дома блог страница 1131

Вака се зголемува наталитет: Во Србија зголемен е додатокот за родено прво дете на 3.122 евра, за трето- 16.600 евра

Во Србија од 1 јули родителскиот додаток за раѓање прво дете ќе изнесува 366.122 динари (3.122 евра), соопшти Министерството за семејна грижа и демографија.

Родителскиот додаток за второ дете, што се плаќа на 24 рати, сега изнесува 324.772 динари, за трето дете што се плаќа на 120 рати е 1.948.632 динари (16.600 евра), а за четврто дете е 2.922.948 динари на 120 рати, се наведува во соопштението на српското министерство.

Еднократната помош за раѓање на второ и трето дете за деца родени на 1 јули годинава и подоцна изнесува 122.040 динари (1.000 евра), додека паушалот за набавка на опрема за детето е 6.766 динари, се наведува во соопштението.

Лепа Брена ќе го преплави Кавадарци за “Тиквешки гроздобер” годинава: Ова се останатите изведувачи!

Од седми до десети септември во Кавадарци ќе се одржи традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Лепа Брена, Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена се дел од музичката понуда за оваа манифестација.

Со мнозинство гласови вчера кавадаречкиот совет ја усвои програмата за „Тиквешки гроздобер 2023“. За реализација на истата се предвидени 10.595.086 денари. Општината ќе издвои пет милиони и триста илјади денари, а остатокот се планира да се обезбеди од излагачи, спонзори и донатори на Фестивалот.

И годинава дел од програмата за „Тиквешки гроздобер“ се карневалското дефиле, културни настани, мото рели, таблијада, изложба на олд тајмери.

На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, како и вино, ракија, маџун.

Меси официјално потпиша со Интер Мајами до 2025 година

Американскиот „Интер Мајами“ официјално го претстави Лионел Меси. Аргентинецот пристигнува во клубот откако не го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.

Тој ја објави својата одлука веќе минатиот месец и финализирањето на трансферот беше само прашање на време.

Презентацијата на Меси на стадионот на Интер Мајами ќе биде денес.

Меси веќе им беше претставен на соиграчите и го имаше првиот тренинг под водство на Тата Мартино, кој веќе работеше со него во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина, но дури сега кога беше потпишан неговиот договор, Меси беше претставен во клубот.

Меси треба да го има своето деби за Интер Мајами на 21 јули против мексиканскиот тим Круз Азул во натпревар од Лига Купот, против тимови од САД против Мексико. „Меси-манијата“ го презеде Мајами откако билетите за овој меч достигнаа 10.000 долари.

Битолчани синоќа повеќе пиеле од прилепчани: Фатен возач со 2,1 промили алкохол

Во текот вечерта (16.07.2023) во периодот од 00.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 32 возачи од кои 22 во Битола, 5 во Прилеп, 4 во Ресен и 1 во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.

Исто така, на 15/16.07.2023 во периодот од 21.00 до 02.00 часот на подрачјето на Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 26 возачи. Од нив 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 9 возеле без возачка дозвола, а 1 мотоцикл бил нерегистриран.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

(Фото) Херои на денот: 4 деца преживеале 40 дена во дождовната шума на Амазон – еве што ги одржало во живот

Четири деца кои успеаја да преживеат без помош 40 дена во џунглата на Амазон, откако авионот со кој патуваа се урна во густата џунгла, сега се пуштени од болницата каде што се лекуваа, соопшти вчера колумбиската влада.

Членовите на племето Уито, четирите деца – на возраст од 1, 4, 9 и 13 години, го преживеале падот на Цесна 206 во кој патувале со нивната мајка и уште еден роднина. Мајката починала четири дена по авионската несреќа.

Преживувањето на децата во голема мера се припишува на знаењето за густата вегетација, но и на храброста на 13-годишното девојче кое цело време се грижело за нив.

– Преживеаја јадејќи брашно, кое го нашле во авионот, а потоа јаделе семиња.

(Видео) Нуркачи шокирани од она што го пронајдоа во длабочините: Ја нарекуваат риба на “судниот ден”

Нуркачите во Тајван беа маѓепсани откако наидоа на џиновска риба, за која се зборува дека е знак за претстојните земјотреси. Рибата имаше мистериозни дупки на телото, како што се гледа на видеото што се појави на Инстаграм.

На хипнотизирачката снимка, направена покрај брегот на Руифанг, може да се видат нуркачи кои го опкружуваат светкавото сребрено суштество додека плови блиску до површината. Во еден момент, еден од нуркачите ја подаде раката и ја допре рибата.

„Сигурно умирала, па запливала во поплитки води“, изјавил за Џем инструкторот за нуркање Ванг Ченг-Ру, кој за прв пат видел ваква риба после многу години нуркање.

Локалните жители веруваат дека овие џиновски риби, кои живеат на длабочина помеѓу 200 и 1.000 метри под површината на океанот, се знак дека доаѓа земјотрес.

Прилепскиот стратег ќе го предводи новиот пелагониски второлигаш

Новиот пелагониски второлигаш ФК Новаци има нов шеф на стручниот штаб.

На местото на досегашниот Горан Ставревски, доаѓа прилепскиот стратег Дарко Крстески.

Крстески кој во досега ги има предводено Победа, Тиквеш, Пелистер и Караорман на домашната сцена, ќе се обиде од тимот прво да направи стабилен второлигаш и пред се да обезбеди сигурен опстанок во сега силната конкуренција во Втората фудбалска лига.

Прилепскиот стратег првиот тест го има веќе денеска, на пријателски натпревар против Пелистер.

Приведен 39-годишен прилепчанец: Нападнал полицаец додека извршувал службени дејствија

На 14.07.2023 во 18.15 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле С.Р.(39) од Прилеп затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од ОВР Прилеп.

Општината почна да се справува со урбаната мафија: “Законите мора да важат за сите, без разлика дали ми е другар, пријател, комшија”, порача градоначалникот (ВИДЕО)

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на својот официјален фејсбук профил напиша дека законите во општина ќе важат подеднакво за сите и нема да има бесправно изградени објкети.

„Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки. Јас работам во интерес на моите сограѓани, постапувам и сум на страна на чесните луѓе. Во Општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпации на државно земјиште. Без разлика кој од каде доаѓа, без разлика кој на која позиција се наоѓа, без разлика дали некој ми е роднина, пријател, другар или комшија законите мора да важат за сите исто. Никој нема право да зема моќ и да мисли дека е над законот. Денес во утринските часови беше отстранен бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Ако во минатото ова било секојдневие, денес имаме поставено ред во урбанизмот и за урбаната мафија нема место во Општина Бутел. За мене додека сум градоначалник сите граѓани ќе бидат исти и еднакви!“-напиша Костовски.

Мицкоски од Прилеп: Ако и министрите од Германија, Франција и Полска следната недела доаѓаат за уставни измени, нашата порака е иста

Следната недела најавени се тројца министри за Европа, на Германија, Франција и Полска. Повторно ќе кажам, доколку доаѓаат за уставните измени, нашата порака е иста, нашите аргументи се исти од таа страна не слушам нова поента и ако доаѓаат за тоа, навистина ќе бидам и загрижен бидејќи овој народ овде, последна работа што им паѓа на памет се уставните измени, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Прилеп, одговарајќи на новинарски прашања.

-Вчера разговарав со тројцата министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка, имавме аргументирана дебата во Парламентот, ги кажавме нашите ставови, тие ставови се исти, непроменети, и ако некој ја изолира Македонија, тоа се криминалците од власта поради нивото на криминал и неспособност да спроведат реформи. Промената на Уставот не е критериум за изолирање на Македонија, а од друга страна од истите тројца добив уверување дека во ниту еден момент не го кажале зборот изолирање, туку рекле ќе има задоцнување во процесот, рече Мицкоски.

Задоцнување во процесот, според него, „ќе има заради тоа што Владата на Ковачевски потпиша договор под бугарски диктат којшто народот не го прифаќа и надвор од политички консензус“.

-Основен виновник ако Македонија задоцни во процесот е оваа криминална Влада затоа што освен тоа што потпишува договори на слепо, многу краде и е неспособен. Се ова да беше спротивно од тоа јас што го зборувам ние денес веќе ќе зборувавме за отворање на кластери, отворање на поглавја итн. Но и тоа ќе се случи. Со промена на оваа влада ќе дојдат луѓе кои што знаат како да ја извадат Македонија од оваа состојба во која што се наоѓа. Луѓето имаат реални суштински проблеми како да го поминат месецот, како да се подгготват за следната грејна сезона, дали на земјоделците им е важно дали ќе има уставни измени или да го продадат производот, тоа е суштината, оцени Мицкоски при посетата на Прилеп.