Eден од најпознатите адвокати на сите времиња на поранешните ЈУ простори, Тома Фила од Битола, зборува пред камерата на “Алфа” за односот на Европската Унија:
Турнир во баскет 3х3 викендов во Прилеп! Е тоа го сакаат младите
По пауза од 4 години, КГЈ 3х3 е повторно со вас. Оваа година ќе се организира 13-то издание на популарниот турнир во кое има пријавено над 20 екипи од Прилеп.
Oд најзабавниот 3х3 турнир, кој полека станува традиција на овој град, не’ делат неколку дена. Турнирот ќе се одржи на 26. и 27. август во училишниот двор на “Кире Гаврилоски-Јане”.
Очекувајте многу изненадувања како за играчите така и за публиката, и секако неверојатна акција на теренот и одлична атмосфера.
Пожарникари од Прилеп, Кривогаштани и Крушево од попладнево гаснат силен пожар помеѓу селата Подвис и Годивје
Силен пожар изби попладнево, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.
Како што соопшти Центарот за упраување со кризи (ЦУК), во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.
-Еден полициски хеликоптер полета за гаснење на пожарот и набргу ќе почне да дејствува, информира ЦУК. (МИА)
Со мопед удрил во паркирано возило: Жител од прилепско со тешки повреди донесен во прилепската болница
На 22.08.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Капетан Игор Ѓорески“ во с.Обршани, општина Кривогаштани, И.К.(39) од с.Крушеани, општина Кривогаштани, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.Ш.(45) од с.Обршани.
По несреќата, И.К. бил пренесен во Градската болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.
Двајца млади од крушевско Норово фатени со дрога во прилепско Беловодица
На 21.08.2023 во 22.00 часот на патот Градско-Прилеп, во с.Беловодица, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Ф.Р.(22) и Ј.С.(19), двајцата од с.Норово, крушевско. при преглед во патничко возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Р., а сопатник бил Ј.С. била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
(ФОТО) Кратко траеше радоста: Еверцето во “Точила” таман го реновираа, повторно оштетено и нефункционално
По нецел месец од целосното обновување на езерцето во населбата Точила, направени се големи оштетувања од несовесни граѓани. Езерцето е испразнето за да се направат неопходните поправки на подот каде е појавен исцедок, но и sидовите кои намерно се оштетени – информираат од ЈКП Комуналец Прилеп.
Според информациите, оштетувањата се направени од млади луѓе, а по неопходните поправки езерцето ќе биде повторно наполнето со техничка вода.
Се замолуваат граѓаните од населбата Точила; секоја девијантна појава да ја пријавуваат, со цел да се зачуваат градските добра – стои во соопштението од Комуналец.
Народниот правобранител контра Владата: Граѓаните кои имаат важечка лична карта не треба да плаќаат за нова, тоа треба да се плати од државниот буџет
Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки.
Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.
-Како обврска што ја наметнува државата, поседувањето на личната карта, а како резултат на одлука на државата, да се променат личните карти, во тој случај логично е, граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“ – Реагира Зибери.
Целиот текст овде.
Врвен ракомет со европски шмек викендов во Прилеп (ВИДЕО)
Во Прилеп викендов се одржува Меѓународниот ракометен турнир во чест на Миле Нешкоски, кој оваа година за прв пат ќе трае 4 дена, од 25-28 август.
Списокот на учесници e комплетиран, а покрај домаќинот РК Прилеп, од домашните екипи ќе учествуваат: Мулти Есенс, Пролет, Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Струга.
Редовен учесник на турнирот е и екипата на РК Дубочица од Србија, а она што ќе биде интересно да се види и што ќе му даде посебен европски шмек на турнирот, е учеството на финската екипа Кокс – екипа која е редовен учесник во еврокуповите во изминатите години.
Осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе биде отворено со дуел меѓу екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет.
Натпреварите ќе се играат во салата при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Влезот за сите љубители ќе биде бесплатен.
Мицкоски: На следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари историски резултат, ќе дојде крај на овие политичари
Македонскиот народ денеска е исправен можеби пред најголемиот егзистенцијален предизвик, а тоа е да се избори за себе и за својата Македонија. Дали тоа ќе го направиме? Да! Ќе се избориме сите заедно, затоа што ја чувствувам поддршката на народот каде и да одам низ Македонија. Во таа борба има многу предизвици, и од внатре и од надвор. Многумина ќе дојдат до вас, ќе ви ја стегнат раката и ќе ве погледаат во очи и ќе ви кажат се што сакате да слушнете. Но, внимавајте истите тие кои што ќе ви кажат се што сакате да слушнете, позади завесата се договараат со нивните стопани. Кои се нивните стопани? Сите тие кои што не сакаат овој народ да успее и оваа држава да успее“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од Кичево.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите повторно ќе оствари историски резултат како тој што беше на локалните избори. И тогаш ќе дојде крајот на оваа ненародна власт, но и крај на нивните мали мизерни политички кариери.
„Македонија со ум се брани. Секој кој што мисли дека со сила може да ја одбрани Македонија, се лаже. Ние треба да бидеме најмалку двојно поумни од сите останати, со добра и јасна стратегија. Сите тие кои што заведуваа со силни говори и јака реторика дека овој град бил наш, Македонија до таму, таму ќе го правиме следниот Конгрес, завршија како уценети мали просечни бизнисмени“, појасни Мицкоски.
Тој додаде дека треба утре чесно да се води Македонија. Нема време за бизнисмени во политика. Нема веќе тоа да го има. Секој оној којшто мисли дека во политиката ќе биде бизнисмен се лаже. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт нема тоа да го има.
„Денеска додека ова го зборувам, ние сме соочени пред историски епохален предизвик. Денеска Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 да изгласаат предавнички уставни измени во Парламентот скроени по бугарски диктат“, укажа Мицкоски.
Тој ги повика сите граѓани за да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ.
„Мора да се обединиме, да застанеме околу заедничката цел, а тоа е огромна победа на следните избори, силни реформи и Македонија онаква каква што сите ние си ја сакаме, и децата дома да ни останат“, порача Мицкоски.
Тој укажа дека е потребна победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирање на Влада без уцени.
„Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја има честа да го брани и одбрани можеби еден од најмалубројните народи во Европа, тоа е македонскиот народ. И колку да ви кажуваат било какви романтични предлози и идеи дека ќе направиме вака и така, верувајте тие ве мамат“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски вечерва порача дека мисијата на ВМРО-ДПМНЕ е да се вратат младите дома во Македонија, и оваа земја да стане земја каде што ќе владеат законите и ќе се создаваат реформи за доброто на граѓаните.
„Иднина која што ќе ги донесе децата дома, овде заедно со нивните родители. Да нема повеќе мајки, сестри, баби кои што тажат по своето чедо, по својот брат, по своето внуче. Туку да се радуваат дека тие се вратиле дома, во својот роден крај, онаму каде што најмногу тежи каменот. Тоа е нашата мисија“, истакна Мицкоски.










































