дома блог страница 1116

Ковачевски: Во Слупчане има голем број домаќини луѓе

Според премиерот Димитар Ковачевски смета не организирале бунт против ЕВН сите жители на селото Слупчане или околните села, туку тоа биле само поединци и кај нив треба да се идентификува одговорност за спречувањето на работата на компанијата која врши јавна услуга.

-Бидејќи работниците од ЕВН бараа гаранција за да можат да влезат, за одредени лица да не ги спречуваат, локалната самоуправа им ги даде тие гаранции. МВР непречено ја одвива својата работа на територија на општина Липково и веќе се работи на терен. Селото има голем број домаќини луѓе. Кога ќе одите на Зелен Пазар или Бит Пазар, вие нема да најдете производ од Аеродром, Центар или од Карпош. Производите доминантно доаѓаат од рурални средини, домаќините си ја плаќаат струјата, но има поединци кои сакаат да злоупотребат повеќе луѓе за свои цели. Тоа нема да го дозволиме, рече Ковачевски по денешното ставање камен-темелник на новата полициска станица во Аеродром.

При првите нереди предизвикани од жителите на Слупчане ова лето, од Електродистрибуција потенцираа дека кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти.

Kако изгледа медитеранската палата на Надал: Приватна плажа и пештера на површина од 2000 метри квадратни

Рафаел Надал ова лето го користи за одмор и закрепнување од повредата. Шпанскиот ас неодамна беше и на крстарење по медитеранскиот брег.

Ужива во сонцето, морето и топлото време…

Но популарниот Рафа има можност да ужива во ова во текот на целата година, со оглед на тоа што ја избра Мајорка за своја база.

Кога ќе ја погледнете прекрасната резиденција на семејството Надал во Порто Кристо, Мајорка, се добива впечаток дека подобро место не можело да се избере.

Вилата има совршена локација, се наоѓа на гребен кој од три страни има поглед кон море, има пристап до сопствена плажа каде има и пештера, но и неверојатна градина , која е украсенa со многу медитерански растенија.

(Видео) Бугарските навивачи преплашени: “Чаир е опасна населба”

Пријател на избодениот 29-годишен Бугарин во Скопје, за бугарската телевизија „НОВА“ зборуваше за инцидентот кој се случи вчера по фудбалскиот натпревар.

Петар Бозов вели дека е сведок на настанот во кој група граѓани во Чаир нападнаа навивачи на бугарскиот клуб „Левски“. Тој за бугарскиот медиум раскажа дека и самиот бил повреден откако бил удрен со стап по главата.

„Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Сите бугарски автомобили беа детално проверени дали има оружје. Излезе кордон да не придружува, но на автопатот тој се разиде и не бевме добро чувани. Пред кривина, возачот на вториот автомобил светна со светлото и застанавме. Ме праша: „Знаеш ли каде одиме? и реков „Да, по трасата што ни ја даде Левски“. До нас застана полиција и ги прашавме: „Десно?“, а тие рекоа: „Да, продолжи, продолжи“. Ова испадна патот до излезот во Чаир“, вели пријателот на избодениот Бугарин.

„Македонската полиција многу добро виде колку бугарски автомобили скршнаа и завршија во опасната населба“, додава тој.

„Бевме тепани со метални предмети и лименки“, раскажува тој тврдејќи дека со ништо не го предизвикале или испровоцирале инцидентот.

Објасни дека полицијата им забранила да се сликаат. Ним им бил одбиен и преведувач за време на сослушувањата. На крајот превел бугарскиот амбасадор во Македонија. Тврди дека напаѓачите во населбата „Чаир“ се идентификувани од полицијата.

Претходно денес, македонското Обвинителство излезе со детали, додавајќи дека се издадени сите наредби за идентификација на лицата што учествувале во инцидентот.

Според првичните сознанија на Обвинителството, до настанот дошло додека навивачи на ФК „Левски“ со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“, каде што влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани што излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба.

Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните што учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од самото место, кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видеозаписи од околните објекти и од камерите на системот „Безбеден град“, а се преземаат и други дејства.

Што се однесува до другите инциденти поврзани со навивачи на ФК „Левски“ во текот на вчерашниот ден, Обвинителството е известено дека се процесирани прекршoчно.

Видеото може да го погледнете ТУКА. https://www.vbox7.com/play:75bf6f25ee

Вчера беше чудесно на Камена бина во Прилеп: The Hounds ни покажаа како се прави тоа, а прилепчани докажаа дека ги бива за Рокенрол (Видео)

-Прилеп вчера беше најубав град во Македонија! Прилеп покажа како се сака рокенрол, како се почитува култот наречен Архангел, а ние сме бескрајно благодарни за љубовта поддршката овие 15 години – напишаа најпознатите прилепски рокери, кои синоќа на Камената бина имаа настап во рамките на проектот “Од 0 до култура”, и свиреа песни од групата “Архангел”, но и дел од своите авторски песни и репертоар.

Еве дел од атмосферата на плоштадот “Александрија”:

Почина еден од најголемите битолчани: Македонија се збогува со композиторот Кире Костов

Денес по подолго боледување почина големиот македонски композитор Кире Костов.

Кире Костов е роден во 1949 година во Битола. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот.

Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор – „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.

Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си – до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година.

Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика.

Добитник е на бројни награди и признанија.

Битолчанка и нејзиниот син нападнати во Прилеп, додека пак тројца битолчани сте тепале во Градскиот пазар во Битола

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 26.07.2023 во ОВР Прилеп, С.Е. (68) од Битола пријавила дека на ул. „Републиканска“ таа и нејзиниот син биле физички нападнати.

-На 25.07.2023 во СВР Битола било пријавено дека во Градскиот пазар во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 53 и 57 години страна и 56 годишно лице од друга страна, сите од Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи, информираат од СВР Битола.

Се прави репроценка на имотот на прилепчани: Општината планира да собере дополнителни 35 милиони денари од данок на имот

Општина Прилеп започна со репроценка на недвижниот имот на граѓаните и правните лица, со што се утврдува пазарната вредност на недвижниот имот на секој граѓанин.

Ова претставува законска обврска на општините, според Законот за данок на имот донесен во 2021 година, каде секоја општина мора да направи репроценка на имотот на граѓаните, на секои четири години. Во Прилеп, репроценка на имотот не е направена од 2009 година и даночните обврзници се во нерамноправна состојба при плаќањето данок на имот, бидејќи во една иста зграда, со стан од иста квадратура, граѓаните досега плаќаа различен данок на имот поради ниската проценка на вредноста на имотот на дел од становите,- објаснуваат од даночното одделение при Општина Прилеп.

„Со репроценката на имотот, во зависност во која зона припаѓа имотот, Општината ја поделивме на шест зони, вклучително и населените места, граѓаните, даночните обврзници, ќе плаќаат рамноправно, а таа е 0,10 % од проценетата вредност на нивниот имотот, што би значело дека оние граѓани чиј имот им е проценет на пониска вредност, сега имотот ќе им биде проценет според денешната, пазарна вредност и со тоа би се утврдила и висината на данокот на имот. Моментално се случува во иста колективна зграда, со иста квадратна површина на стан, еден станар да плаќа 200/300 денари данок на имот, а друг, кој го стекнал имотот (станот) по 2010 година, поради пазарната проценка на неговиот стан во ова време, да плаќа 700/800 денари данок на имот. И со ова доаѓа до нерамноправна положба на даочните обврзници при плаќањето на оваа даночна обврска. Од оваа година од 1 Јануари 2023 година сите граѓани ќе плаќаат данок на имот според пазарната вредност на имотот со кој што располагаат“ истакна Горан Стојаноски, од даночното одделение при Општина Прилеп.

Со репроценката на имотот на граѓаните и правните лица се воведува воедначување, секој имот кој што се наоѓа во одредена зона да има иста ставка на оданочување, односно вредноста на објектот да биде на исто ниво во зависност од квадратурата. Со репроценка на недвижниот имот на граѓаните, општината ќе го зголеми данокот на облог на имот за околу 35 милиони денари, а тоа во иднина би било основа за креирање на основниот Буџет на Општина Прилеп.

Постапката за репроценка на имот, во која е вклучена и проценителна куќа, Општина Прилеп планира да ја завршена до крјот на оваа година.

Најискусниот и бедемот во одбраната е новиот капитен на РК ПРИЛЕП

Амбициозната екипа на Прилеп во новата сезона ќе има подновен состав, со кој ќе атакува на добар пласман во суперлигашката конкуренција.

Покрај потпис со новајлиите: Владан Кастратовиќ, Драган Јелушиќ, Пеце Рајатовски, Давид Ацевски, Томче Трајчевски и Никола Цветаноски, прилепчани ја продолжија соработката со искусниот дефанзивец Филип Велески и еден од најдобрите поединци, Христи Бикоски.

Од клубот денеска соопштија дека токму Велески и Бикоски ќе бидат капитен и заменик капитен на екипата следната сезона.

Под водство на новиот тренер Боби Мојсов, Велески и Бикоски ќе треба да ја мотивираат екипата од која се очекуваат подобри резултати оваа сезона.

Министерката за култура тврди дека СДСМ е патриотска партија што не работи криминално

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за погрешен вид на патриотизам кој не е добар како патриотизмот на СДСМ.

Додека владата е дел од стотици афери во кои се зборува за огромна корупција според неа една од карактеристиките на патриотизмот на СДСМ е некриминално работење.

,,Вториот вид на патриотизам го живееме веќе 7ма година. Зголемени плати, зголемени пензии, рамноправни договори со сите социјални партнери, враќање пари кај граѓаните, стабилен пензиски фонд. Обезбедување европска иднина. Подобрување на животниот стандард. Помош на граѓаните. Економска поддршка. Зголемени субвенции. Некриминално работење. Каде е полначот за овој вид на патриотизам? Во секој еден од нас. Во секој кој сака напредок за државата и иднина за своите деца, внуци, пријатели. Овој патриотизам не ја преслекува историјата и не краде во име на културата. Ги остава да постојат и да се развиваат. Ги остава да биднуваат. Не предизвикува масовна хистерија. Не прави паника. Овој вид на патриотизам само бара храброст, верба и волја. Толку едноставно”, пишува министерката за култура во чие време нејзиниот ресор не го поддржа традиционалниот Илинденски марш а во другите ресори се случуваат десетици корупциски скандали за кои истрага води и европската агенција за борба против корупција ОЛАФ.

Целата колумна на министерката за култура објавена на сајтот на СДСМ.

Колумна на Бисера Стојчевска Костадиновска: Феникс патриотизам!

Путин му подари хеликоптер на претседателот на Зимбабве

Рускиот претседател Владимир Путин му подари хеликоптер на претседателот на Зимбабве, соопшти денеска владата на земјата.

Претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва е меѓу африканските претставници кои учествуваат на дводневниот самит Русија-Африка, кој, според Франс прес, се смета за тест за поддршка на Путин по руската инвазија на Украина.

„Претседателот Путин му подари претседателски хеликоптер на неговата екселенција, претседателот Емерсон Дамбуџо Мнангагва“, напиша Министерството за информации на Зимбабве на социјалните мрежи.

„Таа птица наскоро ќе биде на нашето небо“, додаде владиниот портпарол преку Твитер

Лидерите на Зимбабве се под американски и европски санкции поради корупција и кршење на човековите права.