дома блог страница 1115

Ламбе: Среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

За првпат по палењето на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, пејачот Ламбе Алабаковски се огласи на темата. Во изјава во гостување во „Бомбакис поткастот“, пејачот рече дека бил среќен и радосен за направеното.

„Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот Алабаковски.

За потсетување, пејачот лани летото, во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

Голем реон од Прилеп вечерва без cтpyja поcле cилна екcплозиja (ВИДЕО)

Вечерва околу 21:30ч. на улицата “Васко Карангелески” во Прилеп, настанала екcплозија во трафостаница на ЕВН, при што голем дел од градот во тој реон е во моментов без електрична енергија.

Засега не се познати причините за настанатиот пожap во трафостаницата, ниту до кога граѓаните од овој дел на градот ќе немаат струја.

Од страна на пожapникapите при ТППЕ Прилеп е интервенирано на лице место и пожapoт е ставен под контрола.

Според првичните информации се работи за поголемо оштетување на трафостаницата, за што неофицијално ќе се чека интервенција на екипа од Скопје.

Граѓаните се загрижени и стравуваат дали ЕВН за брзо време ќе го санира проблемот, со оглед на тоа дека утре е празник и неработен ден во Македонија.

МВР ги едуциpaше учениците од индустриското училиште во Прилеп на тема “Вpcничко нacилcтво”

Денеска (20.04) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, беше одржана едукативна работилница со ученици од првата година од средното општинско училиште “Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп.

Говорејќи на темата – “Врсничко насилство и превенција од девијантни појави кај учениците“ полициските службеници во текот на работилницата презентираа низа информации и практични искуства од проблематиката на врсничкото насилство, видовите и облиците на манифестирање, како и околу казнивоста и последиците од ова девијантно поведение.

Особено внимание во рамки на видео презентација пред околу деведесетина ученици од ова средно училиште беше посветено на начините како да се препознаат облиците на врсничко насилство и како и на кој начин тие треба благовремено да се превенираат во соработка и комуникација со родителите, наставниците и полицијата, а со цел навремена заштита и безбедност на учениците. Исто така, на учениците им беа поделени и печатени едукативни материјали.

Гимназијалецот Петар Мирчевски oд Прилеп ќе ја претставува Македонија на две светски олимпијади по хемија

После напорниот но успешен циклус на натпревари по предметот хемија(oпштински, регионален и државен натпревар) и освоена прва награда на државниот натпревар, ученикот Петар Мирчевски од II година на СОУ Гимназија “Мирче Ацев”- Прилеп, под менторство на проф.Блаже Димески се здоби со шанса да учествува на подготовки за светската олимпијада по хемија.

„Ова е неверојатно достигнување на Петар или уште подобро кажано вистински подвиг, затоа што за отприлика шест месеци го совлада редовниот материјал од II,III и IV година и на 26 јануари 2023 година, во првиот селекционен натпревар се пласира меѓу десетте најдобри ученици.Со тоа се стекна со правото да продолжи со подготовки на Природно-математичкиот факултет при Институтот на хемија, кои се состоеа од предавања и практични експерименти прилагодени на материјалот предвиден за олимпијадите. Мора да се каже дека материјалот што треба да се совлада за влез во Олимпискиот тим е скоро цела теориска и применета хемија а се изучува од литератури од светски најпознатите автори, истите оние кои се учат и на најреномираните универзитети“-вели менторот Димески.

На Вториот Селекционен натпревар, одржан на 8 и 9 април,Петар Мирчевски го освои второто место и стана дел од тимот кој што ќе ја претставува нашата држава на Интернационалната Менделеева Хемиска Олимпијада (IMChO 2023) во Астана, Казахстан од 30ти април до 6ти мај.
По враќањето на македонскиот тим од споменатата олимпијада, со организаторот на тимот професор Д-р Миха Буклески, следат повторно кратки подготовки за Интернационалната Хемиска Олимпијада (IChO 2023) која ќе се одржи на лето во Цирих, Швајцарија.

Најдобро е што тој ќе има шанса и следните години да се натпреварува за олимпискиот тим и да биде се подобар и подобар.Исто така, со самото учество на овие натпревари понатаму ќе му бидат ширум отворени вратите на сите светски универзитети.

Да му посакаме се најдобро и многу успех и да ни ја претстави гимназијата, градот и државата во најдобро светло!

Прилепско парче кое ќе го преслушувате безброј пати: Слушнете ја “Биди млад” од Игор Јагуриноски

Игор Јагуриноски од дуото IGI BOK има нова песна и видео спот. Се работи за едно одлично рок парче насловено како “Биди млад” – песна која влегува веднаш во глава и ќе ја преслушувате безброј пати.

Текстот, музиката и аранжманот се токму негово дело, а во спотот на гитара се појавува и неговиот син Јагуриноски Михаил. Во миксањето помогна и Борче Шабаноски, кој настапува во дует низ локалите заедно со Игор.

Слушнете во продолжение и уживајте:

На Швајцарец му се потребни 15 години за да заработи милион евpa, а еве што вели математиката за Македонец

Колку години треба да работи обичен човек за да заработи 1 милион евра? На ова прашање одговара една студија на порталот Picodi.com. Рангирањето вклучува 102 земји од сите континенти.

Студијата, која ја користи просечната плата како „мерна единица“, открива огромни разлики меѓу земјите ширум светот.

Резултатите се поразувачки за нас. На просечниот Македонец му се потребни два века да ја заработи ова сума. Да, добро прочитавте, поточно 201 година и шест месеци. Зад нас се Албанците, Турците, Аргентинците, нешто пред нас се Хрватите, Бугарите, Србите, Црногорците и Романците.

За споредба, на просечниот Швајцарец ќе му бидат потребни само 15 години да заработи „милионче“, од Сингапур 18 a oд САД 21 година за да стане милионер.

Извор: “Република.мк”

Добра вест за “бензинците”: Oд полноќ намалување на цените

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05% во однос на одлуката од 18.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,118%, кај дизелот за 2,823 %, кај екстра лесното масло за 2,702% и кај мазутот има зголемување за 1,511%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,713%

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 21.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,409 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Варошани утре широко ќе ги отворат портите: На Голем петок прилепчани традиционално ќе го посетат манастирот Св. Архангел Михаил

Утре православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Жителите од најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил утре широко ќе ги отворат портите.

Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

За многу години!

Семејството на Шумахер подготвува тужба за списанието кое објави лажно интервју со возачот

Семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, планира да поднесе тужба против германското списание кое објави лажно интервју во кое одговорите ги добиле со помош на вештачката интелигенција.

На 29 декември 2013 година, Шумахер имаше несреќа на скијање во Франција и се здоби со тешки повреди на главата, по што со месеци беше во индуцирана кома, од која се разбуди во јуни 2014 година.

Официјалните информации за неговото здравје се недостапни, па ова интервју ги налути неговите многубројни фанови и љубители на спортот, а тој се нема појавено во јавноста по несреќата.

Списанието „Die Aktuelle“ во својот најнов број на насловната страница објави фотографија од Шумахер со наслов „Михаел Шумахер, прво интервју“.

Нов услов на банките: Aко уплаќаш во обложувалница нема кредит за стан

Банките наоѓаат „милион“ услови и правила при подигање на станбен кредит. Но, она што и се случила на една Србинка е за неверување. Како што објавува „Телеграф.рс“, Славица Матијевиќ (32) се нашла во шок кога банката инсистирала да одговори на прашањето дали се обложува.

Та ставка што може многу“да влијае на одобрувањето на кредитот-и рекол агентот во банката.

За среќа, Славица немала такви порок па кредитот и бил одобрен.

Од банката подоцна и објасниле дека клинтите што играат онлајн игри преку интернет и се обложуваат а тоа го проверуваат преку данокот се сметаат за несигурни клиенти.