дома блог страница 109

Клучна победа на Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид во борбата за второто место

Ракометарите на Е. Пелистер излегоа како победници од клучната битка на гостувањето против Охрид (22-25), триумф со кој битолските „зелено-бели“ направија клучен чекор за освојување на второто место кое значи и загарантиран пласман во ЕХФ Европската лига.

Никола Митревски беше херојот со 17 успешни интервенции, имаше една пресечена контра и една асистенција, додека во нападот најефикасни беа Радивојевиќ со осум и Кузмановски со четири погодоци.

На спротивната страна, Пилиповиќ собра 11 одбрани за Охрид, додека прв стрелец на овој тим беше Јасухира со пет постигнати гола.

Во последното коло од Супер лигата, Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид, а Охрид гостува кај Тиквеш.

Прилепските пожарникари ја покажаа својата професионалност и способност – Показна вежба по повод 20. Мај – Денот на пожарникарите во центарот на градот (ФОТО)

Под целосна заштитна опрема и со висок степен на професионалност, пожарникарите од ТППЕ Прилеп денеска на Градскиот плоштад изведоа јавна показна вежба по повод 20 Мај – Денот на пожарникарството. Во рамки на вежбата, за помалку од десет минути беше успешно извлечено лице заглавено во возило по сообраќајна несреќа, демонстрирајќи ја подготвеноста и координацијата на екипите во реални ситуации.

Покрај практичната демонстрација, акцент беше ставен и на значењето на превенцијата од пожари, особено во пресрет на сезоната на пожари на отворено. Од ТППЕ Прилеп апелираат до граѓаните на поголема внимателност и одговорност, бидејќи најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор.

„Овој период се врши превентивно тековно одржување на возилата за да бидат во што подобра кондиција кога би настанале пожарите на отворено. Нив ги потенцираме заради тоа што покриваме голема површина, станува збор за две општини. Возилата се во добра кондиција… Моментално сме 34 постојано вработени и 10 преку привремени вработувања… Досега имаме околу 350 пожари вкупно“, посочува Виктор Стојчески, заменик-командир на ТППЕ Прилеп.

Согласно законските стандарди, бројот на пожарникари во Прилеп не е доволен за потребите на регионот што го покрива единицата, а кој опфаќа околу 75.000 жители и две општини. Сепак, локалната самоуправа уверува дека активно работи на подобрување на капацитетите, при што најавена е и набавка на две нови противпожарни возила преку донација, како и нови вработувања по добивање согласности од надлежните институции.

Прилепчанец пијан и без возачка бегал од полицијата

На 19.05.2026 во 23:45 часот на ул.„Кораб“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.А.(45) од Прилеп.

При контрола во сообраќај, полициските службеници дале знак за запирање на патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, при што тој ја зголемил брзината и се обидел да побегне, но набргу бил запрен.

По извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Зошто гимназијата е единствен и најдобар избор за полуматурантите?! (ВИДЕО)

Со видеа што ќе те инспирираат и зборови што допираат, дознај зошто Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп е повеќе од училиште. Тука започнува твојата иднина.

1. Секој голем пат започнува со храбар чекор

„Избери иднина. Избери инспирација.“ – Гимназијата е твојот прв чекор кон една голема приказна, каде што растеш како личност и ум.

2. Наставници што навистина се грижат

Професорите не се само едукатори, туку ментори што ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе – на секој чекор.

3. Пријателства што траат засекогаш

Тука не добиваш само знаење – добиваш друштво, смеа, тимска работа и пријатели за цел живот.

4. Комбинација од учење и забава

Од книги до кафулиња во училишниот двор, од лаборатории до школски екскурзии – овде секој ден носи ново искуство.

5. Сцена за твоите таленти

Драмска секција, спорт, уметност, наука – сè е на дофат. Овде можеш да блеснеш со тоа што најмногу те инспирира.

6. Проекти што создаваат идни лидери

Работа во тимови, презентации, истражувања – ќе учиш да размислуваш креативно и критички, со вистински животни вештини.

7. Вистински предизвици – вистинска поддршка

Од секој тест до успех, тука си дел од заедница што верува во тебе и те охрабрува да се развиваш.

8. Мирче Ацев во 3 збора?

Пријателство. Знаење. Иднина. Тука започнува твојата приказна. Запиши се. БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ!

Градоначалникот Чонески со честитка и благодарност до пожарникарите по повод 20. Мај

Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, по повод 20 Мај – Денот на македонските пожарникари, упати искрена благодарност до припадниците на Територијалната противпожарна единица Крушево за нивната секојдневна пожртвуваност, храброст и посветеност во заштитата на граѓаните и нивните домови.

Во својата честитка, Чонески истакна дека пожарникарството е професија која бара огромна одговорност, дисциплина, човечност и подготвеност за справување со најтешките предизвици. Тој потенцираше дека припадниците на Територијалната противпожарна единица Крушево секојдневно стојат во првите редови кога е најпотребно, секогаш подготвени да интервенираат и да помогнат.

„Територијалната противпожарна единица Крушево е симбол на сигурност и спокој за нашиот град. Нивното знаење, професионалност, долгогодишно искуство и секојдневната подготвеност да се соочат со опасности заслужуваат огромна благодарност“, порача градоначалникот.

Тој додаде дека пожарникарите се вистински херои кои, и покрај ризиците и тешките услови со кои се соочуваат, без двоумење ја ставаат безбедноста на граѓаните пред сопствената.

На крајот, Чонески упати честитка до сите македонски пожарникари, посакувајќи им добро здравје, безбедни интервенции и успех во нивната хумана и одговорна мисија.

Одлични вести, добивме повеќе од Албанија и Црна Гора: ЕУ одобри 65,7 милиони евра од Планот за раст за Македонија – Србија не доби ништо

Европската комисија стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, објави Н1.

Трансакциите следат по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за реформските чекори спроведени во областите на деловната конкурентност и иновации во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Северна Македонија, соопшти Европската комисија.

„Планот за раст на Западен Балкан, усвоен во 2023 година, има за цел да ги донесе придобивките од членството на земјите-партнери во регионот дури и пред нивното пристапување кон ЕУ, стремејќи се да ги интегрира партнерите во единствениот пазар на ЕУ, да ја подобри регионалната економска соработка, да ги продлабочи реформите поврзани со ЕУ и да го зголеми претпристапното финансирање. Ова, пак, го забрзува процесот на проширување и растот на партнерските економии“, потсети Брисел.

Со денешната исплата, вкупниот износ исплатен во рамките на овој фонд достигнува 212,8 милиони евра за Албанија, 89,3 милиони евра за Црна Гора и 142,1 милиони евра за Северна Македонија.

Европската комисија ги распределува средствата од овој План за раст поединечно на секоја земја и само кога таа ги исполнува специфичните услови утврдени во нејзината „Реформска агенда“, документ во кој се наведени точните реформи на кои земјата се обврзала.

За разлика од Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, кои ги исполнија условите за оваа транша, Србија и Босна и Херцеговина се изоставени од оваа рунда бидејќи сè уште не ги исполниле целосно преземените реформски чекори што беа предуслов за распределба на овие средства.

Србија моментално чека втора транша од 163,1 милиони евра и трета од 265 милиони евра. Средствата за Србија не се трајно изгубени, туку се блокирани додека не се исполнат потребните услови, по што Комисијата може да го одобри распределувањето за Белград. Србија отиде неколку чекори назад по усвојувањето на контоверзните закони за правосудството.

Во Битола одбележан 20. мај – Денот на македонските пожарникари (ФОТО)

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележуваат 20-ти мај Денот на македонските пожарникари.

На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица свежо цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, делегација на Советот предводена од претседателот Бојан
Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила, бидејќи оваа противпожарна единица е надлежна и за овие две други општини.

Ова е најстарата противпожарна едница во Македонија и една од најстарите на Балканот, формирана во 1836 година.
Генерации пожарникари ја граделе и одржувале оваа служба, која денеска претставува пример за организираност и постојана подготвеност за брзо и ефикасно делување.

Како што е познато привршуваат работите на новата противпожарна зграда во некогашната касарна. Таа е изградена со средства од Општина Битола, а опремувањето ќе биде со средства од министерството за одбрана на САД.

Градоначалникот Коњановски им додели златни плакети од Општина Битола на Горан Димкоски за посебен придонес, посветеност и професионалност во работењето и на Костадин Поповски за посебен придонес во развојот и напредокот на ТППЕ Битола.

Најмногу дожд наврна во Крушево, Претор и Охрид

Најниска температира изутринава е измерена во Лазарополе, 2 степени, по што следуваат Mаврови Анови и Попова Шапка, Крива Паланка, 5, Охрид, Претор, Kрушево, 6, Тетово, 7, Битола, Прилеп и Берово 8, Скопје-Петровец, Штип и Виница 9, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија и Кавадарци 10, Велес и Струмица 11, Гевгелија 15, информира УХМР.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврна во Крушево, 25 литри на метар квадратен, 21 во Претор, 20 Охрид, 13 Битола, Попова Шапка, 11 Маврови Анови, Тополчани, 10 Прилеп, 9 Тетово, 8 Скопје-Зајчев Рид, Берово, 6 Скопје-Петровец, Струмица, 5 Штип, 4 Кавадарци, 3 Куманово, 2 Виница и 1 во Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни претежно планински региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина над 50 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Утре е Спасовден – Вознесение Христово: Еве го значењето на големиот христијански празник

Православните христијани утре го прославуваат големиот празник Вознесение Христово, во народот познат како Спасовден. Овој голем Христијански празник секогаш се паѓа во четврток, точно четириесет дена по Воскресението Христово – Велигден.

Според црковното предание, во текот на овие 40 дена по своето воскресение, Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност, зборувајќи им за царството Божјо.

Интересно е што во овој меѓупериод, сè до самиот празник, верниците сè уште ја задржуваат традицијата на празнично поздравување.

„Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе“ (Навистина воскресна). Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото.“

Светото писмо пренесува конкретни детали за моментот кога Спасителот се вознел пред очите на своите следбеници, оставајќи им клучни заветувања за во иднина.

„И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.“

Текстовите понатаму опишуваат дека во тие моменти на учениците им се јавиле и небесни пратеници со важна објава.

„Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува. Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението“.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА КОНЦЕРТОТ НА БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ

Македонската музика заслужува искрена и континуирана поддршка, а токму и затоа, Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство е дел од уште една музичка приказна која ја слави домашната сцена и македонските уметници.

На 22 мај, познатата македонска пејачка Бојана Скендеровски ќе настапи пред тетовската публика со свој солистички концерт во Домот на културата „Иљо Антевски Смок“, со почеток од 20:00 часот. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, добра македонска музика и препознатливата енергија на Бојана, која подготвува вистинско музичко дружење за сите генерации.

„Навистина сакам да се заблагодарам на Државната видеолотарија за поддршката која ја добив за реализацијата на овој мој солистички концерт. На културата и се потребни вакви општествено одговорни компании кои ја препознаваат и поддржуваат македонската музика и домашните уметници“, изјави Бојана Скендеровски.

Како компанија која континуирано вложува во спортот, културата и заедницата, Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена на поддршката на настани што ја збогатуваат културната сцена, создаваат вредности и носат незаборавни моменти за публиката.

Концертот во Тетово ветува вечер што ќе се памети, исполнета со музика, емоции и вистинска атмосфера за уживање.