компании, отворање нови и добро платени работни места.

Во Ропотово одземен “Мерцедес” со струшки таблици натоварен со нелегално сечени дрва

На 14.07.2023 на ул.„11 Септември“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен пронашле патничко моторно возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки натоварено со огревни дрва без жиг и соодветна документација.

Исто така, денеска во с.Ропотово, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово пронашле товарно моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки натоварено со огревно дрво.

Дрвната маса била одземена и предадена Шумска полиција за понатамошно постапување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Спремајте повеќе пари: Се зголемува цената на дизелот од полноќ

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денара/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Од 15.7.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 (денара/литар)

– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 72,50 (денара/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)

– „мазут М-1 НС“ – 41,784 (денар/килограм)

20-годишник предизвикал пожар во битолскиот затвор

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, на 11.07.2023, во периодот од 19.00 до 19.20 часот, во Казнено-поправната установа Затвор Битола, пријавениот предизвикал пожар во ќелијата каде издржувал казна притвор, при што просторијата била опожарена, а биле оштетени и други простории во притворското одделение.