дома блог страница 1015

Teшка сообрќајка на влезот од Битола: Товарно возило удри во 72-годишна баба

На 20.09.2023 во 10.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„8 Септември“, ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Прилепска“, ул.„Македонски Гемиџии“ и ул.„Новачки пат“ во Битола, товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(63) од с.Ношпал, општина Могила, удрило во пешакот М.В.(72) од Битола.

Притоа, М.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Удри на живот народе! Од СДСМ се пофалија – “Ги намаливме цените на 500 производи за 10%”

Со конкретни мерки и политики СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Цените на над 500 прехранбени производи, во 25 категории се веќе намалени, истакна на денешната прес-конференција Лолита Ристова од СДСМ.

„Поевтинуваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот и многу други прехранбени производи.

Воведена е „гарантирана цена” со што за стотици најкористени производи цената се намалува за 10% во однос на цената по којашто се продавале на 1 август.

Кај дел од производите кај кои што е забележано енормно зголемување ќе има намалување на цените од 30% до 40%.

Согласно најавите, очекувано е понатаму и намалување на цените на пијалоците. Неколку наши домашни производители доброволно се вклучуваат во поддршка на мерката за „гарантирана цена“ со намалување на цените од минимум 10%“, соопшти Ристова.

Со оваа мерка, како што вели, е обезбеден пристап до поповолни цени на прехранбените производи кои им се најпотребни на граѓаните.

Ова, според неа, е конкретна мерка во насока да се заштити стандардот на граѓаните и има широк опфат. Дополнително ќе влијае и на намалување на инфлацијата.

(ФОТО) Стотици луѓе на едно место: Прилепчани уживаа во празничниот ден во црквата во Штавица

Православните христијани денеска го празнуваат големиот празник Рожденство на мајката Божја Пресвета Богородица. Празнувањето на ваквите големи празници има посебна традиција во Прилеп и прилепско и е од огрoмно значење за граѓаните.

Највесело како и секоја година беше во истоимената црква во прилепско Штавица, каде и оваа година голем број верници го посетија храмот, се помолија за здравје и среќа, а потоа уживаа во убавото време и музичката програма.

Управата на црквата се погрижи храмот да изгледа беспрекорно чисто и средено. Се служеше и ручек, а верниците ги посети и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Нека е за многу години, а до в година повесели и уште побројни!

Поранешниот премиер со поддршка за Христијан Мицкоски

Нема да кажам нешто ново дека на Македонија и на ВМРО ДПМНЕ силата е во единството. Но во овие моменти чувствувам обврска уште еднаш да го апострофирам зборот единство, кој доминирал во моите многубројни средби и контакти со членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ насекаде низ татковината. На земјата и партијата им е потребен секој квалитетен и чесен човек кој сака да помогне во нејзината обнова. Во насока на јакнење на капацитетот на партијата да се справува со идните предизвици, ВМРО ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицковски ја имаат мојата лична подршка, напиша на Фејсбук поранешниот технички премиер Емил Димитриев.

Промоција на збирката поезија “Генерации” од Јасмина Колеска Кузманоска во Прилеп

На 28.09.2023г., во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, со почеток од 18ч, ќе се одржи промоција на збирката “Генерации” од авторката Јасмина Колеска Кузманоска.

Ова е втора нејзина збирка поезија во која се опишани четири генерации.

Маката како се работело на нива, обичаите, љубовта кон родниот крај и семејството, која продолжува да живее и денес – е тематиката која се обработува во нејзините поетски дела.

Промотор на книгата е Блага Тутеска, а рецензент Марија Мантова.

Притвор за дилер од Битола: Го фатиле со три ќеси марихуана

На 20.09.2023 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Д.(33) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три ќеси, односно околу половина килограм марихуана.

Лицето било приведено во полициска станица Битола, по што било предадено на судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

Прекрасно дрон видео од еден од најубавите храмови во Пелагонија: Црква Рожденство на Пресвета Богородица кај Новаци

Битолчанецот Џоле Трајчески на својот јутјуб канал има објавено прекрасно 4K дрон видео од црквата Рождество на Пресвета Богородица во Новаци

Видеото изобилува со прекрасни кадри од црквата, Пелагониското поле и општина Новаци.

Пресвета Богородица, или Мала Богородица е еден од големите празници на светата Православна црква, кој иако се смета за почеток на сите празници, сепак, почнал да се празнува многу подоцна.

Манастирската црква Рождество на Пресвета Богородица, е изграден е на 1 км. оддалеченост од с.Новаци, десно од брегот на Црна Река.

Во 2006 година беше изграден само храмот на манастирот кој е трокорабен и претставува монументална христијанска градба со 8 кубиња покриени со бакарни плочи, измалтарен со бел малтер.

“Беше уживање да го направам ова видео, и ако уживавте да го гледате, ве молиме споделете со вашите пријатели! И, ако сакате да видите повеќе видеа како ова, Ве молам претплатете се”, пишува во описот на видеото на Џоле Трајчески.

Уживајте во продолжение:

И прилепчани го чекаат ова од МВР: На Скопска Црна Гора уaпсени 10 дрвокрадци, запленети 400 кубици дрво

Во голема полициска акција на Скопска Црна Гора запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, приведени 10 дрвокрадци

На 19.09. и 20.09.2023 на место викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, во заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“, од слобода биле лишени С.А.(28), Р.А.(22), Џ.А.(24), Е.А.(37), Б.С.(39), Д.А.(51), Ќ.А.(53), С.А.(47), Џ.С.(34), сите од с.Брест и Б.М.(27) од с.Арачиново, скопско.

Лицата биле затекнати на местото при бесправна сеча на дрва и притоа биле пронајдени околу 400 кубни метри исечено огревно дрво. На местото биле пронајдени четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на дрвата. Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик.

Денеска се пазнува Рожденство на Пpecвета Богopoдица: Чecтит именден Марија, Мариче, Маре, Марјан…

Македонската православна црква и верниците денес го одбележуваат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица.

Денешниот празник се вбројува во 36 големи празници во црковниот календар обележани со црвени букви. Родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана живееле во Назарет, а ќерката Марија ја добиле во постари години, после пет децении брак.

Празникот на раѓањето на Марија е 21 септември, но не е познато, од кога се слави и одбележува.

Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.

Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на денешен празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.

На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените така денес не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

Постојат верувања дека на Мала Богородица ништо не трееба да се работат работи кои се работат со раце. На денешен ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

Мислат дека граѓаните нема да ја видат измамата, Илиеска за играта на власта со цените на храната

Мислат ако замрзнат цени на 50 производи за прехрана до Ноември дека нема да се осети ЗГОЛЕМУВАЊЕТО на данокот на додадена вредност на околу 3.000 прехрамбени производи.

Ова е коментарот на екс директорката на Управата за јавни приходи Анастасија Илиеска која забел жива дека истиот ден кога власта ги замрзнув цените на производи за храна се изгласува закон за зголемување на даночни стапки на прехрамбени производи.

,,Компензирањево ни малку нема да ја подобри ситуацијата но и нема да ве оправда за мајтапењето со стандардот и животите на народот”, пишува Илиеска.

Со зголемувањето на ДДВ за околу 3000 производи ќе се анимираат мерките за поефтинување на храната со кои се фали власта.