„Авалон“ Ви го најавува како што велат последниот и прв, најголемиот на сите времиња-Здравко Чолиќ со еден ексклузивен концерт за оваа сезона за цела Македонија.
Концертот се одржува со поддршка на Општина Битола, а ќе биде на 1 август на стадионот „Петар Милошоевски“-Битола.
„Големо задоволство ни е да Ви најавиме дека, без сериозна конкуренција, најголемата регионална ѕвезда на сите времиња, Здравко Чолиќ, оваа летна сезона ќе одржи само еден концерт за цела Македонија, и тоа на 1 август, во преубавата и монументална, за нас омилена – Битола! Здравко доаѓа во Македонија на Стадионот ,,Петар Милошевски” во Битола во време во кое, со своите концерти, ги урива сите рекорди по посетеност ширум регионот“ стои во објавата на „Авалон“.
Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени вечерва во 20:00 часот на нивните платформи.
„За сите што се прашуваат зошто Здравко Чолиќ е сѐ уште тоа што е, одговорот е – затоа што неговите концерти се на највисоко светско ниво“ додаваат организаторите „Аvalon International Booking“.
Времето не е на наша страна – Да му ја вратиме иднината на Гоце Јовчески!
Во октомври минатата година, еден кобен момент — мозочен удар — му го одзеде правото на движење, на работа, на достоинствен живот.
Гоце денес има 42 години, а неговото тело е затворено во кафез кој не го избрал сам. Но, вистинската трагедија на овој човек не започна во октомври. Таа трае цел живот.Живот без прегратка, живот во борба.
Замислете дете од 5 годинки кое останува без мајчинска нежност. Гоце порасна со таа празнина, одгледан од скромните раце на баба му и дедо му. Додека другите деца сонуваа за играчки, тој учеше како да преживее. Пред неколку години, судбината му го зададе и вториот низок удар — ја изгуби и единствената поддршка што ја имаше, неговиот брат.
Денес, Гоце е сосема сам. Нема кој да го потпре кога ќе тргне да падне. Нема кој да му каже дека „сè ќе биде во ред“ додека тој неподвижен гледа во таванот.
Секој поминат ден без соодветна терапија е изгубена шанса неговите мускули и мозок повторно да научат да комуницираат.Решението постои: Современа роботска рехабилитација која нуди реална шанса Гоце повторно да застане на свои нозе.Овие третмани се енормно скапи. За човек кој цел живот работел чесно и скромно, овие суми се недостижни како ѕвездите.
Октомври 2025 беше месецот кога неговиот свет застана. Април 2026 може да биде месецот кога неговиот свет повторно ќе почне да се движи.
Секој денар, секое споделување на оваа објава, секој повик на донациските броеви е директен удар против болеста и осаменоста.Да не дозволиме Гоце да биде поразен само затоа што немал пари за лекување. Да му докажеме дека Прилеп и цела Македонија имаат срце кое бие за него!
Донирајте и прочитајте повеќе на првиот линк:
🌐Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
https://pavelandreev.org/mk/campaign/goce-zasluzhuva-ushte-edna-shansa
✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.
🌐Заследете ја нашата инстаграм страница за да помогнеме на повеќе луѓе!
https://www.instagram.com/pavelandreev.org.makedonija/
🤰✨ БЕСПЛАТЕН ПРЕНАТАЛЕН СКРИНИНГ ЗА СИТЕ ТРУДНИЦИ ВО ПРИЛЕП
ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп за првпат воведува бесплатен пренатален скрининг за сите трудници.
Со ова, идните мајки ќе можат навремено и безбедно да направат проценка на ризикот за хромозомски аномалии и малформации, без потреба да одат во други градови и без дополнителни трошоци за приватни лаборатории.
🔬 Скринингот се изведува во:
✔️ Прв триместар
12–14 недела
✔️ Втор триместар
15–21 недела
📄 За користење на услугата потребен е само упат од матичен гинеколог или специјалист, а со тоа се овозможува навремена грижа и поголема сигурност за здравјето на мајката и бебето.
Од денес на полноќ ќе стапат во сила новите владини мерки за намалување на цените на горивата, со кои дизелот ќе се продава по непроменета цена, додека бензините ќе поевтинат за два денара по литар. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната вонредна владина седница.
Владата донесе одлука за намалување на акцизата за дизелот за четири денари, а за бензините за два денари. Паралелно, продолжува и мерката за намалена стапка на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, додека со компанијата ОКТА е договорено да продолжи и дополнителниот попуст – два денари кај бензините и три денари кај дизелот, најмалку до крајот на април.
Според Мицкоски, мерките имаат за цел да го ублажат ценовниот притисок врз граѓаните и да го зачуваат животниот стандард. Тој посочи дека и покрај значително зголемената побарувачка – особено во пограничните региони, каде што се бележи и до трикратно зголемување – засега нема потреба од ограничување на количините што ги купуваат странски државјани.
Во случај кризата да продолжи, Владата размислува за дополнителни интервенции, меѓу кои и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 на нула отсто, како и повторно активирање на мерката за замрзнување на маржите. Притоа, се разгледува можноста ефектите од таквата мерка да траат и по нејзиното формално укинување, со цел да се спречи нагло поскапување.
Видеолотарија Касинос Австрија им исплати фантастични 55.290.290 денари на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026.
Овие бројки се убав доказ за илјадници нови среќни приказни. Во март имавме:
4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 25.068.342 денари
16 МИЛИОНЕР џекпот добитници → исплатени вкупно 23.212.191 денари
МИНИ џекпот добитници → играчите заедно поделија 7.009.757 денари
Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните играчи низ Македонија им се исплатени преку три милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.
Само за потсетување, минатата 2025 година ќе се памети како година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија во текот на годината им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за ПРЕМИУМ, РОЈАЛ, СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ џекпот!
Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали ќе има промени во владиниот состав и има ли министри од чија работа не е задоволен.
Како што рече, до крајот на април и почетокот на мај ќе се фокусираат на реструктурирање во партијата што ја предводи, а потоа, во мај-јуни, ќе се посветат на евентуални промени и на договори во коалицијата.
-Очекувам дека до крајот на април или почеток на мај ќе ја затвориме внатрешната структура и потоа, во мај-јуни, ќе се посветиме на меѓукоалициските договори, на кадровските поместувања, освежувања, институциоанлни рокади, додаде претседателот на Владата.
По повод најголемиот христијански празник Велигден, хорот „Керамија“ вечерва / 6.04 – понеделник/ во фоајето од 19 часот ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната
христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од С.Мокрањац, Д.Бортњански, Nectarios of Aegina, Ola Gjeilo и други значајни композитори.
Женскиот камерен хор „Керамија“ е формиран на 11.01.2023 година во Прилеп, по иницијатива и под диригентската палка на Катерина Попоска. Хорот е составен од професионални музичари и аматери – ентузијасти и љубители на хорската уметност.
Во изминатиот период, постепено, но сигурно, се афирмира како значаен чинител во хорското пеење, придонесувајќи за развој на нова и современа хорска пракса во градот под Марковите кули. „Керамија“ на повеќе наврати успешно реализираше проекти во кои беше домаќин на хорови од други градови во Македонија. Хорот има остварено успешни и наградувани настапи на натпревари, како и бројни ревијални концерти низ земјата. Моментално, хорот брои девет членки. Ане Гембеш Чесноска, Оливера Цветаноска, Катерина Талеска, Ангела Иваноска, Билјана Црвенкоска, Катерина Ангелеска-Димеска, Фросина Вандевска, Ивана Љоческа и Катерина Попоска хорист, уметнички директор, диригент.
Последната седма недела од чесниот пост што му претходи на Велигден е Страстната – Страдалната седмица.
Од денеска – Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание.
На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот.
Оваа недела се нарекува „страстна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка.
На Велики понеделник црквата потсетува на осум библиски настани – четири од Стариот и четири од Новиот завет. Велики понеделник е: ден на старозаветниот Јосиф, намразениот од браќа си, ден на пророчките виденија, ден на маките во ропството и ден на праведниот Јов, како и ден на бесплодната смоква, неправедните лозари, за крајот на светот и очистувањето на храмот.
На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар, знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт. На богослуженијата се читаат текстовите од Светото евангелие што ги опишуваат настаните што се случиле токму на Велики вторник, кога Исус Христос изговорил најмногу поуки и параболи во Ерусалим. Тоа се Неговите последни поуки и опомени пред да биде предаден и распнат.
На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе, во црквите се врши една од седумте свети тајни-осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и за душевно здравје.
На Велики четврток си спомнуваме за Тајната вечера и сè што се случувало тогаш – подготовката, миењето нозете на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата. На тој ден Исус Христос ја востановил светата тајна на причестување во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господово. На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања.
На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смрттта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото. Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата.
Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста, исчекување пред Христовото Воскресение. На Велика сабота последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Свети Василиј Велики. Во ерусалимскиот храм на Светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сите свеќи и кандила се пали светиот оган што го прима ерусалимскиот патријах и потоа го пренесува на народот.
Во недела е Велигден, денот на воскреснувањето на Исус Христос, кога ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ се објавува во сите православни храмови, а се одржуваат воскресенски литургии. Овој празник е спој на верата и традицијата. Широко е распространета традицијата кршење со велигденски јајца за здравје, благостостојба и напредок.
Велигден е тридневен празник кој покрај недела ги вклучува и понеделник и вторник.
На Велигден верниците се поздравуваат со поздравот „Христос воскресе“ и „Вистина воскресе“.
Во време кога сè почесто слушаме за кашлици, алергии и ослабен имунитет кај децата, кога вирусите не се тоа што беа, мутираат, се појавуваат нови, здравјето на најмалите, но и нашето, на повозрасните ни е приоритет. За среќа во Прилеп постои едно топло, тивко катче кое за многумина веќе направило разлика.
Позади Бизнис центарот, веднаш до „Калипсо“, се наоѓа Salt Play Spa – место создадено со љубов од три другарки, кои од идеја направија приказна што денес им помага на голем број деца и возрасни од нашиот град, но и од регионот, да дишат полесно и да се чувствуваат подобро.
За што станува точно збор?! Солената соба е природен сојузник на здравјето!
Во просторијата исполнета со фина сол, децата не чувствуваат дека се на „третман“. Тие играат, се смеат, градат замоци од сол… а во исто време, нивното дишење станува полесно.
Станува збор за халотерапија – природен метод кој со вдишување на микрочестички сол ги прочистува дишните патишта, ја намалува слузта и го олеснува дишењето.
Медицинските лица објаснуваат дека ваквата терапија може значително да помогне кај состојби како астма, бронхитис и алергии, но и генерално да го зајакне имунитетот, а сето тоа се случува на природен, нежен начин.
НАЈВАЖНО, ШТО МОЖЕБИ МНОГУМИНА ДОСЕГА НЕ ЗНАЕЈА, ДЕКА СОЛЕНАТА СОБА НЕ Е САМО ЗА ДЕЦА – И ВОЗРАСНИТЕ ТУКА МОЖАТ ДА ГО ПРОНАЈДАТ ПАТОТ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ!
Иако најмногу насмевки ќе видите кај децата, ова место не е само за нив.
Сè повеќе возрасни го откриваат бенефитот од солената соба – момент кога конечно можат да застанат, да земат здив и да се ослободат од секојдневниот стрес.
Помага при проблеми со синуси, алергии, хронична кашлица, но и едноставно – да се почувствувате подобро.
А кога на тоа ќе се додаде и масажа во солена средина – релакс, терапевтска или вакуум масажа – тогаш искуството станува целосно.
Screenshot
Самото име Salt Play Spa кажува дека тука се кријат уште изненадувања, па да ви откриеме дека тука има волшебно катче кое ќе биде од огромна помош за оние најмалите, најслатките – бебињата.
Да, во овој топол простор посебно внимание им е посветено и на најмалите, преку третманите за Baby Spa.
Станува збор за уникатно искуство каде бебињата, со помош на специјални гуми, слободно се движат во топол базен во форма на џакузи. Тоа не е само момент на радост – туку и важен чекор во нивниот развој.
Движењето во вода им помага да ја развијат моториката, да ја зајакнат мускулатурата и да се релаксираат, што често значи и подобар сон.
Осoбено за издвојување е нивната програма за детска гимнастика (Kids Gym), нешто што ја прави Salt Play Spa комплетна за целосен развој кај најмалите со подобрување на нивната моторика и психофизичко здравје.
Преку Kids Gym програмата, тие учат да се движат, да балансираат, да координираат… но сето тоа низ игра, смеа и дружба.
Со внимателно подготвена програма и работа со професионалци, децата ги развиваат своите моторички и психо-физички способности – нешто што е клучно за нивниот раст.
За крај неколку збора и за детските работилници, кои се причината за најголем број насмевки кај нашите најмали.
Секоја сабота, просторот оживува со детска креативност. Работилниците не се само активност – туку можност децата да создаваат, да учат и да се поврзуваат.
Тука се дружат, се смеат и растат заедно.
Како што кажавме и погоре, Salt Play Spa не е само бизнис, ова е визија, храброст и желба да се направи нешто добро за заедницата, да се изградат здрави поколенија и да се подобри здравјето на целата популација во нашиот град.
Ова е место каде: децата дишат полесно, родителите се чувствуваат посигурно, а секоја посета остава чувство дека сте направиле нешто добро – за себе и за вашите најмили.
Не чекајте ни ден повеќе, посетете ги, или јавете се и закажете на телефонскиот број: 075 511 717
Ракометарите на Прилеп продолжуваат со максимален ефект во суперлигашкиот плеј-аут, откако на гостински терен го совладаа Пролет со 30-29, запишувајќи ја четвртата победа во исто толку натпревари во борбата за опстанок.
Клучна фигура во триумфот беше голманот Иван Ангелески, кој блесна со вкупно 14 одбрани, а херојскиот момент го имаше во самиот финиш, кога одбрани пенал по истекот на регуларното време, спречувајќи израмнување по ударот на Стоилевски и обезбедувајќи вредни бодови за својот тим.
Прилепчани подобро го отворија натпреварот и рано поведоа со 3-0, задржувајќи ја предноста во поголемиот дел од првото полувреме. Сепак, домаќините од Пролет се вратија во игра и во еден период имаа и водство, но на паузата се замина со израмнет резултат 15-15.
На почетокот од второто полувреме, капитенот на Пролет, со два брзи погодоци донесе водство од 17-15, но Прилеп експресно возврати и повторно ја презеде контролата врз резултатот.
Во завршницата, гостите имаа предност од 27-24, но Пролет успеа да се доближи на само еден гол разлика и пропушти можност за израмнување. Тоа Прилеп го искористи и со два брзи погодоци повторно се одлепи на 30-27. Иако домаќините намалија на 30-29 и добија пенал во последните секунди, Стоилевски не успеа да го совлада Ангелески од седум метри.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Шипинкоски со седум гола, додека Димитриоски и Илиески постигнаа по пет. Кај Пролет, по седум погодоци запишаа Стоилевски и Андоновски.