дома блог страница 1126

Грузија ѝ одговори на ЕУ: Ќе воведеме санкции за Русија кога ќе бидеме членка на Унијата

Грузија доби официјален демарш од членките на ЕУ поради неодамна обновениот воздушен сообраќај со Русија. Постојаниот претставник на ЕУ во Грузија Павел Перчински и шефовите на дипломатските претставништва на ЕУ акредитирани во Грузија пристигнаа кај вицепремиерот, министер за економија и одржлив развој, Леван Давиташвили и го изразија своето силно несогласување околу обновувањето на директните летови со Русија. „Демаршот се спроведува во име на сите 27 земји од ЕУ“, се наведува во соопштението на постојаната мисија.

Европската унија не се согласува со воспоставување воздушен сообраќај со Русија, а Грузија овој потег го нарече дел од економските односи и гарантираше дека нема да ги прекрши меѓународните санкции наметнати на Русија. Тоа не се доволни гаранции за Брисел бидејќи не ја намалуваат важноста на фактот дека Русија сега, покрај Ерменија и Турција, добива уште еден аеродромски центар кон Европа.

Од моментот на доставување на демаршот, секојдневно доаѓаа одговори од официјален Тбилиси кои го бранат правото на Грузија да носи суверени одлуки во одбрана на нејзините интереси. Од владејачките структури објавија дека прашањето за пристапување на Грузија кон воздухопловните санкции против Русија ќе биде на дневен ред по приемот на таа земја во Европската унија.

„Грузија се уште не е членка на ЕУ. Ние сме независна, суверена земја која се стреми кон Европа и сака европска интеграција. Кога ќе имаме статус, кога ќе станеме членки на ЕУ, се разбира, ќе носиме одлуки кои се во согласност со заедничките интереси“, изјави за новинарите градоначалникот на Тбилиси, генерален секретар на владејачката партија Каха Каладзе.

На оваа тема се вклучи и претседателот на собранието, Шалва Папуашвили, кој рече дека Грузија не ги заострува односите со Русија и не се приклучува кон санкциите, „бидејќи во случај на војна, ниту една од тие земји нема да влезе во војна на страна на Тбилиси, бидејќи не влегоа ниту на страна на Украина“. Тој потсети дека по конфликтот на Грузија со Русија во 2008 година, Западот не воведе санкции кон Русија, туку, напротив, ги „рестартира“ односите со Москва, а на Грузија и беше забрането да купува оружје.

Покрај со искусниот Велески, РК Прилеп го продолжи договорот и со голманот Иван Ангелески

Екипата на РК Прилеп и идната сезона ќе игра во најелитното ракометно друштво кај нас, а по обезбедувањето на опстанокот раководството на клубот започна со градење на екипата.

По продолжувањето на соработката со искусниот дефанзивец Филип Велески, клубот го доведе и првото засилување – пикерот Томче Трајчевски, кој пристигна од екипата на Радовиш.

Денеска ракометните вљубеници во Прилеп се среќни, затоа што соработката со клубот на уште две години ја продолжи и голманот Иван Ангелески, кој беше одличен меѓу стативите изминатата сезона.

Ангелески е голем талент и неговото останување во тимот е одлична вест.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ утре на трибина во Прилеп

Утре (06.06) со почеток од 17:30ч., како дел од акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп, на која ќе присуствува и ќе се обрати лидерот на партијата д-р Христијан Мицкоски.

Од партијата ги покануваат сите членови, поддржувачи, симпатизери, како и незадоволни граѓани од владеачкото дуо СДСМ-ДУИ, да ги проследат пораките од оваа трибина и да слушнат кои решенија како партија ВМРО-ДПМНЕ ги нуди.

Со својот прекрасен настап и моќен вокал го освои жирито: Александра Трајческа од Прилеп е победик на талент шоуто “Заблескај” (ВИДЕО)

Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од ОРБИТ.

Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата составени од членовите: Композиторот Николче Мицевски, пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.

Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, но само Александра со својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ брилијираше и заслужено го освои првото место.

Одлични беа и останатите натпреварувачи, но за жал мора да победи само еден…
Инаку Александра како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година.

Погледнете го како изгледаше финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“. Настапот на Александра е од 36-та минута.

Регулаторна одлучи: Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,65% во однос на одлуката од 26.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,694%, кај дизелот за 0,269%, кај екстра лесното масло за 0,479% и кај мазутот зголемувањето е за 1,637%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,145%

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг.

Од 30.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)

Масло за горење Eкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,175 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.5.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Забава со “Тајфата” за вториот роденден на омилениот маалски локал на младите во Прилеп

Eдно од омилените маалски места на прилепчани, HIVE CAFE, во четврток (08.06), ќе го прослави својот втор роденден. Кафулето во изминатите две години прерасна во култно место за голем број млади луѓе од целиот град, а за својот втор роденден најавуваат одлична забава со “Тајфата”.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН И УШТЕ ДОЛГИ, ДОЛГИ ГОДИНИ УСПЕШНА РАБОТА И ПОСТОЕЊЕ!

https://www.facebook.com/photo/?fbid=248759914462238&set=a.108585401813024

“Прилеп Фест” заокружува уште едно успешно издание

Прилеп Фест го закружи и седмото успешно издание на фестивалот за авторска народна музика. На фестивалот учество зедоа најзвучните имиња на македонската естрада, а промовирани беа 18 нови песни.

Како што соопштуваат од Советот на фестивалот, целта на овој настан е проширување на културната свест на македонскиот народ и зголемување на љубовта кон македонската песна. Секако и вбројување на Прилеп во големото семејство на градови во кои се организираат музички и културно – уметнички настани од национален интерес.

На фестивалот беа доделени и ревијални награди за општината како благодарност за безрезервната поддршка и придонес во реализација на овој настан, награда за трајни вредности постхумно доделена за Милан Завков и награда за животно дело и трајни вредности која постхумно беше доделена за Гога Зафироски. Наградата ја подигна неговиот син Сашо Зафироски, автор на песната “Песна за Прилеп” која секојдневно одекнува од Саат-кулата во Прилеп.

Генерален покровител на фестивалот и оваа година беше Општина Прилеп, а генерален медиумски покровител Македонската Радио Телевизија.

Спонзори на фестивалот беа: Де-Ни Мебел генерален спонзор, хотел Атлас, хотел Монтана, хотел Салида, Македонска Куќа Прилеп, слаткарница Шар, ТРИО, РС 99, Месна индустрија Дрцко, Ема Плејс, Сваќаро – export-import and processing company, Зенит, портал Маркукуле, Инфо-Компас, Пела Радио, Радио Мефф, Радио 5 и радио Холидеј.

 

Една од најубавите песни на Тоше Проески, преработена од популарниот прилепски вокал Алекса Петрески (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните пејачи кај младите во моментов, прилепскиот вокал Алекса Петрески, пред два дена објави прекрасна преработка за песната “Лошо ти стои” од Тоше Проески.

Одличниот вокал на Петрески е надополнет со пијано изведба на Дејан Трајкоски и звуците од кларинетот на Илија Јанчулески.

Петрески упатува посебна благодарност до кафе “Тротоар”, фото студио “Мики Николоски” и бутик “Аполо” за реализираниот проект, а исто така најавува уште еден нов музички производ во текот на летото.

Уживајте во продолжение:

Започна изградбата на кружен тек на улица “Прилепска”

Јавното претпријатие Комуналец, денес започна со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ – проект чија реализација, претходно доби едногласна поддршка од сите советнички групи од Советот на општина Битола.

Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец, годинава, засади 867 нови садници на следните локации: Саат кула, Партизанска, Осми септември, ОУ Стив Наумов, ул. Македонски гемиџии, главен парк и други локации. Претходно, во 2022 беа засадени 452 декоративни и 10 листопадни дрвја.

Во следната фаза работните активности, на просторот кај ветеринарната станица, ќе продолжат со воспоставување на времен режим на сообраќај за што јавноста навремено ќе биде известена, а изведувачот на работите „Јоска транс“, ќе започне со реконструкција на канализационата мрежа под кружниот тек.

Предвидените средства за реализација на овој инфраструктурен проект се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.

Со завршувањето на проектот, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, што е особено значајно како мерка за растоварување на сообраќајот, во функција на зголемена безбедност и намалување на аерозагадувањето преку намалено задржување на возилата во овој дел на градот.

Сашко Јовев, кој ги предводеше тимовите за трансплантација на срце е разрешен од функцијата – директор ќе биде лекар од Тетово

Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, е разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија. Д-р Јовев во изјава за МКД.мк потврди дека е информиран дека такво решение донел министерот за здравство Фатмир Меџити, но не го примил решението бидејќи е на боледување. МКД.мк дознава дека министерот Меџити одлучил таа функција да ја преземе лекар од Тетово кој не е кардиохирург.

Во изјава за МКД.мк проф. д-р Сашко Јовев вели дека разбрал за одлуката да биде разрешен од функцијата директор иако за тавко нешто, вепи, освен партиски побуди, сигурно дека не постојат други причини бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат.

Целосниот текст прочитајте го на МКД.МК