-На 05.11.2026 во 20:00 часот во ОВР Прилеп, 16-годишна малолетничка од Прилеп пријавила дека од страна на нејзиниот вонбрачен партнер и неговиот татко, била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР.
Можеби токму вие ќе ја дочекате Новата година со нов iPhone 18 Pro – Голема наградна игра во Cipriani!
Празничната магија во Прилеп оваа година ќе биде уште поголема, а причината доаѓа од Cipriani Fine Dining & Lounge Bar, кој подготвува големо новогодишно изненадување за своите гости со наградна игра во која ќе бидат доделени две навистина атрактивни награди – нов iPhone 18 Pro и електричен тротинет!
Одлична можност празничните дружења, добрата храна и забавите во Cipriani да донесат и дополнителна причина за радост, бидејќи секој гостин кој ќе ги исполни условите ќе добие можност да учествува во извлекувањето и да се надева на една од вредните награди.
А како може да учествувате?
Правилата се едноставни! Секој гостин кој ќе направи сметка поголема од 1.800 денари добива право на учество во наградната игра. Она што е особено интересно е што доколку на масата има повеќе гости, секој од нив добива посебно ливче за учество, без разлика на бројот на присутни, под услов сметката да го исполнува потребниот износ.
Право на учество добиваат и сите оние кои ќе купат карта за некоја од предновогодишните забави во Cipriani.
Дополнителна предност е тоа што нема ограничување на бројот на учества. Со секоја нова сметка над 1.800 денари или со секоја новокупена карта за предновогодишните забави, добивате нова шанса да бидете меѓу среќните добитници.
За учеството да биде валидно, потребно е на ливчето да ги запишете вашето име, презиме и контакт телефон, задолжително да ги следите официјалните профили на Cipriani на Facebook и Instagram, како и да ја споделите оваа наградна игра на вашиот профил, преку објава или стори.
Големото извлекување е закажано за 31 декември, за време на дневната новогодишна забава во Cipriani. Извлекувањето ќе се одвива пред присутните гости, а сите заинтересирани ќе можат да го следат и преку лајв пренос на официјалните профили на ресторанот.
Важно е да се напомене дека следењето на официјалните профили и исполнувањето на сите услови се задолжителни. Доколку биде извлечен учесник кој не ги исполнува правилата, ќе следува ново извлекување.
Затоа, доколку планирате убаво дружење, вкусна храна и незаборавни празнични моменти, Cipriani има уште една причина плус да биде вашата дестинација оваа сезона.
Можеби токму вашата сметка ќе ви донесе многу повеќе од прекрасно поминато време – можеби ќе ви донесе нов iPhone 18 Pro!
Следете ги профилите на Cipriani на Facebook и Instagram и бидете дел од големата новогодишна наградна игра!
Безбедно отстранети две минофрлачки гранати од Прва светска војна во прилепско
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна што биле пронајдени на локација каде што се работи на изградба на автопатот Битола – Прилеп. Местото на минско експлозивните средства (МЕС) прво било обележано по што, тоа место, а и поблиската околина ги проверува стручно лице за да провери дали има уште такви или други заостанати неексплодирани убојни средства (НУС).
Конкретно, во овој случај, пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, вчера попладне согласно стандардните оперативни процедури за НУС двете неексплодирани убојни средства ги подигна од месноста Каракли, кај с. Алинци во Oпштина Прилеп и ги складираше, за потоа да биде извршено нивно планско безбедно уништување на соодветна локација, полигон.
Важно е да се знае дека при пронаоѓање на неексплодирани експлозивни средства (НУС), заради безбедносни причини е строго забрането допирање, поместување или манипулирање со пронајденото НУС. Неопходно е веднаш, по пронаоѓањето на неексплодирано убојно средство на било кој терен, тоа да биде пријавено на бесплатниот Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК или во најблиската полициска станица (на бројот 192). Потоа, по обезбедувањето на локацијата безбедно подигање и уништување вршат овластени пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Инаку, познато е дека неексплодирани минофрлачки гранати од калибар 75 mm и други НУС од Првата светска војна често се пронаоѓаат на територијата на Македонија, особено во регионите каде што се бил Македонскиот, односно Солунскиот фронт. Вакви заостанати неексплодирани експлозивни средства најчесто се пронаоѓаат при земјоделски работи, ископи или градби, а и при прошетки во природата на места каде што се војувало во минатото.
Почина Ристо Глигороски, голгетерската легенда на Победа – Прилеп се простува од еден од своите најдобри фудбалери!
Прилепската фудбалска историја загуби уште едно големо име. На 76-годишна возраст почина Ристо Глигороски, некогашниот голгетер и еден од најдобрите центарфори кои го носеле дресот на прилепска Победа, фудбалер чии голови, настапи и фудбалска дарба оставија неизбришлива трага во срцата на љубителите на фудбалот.
Роден во Охрид во 1950 година, Глигороски најголемиот дел од својата фудбалска кариера и живот го поврза со Прилеп. Во Победа пристигна од струшки Караорман, а неговиот квалитет многу брзо стана препознатлив за пребирливата прилепска публика. Дебито за Победа го имаше против ЕИ Младост од Ниш, во натпревар кој прилепчани го добија со 4:1, а Глигороски уште на првиот настап постигна два гола.
Тоа беше само најава за она што следуваше.
Во 1970 година, заедно со Живко Ѓорѓиоски, беше еден од најдобрите поединци во нападот на Победа, а сезоната ја заврши како најдобар стрелец на екипата со 19 постигнати голови на 39 натпревари. Неговата брзина, цврстина, снаодливост и извонредното чувство за гол го направија вистински кошмар за противничките одбрани.
Особено впечатлива беше неговата игра со глава. Иако не беше висок фудбалер, Глигороски имаше неверојатен одраз и способност да се извиши над далеку покрупните противници, постигнувајќи голови и во ситуации во кои тоа изгледаше речиси невозможно. Подеднакво опасен беше и со ударите со нога, па со право го носеше епитетот вистински голгетер.
Неговите квалитети не останаа незабележани. За него интерес покажувале големи југословенски клубови, меѓу кои Партизан, Динамо и Црвена звезда. Кон крајот на 1970 година, од белградски Партизан добил покана да биде дел од едномесечната турнеја низ земјите на Јужна Америка, што претставувало големо признание за неговите фудбалски вредности.
Сепак, фудбалската приказна на Ристо Глигороски најсилно остана поврзана со Победа.
Во 1978 година замина во скопски Вардар, каде настапуваше две сезони и имаше можност да игра и во Првата југословенска лига. За Вардар го паметеше и еден од најголемите натпревари во својата кариера, кога во есента 1979 година постигна хет-трик против белградски Партизан, во убедливата победа од 5:0 на скопјани.
По епизодата во Вардар, повторно се врати во Победа, клубот кој, како што самиот знаеше да каже, засекогаш ќе го носи во срцето. Во прилепскиот клуб мина вкупно околу 15 години, настапувајќи во две различни фудбалски епохи, од 1970 до 1978 и повторно од 1980 до средината на осумдесеттите години.
Еден од неговите незаборавни голгетерски настапи во дресот на Победа беше натпреварот против Напредак од Крушевац во пролетта 1976 година. Победа славеше со 5:1, а Глигороски постигна три гола, додека два беа дело на Живко Ѓорѓиоски.
Во сеќавањата на прилепските љубители на фудбалот остануваат и неговите настапи против силни југословенски екипи, меѓу кои и Раднички од Ниш, кој во пријателски натпревар на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ беше совладан со 7:3. Глигороски и на тој натпревар се запиша меѓу стрелците со два гола.
Тоа беа времиња кога неговите голови, заедно со успесите на Победа, ги полнеа трибините на стадионот „Гоце Делчев“, каде пред повеќе од 15.000 гледачи се играше фудбал кој се паметеше и за кој се раскажуваше со години.
Глигороски беше дел од генерацијата која имаше квалитет за највисоките дострели. И самиот во своите сеќавања често зборуваше за силниот состав на Победа, но и за пропуштените можности клубот да направи уште поголем исчекор.
Неговата поврзаност со Прилеп не беше само фудбалска. Во градот пристигна во 1970 година, тука го помина најголемиот дел од животот и тука остана до последниот ден. И покрај тоа што беше роден Охриѓанец, прилепчани со години го доживуваа како еден од своите.
Со заминувањето на Ристо Глигороски, Победа и прилепскиот фудбал губат име од едно незаборавно време. Време на големи натпревари, полни трибини, фудбалски мајстори и голови кои се славеа со цело срце.
Ристо Глигороски беше роден голгетер. Неговите голови заминаа во историјата, но спомените за него ќе останат засекогаш дел од фудбалската приказна на Прилеп.
Телото на Ристо Глигороски ќе биде изложено денеска од 8 до 11 часот во црквата „Свето Благовештение“ (Стара црква), по што ќе биде погребан на Новите градски гробишта во Прилеп.
Вечна му слава!
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: T.A. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.418.699 ДЕНАРИ
Т.А. од Скопје е најновиот среќен добитник на Супер милионер на ВЛТ терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија! Тој освои џекпот во вредност од 7.418.699 денари.
Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Спортлајф на 02.11.2026 година во Скопје. Среќната игра што ја донесе милионската добивка е Desert Wealth CAP. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот и му посакува многу среќа и убави моменти!
Среќните вести продолжуваат и со неделниот биланс на исплати. Во периодот од 26 октомври до 1 ноември 2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 7.279.616 денари на играчите на ВЛТ низ Македонија.
Од вкупните износи оваа недела имаме:
• 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 5.672.736 денари
• МИНИ џекпот добивки, со кои играчите заедно освоија 1.606.808 денари
Со повеќе од една деценија успешно работење, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да работи во согласност со важечките законски регулативи и меѓународните стандарди, со посветеност на одговорното приредување игри на среќа.
Од 2023 год. кошаркарските работници во Прилеп се лажени со средства и адекватна сала – До кога вака?
Редица политичари во изминатите години ветуваа подобри услови, финансиска поддршка и соодветна спортска инфраструктура за прилепската кошарка. Но, годините минуваат, ветувањата остануваат, а состојбата на теренот речиси и да не се менува.
Прилеп со децении важи за град со кошаркарска традиција и средина во која се раѓале и развивале голем број млади кошаркарски таленти. Но, и покрај потенцијалот, ентузијазмот на спортските работници и вложениот труд, прилепската кошарка со години се соочува со недостиг од финансиска поддршка и несоодветни услови за работа.
Од 2023 година наваму, кошаркарските работници во Прилеп слушаат најразлични ветувања. Се најавуваа подобри услови, поголема грижа за спортот и поддршка за клубовите, но реалноста покажува дека конкретните резултати изостануваат.
Денес, Прилеп сè уште нема екипа во највисокиот ранг на македонското кошаркарско натпреварување. Градот кој има кошаркарска традиција и млади играчи кои сакаат да се докажуваат, наместо да размислува за враќање на големата кошаркарска сцена, сè уште се бори за основни услови за функционирање.
Особено загрижувачка е финансиската поддршка за КК Мега Баскет, клуб кој работи со сениорска и младинска екипа и претставува еден од носителите на кошаркарскиот спорт во градот.
За двете екипи, општинската поддршка за оваа година изнесува само 5.000 евра. Износ кој тешко може да ги покрие потребите на еден клуб што треба да обезбеди нормално функционирање, натпреварувачки активности, патувања, опрема и развој на младите кошаркари.
Ниту претходните години финансиската слика не била значително поразлична. Наместо системска поддршка и долгорочна стратегија за развој, клубот повторно е оставен во ситуација во која ентузијазмот и пожртвуваноста на луѓето во него треба да надоместуваат за она што недостига од институциите.
Но, финансиските средства не се единствениот проблем.
Прилеп располага со две спортски сали, но кошаркарите на Мега Баскет своите натпревари и активности ги реализираат во училишна сала. Се поставува сосема логично прашање: како е можно град со две спортски сали, со спортска традиција и со амбиции за развој на младите спортисти, да не може да обезбеди соодветен простор за својата кошаркарска екипа?
Најголемата штета од ваквата состојба ја трпат токму младите кошаркари. Прилеп има таленти, има деца кои тренираат, има тренери и спортски работници кои вложуваат време и енергија, но нивниот труд мора да биде проследен со институционална поддршка. Во спротивно, талентите наместо да се развиваат во својот град, ќе бараат подобри услови на друго место.
Не е доволно политичарите да се појавуваат на спортски настани, да зборуваат за спортските успеси и да ветуваат инвестиции кога се бара поддршка. Потребни се конкретни средства, јасна стратегија и реални услови за работа.
Доста е од ветувања. На прилепската кошарка ѝ се потребни дела!
„Музика и слово“ со македонски и хрватски автори во изведба на Маја Митровска и Јана Четелева Белевска во Битола
Во рамките на програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, која оваа година е под насловот „Сите бои на сеќавањето“, ќе се одржи концертот на македонски и хрватски автори, „Музика и слово“, во изведба на Маја Митровска, сопран и Јана Четелева Белевска, пијано. Настанот е во организација на МХД. Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“ Битола во соработка со КИЦ Офицерски дом и Општина Битола и ќе се одржи на 07.11.2026, со почеток од 19:00 часот, во КИЦ Офицерски дом.
Влез: слободен
Маја Митровска е оперска пејачка и професорка по соло пеење, со долгогодишно искуство во изведувачка и педагошката дејност. Дипломирала и магистрирала на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, Република Бугарија, во класата на оперската пејачка проф. д-р Иванка Нинова. Своето понатамошно професионално усовршување го продолжила во Оперското студио на познатата оперска пејачка Оливера Милјаковиќ во Виена, Австрија.
Во текот на својата изведувачка кариера реализирала повеќе значајни оперски и музичко-сценски улоги. Соработувала со Национален музички театар “Стефан Македонски”, Софија; Државна опера во Бургас; Врачанска и Видинска Филхармонија, Р.Бугарија, КИЦ Софија, “Битолска Опера”, “Камерен Оркестар” – Битола, “Интерфест” – Битола, “Бит – фест – Битола”, “Камерна опера – Битола” и др.
Од 2010 година активно се посветува на педагошката дејност како професорка по соло пеење во Државното музичко училиште – Битола. Како педагог, континуирано работи на развивање на вокалната техника, музикалноста, сценската култура и индивидуалниот уметнички израз на своите ученици. Член е на жири-комисии за дисциплината соло пеење на државни и меѓународни натпревари. Во својата досегашна педагошка и уметничко-организациска работа била наставник, организатор и музички координатор на повеќе оперски и музичко-сценски проекти наменети за деца и млади. Меѓу нив се адаптациите на „Севилскиот бербер“ и „Љубовниот напиток“, како и мјузиклите „Мачки“, „Волшебникот од Оз“, „Евита“ и „Фантомот од операта“. Како музички координатор учествувала и во меѓународниот проект „RYCO – Superschools“, реализиран во повеќе земји. За својата педагошка работа е добитник на државната награда „Истакнати музички педагози од областа на музичката педагогија во Македонија – 2021 година“.
Во 2025 година била стручен соработник во проектот на НУ Завод и музеј – Битола, посветен на реализацијата на Спомен-собата на македонскиот композитор Кирил Македонски, автор на првата македонска опера. Покрај музичката и педагошката дејност, Маја Митровска веќе неколку години се занимава и со детска литература и ликовно творештво. Автор е и илустратор на 11 сликовници и книги, преку кои ја поврзува уметноста со детската литература и развивањето на детската фантазија. Има издадено 2 романи за деца и млади, 8 сликовници и една поема.
Јана Четелева Белевска е родена во Битола, каде го започна своето музичко образование во класата на Маргарита Татарчевска. Дипломира во Софиската музичка академија ” Панчо Владигеров” во класата на Антон и Елена Дикови. Магистерските студии ги завршува со целосна стипендија во Америка на Универзитетот на Јужна Флорида во класата на проф.Светозар Иванов, каде и работеше како асистент по пијано на факултетот за музичка уметност. Добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари: Државен натпревар – Скопје , Петар Коњович – Белград, Млади виртуози – Софија, Интерфест – Битола, Охридски бисери – Охрид, Клауд Кан – Париз, Темпе – Аризона. Во 2004 на Државниот натпревар беше избрана за лауреат на натпреварот ,каде и доби награда од EMCY за семинар во Германија. На натпреварот Клауд Кан во Париз исто така доби специјална награда со 100 поени, и организиран концерт во познатата сала “ Salle Gaveau” во Париз.
Две ја посетуваше познатата летната школа Моцартеум во Салзбург каде настапуваше на годиниконцерти и соработуваше со познатите уметници Акилес Дел Вигн и Павел Гилилов. На 16 годишна возраст настапи со Македонската Филхармонија, а во 2008 беше избрана од цела музичка академија како единствен студент кој настапи со Софиската Филхармонија и го изведе вториот концерт за пијано од Сергеј Рахмањинов. Од 2009 до 2012 година активно учествуваше на концерти низ Америка, беше дел од серијата Steinway&Sons концерти. Исто така настапи во New York во чест на познатиот композитор Дејвид Дел Тредичи . Настапувала и во повеќе камерни состави како Претседателското трио на Универзитетот на Флорида и пијано дуо – два клавири со руската пијанистка Аза Торшкоева, пијано трио – Трифоника. Јана има настапувано низ Македонија, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Србија , Њу Јорк, Бостон, Чикаго, Мајами, Тампа, Аризона.
Во 2018 беше учесник на ЕПТА конференцијата во Малта, на тема “Пијано продиџи” – работа со надарени деца.
Моментално работи како професор по пијано во Државното музичко училиште каде нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди. Член е на жири комисии на натпревари во Р.Македонија, Србија и Црна Гора. Исто така е претседател на здружението “Пијано” кое организира концерти, семинари и меѓународниот натпревар Пијанофест во Битола.Здружението беше добитник на наградата 4ти Ноември Битола.
Во март 2023 година, Четелева доби специјална награда за високи педагошки достигнувања на меѓународниот натпревар Сирмиум Фест во Србија. Добитник е и на награда од Здружението на музички и балетски педагози од Македонија за високи достигнувања во областа на пијанизмот.
МХД Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола повеќе од три децении активно придонесува за развојот на културните врски меѓу Република Македонија и Република Хрватска.Основната мисија на Центарот е промоција на хрватската култура, уметност, јазик и традиција во Македонија, како и претставување и афирмација на македонската култура пред хрватската публика. Преку својата работа, Центарот воспоставува културни мостови меѓу двете земји, поттикнува меѓусебно разбирање и почитување и создава можности за соработка меѓу уметници, културни институции, театри, фолклорни ансамбли и други културни организации. Континуитетот на дејствување, искуството во организацијата на културни настани и развиените партнерства го позиционираат Центарот како значаен чинител во меѓународната културна соработка.
Со оваа македонско – хрватска вечер, уште еднаш се потврдува и зацврстува пријателството на двата пријателски народи, македонскиот и хрватскиот и ја става Битола како центар на културна соработка помеѓу Македонија и Хрватска, што е уште едно достојно одбележување на празникот на градот.
Програма:
- Владо Малески – „Денес над Македонија“
- Трајко Прокопиев – „Галебот”
- Коле Неделковски – „Глас од Македонија“
- Кирил Македонски – Арија на Јана од операта „Гоце”
- Владимир Назор – „Овде во срцето”
- Благој Цанев – „Цветови”
- Иван Горан Ковачиќ – „Јама“
- Владимир Назор – „Радост”
- Иван Бркановиќ – „Успаванка”
- Тодор Скаловски – „Шарпланинска приспивна”
- Анте Поповски – „Пред да се раздени”
- Јосип Хатзе – „Серенада”
- Јосип Хатзе – „Цвати, цвати ружице”
- Давор Неќак – „Трговец”
„Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
На 23 декември 2026 година, во 19 часот, во Центарот за култура во Битола, Оркестар DIVA ќе го одржи тринаесеттото издание на традиционалниот новогодишен концерт „Виена во Битола“. Зад идејата и реализацијата на проектот стои битолскиот диригент и продуцент Владимир Димовски, кој и годинава ќе го предводи оркестарот.
Инспириран од новогодишните концерти на Виенската филхармонија, Димовски во Битола создаде декемвриска традиција во која свое место имаат и оркестарот, и операта, и балетот. Низ годините, публиката ги слушаше валцерите и полките на Јохан Штраус, како и оперетските мелодии на Франц Лехар и Емерих Калман. Секое издание добиваше поинаков карактер со изборот на солисти, од гости кои за овие концерти доаѓаа од Виена до уметници од македонската оперска и балетска сцена.
Во 2023 година од Виена гостуваа сопранот Ирена Крстеска и мецосопранот Димфна Мејтс. Со Камерниот оркестар на Битола на двете декемвриски изведби настапи и хорот „Коруновска Арс Нова“, а балетските солисти на Националната опера и балет ги предводеше примабалерината Мими Поп-Алексова.
Една година подоцна, во 2024 година, публиката ги слушна Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска-Младенова. Во балетскиот дел настапија Марија Кичевска, Мими Поп-Алексова и Франсиско Хименез Руиз, а на оркестарот му се придружи и мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“. Двете изведби беа распродадени.
Во 2025 година Оркестар DIVA одржа два распродадени концерта. Со оркестарот настапија Марија Наумовска-Бакрески, гостинката од Србија Јелена Јовановиќ и Тамара Ангеловска, како и првенци и солисти од Националната опера и балет и мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“. За ова издание Владимир Димовски ги подготви и аранжманите и оркестрацијата.
На 23 декември Оркестар DIVA повторно ја кани публиката во Центарот за култура за заедно да ја испратат годината во ритамот на виенскиот валцер.
Билетите се во продажба во Тобако Димпо во Битола и онлајн на divaticket.com.
За Денот на Битола се одржа традиционален кугларски турнир
Во организација на Кугларскиот клуб „Пелистер“, се одржа традиционалниот кугларски турнир посветен на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.
На турнирот учество зедоа екипи од Битола, Прилеп и Демир Хисар, кои преку спортското надмудрување и дружење ја збогатија прославата на празникот на нашиот град.
Турнирот помина во знакот на спортскиот дух, натпреварувањето, дружењето и негувањето на долгогодишната спортска традиција на нашиот град.
Најуспешни натпреварувачи:
1 место – Влатко Трајчески
2 место – Иво Богоевски
3 место – Цане Колев
Наградите на најуспешните учесници ги додели претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.
Честитки до организаторите, учесниците и победниците!
Битола го одбележува својот ден и преку спортот, традицијата и заедништвото!
Полека, со макотрпна работа, искрен пристап и објективност, Маркукуле влезе во 85.000 домови!
85.000 следбеници на нашата Фејсбук страница. Бројка која ни причинува огромно задоволство, но пред сè ни носи уште поголема одговорност.
Веќе 11 години, Маркукуле е тука за граѓаните. Како сервис на јавноста, со информации за секојдневните случувања, вести од Прилеп и регионот, спорт, култура, образование, успесите на нашите сограѓани, младите таленти и луѓето кои со својата работа и посветеност заслужуваат да бидат видени и препознаени.
Тука сме да информираме, да поттикнеме, да дадеме простор на важните теми, но и да ја промовираме забавата, позитивните приказни и сè она што е убаво, вредно и успешно во нашата средина.
Не беше секогаш лесно, ниту успехот дојде преку ноќ. Зад овие 85.000 следбеници стојат години работа, многу часови поминати на терен, следење на настаните, подготовка на содржини и пред сè верба дека локалните приказни заслужуваат внимание.
Не тврдиме дека сме безгрешни, но секогаш се трудиме да бидеме објективни, искрени и блиску до граѓаните.
Затоа, оваа бројка не ја гледаме само како статистика, туку како доверба што се гради со години.
Ви благодариме што 11 години сте дел од нашата приказна!
Продолжуваме понатаму, со истата посветеност, со љубов кон Прилеп и регионот и со желба заедно да ги раскажуваме приказните што вредат.
Следете не’ на социјалните мрежи:













































