дома блог страница 1009

Oд вечерва во Битола започнува манифестацијата “Илинденски денови”: Гости од Чиле, Мексико, Ирска, Италија…

Со традиционално дефиле по Широк сокак и со изведба на орото „Комитско“ вечер во Битола почнува фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Фестивалот „Илинденски денови“ е член на светската асоцијација на фоклорни фестивали ЦИОФФ со чија поддршка годинава во Битола ќе гостуваат и настапат ансамбли од Чиле, Мексико, Ирска, Хрватска, Грузија, Италија, Бугарија и од Србија.

Првата фестивалска вечер ќе ја отворат членовите на ансамблот „Македонија“ од Скопје и освен гостите од странство, пред битолската публика со свои кореографии ќе се претстават фолклорните ансамбли „Бисер“ од Кичево, „Цветови“ од Дедино и „Русалии“ од Секирник.

Организаторот и домаќин на фестивалот, НУ Центар за култура-Битола деновиве реализира богата придружна програма во чии рамки претпладнево ќе се одржат коњички марш „Патот на Илинденците“, промоција на Зборник на трудови за семинарот на традиционална музика и игра, проекција на македонскиот етнографски филм „Лазаренки“ и изложба на тема „Традиционалната култура на градот Штип“.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Важно соопштение од ЈКП Водовод Прилеп: Утре без вода ќе бидат овие населби!

Соопштение од Јавното претпријатие Водовод и канализација Прилеп:

-Почитувани сограѓани, во интерес на навремено информирање за водоснабдувањето во Општина Прилеп, како ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп Ве известуваме дека започнуваме инвестиционен зафат на дел од водоводната линија со дијаметар Ф400 која ја снабдува високата зона на град Прилеп.

Поради работните активности кои ќе се изведуваат на терен на 27.07.2023г. водоснабдувањето ќе биде во прекин од 07h до доцните попладневни часови во следниве населби:

– Тризла

– Марино Маало

– Кузман 3

– Рид

– Тапани

Предвидувањата на тимот на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп се дека ќе бидат завршени работните активности во овој временси период но, доколку состојбата на терен е поинаква, како јавно претпријатие ќе излеземе со дополнителна информација за очекувањата за нормализирање на водоснабдувањето во овие населби.

Придобивките од оваа инвестиција ќе бидат во подобрување на водоснабдувањето на град Прилеп со технички подобрена водоводна мрежа и континуирано водоснабдување во сите делови на градот.

Повикуваме на разбирање и трпение на жителите од овие населби во текот на изведувањето на овој проект.

Министерството за култура престана да го финансира Илинденскиот коњички марш

Министерството за култура оваа година ја прекина поддршката за здружението „Илинденски коњички марш 1978“. Со тоа единствен генерален спонзор и финансиски покровител на настанот е Општина Аеродром.

На подготовките присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека овие настани кои се од големо значење за македонската култура и традиција, секогаш ќе добиваат поддршка од него и Општината.

„Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

По расправија избодел свој сограѓанин: На битолчанец му е одреден притвор

На 24.07.2023 во 15.20 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Л.С.(38) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот на ул.„Сотир Брбевски“ во Битола, поради претходни недоразбирања и по кратка расправија, со остар предмет го нападнал С.С.(53) од Битола и му нанел повреди.

С.С. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Против приведениот денеска (25.07.2023) е поднесена кривична пријава по чл.131 ст.3 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на Л.С. му е одреден притвор во траење од 30 дена – информираат од СВР Битола.

Учениците ќе добијат пролетен распуст, но учебната година ќе заврши подоцна – ова се деталите од новата одлука

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.

Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.

Maла ХЕРОИНА: По 131 ден поминат на клиника, малата Дуа си замина дома (ФОТО)

По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа со солзи радосници ја испративме дома – напишаа на Фејсбук од клиниката.

-На 12 март таа се роди во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама.

Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом.

Малата Дуа, еден од нашите најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добиваше медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа.

ЈЗУ У ГАК и посакува многу здравје и среќно и безгрижно детство, во надеж дека секогаш ќе ве радуваме си среќни приказни за нашите најмали новородени.

Денеска се празнуваaт чудата на Светиот Архангел Гаврил

Денеска е Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Архангел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа.

Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.

Именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др.

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.

Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.

Малолетници правеле забава во објект во Битола: Им дошла полиција и ги натерале да “дуваат”, кај 32 деца утврдено присуство на алкохол

-Вчера (24.07.2023) во временскиот период од 22.00 до 02.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола, постапено е по план за „Безбедно лето 2023“, при што во објект на ул.”Македонска фаланга” во Битола, затекнати се 73 деца. Во присуство на нивните родители тие се алкотестирани при што кај 32 деца е утврдено присуство на алкохол при што се предадени на родителите – стои во соопштението од СВР Битола.

Украден автомобил во Прилеп: Еве каде да се обратите ако го забележите! (ФОТО)

Утрово во Прилеп е украден постар модел на автомобил Опел “Астра”. На социјалните мрежи се објавени фотографии од автомобилот, а во апелот се бара помош од секој граѓанин кој би го забележал возилото, да пријави на телефонскиот број 078 853 575.

Се асфалтира во типската населба и по улицата “Јоска Јорданоски” во Прилеп (ФОТО)

-Продолжуваме со градежните активности на улиците во општина Прилеп. Започнаа подготовките за рехабилитација и асфалтирање на нови улици. После високите температури кои што го зафатија нашиот регион и законските регулативи кои што ја ограничуваа работата на отворено, деновиве продолжуваме со континуитетот во работата. Ја подобруваме патната инфраструктура во секој дел од нашата општина – стои во кусото соопштение од општина Прилеп.