дома блог страница 1114

20 пожарникари со 10 возила се’ уште го гаснат пожарот во текстилната фабрика во Прилеп (ФОТО)

Со повеќе од 20 пожарникари и 10-тина противпожарни возила, ТППЕ Прилеп сеуште работи на локализирање на пожарот кој денес изби во фабриката за текстил “Тила” во населбата Бончејца.

Ги известуваме граѓаните дека околните објекти околу опожарениот не се во опасност и целосно се заштитени – напишаа од општина Прилеп на ФБ.

Свој придонес во оваа интервенција дадоа ЈКП Комуналец – Прилеп и ЈКП Водовод и канализација – Прилеп за поефикасно решавање на оваа ситуација.
На лице место на настанот увид изврши и градоначалникот Борче Јовчески, информираат од општина Прилеп.

Попладнево пожap во текстилна фабрика во Прилеп (ФОТО)

Денеска околу 13 часот пожар избувна на кровната конструкција од текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп

Во пламен се покривот од фабриката и сончевите колектори. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Прилеп се обидуваат да го локализираат пожapoт и да го стават под контрола.

За среќа, според првичните информации, во фабриката немало никој за време на избувнувањето на пожарот, а причините за истиот засега не се познати.

РЕКА ОД НАРОД: Прилепчани како никогаш досега на Голем петок масовно го посетија вековното светилиште (Фото галерија)

Православните христијани денеска го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Жителите од најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил широко ги отворија портите и ги пречекаа своите сограѓани и гости од другите градови.

Вистинска река народ уште од утринските часови се слеа кон едно од најубавите светилишта во околината на Прилеп.

Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

За многу години!

Втора тура продолжен викенд во Грција: Километарски колони за излез од Македонија

Гужви на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција има и овој продолжен викенд. За разлика од сите гранични премини, овде се чека и до еден час, за да се помине границата.

Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации. Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата. Подолго време на чекање има и на Табановце, за влез во Србија.

Прилепчанка на терен ги убедуваше тетовчани да гласаат за СДСМ (ФОТО)

СДСМ вчера беше на теренски активности во општините и регионот околу Тетово и Гостивар, а на терен беше и прилепчанката Ивона Кузмановиќ, советник во Советот на општина Прилеп и член на Извршниот Комитет на СДСМ.

Таа заедно со министерот Благој Бочварски ги убедуваа граѓаните на Тетово дека Владата правела се’ за да им се подобри животот.

Сепак она што е забележително е малата посетеност на овие собири, од по десетина луѓе.

Просечната плата во Македонија пак пораснала – сега била 33.720 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава, изнесувала 33 720 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Ззголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Градежништво (21.3 %), Информации и комуникации (18.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 %).

Намалување, пак, на просечната нето-платапо вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Транспорт и складирање (9.7 %), Рударство и вадење на камен (9.2 %) и Дејности во врска со недвижен имот (6.1 %).

Македонија втора во светот по бројот на невакцинирани деца, објавија од УНИЦЕФ

Македонија го зазема второто место во светот по бројот на деца кои не примиле никаква вакцина од раѓање. Ова го покажува глобалниот извештај на УНИЦЕФ во кој се анализирани податоци за 55 земји во светот, од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија. Извештајот наведува дека довербата во вакцините е значително намалена, особено по минувањето на пандемијата. Босна и Херцеговина, Киргистан и Македонија се на исто место со Македонија, а полошо стои само Молдавија.

„Загрижувачки е фактот дека по пандемијата, довербата во детските вакцини значително падна. Имунизацијата е една од најголемите успешни приказни на човештвото. Тоа доведе до искоренување на болести како што е сипаницата и спаси животи на милиони луѓе од опасни болести, вклучително и мали сипаници и детска парализа. Не смееме да дозволиме бранот и стравот од дезинформации, кои беа многу зголемени од пандемијата, да донесат опасност по животите на децата“, вели Патрисија Ди Ховани, претставничка на УНИЦЕФ за Македонија.

Извештајот покажа дека за разлика од светските трендови каде невакцинираните деца се главно во најнеразвиените и најсиромашните земји, во Македонија бројот на деца со „нула дози“ е во градовите и тоа во најбогатите и најразвиените делови од државава. УНИЦЕФ дава препораки до институциите како да се намали процентот на невакцинирани деца.

„Да се продолжи со идентификација на сите невакцинирани деца и истите да се имунизираат. Да се ​​зајакне довербата во вакцините во соработка со локалните единици. Дајте приоритет и финансирање на услугите за имунизација и примарна здравствена заштита. Да изградиме здравствени системи преку инвестирање во медицински тимови“, наведуваат од УНИЦЕФ.

Според извештајот на УНИЦЕФ, пандемијата ја уништила вакцинацијата на децата речиси насекаде во светот, како резултат на големиот притисок врз здравствениот систем за канализирањето на ресурсите за имунизација со вакцината против Ковид, потоа поради недостигот на здравствени работници и мерките за карантин. Како резултат на тоа, 67 милиони деца во светот не примиле редовни вакцини во периодот 2019-2021 година, по што опфатот со вакцинација опаднал во дури 112 земји.

Ламбе: Среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

За првпат по палењето на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, пејачот Ламбе Алабаковски се огласи на темата. Во изјава во гостување во „Бомбакис поткастот“, пејачот рече дека бил среќен и радосен за направеното.

„Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот Алабаковски.

За потсетување, пејачот лани летото, во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.

Голем реон од Прилеп вечерва без cтpyja поcле cилна екcплозиja (ВИДЕО)

Вечерва околу 21:30ч. на улицата “Васко Карангелески” во Прилеп, настанала екcплозија во трафостаница на ЕВН, при што голем дел од градот во тој реон е во моментов без електрична енергија.

Засега не се познати причините за настанатиот пожap во трафостаницата, ниту до кога граѓаните од овој дел на градот ќе немаат струја.

Од страна на пожapникapите при ТППЕ Прилеп е интервенирано на лице место и пожapoт е ставен под контрола.

Според првичните информации се работи за поголемо оштетување на трафостаницата, за што неофицијално ќе се чека интервенција на екипа од Скопје.

Граѓаните се загрижени и стравуваат дали ЕВН за брзо време ќе го санира проблемот, со оглед на тоа дека утре е празник и неработен ден во Македонија.

МВР ги едуциpaше учениците од индустриското училиште во Прилеп на тема “Вpcничко нacилcтво”

Денеска (20.04) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, беше одржана едукативна работилница со ученици од првата година од средното општинско училиште “Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп.

Говорејќи на темата – “Врсничко насилство и превенција од девијантни појави кај учениците“ полициските службеници во текот на работилницата презентираа низа информации и практични искуства од проблематиката на врсничкото насилство, видовите и облиците на манифестирање, како и околу казнивоста и последиците од ова девијантно поведение.

Особено внимание во рамки на видео презентација пред околу деведесетина ученици од ова средно училиште беше посветено на начините како да се препознаат облиците на врсничко насилство и како и на кој начин тие треба благовремено да се превенираат во соработка и комуникација со родителите, наставниците и полицијата, а со цел навремена заштита и безбедност на учениците. Исто така, на учениците им беа поделени и печатени едукативни материјали.