Известување од ЈКП Комуналец Прилеп:
Од 01.07.2026 год. (среда), ЈКП ,,Комуналец’’- Прилеп, ќе започне да склучува договори со граѓаните за бесплатно користење на канти за отпад во зелена и жолта боја, исклучиво за домаќинствата кои досега не се вклучени во процесот на селекција на отпад, односно немаат земено на користење жолта канта. Договорите ќе се склучуваат во Дирекцијата на ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, на ул,, Питу Гули’’ бр 2А, позади старата општинска зграда, во Одделот за Премер и контрола.
Граѓаните со себе да понесат лична карта од корисникот на услугата на ,,Комуналец’’. Право на користење на бесплатни канти имаат жителите од градот, но и од населените места каде јавното претпријатие извршува услуга за собирање и транспортирање на отпад.
Воедно, ги информираме граѓаните дека канти има во доволен број за сите семејства кои не се вклучени во процесот на селекција, а склучувањето на договори ќе потрае неколку месеци.
Јавното претпријатие од Проектот за Регионално управување со цврст отпад, од Министерството за животна средина и просторно планирање доби и ќе распредели 8318 канти во зелена и жолта боја, односно ќе вклучи во процесот на селекција на отпад 4159 домаќинства.
























