дома блог страница 1102

Полициjaта yапcи 40-годишен прилепчанец: Му пронашле марихуана во домот

Денеска (03.05.2023), полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(40) од Прилеп.

При претрес во домот и помошни простории кои ги користи, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Родители побрзајте! Во сабота “Пипи долгиот чорап” во прилепскиот театар

Во сабота (6 мај), со почеток од 12.00 часот во театарот “Војдан Чернодрински” ќе се одигра претставата „Пипи долгиот чорап“.

Влезници на телефонскиот број: 076 442 378

Во сабота е голем празник: Ѓурѓовден е празник врзан со најголем број обичаи – Еве што треба да знаете

Православните верници во сабота, на 6 мај, го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало и дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Ферус Мустафов се бори за живот

Откако по медиумите се рашири вест дека наводно починал популарниот музичар Ферус Мустафов, се огласи неговото семјество.

Внукот на Мустафов, Ферчо Мустафов, демантира дека познатиот музичар починал во болница, но потврди дека неговиот дедо е во болница и се бори за живот.

„Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат, но вистина е дека е во болница и се бори за својот живот“, напиша неговиот внук.

Новиот македонски филм “Преекспонирано” утре во киното “Мис Стон” во Прилеп

Новиот македонскиот филм „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова премиерно ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ на 4 мај 2023 /четврток/ со почеток од 20.00 ч.

Влезниците можат да се набават два часа пред почетокот на проекцијата на билетарницата од киното.

Улогите во филмот ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска.

Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ. Сценариото е на Елеонора Венинова, монтажер – Гоце Кралевски, а костимите се на Жаклина Крстевска.

Монтажер за звук: Дарко Спасовски, продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, Српски филмски центар и Еуримаж.

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, во ноември минатата година. Азиската премиера беше во февруари годинава, а македонската пред десетина дена.

Четири на четири: Жители на Кривогаштани и Врбјани се тепале со жители од Алданци

На 01.05.2023 во Полициското одделение Кривогаштани било пријавено дека во кругот на бензиска станица во с.Кривогаштани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.Д, В.П., А.П. од с.Кривогаштани и А.М. од с.Врбјани, од една страна и Е.М., А.Е., Н.Е. и М.И., сите од с.Алданци, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Уапсен кондуктер од Македонски Железници – зел 1.000 евра од мигранти за да ги пушти во возот

На 01.05.2023 во 19.20 часот на Железничка станица Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(28) од Скопје, кондуктер во Железници на Република Северна Македонија. Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик.

Претходно, околу 18.30 часот на Железничка станица Кукуричани, неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ откриле две лица мигранти од Сирија.

Во службен разговор во полициска станица тие изјавиле дека на кондуктерот му дале пари за да влезат во возот. А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Се отвори кратер на кружниот кај поштата во Прилеп – Од општината велат екипите работат на терен, во најбрз рок проблемот ќе се санира (ФОТО)

После настанатиот дефект во текот на денешниот ден, односно поради пропаѓање на веќе постоечкиот стар подземен канал, на кружниот тек кај Поштата во централното градско подрачје, сакаме да ве известиме дека екипите на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп, се на терен и работат во координација со надлежните лица од Општина Прилеп за што побрзо санирање на настанатиот проблем и овозможување на непречено одвивање на сообраќајот, за што известено е и Министерството за внатрешни работи, ПС Прилеп – информираат од општина Прилеп.

Од општината бараат трпение поради сообраќајните пренасочувања и метежот кој настана поради оваа непредвидена ситуација.

Двајца Бугари нападнале жена од прилепско

На 01.05.2023 на Граничен премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Делчево ги привеле Г.С.Т.(63) и Н.К.(43), двајцата од Република Бугарија.

Тие се сомничат дека претходно физички нападнале женско лице во прилепско.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

Започна реконструкција на 10 улици во битолската населба “Недопирливи” (ФОТО)

Денес започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“. Проектот вклучува реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и нов коловоз во должина над 2 километри.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и стручните екипи од општинската администрација, заедно со директорот на КЈП „Никоградба“, Зоран Талевски, извршија увид на активностите кои започнаа со реконструкција на мешовитата канализација од улица „Студентска“, профил 1.

Градоначалникот Коњановски, информираше дека, наскоро се очекува да започне и реконструкцијата на водоводната мрежа во овој дел, за да може реализацијата на проектот да се одвива со предвидената динамика и обезбедените средства од општинскиот буџет за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во износ од 37.000.000 денари. По завршувањето на овие фази, продолжува реконструкцијата на коловозот, за што од Светска банка обезбедени се 28.725.287 денари.

Покрај големите инфраструктурни активности кои се во тек на 6 други локации во општината, паралелно се врши и партерно уредување на помали улици, а во селото Кременица, со цел времено санирање на проблемите со патната инфраструктура, екипите на КЈП Нискоградба вршат вградување на гребен асфалт на местата каде што тоа е неопходно.