дома блог страница 1118

Во Украина исчезнала хуманитарната помош вредна милион долари

Во Лавов исчезнала хуманитарната помош вредна околу еден милион долари, јави украинскиот портал NGL.media.

– Се работи за случај на исчезнување на околу 10.000 ИФАК тактички комплети за прва помош, со вкупна вредност од 33,6 милиони гривни, кои биле купени и испратени од американски доброволци за вооружените сили на Украина, пишува порталот, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на новинарот.

Според него, по почетокот на руската инвазија врз Украина, украинската дијаспора во САД почнала да собира активна помош за украинските војници и цивилите. Една од најактивните организации била Обединетиот украинско-американски комитет за помош.

Според извештаите, за една и пол година, организацијата испратила повеќе од 30 морски контејнери со хуманитарна помош. Трошоците за транспорт на еден морски контејнер од САД до Украина се околу 8.000-10.000 долари.

Во октомври 2022 година, Лилија Ташчук, Американка со украинско потекло, се обратила пред комитетот, велејќи дека соработува со регионалната воена управа на Лавов и оти може да плати за испорака на помош во Лавов.

Истиот месец, во Украина бил испратен контејнер со гас-маски, вреќи за спиење, зимски униформи и чизми, како и речиси 10.000 ИФАК воени комплети за прва помош во вредност од околу еден милион долари. Подоцна се покажало дека товарот не завршил во „Центарот за волонтерство и заштита“, како што првично се претпоставуваше, туку е предаден на војниците на регионалната воена управа.

Наводно, регионалната администрација на Лавов го потврдила приемот на дел од товарот, но уверила дека нема комплети за прва помош, кои биле највредниот дел од хуманитарната помош.

– Товарот пристигна преку полско-украинската граница, дури беше регистриран од полските цариници. Потоа нешто му се случи, беше отпечатен и на непознат начин некои работи завршија во Лавов во магацинот на Регионалната управа на Лавов, а останатото едноставно исчезна, информира порталот. (МИА)

“Што е ова, не знаете како се вика државата” – Новинарка го караше Бектеши оти рекол Република Македонија на прес (ВИДЕО)

Невиден досега скандал се случи денеска за време на прес конференција на министерот за економија, Крешник Бектеши, а го приреди новинарка.

Додека министерот објаснуваше зошто гласал за концесиите за рудникот Иловица-Штука, новинарката Александра Дуковска се побуни зошто Бектеши ја нарекува државата Република Македонија кога, таа, како што рече, е непостоечка држава.

“3борувате за непостоечка држава. Зборувате за државата на која името ѝ е променето, а стоите тука покрај три знамиња” – реагираше новинарката Дуковска.

Таа го праша Бектеши дали знае како ни се вика државата, а тој и одговори дека знае.

“Северна Македонија”, рече тој.

“Па што е ова тогаш, зошто ја ословувате како Република Македонија, која ви е таа држава?”, рече на одговорот од Бектеши новинарката.

На ова министерот Бектеши ѝ одговори:

„Само да бидеме начисто. Документите и зошто викам Република Македонија се донесени кога името на државата било Република Македонија. Нема никаков проблем да не кажувам Република Македонија“.

Слупчани бараат од ЕВН да не плаќаат фазла од 3.000 денари месечно – денеска ги испокршија трафостаниците

Според барањето доставено до ЕВН, жителите на Слупчане инсистираат да им се простат сите досегашни долгови кои изнесуваат неколку илјади евра, бараат бесплатно да добијат нови приклучоци, бараат без разлика колку трошат во иднина, да не има се фактурираат сметки над 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и други слични барања кои се во спротивност со законските одредби – објави “ПЛУС ИНФО”

По денешната целосна блокада за да ги спречат повторно да работат екипите на Електродистрибуција, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект, потврдија од ЕВН Македонија.

Ова е втор пат дефект од ваков обем во Слупчане да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија во околните села. Пред околу 3 недели, одредени лица безуспешно се обиделе да го вратат напојувањето на селото, кога нелегално влегле и упаднале во среднонапонски енергетски објект. Се покажа дека ова е дефект кој освен Слупчане, остана без струја и други села.

Целата вест прочитајте ја ТУКА

Што се случуваше на стадионот во Мајами кога Меси излезе од игра? (ВИДЕО)

Постигна два погодоци во натпреварот против Атланта, кој Интер Мајами го доби со 4:0, а во 78-та минута го заменија. Погледнете како реагираше публиката на стадионот во Мајами:

Затвореник од прилепско кој избегал од затвор, уапсен во Битола

На 23.07.2023 на ул.„Боримечка“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ф.(32) од с.Канатларци, прилепско.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправна установа Затвор Прилеп поради бегство од установата.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната – информираат од МВР.

(Вознемирувачко видео) Снимен моментот на уривањето на “канадерот” додека гaснеше пожар во Грција

Грчката државна телевизија ЕРТ објави видео од падот на канадски авион додека се гаси пожар во таа земја.

ЕРТ наведува дека авионот се урнал во областа Платанистос во Каристос.

Се вели дека сега над областа лета хеликоптер за да ја испита ситуацијата.

Oд вечерва во Битола започнува манифестацијата “Илинденски денови”: Гости од Чиле, Мексико, Ирска, Италија…

Со традиционално дефиле по Широк сокак и со изведба на орото „Комитско“ вечер во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Фестивалот „Илинденски денови“ е член на светската асоцијација на фоклорни фестивали ЦИОФФ со чија поддршка годинава во Битола ќе гостуваат и настапат ансамбли од Чиле, Мексико, Ирска, Хрватска, Грузија, Италија, Бугарија и од Србија.

Првата фестивалска вечер ќе ја отворат членовите на ансамблот „Македонија“ од Скопје и освен гостите од странство, пред битолската публика со свои кореографии ќе се претстават фолклорните ансамбли „Бисер“ од Кичево, „Цветови“ од Дедино и „Русалии“ од Секирник.

Организаторот и домаќин на фестивалот, НУ Центар за култура-Битола деновиве реализира богата придружна програма во чии рамки претпладнево ќе се одржат коњички марш „Патот на Илинденците“, промоција на Зборник на трудови за семинарот на традиционална музика и игра, проекција на македонскиот етнографски филм „Лазаренки“ и изложба на тема „Традиционалната култура на градот Штип“.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Важно соопштение од ЈКП Водовод Прилеп: Утре без вода ќе бидат овие населби!

Соопштение од Јавното претпријатие Водовод и канализација Прилеп:

-Почитувани сограѓани, во интерес на навремено информирање за водоснабдувањето во Општина Прилеп, како ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп Ве известуваме дека започнуваме инвестиционен зафат на дел од водоводната линија со дијаметар Ф400 која ја снабдува високата зона на град Прилеп.

Поради работните активности кои ќе се изведуваат на терен на 27.07.2023г. водоснабдувањето ќе биде во прекин од 07h до доцните попладневни часови во следниве населби:

– Тризла

– Марино Маало

– Кузман 3

– Рид

– Тапани

Предвидувањата на тимот на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп се дека ќе бидат завршени работните активности во овој временси период но, доколку состојбата на терен е поинаква, како јавно претпријатие ќе излеземе со дополнителна информација за очекувањата за нормализирање на водоснабдувањето во овие населби.

Придобивките од оваа инвестиција ќе бидат во подобрување на водоснабдувањето на град Прилеп со технички подобрена водоводна мрежа и континуирано водоснабдување во сите делови на градот.

Повикуваме на разбирање и трпение на жителите од овие населби во текот на изведувањето на овој проект.

Министерството за култура престана да го финансира Илинденскиот коњички марш

Министерството за култура оваа година ја прекина поддршката за здружението „Илинденски коњички марш 1978“. Со тоа единствен генерален спонзор и финансиски покровител на настанот е Општина Аеродром.

На подготовките присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека овие настани кои се од големо значење за македонската култура и традиција, секогаш ќе добиваат поддршка од него и Општината.

„Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

По расправија избодел свој сограѓанин: На битолчанец му е одреден притвор

На 24.07.2023 во 15.20 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Л.С.(38) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот на ул.„Сотир Брбевски“ во Битола, поради претходни недоразбирања и по кратка расправија, со остар предмет го нападнал С.С.(53) од Битола и му нанел повреди.

С.С. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Против приведениот денеска (25.07.2023) е поднесена кривична пријава по чл.131 ст.3 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на Л.С. му е одреден притвор во траење од 30 дена – информираат од СВР Битола.