дома блог страница 1094

Волкановски пред мечот со Родригез в недела: Цел живот сум аутсајдер, но одбивам да загубам! (Видео)

Александар „Велики“ Волкановски, ултимејтфајтер од Австралија со македонско потекло по татко му, пред борбата со Мексиканецот Јаир Родригез за обединување на титулата во перолесна категорија в недела во раните утрински часови во Лас Вегас ги сподели своите видувања за серијалот „Роден храбар“ (Born brave) на Crypto.com.

„Сакам да му покажам на светот дека сè е можно, независно од тоа колку си мал или голем“, вели популарниот Волк, чиј татко е од битолското село Беранци.

„Сум бил аутсајдер целиот мој живот… сè се сведува на таа храброст, одлучност, никогаш не се откажувај од ставот… Не можам да си дозволам да загубам, одбивам да загубам“, додава 34-годишникот роден во Волонгонг, кој ќе ја брани титулата против привремениот шампион Родригез, решен да покаже дека незаслужено беше поразен од Ислам Махачев во последната борба.

Во Запрешиќ се одржа четвртиот по ред турнир во голф “Витаминка опен” (ФОТО)

Во Запрешиќ, Хрватска во организација на прилепската компанија се одржа 4тиот турнир во голф „Витаминка опен“. На турнирот учествуваа околу 30 натпреварувачи, професионални и рекреативни голфери, од Хрватска кои се натпреваруваа за првото место и признание во официјалното голф рангирање.

Ова е четврт пат да се организира „Витаминка опен“ и стана веќе традиција. Бројот на натпреварувачи и учесници секоја година се зголемува што зборува за популарноста на овој спорт.

Турнирот се одржа на терените на Голф центарот Нови двори во Запрешиќ, во близина на Загреб, а беше во организација на Голф клубот Бан Јелачиќ. Турнирот привлече големо внимание, а покрај љубителите и поддржувачите, имаше и претставници на фирми од Хрватска кои активно соработуваат со Витаминка.

Идејата за создавање на традиционалниот голф турнир произлегува од посветеноста на компанијата кон поддршка на спортските активности и секаков вид спорт, индивидуален или колективен. Овој настан е уште една потврда за развиената општествена одговорност на Витаминка за поддршка на спортски и граѓански манифестации и иницијативи како во Македонија, така и надвор од неа.

Тешка сообраќајка во Битола: Автомобил удри во 79-годишна жена

На 03.07.2023 во 09.45 часот во СВР Битола пријавено е дека на ул.„Игњат Атанасовски“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(43) од Битола, удрило во пешак Ф.С.(79) од Битола.

Во несреќата Ф.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Прилепскиот театар со претставата “Глембаеви”, ќе гостува на фестивал во Загреб посветен на Мирослав Крлежа

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец, гостува во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа.

Загребската публика има можност вечерва од 21 оо.ч. во сатиричниот театар Керемпух, да ужива во изведбата на „Глембаеви“ која е критика на нововековната тајкунска чудовишност. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а сценографијата на Сузана Брезовец.

Со фестивалот „Мирослав Крлежа“ кој трае до 7 јули, годинава се одбележуваат 130 години од неговото раѓање. Фестивалот нуди богата и разновидна програма и е културен настан на загребачкото културно лето и место за средба на Крлежа со уметниците и публиката.Токму затоа и учеството на нашиот театар на овој фестивал е од големо значење.

(ФОТО) Две комбиња и автомобил учествувале во сообраќајката попладнево кај прилепско Тројаци

Teшка сообраќајна незгода се случи попладнево на патниот правец Градско-Прилеп, кај село Тројаци, поради што сообраќајот на патниот правец беше во прекин во двата правци.

Во сообраќајката се судрени две комбиња и еден автомобил со битолски регистарски ознаки. Засега нема информации дали има повредени лица, но од фотографиите видливо е дека автомобилот е речиси целосно уништен.

Сообраќајка на патот Прилеп – Градско: АМСМ информира дека сообраќајот е во прекин во двата правци

АМСМ информира дека од 16:50 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп-Градско, поточно во атар на село Тројаци, сообраќајот е во прекин во двата правци.

Сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода.

(Видео) Како се помести линијата на фронтот во Донбас во една година

Илја Пономаренко, воен известувач на украинскиот Киев Индипендент, на Твитер објави како линијата на фронтот во централниот дел на Донбас се променила од 4 јули 2022 година до денес.

Тој изјави дека е вклучен периодот од крајот на битката за Северодонецк и Лисичанск до денес.

 

(Видео) На 80 метри од брегот: Туристи во Грција шокирани од глетката

По снимката на ајкула на речиси три километри од брегот на Закинтос, на социјалните мрежи се појави уште едно видео снимено во близина на грчкиот остров, каде што се наоѓа една од најубавите плажи во Европа.

„Ајкула е видена на друг остров во Грција. Островот Серифос, на 80 метри од брегот“, стои во описот на снимката на ајкулата на „Инстаграм“, објавен на профилот nikana.gr.

„Можеби се плашиме и се тресеме кога знаеме дека постојат, но реално тоа е нивното природно живеалиште, всушност нивниот дом“, „Па, нормално е дека има… Исто како што живеат волк и мечка во шумата, има ајкули во морето, па каде би живееле… Отсекогаш имало, се надевам дека ќе има“, се дел од коментарите кои го придружуваат ова видео.

Во акциска на МВР уапсени “чејнџери” во Прилеп

Маркукуле дознава дека во полициска акција на МВР во Прилеп, денеска околу 14 часот се уапсени неколку лица кои работат со размена на девизи, или кај народот познати како “чејнџери”, кои обично стојат кај катната гаража.

Засега не е познато колку лица привеле полициските службеници.

Повеќе информации во текот на денот!

Денеска сончево и топло – еве што повторно не’ очекува од утре

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 до степен.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме.