дома блог страница 1127

Пријатни звуци на отворено: Синоќа во Прилеп се одржа музичка вечер насловена како “Звуците на градот” (ВИДЕО)

Вчеравечер на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ се одржа музичката вечер „Звуците на градот“, каде со свои изведби настапија КУД „Пензионер“, Женската пејачка група „Преродба“ , КУД „Пере Тошев“ и Октетот Прилеп.

КУД „Пензионер“ работи под покровителство на Здружението на пензионери, пејачката група „Преродба“ со поддршка на Здружението, КУД „Пере Тошев“ е пејачки состав на пензионираните просветни работници, кое постои од 1987 година и во својот догашен опстој негува богата музички репертоар, хармонизирани македонски староградски народни песни, ренесансни песни како и хорски композиции од различни музички автори.

Октетот Прилеп работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и досега реалиизрал бројни концерти, имал настапи на фестивали на староградска музика, а чест гостин е на манифестацијата Илинденски денови.

61-годишен битолчанец и 75-годишен прилепчанец со возилата се судрија кај Плетвар

На 18.07.2023 во 11.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека патот Градско-Прилеп кај влезот за с.Плетвар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.А.(61) од Битола и патничко возило „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(75) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода“ Љ.Р.(70) од Прилеп, а со телесни повреди се здобил возачот М.Р., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Општината инвестираше над 100.000 евра за механизација во “Комуналец”

Општина Гостивар и Јавното претпријатие „Комуналец” ги промовираа новите машини и опрема на претпријатието „Комуналец”.

Овој проект опфаќа над 100.000 евра инвестиции во механизација и средства со цел подобрување на општинските услуги за граѓаните.

50-те контејнери кои ќе бидат распределени на различни локации, двата камиони за собирање смет, како и специјалните машини за чистење на улиците ќе ја олеснат работата на одржувањето на јавната хигиена.

Ги повикуваме граѓаните да фрлаат ѓубре во контејнерите, да не фрлаат градежни материјали и тврди работи заради одржување на јавната хигиена.

Јовчески гостин во утринската на МРТВ: Го спомна и “ПИВО ФЕСТ”

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска гостуваше во утринската програма на Македонската Радио Телевизија, каде меѓудругото зборуваше и за одложениот Пиво фест кој наместо во јули, годинава според најавите ќе се одржи од 31 август до 3 септември.

Николоски: ДА за членство на Македонија во Европската Унија, но НЕ за уставни измени под бугарски диктат

Други гости кои претходно доаѓале ни кажале дека силно лобираат и им се јавуваат кај нив премиерот и вицепремиерот со барање да дојдат тука и да ја убедуваат јавноста дека рајот е на следната врата и само треба овие лошите момци од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за да се отворат рајските врати. Дел од нив од одбиваат да дојдат, дел доаѓаат неволно, мислам дека убеден не е никој од тие што доаѓаат“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Според Николоски доаѓањето на гостите и посетите во Македонија се со цел да се прифати неизвесност, односно сега Македонија да влезе во процесот на Уставни измени со тоа што ќе го вметне дел од бугарскиот народ што живее во Македонија во Уставот, но никој не гарантира дека тоа ќе е последно затоа што самата бугарската Влада има вели дека има потпишано протоколи со Владата на СДСМ и ДУИ, протоколи кои после тоа треба да се реализираат, а кои директно удираат во суштината постоењето на македонскиот народ и македонската држава.

„Тие доаѓаат за работа која Владата на Македонија ја прифатила, тие не се страна во спорот, тие не се страна која одлучува. Тие велат ние сакаме да почнете преговори за да почнете преговори вашата Влада прифатила ова. Проблемот е тоа што Владата прифатила. Ние ги ислушавме и им ги кажавме нашите позиции и им се заблагодаривме и им кажавме ДА за членство на Македонија во Европска Унија, НЕ за уставни измени под бугарски диктат. Тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ непроменет и таков е една година“, вели Николоски.

Тој додаде дека не само што се спори определувањето на национално клучните македонски фигури, туку тие покренуваат иницијатива да се премести вечното почивалиште односно гробот на Гоце Делчев од Скопје во Благоевград.

„Овој Француски, според мене Бугарски предлог затоа што се што побараа Бугарите го имаше на предлогот е официјално прифатен од Владата на Македонија и тие доаѓаат за предлог за кој Владата која што е во Македонија го прифатила. Тие не доаѓаат да наметнат нешто или да се убедуваат, туку велат дека ова Владата го прифатила. Проблемот е што Владата на СДСМ и ДУИ без никаков легитимитет ниту изборен, ниту по однос на ова прашање прифати работи за кои нормален човек не би разговарал. Сега ние сме во ситуација да ВМРО-ДПМНЕ е единствениот браник на македонските национални интереси дома, а надвор да изгледа и помалце проблематично, да изгледа и со многу прашалници нашиот однос надвор затоа што тие кога тргаат од дома читаат што е ситуација со спорот помеѓу Бугарија и Македонија, што е решение, бугарската Влада предложила македонската Влада прифатила и сега тоа да се изгласа во Собрание, кај е проблемот? ВМРО-ДПМНЕ не се согласува“, посочи Николоски.

Според него со овој предлог Македонија останува без култура, историја и наследство. Јазикот нема да е веќе засебен јазик туку дијалектна форма на бугарскиот јазик затоа што тоа го прифатила Владата во Македонија.

„Суштината на проблемот е што Владата прифатила ваква работа и во овие година дена Владата вели дека е супер оваа работа и Ковачевски, Османи, Маричиќ и Ахмети велат дека ова е најдобрата работа што може да и се случи на Македонија за само македонскиот народ да се откаже од себе“, заклучи Николоски.

Maж се самозадоволувал околу Градскиот саат во Прилеп, и тоа во период кога во чаршијата има најмногу луѓе и деца

Машко лице на околу 40-годишна возраст, синоќа окулу 21 часот бил забележан како се самозадоволува на клупите околу Градскиот саат во Прилеп.

За случката алармираат повеќе прилепчанки во Фејсбук групата “Прилепчанки на кафе муабети”, кои биле непријатно изненадени.

Тие апелираат полицијата да биде повеќе присутна и да се пронајде ова лице што поскоро, со цел да не го повтори чинот.

Културните амбасадори на Прилеп и Македонија се вратија со две вредни награди од натпревар во Хрватска (Фото)

KУД “Мирче Ацев” од Прилеп освои 2 значајни награди на Меѓународниот фолклорен фестивал во Велика Горица – Загреб, кој се одржа од 13-16 јули.

Наградите се за изворност и за техничка изведба, а на фестивалот учество зеле околу 300 играорци од десетина држави од Балканот и Европа.

Честитки за нашите прилепски амбасадори!

Резервирајте навреме! Најпопуларната прилепчанка викендов во ресторан “Деспина”

Kaко и секој викенд и овој, најдобрата забава во Прилеп ќе биде во ресторанот “Деспина”. Во сабота гостите ќе ги забавува најпопуларната прилепчанка Елена Велеска.

Резервации на 072 209 996 и во порака на Фејсбук страната на ресторанот..

Персоналот на ресторан “Деспина” ве очекува!

https://www.facebook.com/photo?fbid=292526809963793&set=a.177644421452033

Трамп: Поднесоа ново обвинение против мене, очекувам да ме уапсат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е под понатамошна истрага и дека планираат да го уапсат поради немирите на 6 јануари во Капитол и неговите обиди да ги оспори резултатите од изборите во 2020 година. Тој на социјалните мрежи објави дека во неделата вечерта, обвинителот Џек Смит го известил дека е дел од нивната истрага и дека треба да се пријави пред Големата порота, што речиси секогаш значи апсење и покренување обвинение.

Ова би било трето кривично обвинение против Трамп. Имено, Смит и неговиот тим веќе го обвинија Трамп дека ризикува да открие национална тајна со тоа што земал илјадници доверливи документи со себе кога ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година и ги чувал тие документи на неовластен начин во неговата Мар-а-Лагу на Флорида и во неговиот голф клуб во Њу Џерси, пишува Би-би-си.

Овие документи содржат информации за тајната американска нуклеарна програма и потенцијалните ранливости во случај на напад, според обвинението од 37 точки. Во него се наведува и дека Трамп ги лажел службениците кои се обиделе да ги земат документите. Трамп е обвинет и за фалсификување деловни записи поврзани со исплати на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс.

Инаку Трамп е главен кандидат за републиканската претседателска номинација во 2024 година, со двоцифрена предност во анкетите пред неговиот главен ривал, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис. Таа предност порасна во изминатите четири месеци и покрај објавувањето на обвиненијата. Трамп во повеќе наврати изјави дека политичките противници сакаат да го спречат неговото враќање во Белата куќа преку истраги и обвиненија.

Нема повеќе евтино ни таму: Лежалки 25 евра, а нема ниту ВЦ, ниту кабина, ниту туш

Последните години Албанија стана една од најпопуларните летни дестинации меѓу македонските и српските туристи, најмногу поради ниските цени.

Судејќи по споделените приказни во фејсбук-групата „Одмор во Албанија“, годинава таму не е евтино, особено кога ќе се земе предвид квалитетот на услугата.

-Мала рецензија по три дена во Химара. Летнаа многу високо, ама ќе паднат уште побрзо. Ајде да одиме по ред. Градската плажа е неорганизирана, нема тоалети, нема кабини за пресоблекување, а е единствената слободна зона во целата област. Плажата Шпилје е катастрофа, нема тушеви, кабини или тоалети. Нон стоп барови, нечиста вода, лежалки од 10-13 евра. Плажата е малку поорганизирана, но поскапа. Плажата Лимани е добро организирана и вреди за парите, лежалки 15 евра, пиво 4,30 евра 0,33л, храната не е како во елитен ресторан, но квалитетна. Голем недостаток се чадорите за сонце, кои воопшто не штитат, како да ги нема. Генерално, цените се доста високи во продавниците, а особено во рестораните. Па кој сака да оди во Химара нека се подготви финансиски за да не доживее благ шок. Тоа е нашиот прв впечаток, пишува еден член на групата.

Впечатоците на друг корисник од плажата Борш каде лежалките 10 евра, се подобри за условите на плажата, но замерките се кон маркетите:

-Пијалоците во ресторан: 2-2,5 евра сок, 2,5-3,5 евра пиво, оброк 8-10 евра пица или скара. Ама, робата во маркетите ем е скапа, ем постојано ги менуваат цените. Цреши 4 евра, леб 1,30 евра, млеко 2 евра, најевтин сладоледит 1 евро, а подобрите се 2-2,5-3 евра (магнум и сл..) палачинките се 2 евра само со чоколаден намаз, 2,5 евра чоколаден намаз, пишува тој.

Во Ксамил комплет лежалки наплаќаат од 10-25 евра.

-Лежалките се скапи и не добивате ништо за цената. Самиот Ксамил е прескап и скоро сите се приватни плажи. Каде и да одите мора да изнајмите лежалка, не може со своја опрема. Рестораните не се многу скапи, но брат, за парите што ги оставив во Ксамил можев со семејството да отидам на Бали. Во водата некакви треви. Сега бевме и никогаш повеќе. Споредните улички сите им се со камења и прашина, само главните улици се асфалтирани, пишува еден член на групата.

Туристите не се жалат само на цените и на плажите. Се чини дека и некои други работи не ги оправдуваат очекувањата.

-Некои први впечатоци од Химара по 5 дена престој. Дојдовме овде затоа што имаше многу препораки за ова место како идеално за семејства со деца, тоа ни требаше. Мало, тивко место, каде сè е блиску. Што се однесува до близината и големината, така е, ама мирот е под знак прашалник. Во моментов, поминато е полноќ додека го пишувам ова, од речиси секој автомобил грми гласна музика, огномети, мотори и сите други чуда… И така е до длабоко во ноќта. Веројатно помалку се слуша во деловите оддалечени од патот, но тогаш плажите не се многу блиску. Друг проблем што го забележувам овде, кој е важен за семејствата кои доаѓаат со деца, се тесните тротоари, па ако вие и детето одите, а некој доаѓа кон вас, некој ќе мора да оди по улица. Третиот проблем е сообраќајот и тоа што ретко кој внимава на пешачките премини (полиција има, но не видов да реагира). Четврт проблем – ѓубре насекаде, и голем број градилишта кои не се соодветно обележани и обезбедени, па на тротоарите може да се најдат жици и други материјали, вели една членка на групата.