дома блог страница 1049

И Косоварите ќе станат ЕВРОПЈАНИ: Од 1-ви јануари ќе патуваат во ЕУ без визи

Од 1 јануари 2024 година, имателите на косовски пасоши ќе можат да патуваат во Шенген зоната без визи за краткотраен престој, соопшти германската амбасада во Приштина. Но, безвизниот режим нема да важи за Шпанија, бидејќи оваа земја не ги признава косовските пасоши.

Како што е најавено на веб-страницата на германската амбасада, безвизен режим ќе биде овозможен за краток престој, главно туристички, заради посета на пријатели или семејство, присуство на културни или спортски настани, деловни состаноци, за лекување, како и краткорочни образовни програми како што се семинари, конференции, работилници, летни школи и слични активности.

Безвизен престој во Шенген зоната е можен 90 дена во кој било период од 180 дена.

Со важечки безвизен косовски биометриски пасош, од Нова година ќе може да се патува во земјите на ЕУ: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија. , Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија и Шведска. Безвизниот режим вклучува и земји кои не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген зоната – Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд.

Безвизен режим за Шпанија нема да биде возможно, нагласуваат од германската амбасада.

Жена предизвикала пожар во Долненско – Селаните го изгаснале огнот и ја пријавиле

На 02.10.2023 во 16.35 часот во Полициско одделение Ропотово била повикана Н.Ј.(58) од с.Житоше и со неа бил извршен службен разговор, откако претходно било пријавено дека во с.Житоше, Општина Долнени, од страна на женско лице била запалена сува трева.

По преземени мерки полициските службеници од ОВР Крушево констатирале дека сторител на делото е Н.Ј., од која биле одземени запалка и други предмети поврзани со кривичното дело.

Пожарот е целосно изгаснат од страна на жителите на с.Житоше, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Ајде па и во Прилеп вака: Фатени три камиони натоварени со бесправно сечени дрва на Скопска Црна Гора (ФОТО)

Денеска (03.10.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР, ОВЕ и СВР Скопје во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва. Дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“ и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Од утре почнува аплицирањето за зелена карта за САД

Сите заинтересирани граѓани од утре до 7 ноември годинава, до 18 часот, можат бесплатно да се пријавуваат на лотаријата за зелена карта за 2025 година.

Кандидатите може да се пријават на официјалната веб-страница  на  американскиот Стејт департмент https://dvprogram.state.gov/ , на која има целосни инструкции.

– Им препорачуваме на кандидатите да аплицираат порано и лично да ги подготват и поднесат своите пријави. Кандидатите можат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но за едно лице може да има само една апликација, стои во соопштението.

Секој кандидат е одговорен за своите податоци и дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни. Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот дури и откако е извлечен како добитник.

Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една лична пријава.  Поднесувањето на повеќе лични пријави ќе доведе до дисквалификување од  лотаријата.

Секој кандидат треба да ја испечати и зачува потврдната страница од пријавата по пополнувањето на апликацијата за да може да ја провери. Исто така, секој кандидат треба да го зачува својот единствен број барем до 30 септември 2025 година, без разлика дали е извлечен на почетокот. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

Кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани  преку програмата почнувајќи од 4 мај 2024 година.

Цела држава ни се наполни со преваранти: Вработен во општина наплаќал паркинг за време на панаѓур, заработил 98.000 денари

Вработен во Општина Неготино е под сомнеж дека за време на панаѓурот наплаќал во кеш за користење јавен простор, заработи кривична, информираа денеска од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Неготино поднела кривична пријава против М.Д. (41) од Неготино, поради постоење основи на сомневање дека извршил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

– Пријавениот во периодот од 14.09.2023 до 21.09.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино, ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење на јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“, им наплаќал пари во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари, нанесувајќи штета на буџетот на Општина Неготино, појаснија од СВР Велес.

Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со Законот за амнестија, тогаш нека ја напушти владата веднаш

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ од Охрид запрашан дали Спасовски прави театар или вистинско изразување за незадоволството со тоа што кажа дека не го поддржува Закон за амнестија рече дека Спасовски има две опции.

-Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува да ја напушти владата, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, втората опција која ја има Спасовски е да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму.

-Втората опција е да престане да прави театар и да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму. И тие треба да добијат намалени затворски казни или дел од нив да добијат и целосна амнестија, за да потоа се најдат повторно на улиците и да повторно прават проблеми и го тероризираат чесниот граѓанин во Македонија, додаде Мицкоски.

Поевтино од пензионерски дом: „Ова е убав живот“, брачен пар резервирал 51 последователно крстарење (ВИДЕО)

Марти и Џес Ансен од Австралија решиле да резервираат 51 последователно крстарење бидејќи оваа опција, како што тврдат, била поевтина од плаќање на пензионерски дом.

Тие заминале на нивното прво крстарење во јуни 2022 година. Останале на Princess Cruises Coral Princess повеќе од 450 дена – подолго од повеќето членови на екипажот, вклучувајќи ги и капетаните. Очекуваат да останат на него две години.

-Каде на друго место можете да одите на вечера, шоу и танц? Ги имате сите овие активности во еден ден овде, рече Џес во „A Current Affair“.

Марти изјавил дека сега не мора сами да перат алишта, да го местат креветот и да вршат други слични активности.

-Мислам дека заборавивме да ги правиме овие работи бидејќи не ги направивме долго време, па сега мораме да останеме на бродот за крстарење за да преживееме, рече тој.

Менаџерот на хотелот Рен ван Ру изјавил дека сите овде ги знаат и дека имаат статус на познати личности. Секако, тие не планираат да престанат со овие авантури и наскоро ќе резервираат уште едно крстарење. Членовите на семејството ги гледаат кога застануваат на пристаништата во близина на нивните домови.

„Тоа е убав живот“, додаде Марти.

(ВИДЕО) Комити и комитки на коњи и богата културно-уметничка програма: Во прилепско Чаниште одбележани 120 години од херојската битка кај Маргара

Во организација на културниот-истражувачко-документациски центар за Мариово “Калеш Анѓа” и Планинарското друштво “Јане Сандански”, во неделата на 01.10.2023г. се одржа комитски марш со кој се одбележаа 120 години од големата битка на врвот Маргара, кај прилепско Чаниште.

Три комитски чети од различни страни маршираа, за на крајот да се најдат во дворот на манастирот Св. Петка во Чаниште.

Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма со настап на КУД “Момимок”, беседа во чест на загинатите комити, комитска заклетва, како и комитски песни.

Посебна убавина на настанот дадоја коњаниците од коњаничкиот јавачки клуб “Букефал” од Битола.

БИТКА КАЈ МАРГАРА

Битка кај Маргара e борба водена помеѓу здружените чети на Македонската револуционерна организација против османликата војска кај село Чаниште, Мариовско во екот на Илинденското востание.

Битката започнала утрото на 2 октомври 1903 година. Здружените чети (околу 140 души) на чело со Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов и Јован Иванов (Црногорец) го зазеле врвот Марагара и започнале борба со една пешадиска бригада, која се состоела од 5 500 турски војници. Четите успешно ги одбивале нападите по што се повлекле преку Црна Река. Востаниците имале 4 загинати и 8 ранети додоека пак Турците имале загуби од околу 200 – 400 души. Оваа битка била една од најголемите битки водени во Прилепско во текот на Илинденското востание.

ВИДЕО: Тренчо Димитриоски

Повторно апсење во Прилеп: Од МВР велат дека фатиле дилер

На (03.10.2023) полициски службеници од СВР Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, го лишиле од слобода Д.П.(32) од Прилеп.

При претрес во неговиот дом на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп, извршен по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Д.П. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Дечињата се пожалиле дома дека ги боли грло: Воспитувачка ги терала малите во градинка да пушат електронски цигари

Огромен СКАНДАЛ се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари.

Според извори на “КУРИР”, воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако дознале родителите за овој чин веднаш реагирале.

Според информациите на порталот, за воспитувачката е покрената дисциплинска постапка.

Изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес.

Пред неколку месеци директорката е обвинета за спорни јавни набавки како и за лоша организација на градинката.

Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев.

Според изворите кои ја контактираа нашата редакција, родителите ќе ја тужат воспитувачката и градинката.

Воспитувачката е примена на работа пред неколку години кога градоначалник беше кадар на СДСМ, а во исто време од градинката беа отпуштени десетина воспитувачки со долгогодишно работно искуство во градинката.

Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло.