дома блог страница 1123

Пратеничка го доеше бебето на седница, колегите и’ аплаудираа (ВИДЕО)

Пратеничката Џилда Спортиело во Италија го доеше својот син Федерико и предизвика аплауз од колегите.

Таквиот настан би е секојдневие во многу земји, но во италијанскиот парламент во кој традиционално доминираат мажи, наиде на громогласно одобрување од пратениците, пишува Ројтерс.

Претседавачот Џорџо Муле рече дека ова е прв пат да се случи вакво нешто и истакна дека сите присутни даваат целосна поддршка на мајката и синот.

„На Федерико му посакуваме долг, слободен и мирен живот. А сега ќе ги водиме нашите разговори без врева“, изјави Муле.

Во ноември минатата година, собраниската Деловничка комисија донесе одлука дека пратеничките можат да ги дојат своите бебиња до една година.

„Премногу мајки се принудени да одат на работа и поради тоа да престанат да ги дојат своите бебиња“, рече една пратеничка од левичарското Движење 5 ѕвезди.

Изложбата “Еден облак подалеку” oд Татјана Јонеска во петок пред прилепчани

На 9 јуни 2023 г. /петок/ од 19.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Еден Облак Подалеку“ од Татјана Винона Јонеска (до 19 јуни 2023).

Во рамките на изложбата планирана е работилница на која ќе земат учество и уметници од странство.

Податоци за изложбата

“Еден Облак Подалеку’ е нејзината прва самостојна изложба во Северна Македонија, при што ќе претстави неодамнешни и тековни дела со кои ќе се обиди да ја вгради архитектурата на галеријата како агент кој активно придонесува за целината на самото дело. Преку внесување на елементи на фрактална геометрија, идеи за проширена реалност, поетско истражување на просторот и обиди да се доловат минливите ‘транзитни’ моменти, изложбата ќе ја покани публиката да отвори прашања околу поимот просторни и временски растојанија и близина.

Податоци за авторот

Татјана Винона Јонеска е уметник кој живее и работи во Лондон. Магистрирала на престижниот Кралски колеџ за уметност / Royal College of Art London, во одделот Современа уметничка пракса – критичка практика. Пред тоа студирала на подеднакво престижниот колеџ за уметности во Chelsea College of Arts – Универзитетот за уметности во Лондон, каде што ја завршила својата диплома по ликовна уметност со почести од 1-вa класa.

Винона има мултидисциплинарна практика водена од екстензивно теоретско истражување и експериментирање, што формално се занимава со прашања околу перцепција, истражување за тоа како се среќаваме со просторот и како ја доживуваме темпоралноста. Учествувала на бројни групни изложби во Обединетото Кралство и на меѓународно ниво. „One Cloud Away“.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Во СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп се одржа популарната Trash Fashion – Oригинални креации кои морате да ги погледнете

Во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп се одржа популарната модна ревија наречена Trash Fashion.

По повод денот на животната средина 5 јуни, во просториите на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се одржа модна ревија од рециклирачки материјал, или уште така наречена Trash Fashion.

Именно, на модната ревија беа изработени креации од рециклирачки отпад, како што е картон, најлонски кеси, алуминиумски или најлонски фолии, стари цд-дискови и сл.

На модната ревија продефилираа повеќе групи на ученици, а на настанот беше присутна директоракат на училиштето Жанета Видевска, како и други професори, ученици и вработени во училиштето.

Модната ревија беше поддржана од:

-АД Витаминка ДООЕЛ-Прилеп

-Слаткарница Дизниленд Трејд

-Пица бар Ла Страда

-Конфекција Тритекс

-Стибера мега маркет и Home центар

Настанот беше организиран од страна на професор по ликовна уметност Марта Макеска-Кузмановиќ, професорите по стручни предмети во текстилната струка Наташа Мирческа, Здравка Нјадоска и професор-инструктор по фризерство Стојне Христоска.

На модната ревија беа доделени и три награди од страна на жири комисијата состав на професор Лора Трајкоска-Николоски, професор Ангела Кочоска и професор Сашо Кочоски.

Инаку, ова е прв ваков настан органзиран во СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп.

Водител на настанот беше познатиот од Прилеп Христијан Ангелески, а на модната ревија имаше и голем број ученици, професори, врабитени во училиштето како и родители кои со внимание ја следеа модната ревија.

Повеќе за атмосферата од модната ревија погледенете од фотографиите кои што следуваат во продолжение:

Општина Битола и “Таскфорце” ставија потпис на договор за заеднички вложувања во Кошаркарскиот клуб Пелистер

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Извршниот директор на Таскфорце БПО ДОО, Ацо Додовски, денес го потпишаа договорот за заедничко вложување, управување и соработка во Кошаркарскиот клуб „Пелистер“ од Битола.

Со овој договор Таскфорце БПО ДОО се обврзува во следните три сезони да биде генерален покровител на Клубот и да ги исполнува условите од член 3 од договорот, додека општината останува 100 процентен сопственик на клубот и потребно е да постапува согласно договорените обврски.

На потпишувањето на договорот претходеше едногласна поддршка од страна на Советот на општина Битола.

Не го фрлајте: Едноставен рецепт за вкусен појадок со бајат леб (ВИДЕО)

Состојки:

150 гр сирење
парчиња бајат леб
2 јајца
200 мл јогурт
неколку готови кори
масло
малку прашок за пециво

Скршете го сирењето, додадете јајце, млеко, прашок за пециво и 20 мл масло. Изедначете сè.

На масата раширете ја кората, подмачкајте ја и премачкајте ја со филот. Потопете парче леб од двете страни во подготвениот фил и ставете го на средината на корите.

Преклопете ги корите околу лебот и додадете уште малку фил со сирење и преклопете ја кората околу лебот. Се реди во плех за печење. Премачкајте ја уште малку и печете во рерна на 200 степени C 30 минути.

Уапceн малолетен разбојник во Кавадарци: Нападнал жена во парк и и’ одзел паричник

На 07.06.2023 во 11 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник.

Тој, исто така, бил пријавен дека на 30.05.2023 се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е.

Малолетникот бил предаден на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На прилепчанец му се запалил станот во Охрид

На 06.06.2023 во СВР Охрид е пријавено дека во стан на улицата „Лазо Трпоски“ во Охрид, сопственост на М.С.(42) од Прилеп, настанал пожар.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид – информираат од МВР.

Прилепскиот стратег стави потпис на 2-годишна соработка со Бутел: Екипата ветува рамноправна борба со ракометните сили идната сезона

Еден од најдобрите ракометари кои Прилеп ги има дадено, Горан Кузманоски-Таста, потпиша 2-годишен договор со екипата на РК Бутел.

Кузманоски ќе ја предводи скопската екипа која со нов стручен штаб и доста подмладена, ветува борба на само за плеј-оф разигрувањето, туку и за едно од местата кои водат во европските купови.

Маркукуле дознава дека Бутел во моментов е во преговори со неколку играчи, па во наредниот период новиот стручен тим ќе работи на комплетирање на екипата.

Да му посакаме среќа на прилепскиот стратег и веруваме дека ќе води рамо до рамо борба со ракометните сили: Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Познато е кога ќе се одржи јубилејното 20-то издание на “ПИВО ФЕСТ” во Прилеп

Потврдено, дваесеттото јубилејно издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп, ќе се одржи од 13-16 јули.

Засега нема информации кои изведувачи можеме да ги очекуваме на фестивалската сцена во Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција и ја повика да се согласи на одложена примена на уставните измените

По лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, Мицкоски изјави дека прифаќа ВМРО-ДПМНЕ да влезе во широка влада, но без ДУИ, која ќе ги усвои уставните измени, но тие да важат откако ќе се добијат гаранции од ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштија од најголемата опозициска партија откако портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на Фејсбук објави дека прифаќаат да не бидат во влада што ќе се формира по усвојување на уставните измени.

„Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените сè до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале или не сакале, следната година ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

По лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, Мицкоски изјави дека прифаќа ВМРО-ДПМНЕ да влезе во широка влада, но без ДУИ, која ќе ги усвои уставните измени, но тие да важат откако ќе се добијат гаранции од ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со другите политички партии, но без учество во владата на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во неа со тоа што избори подготвува техничка влада, не оваа влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“, рече Мицкоски.