(ВИДЕО) Прилеп воведе ВАР систем пред ФФМ

На традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2023” во полн ек се натпреварите од групната фаза. Во изминатите 7 дена публиката уживаше во одлични дуели на теренот и многу погодоци, а она што е за пофалба е организацијата на турнирот.

Организаторите како новина на турнирот оваа година воведоа и ВАР систем, што на натпреварите и тоа како им дава поголемо значење и се елиминираат сите сомнежи и дискусии за исправност на судиските одлуки.

За споредба ФФМ се уште работи на имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал, па еве им солиден пример од Прилеп од кој можат да учат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.