дома блог страница 112

Премиерот најави нови мерки против скапотијата по Велигден

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови мерки за контрола на цените на прехранбените производи. Мицкоски рече дека на првата седница по Велигден владата ќе донесе нови мерки кои ќе бидат таргетирани, но повтори дека Владата прави анализа и е претпазлива во носењето на решенијата бидејќи не се знае колку ќе трае кризата.

-Следните мерки на Владата ќе бидат потергетирани и ќе се однесуваат на одредени групи на граѓани и на одредени производи главно основни прехранбени производи. Тие ќе бидат комбинирани со намалување на ДДВ-то и со ограничување на профитната маржа – рече Мицкоски.

Тој потврди дека законот за нефер трговски практики за зголемување на казните е готов.

-Јас имав состанок со претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Мислам дека прашање на денови е кога тој ќе влезе во владиина процедура – рече Мицкоски.

Мицкоски дека очекува инфлација меѓу 4 и 5% во март.

Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5% – рече тој.

Ќе има што да се види: Пристигнуваат нови жители во битолската ЗООЛОШКА ГРАДИНА (Фото)

Привилегија за најмладите е што Битола има зоолошка градина, најчесто посетувана од нив заедно со своите најблиски. И оваа зоолошка градина е единствена во овој регион. Грижата на Општина Битола на дело се манифестира преку помагање за
подобрување на благосостојбата на животните, со што станува уште попривлечна за посетителите, особено во пролетниот и летниот период, а често е посетувана и од група ученици како од Битола, така и од други градови, но и од соседна Грција.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски беше во посета на градината каде ќе се реализираат два проекти. Од директорот Жарко Тренковски беше информиран за плановите и динамиката на изведба.

Едниот проект е изградба на објект терариум, а другиот изградба на објект за копитари и двата од министерството за култура и туризам, а аплицирани од Општина Битола на вториот владин повик.

Во моментов во зоолошката градина се работи на интензивно пролетно средување, на оплеменување на живеалиштата. Денеска се очекуваат да пристигнат и нови жители на зоолошката градина ( мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури, коати) од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок со потпишаниот меморандум за соработка меѓу зоолошките градини од Битола и Белград, следните животни: бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, був.

Зоолошката градина оваа година планира програма за едукација на вработените во зоолошката градина во Загреб.

Мицкоски: Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, очекуваме голем напредок во значајни области

Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, со оваа администрација, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање „што очекува од стратешкиот дијалог во САД каде има денес македонска делегација“.

Нашата делегација таму ја предводи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а од другата страна е вториот човек на Стејт Департментот.

-Исклучително високо ниво. Теми кои ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, апликациите и имплементацијата, билатералната соработка, енергетиката, инфраструктурата која ја градиме и во која силно инвестираме. Потоа одбрамбената индустрија, соработката во овој дел. Тоа се неколку области во кои што очекуваме да се постигне голем напредок. Истовремено да се промовира една инвестиција во значаен производен објект. Тоа е рудата антимон која ќе се експлоатира во паланечкото село Луке. Редок минерал, што може за нашата економија да значи многу, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека истрагите таму се при крај и очекува многу скоро тоа да биде започнато.

-Ќе се извезува во САД. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома во САД, тоа е еден заокружен циклус. Нешто кое што е многу важно за Македонија како држава и за нас како граѓани, рече Мицкоски.

Во четврток традиционален Велигденски панаѓур во дворот на OOУ “Кире Гаврилоски-Јане”

По повод големиот христијански празник Велигден, во дворот на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп ќе се одржи традиционалниот Велигденски панаѓур – настан кој на едно место секоја година собира стотици посетители, ученици, но и родители, баби, дедовци….

Панаѓурот ќе се одржи во четврток, на 9 април 2026 година, со почеток во 11:00 часот.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата изложба на рачно изработени предмети, создадени од вредните ученици, нивните родители и наставници, и секако да си купат нешто за дома и да ја разубават празничната атмосфера во домот. Панаѓурот има за цел да го долови празничниот дух и да ја поттикне креативноста и заедништвото во училиштето.

Од училиштето упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат и да бидат дел од оваа убава велигденска приказна.

Денеска е Благовец: Честит именден Благоја, Блаже, Блага, Благица, Баже, Благојче…

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро- бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Промоција на монографија и отворање на Камерната галерија „Аче“ во Прилеп во чест на Ѓорѓи Ачески-Аче

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, во среда на 8. април, во „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп.

Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку настани. Ќе биде промовирана монографијата „Еден музеј на една архитектура“ – дело кое низ цртежи, записи и сеќавања ја документира „сиромашно убавата“ македонска архитектура. ️ Воедно, ќе биде отворен нов културен простор во Прилеп – Камерна галерија „Аче“ – . Вечерта присутните ќе проследат дигитална презентација – Аче последниот боем со цртежи во сопственост на МАНУ, Националната галерија и приватни колекции.

За ликот на Аче, за боемскиот Прилеп и за „’ркулците“ на македонската ликовна уметност ќе говорат: Мимоза Христоска (директорка на НУ Завод и музеј – Прилеп) Елизабета Иваноска (кустос) Александар Еленин (претставник на списанието „Стремеж“) Кирил Гегоски (уметник и пријател на Аче)

Модератор на настанот: П. Зареска, виш кустос.

Вечерта посветена на Ѓорѓи Ачески – Аче несомнено ќе биде заедничка прошетка низ калдрмисаните улички на минатото и да му оддадеме почит на последниот прилепски боем кој со блок во рака ја овековечи нашата историја. ️️

Во Битола одржана промоција на книгата „Она што се памети живее“ (ФОТО)

На 6 април 2026 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на книгата „Она што се памети живее“ во организација на Македонско научно друштво – Битола (МНД) и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Книгата, издание на ДПМ, содржи сеќавања од современи книжевници за значајни починати писатели, а пред многубројната публика писателите Петар Андоновски, Милица Димитријовска Радевска, Елизабета Јончиќ, Ирена Јурчева, Фросина Пармаковска и Добре Тодоровски споделија сеќавања за Драги Михајловски, Владимир Костов, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Никола Кочовски и Лилјана Дирјан. Разговорот кој се одвиваше во пријатна и пријателска атмосфера со учество и на публиката го модерираа Живко Грозданоски, претседател на ДПМ и Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на МНД.

УТРЕ Е БЛАГОВЕЦ: Бакнете ја мајката, на малите деца дупнете им ги ушите – Ова се сите обичаи

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро- бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

На 1. август кај и да си, во Битола на стадион да си

„Авалон“ Ви го најавува како што велат последниот и прв, најголемиот на сите времиња-Здравко Чолиќ со еден ексклузивен концерт за оваа сезона за цела Македонија.

Концертот се одржува со поддршка на Општина Битола, а ќе биде на 1 август на стадионот „Петар Милошоевски“-Битола.

„Големо задоволство ни е да Ви најавиме дека, без сериозна конкуренција, најголемата регионална ѕвезда на сите времиња, Здравко Чолиќ, оваа летна сезона ќе одржи само еден концерт за цела Македонија, и тоа на 1 август, во преубавата и монументална, за нас омилена – Битола! Здравко доаѓа во Македонија на Стадионот ,,Петар Милошевски” во Битола во време во кое, со своите концерти, ги урива сите рекорди по посетеност ширум регионот“ стои во објавата на „Авалон“.

Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени вечерва во 20:00 часот на нивните платформи.

„За сите што се прашуваат зошто Здравко Чолиќ е сѐ уште тоа што е, одговорот е – затоа што неговите концерти се на највисоко светско ниво“ додаваат организаторите „Аvalon International Booking“.

Времето не е на наша страна – Да му ја вратиме иднината на Гоце Јовчески!

Времето не е на наша страна – Да му ја вратиме иднината на Гоце Јовчески!

Во октомври минатата година, еден кобен момент — мозочен удар — му го одзеде правото на движење, на работа, на достоинствен живот.
Гоце денес има 42 години, а неговото тело е затворено во кафез кој не го избрал сам. Но, вистинската трагедија на овој човек не започна во октомври. Таа трае цел живот.Живот без прегратка, живот во борба.

Замислете дете од 5 годинки кое останува без мајчинска нежност. Гоце порасна со таа празнина, одгледан од скромните раце на баба му и дедо му. Додека другите деца сонуваа за играчки, тој учеше како да преживее. Пред неколку години, судбината му го зададе и вториот низок удар — ја изгуби и единствената поддршка што ја имаше, неговиот брат.
Денес, Гоце е сосема сам. Нема кој да го потпре кога ќе тргне да падне. Нема кој да му каже дека „сè ќе биде во ред“ додека тој неподвижен гледа во таванот.

Секој поминат ден без соодветна терапија е изгубена шанса неговите мускули и мозок повторно да научат да комуницираат.Решението постои: Современа роботска рехабилитација која нуди реална шанса Гоце повторно да застане на свои нозе.Овие третмани се енормно скапи. За човек кој цел живот работел чесно и скромно, овие суми се недостижни како ѕвездите.

Октомври 2025 беше месецот кога неговиот свет застана. Април 2026 може да биде месецот кога неговиот свет повторно ќе почне да се движи.
Секој денар, секое споделување на оваа објава, секој повик на донациските броеви е директен удар против болеста и осаменоста.Да не дозволиме Гоце да биде поразен само затоа што немал пари за лекување. Да му докажеме дека Прилеп и цела Македонија имаат срце кое бие за него!

Донирајте и прочитајте повеќе на првиот линк:

🌐Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
https://pavelandreev.org/mk/campaign/goce-zasluzhuva-ushte-edna-shansa

✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

🌐Заследете ја нашата инстаграм страница за да помогнеме на повеќе луѓе!
https://www.instagram.com/pavelandreev.org.makedonija/