дома блог страница 1093

Не е проблем ќе платат Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино…. Во Слупчане ЕВН ја пречекаа со запалени гуми (ВИДЕО)

Жителите на Слупчане со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН, известува ТВ21.

Тие неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина.

Жителите денес со оган го блокираа патот, па откако ги запалија гумите направија и нов проблем.

Горан Стојаноски на “Алфа” вечерва во 22:30

Горан Стојаноски вечерва во 22:30 часот им гостува на Драган Милосављевиќ и Горан Момироски во емисијата “Заспиј ако можеш”.

Стојаноски ќе открие кој го има клучот за отворање на спортските сали во Прилеп и со какви проблеми се соочуваат спортистите.

Нов асфалтен слој на улицата “Мукос” во Прилеп (ФОТО)

Денеска завршија работите за рехабилитирање на улицата “Мукос” која е една од улиците кои ги поврзуваат населбите “Тризла” и “Под Кули” во Прилеп.

-Рехабилитирана и асфалтирана беше улицата „Мукос“, а исто така континуирано се работи и на санирањето на ударните дупки и прокопи секаде каде што има потреба.Триесетина години на овие улици кои што ќе ги рехабилитираме со нов асфалт не биле воопшто извршени никакви реконструктивни зафати – стои во краткото соопштение од општината на Фејсбук.

Потоп во Битола: Водата носеше се’ пред себе (ВИДЕО)

Попладнево, силно невреме ја погоди Битола. Граѓаните пријавуваат штети, улиците се под вода, а веднаш се јави и градоначалникот кој итно го свика кризниот штаб.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.

Toфилоски од Победа се сели во Беса

37-годишниот чувар на мрежата, кој изминатата сезона се врати во Прилеп и ја помина во дресот на Победа, од наесен ќе има нов клуб.

Дарко Тофилоски е на прагот да стане нов голман на Беса, второлигашот кој не престанува да се засилува за новата сезона – пишува “ГОЛ.МК”

Со оглед на неговото огромно искуство, прилепчанецот со сигурност ќе биде големо засилување за екипата од гостиварско Добри Дол.

Тофиловски во својата кариера освен за Победа бранеше и за: Шафхаузен, Кошице, Ружомберок, Дунајска Среда, Јавор, Трепча, Тиквеш и Дрита.

Претреси во Скопје, Ресен Битола и Кочани, приведени 18 лица за криумчарење луксузни возила: Пронајдено оружје, детектори за метал, пари, дрога и што ли уште не (ФОТО)

Денеска (05.07.2023) од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, во координација со надлежен Јавен обвинител од Основното Јавно Обвинителство Скопје, беше спроведена координирана полициска акција насочена кон лица инволвирани во криумчарење на луксузни моторни возила на подрачјето на СВР Скопје, како и на подрачјата на Битола, Кочани и Ресен. Притоа, извршени се претреси на 24 локации, кај вкупно 23 лица со цел пронаоѓање и обезбедување дополнителни материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела, а од слобода се лишени вкупно 18 лица, додека по 3 лица се трага.

Од страна на СВР Скопје во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела „Криумчарење“ по чл.278, „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по чл.278-б, „Фалсификување исправа“ по чл.378, „Спречување докажување“ по чл.368, „Злоупотреба на лични податоци“ од чл.149, „Фалсификување службена исправа“ од чл.361 и „Компјутерски фалсификат“ од чл.379-а од Кривичниот законик, против 21 лице на возраст од 20 до 49 години, од кои 5 се вработени како референти во Одделение за управни работи – Скопје, и тоа: Д.С.(43), Н.Н.(42), В.И.(48), С.С.(37), А.Л.Т.(29), А.П.(20), З.А.(38), С.А.(49),Н.К.(26),П.М.(41), А.Ј.(38), М.И.(45), Ф.Ф.(31), З.Т.(25), С.К.(39), С.К.(41), И.Ј.(30), М.А.К.(43), Д.Т.(34), М.С.(35), И.В.(46), како и против едно правно лице од Кочани.

Од страна на СВР Скопје при преземањето на мерките и активностите во рамки на спроведено криминалистичко истражување утврдено е дека во период од 2020 до 2022 година, пријавените извршувале криминални активности, односно криумчарење на луксузни моторни возила така што им ги менувале оригиналните идентификациони броеви на шасијата, потоа изготвувале или обезбедувале фалсификувана документација и ги внесувале преку државната граница со оригинални или со фалсификувани странски регистарски ознаки или со претходно издадени македонски регистерски ознаки. Тие, избегнувајќи ја царинската контрола ги пренесувале како непријавена стока, без да ги пријават во транзитна постапка за да се отпочне царинска постапка. Притоа, искористувајќи фалсификувани документи, како и претходно издадени оригинални македонски регистарски ознаки кои потоа со употреба на лажни јавни исправи како вистинити, односно со фалсификуван идентификационен број, ги легализирале возилата како оригинални, со цел нивна понатамошна препродажба преку фиктивни продажби како хаварисани и нивни продажби за нереални износи, со цел стекнување на противправна имотна корист од околу 36.329.247 денари, односно над половина милион евра.

Во рамки на истражувањето одземени се 14 патнички возила кои се предмет на потрага во Србија, БиХ, Белгија, Луксембург, Данска, Германија, Шведска, Велика Британија и Бугарија, како и џип „ланд ровер“ и 1 мотоцикл.

Инаку утрово, со судска наредба и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје извршени се претреси на дом и други простории во 23 објекти на подрачјето на Скопје, како и во Кочани, Битола, Ресен, при што се пронајдени и одземени еден воздушен хеклер, марихуана, еден пиштол, прашкаста материја, преку 400 куршуми кал. 9мм, 12 куршуми кал.7,64, куршум кал.7,65 мм, куршуми 7.62 мм, куршуми 7.62 x39, 40 куршуми за гасен пиштол, две воздушни пушки, детектор за метал, четири рамки со по 25 куршуми, еден топовски удар, една рачно направена бомба, еден панцир со плоча, безбол палки, ножеви, стари полициски амблеми, радиоврски, дрон, сензор за аларм, пригушувачи, компјутери и поголем износ на пари во различни валути, осум договори за купопродажба, печати од правно лице и други предмети, како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

Приведените лицата во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Нема повеќе воз за Папрадиште и Ореше: МЖ ја укина Орешка станица затоа што возот губел залет на угорнина

Македонски Железници ја укина станицата кај Ореше која ја користеа планинари кои се упатуваа кон врвот Солунска Глава, како и жителите од двете планински села Папрадиште и Ореше.

Потврда за информацијата пристигна и од планинарскиот дом „Папрадиште“:

„Ги информираме сите патници, планинари и жители на околните села Ореше и Папрадиште кои го користат возот Скопје- Битола- Скопје дека од 1- ви јули 2023 год. ЈП Македонски железници трајно ја укинааОрешка станица, и возовите веќе не сопираат на оваа железничка постојка“.

Игор Смилев од планинарскиот дом Папрадиште пишува:

-Од 33 години постоење на #македонскижелезници менаџментот направил само една единствена анализа и тоа пред една недела во ерата на ДУИ. Тоа е дека од 1- ви јули 2023, железничката постојка на Орешка Станица( после Богомила) на пругата Скопје-Битола- Скопје се УКИНУВА, оти многу ” малку” планинари и луѓе се симнувале и возот непотребно губел од 30 до 65 секунди залет и време. Со одлуката на МЖ базирана на сериозна и сеопфатна анализа, укинати се и други стојалишта од и онака ужасно малиот број линии.

Полицијата уапси двајца млади прилепчани: Им пронашле марихуана

На 04.07.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Дабничка“ ги лишиле од слобода М.С.(24) и Е.Ј.(18)од Прилеп, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на настанот против лицата ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Родилката чие бебе почина во битолската болница сакаат да ја претстават како агресивна и некооперативна, тврди нејзиниот адвокат

Јанаки Митровски – адвокатот на мајката на починатото бебе во Битола на Фејсбук објави скандалозни информации во врска со целиот случај.

„Како адвокат на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, извршив увид во списите на предметот при ОЈО Битола. Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста, а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано `да си оди во Плодност ако не и чини` и останати омаловажувања.

Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!!

Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена, а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната.

Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има!“ – напиша Митровски на Фејсбук.

Полицијата уапси 4 лица кои разменуваа странски валути кај катната гаража во Прилеп

Како што информираат оттаму, при контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица.

Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп – информираат од МВР.