дома блог страница 1113

25-годишно момче од Прилеп, синоќа со нож избодил свој сограѓанин пред угостителски објект

Денеска (22.04.2023) во 04.00 часот Ф.И.(38) од Прилеп пријавил дека околу 00.40 часот пред угостителски објект во Прилеп бил нападнат со остар предмет од страна на М.С.(25) од Прилеп.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Храмот Св. Кирил и Методиј од Прилеп упатува огромна благодарност до сите верници кои донираа за возобновување на фрескоживописот во Параклисот

Храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис упатува благодарност до сите верници кои донирале за обновување на фрескоживописот во Параклисот.

-Неискажливи се милостите на Бога со кои Он го просветлува и осветлува секој човек во светот. Секојдневно ние сме опсипани од благодатите на нашиот Отец Небесен, а најголем показател за Неговата безгранична љубов кон родот човечки е, без сомнение, понижението и страданието на Синот и Словото Божјо заради нас, луѓето. Господ Исус Христос, заради нас прими човечко тело и пострада за него на крст. Но на третиот ден Тој славно воскресна, совоскреснувајќи ги и умртвените прародители Адам и Ева и давајќи ни ја сите нас бесценетата можност да совоскреснеме со Него, само доколку веруваме и Го љубиме.

Како благослов и голема благодарност заедно со црковниот одбор и свештеничкото братство, исто така и вработените, при храмот св.св. “Кирил и Методиј” (Параклис) за Своето сесветло и несебичното донирање и помагање изразуваме кон верните ПРИЛЕПЧАНИ И СИТЕ ПОМАГАЧИ на фрескоживописот на Параклисот, но и неговата обнова, кој со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот наш г. Петар се возобнови и се возобнувува се уште. Се надеваме дека еден ден, ќе се заврши ова дело пред Христа Воскреснатиот.

старешина на храмот,

протоереј Дејан Секулоски заедно со свештеничкото братство при истиот храм Ве поздравува вас добри прилепчани и останатите добронамерници, помагачи на нашиот храм, со најрадосниот поздрав ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Maнифестација која вреди да се посети: Во битолско “Јенимаале” и оваа година на Голем петок се одбележа вековната традиција “Градски – Селски Велигден” (Фото галерија)

На верскиот празник „Источен петок – Балаклија“, традиционално во Јенимаале во Битола, продолжи вековната традиција на одбележување на „Градски – Селски Велигден“.

Многу радост, песна и игра го исполнија сретселото на ова битолско маало, каде се одржа и централната манифестација на новиот Детски фолклорен фестивал „Весел Петок“, организиран од КУД „Илинден“.

Во рамките на овој фестивал беа одржани голем број манифестации во кои учество зедоа детски фолклорни ансамбли од Македонија и странство, а денешната програма започна со Дефиле на фолклорните групи низ Јени маало и продолжи со настап на детските групи на КУД „Илинден“ Битола, КУД „Дримкол“ од Вевчани, Фолклорниот ансамбал „Китка“ од Истивања и училиштето за фолклор „Теблаб“ од Будимпешта, Република Унгарија.

На овој начин, културно уметничкото друштво „Илинден“, формирано во 1955 година во Јенимаале продолжува, заедно со младите генерации да ја негува и презентира народната традиција на локалното население.

На годинешното одбележување, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој на сите присутни им го честита празникот, посакувајќи им искрени желби за здравје и успех и уште многу години, со радост и среќа да се одбележува овој ден.

Градоначалникот Коњановски, претходно, во својот кабинет, заедно со раководството на КУД „Илинден“, оствари средба со Тибор Мокаи, заменик градоначалникот на 18 Дистрикт, општина во Будимпешта, кој во Битола, присуствува заедно со училиштето за фолклор „Теблаб“ од Будимпешта, со кое КУД „Илинден“ соработува 23 години, а годинава е дел и од програмата на фестивалот „Весел петок“. Мокаи, во интерес на продлабочување на соработката, предложи да се разгледаат можностите за идно збратимување на двете општини.

Време е за ПЛЕЈ-ОФ: Вечерва потребна е голема поддршка за прилепската кошаркарска екипа! Сите во сала!

По освоеното прво место во Б-групата, четвртфиналето го стартуваме со четвртопласираната екипа од А-групата, а тоа е тимот на Младинец од Скопје.

Се игра на два добиени натпревари, а првиот е денеска (22.04.2023) со почеток во 19:00 часот во салата на ООУ “Добре Јованоски.

Од клубот бараат поддршка од сите спортски вљубеници со цел да ја оставарат првата победа во плеј-офот, со предност да заминат на гостувањето во Скопје.

-Само влез во финале не сели во повисок ранг – велат од Мега баскет.

“Некст Тајм” приредија спектакл помеѓу нашинците во Сиднеј: Во еден глас грми цела сала! (ВИДЕО)

“Некст Тајм” и Влатко Лозаноски деновиве се на турнеја кај нашинците во Австралија, каде интересот за нивните концерти е огромен. Најпознатите близнаци во Македонија ни доловија дел од синоќешната атмосфера од концертот во Сиднеј.

Во краткото видео може да се види огромна емоција и енергија, а веќе вечерва “Некст Тајм” ќе одржат уште еден концерт на истото место.

Превртено возило на брза помош: Четири лица се повредени во тешка сообраќајка која се случила синоќа

На 21.04.2023 во 23.20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

20-годишник со моторцикл излетал од коловозот на патот Градско-Прилеп

На 21.04.2023 во 14.35 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско-Прилеп кај превој Плетвар моторцикл “сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(20) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

Прекрасен празничен ден во манастирот Св. Богородица Пречиста кај Кичево: Стотици верници беа дел од литијата на Голем петок (Фото/Видео)

Голем број верници од сите краишта на Македонија денеска го посетија манастирот Св. Богородица Пречиста кај Кичево и присуствуваа на светата литургија, а потоа и на литијата за денешниот празник Источен или Голем петок.

Со литургијата чиноначалствуваше епископот Партениј, а присутни беа и монашките заедници од Бигорската, Рајчичката и Кнежинската обител.

Еден прекрасен празничен настан на кој беше благодет да се биде дел.

Еве што остана од трафостаницата на ЕВН во Прилеп, која синоќа екcполодиpa и без струја остави голем број семејства (ФОТО)

Пожарот кој синоќа околу 22 часот избувна во трафостаница на ЕВН на улицата “Васко Карангелески” во Прилеп, остави без електрична енергија голем број семејства во овој дел од градот.

Граѓаните синоќа беа загрижени и прашуваа колку време ќе трае санацијата на трафостаницата и до кога ќе бидат без струја.

Според информациите, за десетина дена ќе биде донесена нова опрема, а екипи на ЕВН денеска поставија привремени трансформатори.

Не е познато што го предизвикало пожарот во трафостаницата, на кој му претходеле две експлозии.

20 пожарникари со 10 возила се’ уште го гаснат пожарот во текстилната фабрика во Прилеп (ФОТО)

Со повеќе од 20 пожарникари и 10-тина противпожарни возила, ТППЕ Прилеп сеуште работи на локализирање на пожарот кој денес изби во фабриката за текстил “Тила” во населбата Бончејца.

Ги известуваме граѓаните дека околните објекти околу опожарениот не се во опасност и целосно се заштитени – напишаа од општина Прилеп на ФБ.

Свој придонес во оваа интервенција дадоа ЈКП Комуналец – Прилеп и ЈКП Водовод и канализација – Прилеп за поефикасно решавање на оваа ситуација.
На лице место на настанот увид изврши и градоначалникот Борче Јовчески, информираат од општина Прилеп.