дома блог страница 1130

Ладен туш од ЕУ за Косово: Борел побара нови избори во српските општини

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, побара и распишување нови локални избори во општините на северот на Косово, учество на Србите во тој изборен процес и почеток на работата за формирање Заедницата на општини со српско мнозинство.

Борел синоќа на Твитер објави дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, разговарал за „опасната ситуација на северот на Косово“.

Тој наведе дека имал заедничка средба со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, но и дека имал одвоени средби со Вучиќ и Османи.

„Имаме три јасни барања, а тоа се нови локални избори веднаш, обезбедување учество на косовските Срби во изборниот процес, почеток на работа за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ…Доколку тоа не се направи, ќе има сериозни последици за нашите односи“, додаде тој во соопштението по синоќешната средба со претседателите на Србија и Косово на маргините на состанокот на европската политичка заедница во Молдавија.

Одбројување до големиот адреналински фестивал SAMOKOV XTREME! Два дена адреналинско уживање и забава во недопрената природа на Поречкиот регион

На 3 и 4 јуни, ( 2023г) во Самоков и Белица (Македонски Брод) во организација на Општина Македонски Брод и здруженијата: Форум за Авангардна Креативност, Вело Че и САМОКОВ ЕСТРЕМ, по втор пат ќе го организираа фестивалот на отворено SAMOKOV XTREME на кој ќе земат учество на 500 спортисти и љубители на природата.

За сите љубители на адреналинските авантури, будење на адреналинот во убавините на Поречкиот регион!

Фестивалот нуди:

✔️возење со џипови
✔️возење со мотокрос
✔️возење со АТВ возила
✔️возење со МТ велосипеди
✔️планинарење

Планинарската тура ќе биде во должина од околу 15 км на релација : Старт од кампот во Самоков – с.Ковач – с.Бенче- враќање во Самоков, каде ќе бидат ангажирани искусни планински и велосипедски водичи.

Додека, турите со теренски возила, АТВ возила и мотокрос ќе се возат двата дена(сабота и недела) на релација : (Сабота 03 јуни 2023г) Самоков – Добра вода – с.Бенче – Самоков, а во недела (04 јуни 2023г) Самоков – с.Рамне – с.Брест – Фојник планина – с.Требовље – Самоков.

◾️За учесниците на планинарската тура бесплатен автобуски превоз на 04.06. (недела) во 06:30 часот пред Реклами!

Два незаборавни денови со спорт, забава и дружење… Ве очекуваме во огромен број – стои во поканата од организаторите.

ВИДЕО: Бајден падна на бина, тројца притрчаа да му помогнат да стане

Претседателот на САД, Џо Бајден се сопна и падна откако ја врачи диплома на церемонијата на дипломирање во Академијата за воздухопловни сили на САД, јавува Ројтерс.

80-годишниот американски претседател брзо се исправил со помош на три лица и се вратил на своето место без помош.

Директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт на Твитер објави дека Бајден е добро.

„Имаше вреќа со песок на сцената кога се ракуваше“, објасни тој.

https://twitter.com/BNONews/status/1664346089317605406?t=YdV3RIugwK2wzK2RfjLdTw&s=19

На Духовден хуманитарен концерт за доизградба на манастирот Св. Атанасиј во Ропотово

Во недела, (04.06.) на празникот Духовден, на спортското игралиште во ООУ “Ѓорче Петров” во Ропотово, ќе се одржи забава со естрадните пејачи Оливер Лозаноски, Александар сакс, Дани Даниела и група “Тик Так”.

Средствата од забавата ќе бидат донирани за доизградба на манастирот Св. Атанасиј во селото, светилиште кое во последно време прераснува во едно од најпосетуваните места во регионот.

Дојдете, забавувајте се и дадете свој придонес во доизградбата на ова прекрасно свето место.

Јавното обвинителство процесуирало кривична пријава против екс градоначалник на општина Прилеп?

Maркукуле неофицијално дознава дека Основното јавно обвинителство во Прилеп процесуирало кривична пријава против екс градоначалник на општина Прилеп за несовесно работење во службата.

Подетални информации околу целиот случај очекувајте наскоро.

Се испотепаа пратеници во бугарското Собрание: Летаа шлаканици, искршени наочари и искината облека

Навреди, закани, скршени наочари и еден пратеник со искината облека. Ова е резултатот од утринската тепачка во парламентот на Бугарија при која пратениците буквално се фаќаа за гуша. Причината беше декларација на „Преродба“, која уште еднаш ја повика ПП-ДБ да го врати вториот мандат и ги обвини за национално предавство.

Пратениците упатија закани едни кон други, а потоа следеа и шлаканици и скршени наочари.

ЛИНК од видеото

Се сретнаа и гушнаа Зеленски и Ковачевски (ФОТО)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Република Албанија, Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Премиерот Ковачевски беше придружуван од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи а средбата се одржа на маргините на вториот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев.

Премиерот Ковачевски ја истакна силната поддршка која Северна Македонија ја дава на Украина од почетокот на воената агресија од Русија врз Украина во февруари минатата година.

“Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која на Украина ѝ е потребна”, истакна меѓу другото премиерот Ковачевски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се заблагодари за поддршката која украинскиот народ ја добива од Северна Македонија, истакна дека таа доаѓа во клучни моменти.

-Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа, рече Зеленски.

Премиерот Ковачевски потсети дека Северна Македонија е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што јасно се позициониравме и овој пат на вистинската страна на историјата. Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, воедно, Северна Македонија ја подржува евро-атлантската интеграција на Украина и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО.

Јанчев: Кавадарци се развива на секое поле, а инфраструктурата е огледало на општината

„Втор мандат сум градоначалник и сакам да се заблагодарам на максималната поддршка на Општината, на граѓаните со 76% поддржаност во вториот мандат, при што е голема голема обврска за мене. Морам да потенцирам дека сплотеноста на Општината со јавните институции, со граѓаните, достапноста на Општината во делот на граѓаните и секојдневието го прави Кавадарци да биде град достапен за самите граѓани“, истакна градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев во воведниот дел од трибината „Политики за развој на енергетскиот сектор“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанчев додаде дека се инвестира во спортот и потенцираше дека за пет години општина Кавадарци успеа фудбалскиот клуб „Тиквеш“ да го врати во прва лига. И направи историски најдобар резултат во првата македонска лига и заврши на шестото место. Ракометарскиот клуб „Тиквеш“ оваа година за првпат игра во Европа.

„Општината во изминативе четири години спортот го поддржува со рекордни 20 милиони денари на годишно ниво“, нагласи градоначалникот на Кавадарци.

„Инфраструктурата во делот на спортот во последните неколку години се изградија неколку игралишта, тука е игралиштето ГФК „Тиквеш“, нови трибини. Но исто така се обезбедија и подобри услови за спортот, при што се изградија повеќе спортски сали, повеќе фудбалски терени“, појасни Јанчев.

Јанчев се осврна и на инфраструктурата во Кавадарци при што посочи дека е огледало на општината.

„Општина Кавадарци до пред пет години беше на доста ниско ниво во делот на инфраструктурата, во делот на атсмосферските канализации, фекален колектор, булеварите, влезовите во градот, улиците, руралните средини“, рече тој.

„Од втората изборна програма досега имаме остварено над 70% од сите проекти инфраструктурни кои што ги имаме. Би споменал неколку капитални, меѓу кои е пуштањето на работа и доградувањето на Градскиот пазар, денес општина Кавадарци има еден од помодерните пазари во Македонија. на нашите земјоделци им е овозможено да имаат подобри услови за продажба на земјоделските производи, а на граѓаните подобри услови при пазарување. Прометот на самиот Градски пазар во однос на земјоделските производи е подигнат некаде за 50-тина проценти“, посочи Јанчев.

Тој укажа дека пуштање на работа на петта мини хидроцентрала, со производство на инсталирана моќност 150 киловати на час. И со тоа ЈП Комуналец е денес во подобра финансиска состојба.

„Општина Кавадарци е единствена општина во Македонија каде што ниту едно дете не чека за запишување во градинка“, нагласи тој.

Јанчев додаде дека во општина Кавадарци од прво до петто одделение на сите дечиња им дава бесплатен соодветен оброк.

Градоначалникот на општина Кавадарци се осврна и на земјоделството.

„Како Општина можам да потенцирам дека се бориме максимално да придонесеме во делот на винарството, винската индустрија, во делот на заштита на земјоделците и тоа го направивме со неколку проекти во винскиот музеј, отворивме винотека каде што можат семејните винарии да продаваат вина што не можат во маркетите. Општина Кавадарци дава два милиони денари поддршка за семејните винарии, дестилерите, за да се зголеми откупот на грозје, да се зголемат производителите“, нагласи Јанчев.

Јанчев рече дека потребно е да се помогне на земјоделците бидејќи земјоделието е тешка гранка.

Не им иде умот: Нова акциска на СВР Битола, казнети 58 возачи за брзо возење

Вчера (31.05.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 58 возачи. Од вкупно 58 возачи, 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прва победа за македонските одбојкари во европската Златна лига

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ја совлада Белгија со 3:1, по сетови 25:21, 25:23, 17:25 и 25:21.

На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ „црвено-жолтите“ до триумфот ги предводеше капитенот Никола Ѓорѓиев со 19 поени.

Следниот натпревар македонските одбојкари ќе го имаат в сабота, исто така во СЦ „Борис Трајковски“, кога ќе ја пречекаат репрезентацијата на Хрватска.

По две кола, во водство се Украинците со шест бодови, белгиската и македонската репрезентација имаат по три, Хрватите се последни без ниту еден бод.